Соопшетие (26.03.2015)
- Моштите на светителите ќе бидат изложени во текот на утрешната Литургија на Претходноосветените дарови
- и во 17 часот, кога ќе се отслужи повечерие со акатист кон Пресвета Богородица
- Моштите на светителите ќе бидат изложени во текот на утрешната Литургија на Претходноосветените дарови
- и во 17 часот, кога ќе се отслужи повечерие со акатист кон Пресвета Богородица
На 25.03.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварси г. Јосиф, богослужеше бдение на кој беше прочитан канонот на Св. Андреј Критски и житието на Марија Египетска во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово.
Од 57 години го носам монашкото расно, и мислам дека никогаш не сум ја занемарил мислата за спасението и не сум го сметал за нешто дадено, туку со стравопочит и солзи сум го молел Господ да се смилува над мене и да ги прости сите мои гревови, и да не ме отфрли од подножјето на нозете Негови. Мислам, дека се трудев, со сите мои сили, да не бидам...
На 22.03.2015 година, во Четвртата недела од Великиот Пост посветена на св. Јован Лествичник, кога го празнуваме и споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), и светите Четириесет Битолски преподобно-маченици, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Светите Четириесет Севастиски Маченици“ на Кркардаш.
СРЕДА-25/12- св. Григориј Двоеслов; св. Симеон Нов Богослов; 16ч. : Читање на великиот канон на
св. Андреј Критски,потоа во 18ч. : 9-ти Великопосен час, изобразителна и Предосветена Литургија
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување.
„Се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе!“ (Послание до Тит 2:11)
Во деновите на изминатата Крстопоклона Недела во нашата црковна заедница бевме сведоци и учесници на несекојдневен настан. Со благослов на Високопреосвештениот Митрополит дедо Методиј, нашиот брат во Христа, Стојанче Андов, студент на петта година во Православната Семинарија при Манастирот Пресвета Троица во Jordanville,..
На 08. 03. 2015 година, во Четвртата недела од Великиот пост, посветена на свети Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше света Василиева литургија во храмот „Свети Никола“ - Тетово. По литургијата се освети вода и се прережаа славските колачи.
На 22-ти март 2015 година, во Неделата на свети Јован Лествичник и во спомен на 40-те Севастиски маченици, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија во храмот Св. Архангел Михаил, во скопската населба Автокоманда, отслужи Божествена Литургија на св. Василиј Велики.
На ден 22 март 2015 г кога светата Православна Црква го празнува празникот на Светите четириесет маченици во Севастија; светите славни Четириесет битолски преподобномаченици Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен отслужи света Василиева Литургија во храмот св.Кирил и Методиј во Дортмунд.
Во првите векови мачеништвото за Христа бил масовен феномен; речиси сите апостоли својот живот го завршиле со насилна смрт, а во првите три века речиси нема епископ на Црквата кој не пострадал маченички. Воопшто, станува збор за милиони знајни и незнајни личности, кои со својата смрт Го посведочиле Воскреснатиот Христос. А што, всушност,
Таа добро знае, дека Нејзиниот Син се распнува доброволно, исполнувајќи ја волјата на Небесниот Отец. Таа го преживува тоа мачно Таинство во молк. Не се подигнува против жестоките распнувачи, не бара справедливост, продолжува да ја носи надежта, надминувајќи се Себеси.
Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите - љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.
На 20.03.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи IV Акатист кон Пресвета Богородица во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово.
Како и сегогаш, крај моштите, мислите ми излетаа од главата, сите молби некаде исчезнаа, само некаква апсолутна смиреност, полно спокојство, и чиста (би рекла „детска“ –и непоматена) вера ми останаа… Не знам зошто, ама никогаш не знам да молам за нешто важно во оној момент, кога пристапувам до светињата: срцето замира, здивот дури ми запира, а за формулирање на мисли не ни зборувам…
Сите други битија Бог ги создал со збор, но само човекот го создал со Своите сопствени раце. На ист начин сега, по Негова волја, се создава плод во мајчината утроба и природата ги следи законите што Он ги поставил од самиот почеток… По Негова волја човечкото тело е создадено од земја и правот станал тело.
Блажен Теодорит (458 година)
Свeти Маркo Пoдвижник пишува дeка закoнoт Бoжји сe разбира схoднo сo испoлнувањe на Бoжјитe запoвeди. Нeзнаeњeтo гo тeра (чoвeкoт) да збoрува спрoтивнo на oна
штo e кoриснo, а дрскoста ги умнoжува пoрoцитe.
Така e и сo нашeтo пoзнавањe на Oтeцoт сo пoмoш на Синoт. Кoј нe знаe за Синoт, нe мoжe да знаe за Oтeцoт. Кoј гo пoзнава Синoт, гo пoзнава и Oтeцoт. Кoј Гo глeда Синoт, гo глeда и Oтeцoт. Бoг нe мoжe да сe пoзнаe бeз Свoјата свeтлина штo дoјдe пoмeѓу луѓeтo. Свeтлина на Oтeцoт e Синoт. “Јас Сум свeтлина”, рeкoл Христoс. И свeтлината свeти вo тeмнината.
Христијанствoтo ги oтвoрилo ширум пoртитe на oнoј свeт вo тoлку гoлeма мeра штo нeгo нe трeба ни да гo нарeкувамe рeлигија - заради забуна за да нe сe мeша сo oстанатитe вeри и рeлигии - туку Oткрoвeниe. Бoжјo Oткрoвeниe.
Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа...