логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Интервју за телевизија со о. Андреј Грузиски и Абхазиски

Прашање: О. Андреј, селото Комана е најголемото жариште на оваа битка. Во ова село се наоѓа гробот на Св. Јован Златоуст… (останатото е наразбирливо)

О. Андреј: Знаете, не чувствувам страв. Некако не го чувствувам. Ова отсуство на страв е дар од Бога. Не се плашам сега, кога е раката Господова на мене. Во црква сум и што друго може да се каже? Веќе не се слуша пукањето. Престанаа да пукаат, иако пред некој ден слушнав некој истрел. Некако е тоа Божјата благодат и не се плашам.

Прашање: Дали луѓето доаѓаат в црква? Сите војници овде се жители на селово. Освен нив, има и млади луѓе од различни краеви на Грузија. Тие доаѓаат ли?

О. Андреј: Да, доаѓаат војниците – добро, оние кои се близу до животот во Црквата. Некои не се. Сепак, религиозните доаѓаат в црква со отворено срце.

Прашање: Наоѓаат ли утеха овде?

О. Андреј: Па, правам што можам. Зборувам со нив и се обидувам колку што можам да објаснам за Него Кој Е… Да, војниците доаѓаат, но овде сега нема цивили, само еден или двајца мажи…од нив?

О. Андреј: Само оние кои ја поправија црквава – тие доаѓаат, како и двајца-тројца други…

Прашање: О. Андреј, кое е вашето гледиште за Грузиско-Абхазискиот конфликт. Како тој може да се реши?

О. Андреј: Секако ќе одговорам како свештеник.

Сите ние знаеме дека е тој (конфликтот) предизвикан заради нашето оддалечување од Бога; потоа, исто така, тој е последица од нашиот однос кон Русија. Да се елиминира е невозможно, но за Господ сè е можно. По Неговата волја сè може да се случи. Црквата чува пророштво дека нашата грузиска Црква ќе зајакне во споследните времиња. И всушност, ова се последните времиња. Можеме да речеме дека е близу крајот, оти сè што ни беше предадено преку Црковното Предание како знаци за блискиот крај се исполнува. Исто така, знаеме од Светите Отци, од нашите предци, дека во овие времиња нашето служење на Бога и полнотата на животот во нашиот Господ нема да завршат овде во Абхазија и во ова село, додека во светот ќе бидат загубени. Но ова нема да се случи ако нема мир во земјата. Се надеваме дека мирот ќе дојде по Господовата волја. Ако сакате да знаете што може да се стори од човечка гледна точка, сигурен сум дека навистина не знам… дури не сум ни размислувал за тоа, оти не е на мене да решавам.

Прашање: Сепак што може да се стори?

О. Андреј: Од човечка гледна точка многу е тешко тоа да се реши. Не знам што треба да се преземе овде. Ова време сега ни е пратено за сите да нè излекува и сè добро ќе заврши, но нема скоро да дојде. Имам надеж единствено во Господ и Неговата волја; вистински зависам од неговата волја.

http://www.stprohor.org.au/

Свети Новомаченик Андреј Грузиски и Абхазиски – Игумен Гаврил
Темелите на христијанството во Грузија или Иверија, како уште се нарекува оваа земја, се положени уште од првиот век. Најпрво овде проповедал св. ап.Андреј, потоа и св.ап. Симон Кананит и св. ап. Матија, како и апостолите Вартоломеј и Тадеј. Според преданието, по педесетница, според заповедта на Господ Исус Христос, “одете и проповедајте го Евангелието на сите народи,” Грузија со ждребка и се паднала на Пресвета Богородица. Таа никогаш не пошла во Грузија, туку цел свој живот останала со св. Јован Богослов, но како свој удел го испатила својот хитон во Иверија.

Во првите векови христијанството во Грузија било жестоко гонето. Во Кападокија, Мала Азија, живееле едни благочестиви христијани, роднини на св. Великомаченик Георгиј, кои имале една единствена ќерка, Нина, која поцоцна се заинтересирала за хитонот на Пресвета Богородица. Дознала дњка се наога во Иверските земји и поскала да појде таму. На тој пат ја благословила Пресвета Богородица. Кога дошла таму имало уште многу кои не биле просветление со Евагелието. Таа неуморно работела на нивното просветление и успеала да се крсти сета земја во Името на Отецот и Синот и Сцетиот Дух. Годината 326 се смета за официјална година на покрстувањето на Грузија.  Од тогаш па до сега во Грузија егзистира Православното христијанството. Но искушенијата никогаш не престануваат. Најпрво со комунистичкиот атеизам преку Советскиот Сојуз, а подоцна и со сепаратистичкиуот национализам привремено биле гонети служителите на Црквата.

