логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ( Извадок)
             "Се што е горе на небесата и долу на земјата најпрво се отвори за Неа, и преку Неа, за нас...
Колку подостојно е за нас да го славиме со највисоки почести споменот на Мајката Божја, Светињата на Светиите, преку која светиите го добиваат нивното осветување?... Стоејќи помеѓу Бог и целиот човечки род, единствено Она го направи Бог Син човечки, а луѓето синови Божји, ја направи земјата небо, и го обожи човештвото. Единствено Она меѓу жените стана Мајка Божја по природа надминувајќи ја секоја природа. Преку нејзиното неискажливо раѓање Она стана Царица на сето создание во овој свет и повеќе, и преку себе ги издигна тие под Неа и ги направи небесни наместо земни...


         Кои зборови можат да ја опишат твојата божествена убавина, Дево Богородице? Не можеме да те опфатиме во нашите зборови и мисли, зашто сè во врска со тебе го надминува говорот и разумот. Но, со твоето љубовно допуштање, можеме само да ти воспеваме пофални песни. Во тебе сета благодат си најде место. Ти си исполнувањето на секое добро и благословено, жива слика и икона на сета добрина и милост, зашто единствено ти беше достојна за даровите на Духот во сета полнота, односно таинственото вселување во твојата утроба на Оној во Кој сите овие дарови се сместени...
         Богородица е толку поблиску до Бог од сите други кои му пристапуваат, што може да се застапува посилно од сите нив, а под ова мислам не само на човечките битија, туку и на ангелските чинови. Исаија пишува за највисокиот чин ангели на небесата: „Околу Него стоеја серафими“ (Иса. 6:2), додека Давид вели за Мајката Божја: „Царицата стои покрај Тебе оддесно“ (Пс. 44:9). Ја гледате разликата во нивното место? Од ова може да ја забележите и разликата во чевствувањето на серафимскиот чин и на Богородица, оти серафимите се околу Господ, но само Царицата на сите стои покрај Него. Самиот Господ се восхитува и ја воспева Неа; како Он да ја воспева пред ангелските чинови околу Него со зборовите од Песната над Песните „Колку си убава, моја возљубена“. Она е посветла од светлината, расцутува попрекрасно од рајските божествени градини и е најубаво украсена од сè видливо и невидливо. Достојно е да стои не само покрај Господ, туку кај Неговата десница...


         Дека ангелите, како и сите ние, учествуваат и се допираат со недопирливата божествена природа единствено преку Неа е јасно прикажано кај Исаија. Зашто тој не го виде Серафимот како го зема разгорениот јаглен директно од жртвеникот, туку го фаќа со клешти, а јагленот го употребил да ги допре неговите пророчки усни за очистување (Иса 6:6-7). Видението со клештите е еднакво со големото видение на Мојсеј на несогорливата капина која гореше но не согоруваше. Уште ли има такви кои не разбрале дека Богородица е и капината и клештите кои го држеа божествениот оган без да изгорат? Не беше ли оваа тајната за која Архангелот зборуваше при нејзиното зачнување која преку Неа го направи Оној Кој го брише гревот едно со човечкиот род, и која, преку оваа неопислива заедница, нас вистински нè очистува? Единствено Она стои на границата помеѓу создадената и несоздадената природа, и никој не може да дојде кај Господ ако најпрво не е вистински просветлен од Неа, вистинската светилка на божествената светлина. „Севишниот го осветли живеалиштето Свое. Бог е среде него;“ вели Светото Писмо, „тоа нема да се разниша“...


           Како што само преку Неа Синот дојде при нас, одеше на земјата, живееше меѓу луѓето, откако предходно беше невидлив за сите, така од сега па до бескрајната вечност, сиот напредок кон пројавувањето на божественета светлина, секое откривање на божествените тајни, и сите форми на духовни дарови се надвор од сечив дофат без Неа.“

 Св.Григориј Палама

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная