Предание за чудотворната Иверска икона на Богородица, наречена Портаитиса – Вратарница
Во IX век, во времето на императорот Теофил (829-842), кој бил обземен со иконоборчка ерес,
се одвивало жестоко гонење против светите икони. Православните почитувачи на светињата биле изложувани на измачувања,
а иконите биле исфрлани од храмовите и спалувани.
Во сите градови и села биле испратени службеници со строга наредба да ги бараат иконите и да ги спалуваат.