Светот во зло лежи и со него раководат паднатите сили на поднебесието. Нетрпението, егоизмот, неискреноста, алчноста, непочитувањето, богоостапништвото го окупирале денешниот човек во се поголема мера. Јеромонах Андреј Курашвили е чиста невина жртва на безумството на овој свет. Загина од своите без суд и никаква причина, за кое подоцна сите се каеле.

Отец Андреј или Патаа, како што му е световното име е роден на 3 Април 1966 г. во скромната фамилија на Елгуџиј Курашвили. Неговиот татко бил комунист, но со висок морал и праведен човек. Многу сакал икони и ги собирал дома. Во една прилика успеал да заштити и спаси една едиција на стари икони и повторно да и ги врати на Црквата.

Неговата мајка Ламарка бил домаќинка и многу благородна душа. Таа успеала да подигне осум деца од кои четири од нив станале служители на Црквата. По маченичката смрт на о.Андреј, неговиот брат Јован станал свештеник и двете сестри Василиса и Нана заминале во манастир, деноноќно да му служат на Бога.

Воспитанието со личен пример од  родителите има голема и суштенстева  улога во правилниот духовен, па и телесен развој на децата. Високо моралниот духовен живот на родителите, посебно на неговата мајка, имале пресудно влијание во карактерот.

Паата, било мирно и повлечено дете кое сакало многу да чита, посебно грузискта книжевност. Ја сакал многу природата и животните, а најмногу кучињата. Бидејки бил дружељубив и добар и чуствителен спрема сите, децата го сакале и имал многу другарчиња. Физички бил многу силен и вешт, така да во своето време бил и првак во карате и борење, грчко-римски стил. Како и сите останати сакал многу друштво и забави, меѓутоа и многу одговорен кон родителите и домот. Уште кога учел средно школо, истовремено почнал да работи и скоро целата негова плата да ја носел дома. Сето тоа го поттикнало да размислува подлабоко отколку од само она што го гледа и многу бргу заклучил дека таквиот живот нема цел и е многу едноличен и површински. Животот мора да има подлабока димензија која ги надминува овие граници, размилувал.

По завршувањето на средното образование морал да замине во Унгарија на отслужување на воениот рок, кој многу совесно и одговорно го отслужил до крај, а кога си дошол дома, облеката и се она што го потсетувало на тој период ги фрлил во реката, за водата да ги однесе сите неубави спомени.

Тогаш било времето кога Грузија и сите дотогаш, на модерен начин, окупирани народи и држави, добиваа осамостојување. Тогаш човек можеше и малку послободно да погледа и од другата страна на работите, а не само така како што некој тоа ни го сервираше. Тогаш се симнуваа лажните скривала од начите очи и срца и човек, посебно младиот човек постана гладен за вистината и внатрешното духовно чуство во срцето. Така и Паата, како добар по срце и бистар на ум (остроумен) го увидел тоа и постанал трагач по вистината и Боготражител. Бог си промислува за секого и на Свој начин му се открива, така да и милоста Божја кон младиот Паата се пројавила на тој начин што во Багдад (Грузиски) се основала многу убава, богата библиотека во која имало и духовна литература и на тој начин можел често да оди таму, да чита и осознава. Раководител на библиотеката бил Илија Каркадзе, кој подоцна постанува и негов кум, затоа што открил дека тој всушност не бил ни крстен. Денес Илија Каркадзе е Православен свештеник во Грузиската Православна Црква.

Во тие услови, Паата, подоцна  Јеромонах Андреј, духовно се просветлувал и изградувал како личност пиејки од единстениот извор, кој е Самиот Бог Исус Христос, чуван во Својата Православна Црква. Во 1991 година тој го доживува и своето вистонско раѓање преку купелот на крштението просветлувајки се со Светиот Дух. Како трагател по корените, Паата, се упатил на поклоничко патување по својата родна Грузија. Се поклонил на повеќе места во Аџарија, а великиот пост го затекнал во манастирот св. Андреј Првоповикан во Схалту, кој многу му се допаднал затоа што бил осамен во една шумичка. Во тоа време настојател бил игуменот Георгиј (Абдулазе), а малку подоцна за нов настојател дошол архимандрит Даниил, денешен митрополит Цсумски. Отец  Даниил му постанал и негов духовен Отец, така да тој и не сакал да се одвојува од него и почесто се навраќал во неговиот манастир и седел таму, поминувајки ги деновите во послушание и непрестана молитва и заедница со Бог. Наскоро се решил за стално да дојде во манастирот и самиот себе целосно да му се посвети на Бог.

