Кападокија: пронајден подземен византиски храм кој датира од V век
17 / 30 мај 2016 лето Господово
Древна византиска црква била пронајдена во текот на ископувањата во Кападокиската област во Турција. Експертите потврдуваат дека фреските, коишто се пронајдени во внатрешноста на храмот, можат да расветлат некои точки од историјата на Православната Црква.
Храмот бил пронајден од археолози во текот на нивните ископувања и истражувања на подземна населба, пронајдена во близина на градот Невсехир.
Градоначалникот на Невсехир изјави дека фреските пронајдени во црквата го изобразуваат Вознесението на Господ Исус Христос, а исто така и една многу необична сцена која ги претставува страданијата на душите на грешниците. „Знаеме дека вакви фрески, до ден денес не биле пронајдени во ниту една црква“, истакна градоначалникот, додавајќи дека првичните иследувања покажуваат дека црквата би можела да датира уште од V век.
Археологот – раководител на групата истражувачи, изјави дека тенките ѕидови на црквата на некои места се уништени поради дождот и снегот, но со тек на време ќе бидат евидентирани со процесот на реставрација. Исто така на фреските ќе им биде вратен првобитниот изглед, откако претходно ќе бидат очистени од земјените наслаги. Раководителот истакна дека во предниот дел од храмот, пронајдени се фрески со изображенија на Распетието Христово, потоа претстави од Апостолите, како и од пророците Мојсеј, Илија и други Светии.
Извор: Седмица.ру
Преземено од. Бигорски манастир