02/06/2016 Поуки - совети
Секогаш, кога стапнува на Света Гора, човек доживува посебна состојба во душата, затоа што доаѓа во допир со многувековниот духовен подвиг на луѓе, кои го оставиле светот и дошле тука, во осамено место, и се посветиле себеси на молитва, созерцание и труд.
Молитвата – е центар на монашкиот живот. По зборовите на свети Силуан, монахот без молитва – е како црн јаглен, недогорено дрво, кое за ништо не може да се употреби, кое не е способно за ништо – не може ни да гори, ниту од него може нешто да се направи. Истото е и во монашкиот живот: ако искрената, срдечната молитва на монахот исчезне од неговиот живот, во него не останува ништо друго – затоа што молитвата – е неговата суштина. И затоа што тука се вознесува топла молитва од сите жители на Света Гора, затоа што овде, молитвата се соединува со подвигот на пост и осамеништво, ова место се прима не со разумот, а со срцето, како посебен извор на Божјата благодат.
Патријарх Московски Кирил
(од говорот, по неговото пристигнување на Света Гора, 2016 г).
Извор: Преспанско- пелагониска епархија