Бидејќи бил многу послушен, смирен и погружен во внатрешната молитва бргу и напредувал во искушеничкиот подвиг. Многу малку разговарал, а и тогаш кога говорел бил „шкрт“ на зборовите и со тоа оставал голем впечаток. Многу сакал да се моли на Бог. Се трудел во умната молитва „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“  Понекогаш знаел да влезе во храмот пред почетокот на службата и долго да се моли. Заради тие негови доблести на денот на неговиот роденден 1992 година бил замонашен со монашко име Андреј во чест на св.ап. Андереј Првоповиканпрвиот покрстител на Грузија. Во Август, истата година, бил ракоположен во јеромонах и поставен за старешина на манастирот.

Неговото послушание се состоело во обработување на манастирскиот посед, ги поготвувал и просфорите за Литургија. Секојдневно правел 200 метании, а потоа читал акатист на Пресвета Богородица и служел молебен пред иконата на св.Андреј Првоповикан. Уште од почетокот, разгорен од топлината на ревноста во своето срце се препуштил на строг аскетскописихастички подвиг. Неговиот духовен Отец Даниил бил претпазлив и најпрво му забранувал таков подвиг, но гледајки ја неговата искрена желба му благословил подоцна. Најголемото време го поминувал во молитва и ретко спиел и се одмарал. Класичен кревет немал, туку само даски и најчесто не лежел, туку склупчено седнувал на нив и главата ја потпирал на ѕидот и тоа го сметал за спиење и одмор. Во храната бил многу умерен и никогаш не дозволувал да биде преовладан од неа па макар и да бил прегладнет.

Неговото срце и ум, жеднееле за непрестајна молитва и заедница со Живиот Бог. Знаел често да се осамува, а понекогаш и Господ му „помагал“ во тоа. Еднаш завеало толку снег што тој долго време останал отсечен во осамеништво во Схалтискиот манастир. На што, наместо да се плаши или жали и мрмори за тоа, тој му благодарил на Бога и велел: „Кога луѓето би знаеле колкава е таа среќа толку да се осамиш во манастирот, ќе остават се, ќе ги остават сите земни грижи и ќе тргнат по патот кој не води кај Бог.“

По ракоположувањето за јеромонах, тој го зголемил својот подвижнички подвиг и како што орел ослободен од кафез бргу се вивнува во височините, така и о. Андреј потполно се откажал од овој грешен и суетен свет и многту бргу напредувал во познанието на Бог и заедницата со Него. Не се интересирал за овоземните работи, многу малку разговарал, особено со жените и бил многу строг кон себе, што му помогнало во пронаоѓањето на правилниот однос кон  другите.  Секојдневно служел Литургија и се причестувал со Светите Тајни Христови и постојано молел во црква, во ќелијата со Исусовата молитви и надвор додека работел неговиот ум бил вознесен во молитвата. Имајки таков напоред подвиг, некои знаеле и да го „сожалуват“ па му предлагале да ја намали должината на Богослужбите и да се „одмори“. На што тој ќе одговоил дека има само две години како е во вистинската вера откако се крстил и дека е подобро да го надокнади тоа долго изгубено време во заблуда и сон.

Во 1992 година Архимандрит Даниил бил избран за епископ и устоличена на  Сухумско-Абхаската Епархија каде веќе се беше разгорел грузиско-абхазискиот воен конфликт. И покрај таквата опасност сепак љубовта и духовната приврзаност кон својот духовен Отец, Јеромонахот Андреј побарал да појде и тој со него, што малку подоцна со благослов на неговата светост Патријархот на цела Грузија Илија II се случило. Отец Андреј бил преместен во манастирот посветен на св. Јован Златоуст во живописната област Сухумија во селото Кумани кое се поврзува со Третото наоѓање на главата на св. Јован Крстител, маченичката смрт на св. Василиск од 4 век и изгонувањето на св. Јован Златоуст, каде и тој се преставил пред Господа. На неговите родители и роднини, не им кажал дека бил преместен таму за да не се секираат, но тие беа дознале за се. Овој воен конфликт започнал на 14 Август 1992 год. и траел до 27 Септември 1993 година кога грузиските трупи ја напуштиле Абхазија.

Војната е кулминација на злото. Кога злото толку ќе навлезе во човекот и го окупира тогаш му ги заробува умот и срцето и обземен од демонот постанува крајно помрачен и безчуствителен. Во таква сосотојба тој не гледа ништо пред себе освен непријател и е спремен да убива секого што ќе се најде пред него. Воениот конфликт не престанувал, а војниците полека станувале уморени од борбите и како што се вели во Евангелието дека онаму каде преовладува злото и благодатта е поголема, та преку неа Бог делува врз грешното човештво и му ги отвара очите на умот да ја увидуват на апсурдноста од злодејствијата.

За време на велигденскиот пост, Владиката Даниил, му дал благослов на о.Андреј, заедно со својот искушеник Гаврил, подоцна монах Симеон да одат во градот Кумани во соборната црква. Тука о. Андреј служел Литургии и проповедал. Од неговите молитви и проповеди полека, еден по еден почнале да доаѓаат војниците, да ги слушаат неговите беседи и се молат на Бог. Отец Андреј знаел и да оди кај војниците и на првите борбени редови и да им проповеда за верата во Господ и љубовта Божја. Неговите проповеди биле јасни и кратки и со слово со власт, кое допирало до срцата на војниците и ги преобразувало. Многумина од нив крстил, исповедал и причестил со Светите Тајни Христови. Отец Андреј со сите сили се трудел да ја раскрие темната прашина околу нивните срца и да го преобрази образот Божји во нив за да ја почуствуват светлината тивка внатре во нивното срце.

И покрај надворешните немири, и непрстајниот труд околу душите на војниците и парохјаните, о.Андреј не го заборавал и своето внматрешно надградување. Тој навистина ја зачувал полнотата на благодатта од неговото крштение и ја умножувал со непрестајната умносрдечна молитва и дарот на солзи.

Често и читал. Најмногу го сакал старец Силуан Атонски и сметал дека тој му е најблизок по дух. Потоа ги читал Древниот Египетски Патерикон и делата на св.Јован Златоуст. Многу се нервирал кога некој ќе ги споредувал современите преподобни отци со старите и ќе велеле дека денес нема такви свети отци и аскети и тие не им се дораснати на старите, на што тој ќе одговорил: „зошто да нема? Нашиот Господ Исус Христос е ист, вчера, денес и утре“ (Ев. 13,8).

Заради неговиот подвиг и потребите на луѓето таму, Господ го надарил со дух на кротост, гледање на човековите души и сила на зборот со кој успевал да ги охрабри и утеши оскрбените и нажалените. По неговите молитви почнале и некои икони да мироточат. Неговата блага насмевка и светло срце ги омекнувало нивните срца и тие многу го почитувале како вистински слуга Божји. Кога го запрашувале за сета ситуација оговарал: „Лично не чуствувам страв. Оваа моја неустрашивост ми ја дава Бог. Не се плашам зашто благодатта Божја е со мене. Јас ум во Црквата…ако не се плашиме од вечните маки, зошто тогаш да се плашиме од абхазииците?

„Мојата точка на погледа за конфликтот како свештеник е следната. Причина на овој конфликт е нашето оддалечување од Господ и последица на нашите слободни односи со Русија, но тоа што е невозможно за луѓето, возможно е за Господ. Ако биде Неговата света волја, се е можно. Постои пророштво за тоа дека во последните времиња Грузиската Црква ќе заблеска, вистина, ова време можеби настапуваат. Во крајна линија, може да се каже дека се приближуваат, зашто се гледат сите знаци. А уште од светите Отци и начите предци знаеме дака нашиот живот и служење на Господ не се завршуваат ниту со Абхазија, ниту со овој свет. Меѓутоа за да може замјата да опстане, потребен е мир. Да се надеваме , по Божјата волја, дека мирот сепак ќе дојде“

Сосотојбата во Абхазија и Комани постојано се повеќе се влошувала. Владиката Даниил го пуштил о. Андреј да ги посети неговите домашни за да се утешат. Тие многу се израдувале и вистински се утешиле од него. Неговата мајка му рекла: „ ти сине, си почнал да личеш на Христос“ . За тоа време о. Андреј извршувал и голем број на парохоски работи и кога сакал да си појде едвам успеал да фати Хилихоптер за да го пренесат до Кумани. Со него сакал да дојде и неговиот најмал брат, но тој не му дозволил.

Освојувачките сили се повеќе се приближувале до Комани. Три дена пред да биде опседнат Комани, Владиката Даниил со монахињите Теодора и Ирена го посетиле и Владиката дал благослов да се напушти градот заедно со Грузиските сили.

На 4 ти Јули 1992 г. Комани паднал во огнен обрач. Пукањата се слушале се поблизу и поблизи. Надвор изгледало како вистински пекол. Луѓето што биле со о. Андреј го запрашале: „Ќе го напуштиме ли градот“ Не, нема да го оставиме Комани. Денес ќе се молиме цела вечер а утре в зори ќе служиме света Литургија.“ – бил одговорот.

На 5 ти Јули, Комани паднал под опсада. Наоколу постојано се слушале истрели кои потсетуваат на злото. Опасноста од смртта реално деменела над нивните глави. Во храмот на св. Јован Златоуст, покрај о.Андреј се наоѓале и Јуриј Ануа, неговата сопруга Зоја, подоцна монахиња Марија и ќерка и Манана истос така подоцна монахиња Марија. Кај нив понекогаш завладувал стравот, но гледајки го примерот на о.Андреј на кого никако на неговото лице не можело да се прочита страв или паника или нервоза, туку само спокој и тие се смирувале. Тоа било резултат на неговиот внатрешен мир и спокојство заради неговата силна вера и надеж во Бога и непрестајната Исусова молитва.


«Не се плашете, човекот треба само од едно да се плаши. Да не биде лишен од Царството Небесно. Подготвувај се, човекот треба постојано да е подготвен за се!“ и ги повикал достоинствено како вистински христијани благодарствено да си го понесат својот крст на спасениоето со кој Бог до дарил.

Набргу пукањата и гласовите се приближиле и до самиот храм. Дворот од храмот се наполнил од метци. Кога слушнале непознати гласови им станало јасно дека сепаратистите дошле до нив. Се слушнале пискотници. Отец Андрееј, кој и во таквата пеколна состојба го чувал внатрешниот мир и спокојство, непоколебливо се јурнал надвор да им помага на немоќните. Тоа биле старците од инвалидскиот дом.

Во три часот навечер, борбата се пренела до самиот храм. „ секој момент може да ја очекуваме смртта. Да се подготвиме за исповед и Причест.“ им рекол о.Андреј и за последен пат го изнел путирот од олтарот и ги причестил.  „Отец Андреј беше многу мирен кога ни соопшти да се подготвиме за причест. После причестта не замоли да не разговарама меѓусебно и да се потрудиме да се влабочиме во самите себе како би могле во овој пекол, кој се зацарил наоколу, да можеме да го слушнеме тивкиот, но секогаш моќен и беличенстнен глас на вечноста. Овие моменти беа незаборавни…Светлата душа на о.Андреј се покажа за нас со непозната и загадочна сила, чуствуваше спрема нас најнежна и сеопфатна љубов Христова, угледувајќи ја Божествената светлина според зборовите: И светлоста свети во темнината, и темнината не ја обзеде.“ (Јн 1,5). Не обзеде чуство дека о.Андреј пребива во другата димензија на животот каде владее хармонија и убавина и дека никакви пеколни сили, сите заедно, не ќе можат ништо да му направат, затоа што изворот на овие неописливи убавини и блаженства е самиот Господ Бог, вечен и сеопфатен.“ – сведочи искушеничката Марија.

Во Пет часот наутро почнале надвор да викаат за да им ја отворат вратата. По благолов на о.Андреј вратата ја отворил Јуриј. Го фатиле и со тепање го извлекле надвор. Го удирале со кундаците и го однела та повеќе никој не го видел. Подоцна се дознало дека се удостоил со маченичка смрт.

Потоа го извлекле и о.Андреј и како што е јагнето немо пред своите стрижачи, така и тој не ја отвори устата. Отец Андреј посака да ја приме таа  чаша и ја испи. Клекнал на коленаата и усрдно се молел. А неговиот непријател го застрелал во тилот, ноХрХ

тој ниту како мртов не им се предал и покорил. Наместо, според логиката, да падне ничкум, тој паднал на грб. Дваесет минути од раната истекувала во потоци крв.

Меѓутоа, групата која се наоѓала во храмот не знаела што се случува надвот. Откако го изнеле о.Андреј разулавените и издрогирани абхазски војници влегле во храмот, почнале да викаат, пцуваат и да го сквернават, та дури и гробницата на св. Јован Златоуст ја испревртиле, а по три часа во трк влегол некој млад човек и извикал: „Го убија вашиот старешина!“ Тие со сета сила се упатиле на местото на злосторот и го нашле маченички пострадано телото на нивниот млад по години, но старец по мудрост, духовен Отец, јеромонах Андреј. На неговото лице, место грч, имал блажена насмевка.

Го пренеле во храмот, го подготвиле за погребение положувајќи го на одар пред олтарот на црквата. Во неговата лева рака му ја ставиле бројаницата од која никогаш не се одвоил непрестајно повтарајки ја Исусовата молитва. Цела вечер поминале во молитва. Неговот лице зрачело со блажина и насмевката сеуште не го напуштала. И иако било жешко јулско лето на неговото тело не се забележувало ни тронка од трулежност или да испушти лоша миризба. Неговата крв не се згрутчувала и не престанувала да тече.

Епилогот од таа ноќ бил страшен. Биле убиени сите грузиски војници. Маченички загинале и Јуриј и о.Андреј, за кого многумина жалеле и се каеле. Меѓу нив имало и такви кои сакале веднаш да му се одмаздат на злосторникот, но знаејки дека о.Андреј никогаш не би го дозволил тоа според неговите зборови: „Целосно препуштете се на Господ и Неговата света волја.» Неколку дена потоа се дознало дека убиецот на о. Андреј нагазнал на мина и ѓи загубил десната рака и нога. По молитвите на о.Андреј Господ не му го зел животот, туку му оставил можност да се покае за својот злостор, но му ги отсекол оние делови од телото со кој згрешил, според зборовите:

Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; (Матеј 18:8) и си ја спаси душата.

Утредента од Москава стигнал телеграм: „ Храмот св. Јован Златоуст е од светско значение. Ниту храмот, ниту неговиот имот не смеат да пострадат. Треба да се зајакне стражата. Не смеат да се дират служителите на храмот.“


По 52 дена на опсада и заробеништво, Зоја Ануа, сопругата на Јуриј Ануа и нивната ќерка били ослободени и превезени до Сухумскиот аеродром а од таму одлетале во Тбилиси кај Патријархот Илија II. Во Сухум се сретнале и со владиката Даниил. Додека биле во заробеништо во храмот, Зоја се заветиле пред чудотворната икона на Мајката Божја Тихвинска, дека ако останат живи ќе му се посветат на Бога во монаштво. Тоа и го исполниле и сега и двете се замонашени со име Марија.

На 7 ми Јули, на денот на раѓањето на св. Јован Крстител телото на св. Новомаченик Андреј било предадено на благословената Команска земја.

Отец Андреј ја заветил Грузиската Црква, да го објават неговиот превод на „Трите клуча за внатрешната молитва.“  Тој негов завет го исполнил Архиепископот Циклиски Зосим кој рекол: « Кога пастирот работеше на својата книга, во близината на Коман, се одвиваа жестоки борби. Во овие тешки моменти, о.Андреј никогаш не го напушташе храмот. Својата надеж ја полагаше само на Бог, Кој, благодарение на силата на неговата внатрешна молитва, секогаш беше со него. Кога го подготвував споменатиот превод за издавање, чуствував присуство на невидлива помош од о.Андреј.»


Неговата маченичка крв, ќе остане вечен сведок и непријатна трага на обезглавениот и безумен национализам кој се јавува во дваесетиот век, посебнио кај Православните и кој за жал сеуште трае. Ние пак, безумни и заслепени од него, мислиме дака на Бога му принесуваме жртва, а убиваме конкретни и невини луѓе. Страдаат цели народи. Православието и нашата меѓусебна љубов слабеат, а сето тоа може да е само во слава непријателот на човечкиот род, ѓаволот и наш срам. Младиот дваесет и седум годичен јеромонах на Грузиската Православна Црква е чиста жртва на етнофилетизмот. Единствената негова вина била тоа што на прашањето « Чија е оваа земја?», одговорил: « Божја».  Бог да ни прости за и не помилува по молитвите на св.новомаченик Андреј Абхазиски и Грузиски. Амин

 

Извор: Манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная