логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.nektarij.eginski2.jpg22. ноември лето Господово



Слава на Православието се светите Божји угодници, кои се како нови ѕвезди што светат на сводот на Христовата Црква. Светителот Нектариј Егински е прославен од Грчката Црква, живеел на крајот од XIX и почетокот на XX век.
Радувај се млад орелу, кој имаш умни молитви!
          Идниот светител се родил во семјество на благочестиви родители во 1846 г., во Селиврија тракиска, недалеку од Константинопол, а на Крштението бил наречен Анастасиј. Како вистински Божји избраник, момчето уште од детство го засакало храмот, Светото Писмо, се научило на молитва. Сиромаштијата на родителите не му дозволила да учи во родното место, и со 14 години тој заминува во Константинопол, за да најде работа со која ќе заработува за школувањето. Животот во големиот град не бил лесен. Момчето се сместило во фабрика за тутун, но недостасувале средства и еднаш во очајание, разбирајќи дека нема од кого да очекува помош, Анастасиј решил да му се обрати со молба на Оној, кого што толку го вољубил и на чија надеж се потпирал цел живот. Тој му напишал писмо на Господа: „Христе мој, немам наметка, немам обувки. Те молам испрати ми ги, Ти знаеш колку те љубам.” На пликото напишал адреса: „До Господ Исус Христос. На небесата.” И го замолил својот сосед трговец, да го однесе во пошта. Тој се зачудил на необичната адреса на пликото, го отворил писмото и откако ја видел таквата молба и силната вера, му испратил на момчето пари од името на Бога. Така промислително Господ не го оставал својот избраник.
                Минувале години, но младото момче не го допирале соблазните на големиот град. Како и до тогаш, слободното време го посветувал на молитвата и изучувањето на светите отци. Негова мечта било проповедањето на Евангелието. Од тоа време е интересен еден настан. Еднаш идниот светител тргнал дома за празник. Бродот со кој патувал го зафатила бура. Сите патници во ужасот почнале да негодуваат против Бога. А, Анастасиј, држејќи се за навалените едра, од сè срце извикувал: „Боже мој, спаси ме. Ќе учам богословие, за да ги натерам да замолчат оние што го хулат твоето свето Име.” Одненадеж бурата запрела и бродот среќно стигнал до брегот.


Радувај се, добар воину Христов!
            На возраст од 22 години Анастасиј се преселил на островот Хиос и почнал да работи како школски учител. Таму тој не само што предавал, туку и проповедал. Моралот во селото и школата бил на најниско ниво на почетокот од неговото учителствување, а постепено почнал да се подига до потребниот степен, благодарение на трудот на учителот Анастасиј. Неговото влијание врз учениците било такво, што тие, а преку нив и сите возрасни, набргу се проникнале со љубов и длабока почит кон него. Тој од учениците создал прекрасен хор и самиот со нив пеел во селската црква, но неговата душа тежнеела кон монаштвото. Анастасиј го посетувал Атон и разговарал со старците и на крајот заминал во манастир, каде што примил постриг и ѓаконски чин со името Нектариј, кое сега е познато во многу земји.
           Со сето срце расположено кон монашкиот живот, момчето често го посетува манастирот Нео мони. Во него тој прима постриг со името Лазар, а по три години поминати таму, се удостојува со постриг во мантија и е ракоположен за ѓакон со ново име: Нектариј. Нектариј означува бесмртен. Тоа име најдобро што може му прилегало, зашто во неговата душа навистина течеше Нектарот на Животот и од него како река истекуваше благомирисен поток кој со радост ги исполнуваше сите и сè. Добивајќи можност да го продолжи образованието, Нектариј го завршува богословскиот факултет во Атина, и тогаш него го приближува кон себе Александрискиот Патријарх Софрониј. На четириесетгодишна возраст Патријархот го ракополага Нектариј за свештеник. Со ревност и самооткажување тој го примил новото послушание и назначување во Свето-Николаевиот храм во Каиро. По неколку години, во тој храм го посветуваат за епископ Пентаполски. Епископското достоинство никако не ги изменило начинот на живот и однесувањето на Нектариј. Тој, како и дотогаш, се стремел само кон стекнување на смирението. „Чинот не го возвишува својот носител, туку само добродетелта има сила да возвиши” – пишувал тој во тие години.
            Во едно писмо од тие години Светителот раскажува за забележителен сон, во кој му се јавил светителот Николај Чудотворец. Мора да се додаде дека Нектариј во тоа време востановувал храм во Каиро во чест на тој голем светител. Во сонот Нектариј го видел ковчегот на Николај Чудотворецот, а во неа самиот Божји угодник – како да спие. Потоа Николај Чудотворец станал од ковчегот и благо насмевнувајќи се, го замолил Нектариј да го украси неговиот престол во храмот со злато, а потоа го прегрнал и го целивал. Тоа целивање од големиот архиереј Николај, изгледа имало значење на особена наклоност кон Светителот Николај и можеби го символизирало преемството на дарот и сродноста на душите во Христа.

Радувај се, гонет заради правда…
         Брзото напредување, љубовта на Патријархот и народот, а уште повеќе добродетелниот и чист живот на светителот во многу предизвикувале завидливост и омраза. Како што за тоа велел самиот светител: „Добродетелниот човек е подложен на искушенија и испитувања во овој свет”, но во длабочината на своето срце тој се радува, зашто совеста му е мирна. Светот ги мрази и презира добродетелните луѓе, навистина истовремено завидувајќи им, за што нашите предци велеа: самиот непријател ѝ се восхитува на добродетелта.
            На кажаното може да се додаде, дека не само што се восхитува, туку и се одмаздува. Влијателните луѓе на патријаршискиот двор се плашеле дека сеопштата љубов кон светителот ќе го воведе во бројот на претенденти на местото Патријарх Александриски, бидејќи Софрониј веќе бил во поодминати години. Тие го наклеветиле светителот, обвинувајќи го не само во алчност кон патријаршискиот престол, туку и за аморален живот. Митрополитот Пентаполски бил принуден да даде оставка и морал да ја напушти египетската земја. Тој не се обидувал да се оправдува и заштитува. „Добрата совест – тоа е најголемото од сите богатства. Таа е – цената на душевниот мир и спокојното срце” – говорел во своите проповеди светителот, напуштајќи ја катедрата засекогаш. Лошиот однос го следел како сенка и во Атина, каде што се сместил. Напразно одел до инстанците, никаде не сакале да го примаат. Архиерејот по Божја Милост, влечејќи го жалниот опстанок, бил лишен не само од утеха, туку некогаш и од насушниот леб. Но, Господ му возвратил за тоа трпение.
          Еднаш, кога по кој ли пат примал негативно решение во Министерството за религија, светителот слегувал по министерските степеници со насолзени очи. Здогледувајќи го во таква состојба, градоначалникот му проговорил. Дознавајќи за бедната состојба во која се наоѓал Нектариј, градоначалникот издејствувал за него место на проповедник. Славниот Пентаполски Митрополит прифатил место на обичен проповедник во провинцијата Евбеја, но и тука го пречекале непријателски, верувајќи им на клеветничките гласини. Секоја недела владиката Нектариј се искачувал на катедрата за проповед на Божјото Слово, за утешување и вразумување, сретнувајќи недоверба и молчелива осуда од слушателите. Кога изгубил надеж чукајќи на нивните срца, тој решил: „Последен пат ќе застанам на проповед, и ако тие не ме слушаат, ќе заминам.” И повторно Господ според својата љубов направил чудо. За една недела низ градот проструила веста, дека она во што граѓаните порано верувале за светителот – било лага. Следнета недела неговата проповед била примена со воодушевување.
           Љубовта од народот го придружувала Нектариј. Но, до крајот на животот тој морал да го носи крстот на прогонството и името на митрополит во немилост кој не припаѓа на никоја автокефална црква. Едно време за него се појавила надеж за промена на таквата состојба; кога александрискиот престол го зазел новиот Патријарх Фотиј. Светителот му се обратил со писмо за преразгледување на делото и да му биде признаено епископството. Но, неговите надежи се покажале празни. На неговата молба патријархот дури не ни одговорил. До крајот на своите денови Пентаполскиот Митрополит бил принуден да биде во несфатлива канонска состојба, потпишувајќи ги своите документи како: „патувачки епископ.”


Радувај се, за пленетите си станал Божја љубов; Радувај се, зашто своите чеда со љубов си ги пленил…
            Постепено темнината на клеветите отстапувала од името на епископот во немилост. Луѓето гледајќи го неговиот чист и добродетелен живот, слушајќи ги вдахновените проповеди – му се приклонувале. Славата на Пентаполскиот Митрополит од провинцијата дошла до престолнината и до грчкиот кралски двор. Откако се запознала со него, Кралицата Олга набргу станала негово духовно чедо. Благодарение на неа тој бил поставен за директор на ризариевата богословска школа во Атина. Во неа се подготвувале свештенослужители и лаички црковни кадри. Во периодот на управување од светителот, школата ги доживеала годините на подем. Со неисцрпна љубов и трпение Нектариј се однесувал кон своите ученици. Познати се случаи кога за прекршоците на учениците, тој на себе преземал строг пост.
                Во тоа време околу Нектариј почнале да се собираат неговите духовни чеда, многумина да одат кај него за совет и благослов. Тогаш во старецот – светител почнале да се пројавуваат даровите на божјата благодат: прозорливоста, дарот на исцелување. Кога тој служел Божествена Литургија, наоѓајќи се во молитвена состојба, неговото лице зрачело светлина која присутните ја гледале. Но, како и претходно, негов главен украс било смирението. Кога во школската црква доаѓал друг епископ да сослужува со него, тој никогаш не го заземал главното место, дури ако тоа и му припаѓало по правото на старешинство. Тој секогаш застанувал оддесно престолот, облечен само во мал омофор, а наместо митрата ја ставал црната монашка капа.
Еднаш школскиот чистач се разболел и многу се грижел, дека заради тоа ќе го отпуштат од работа. По неколку недели, кога се вратил, забележал дека некој за целото време ја вршел неговата работа. Многу се зачудил и решил да дознае кој е тој милосрден добротворец. Доаѓајќи утрото рано во школата, тој бил избезумен кога го видел својот „заменик.” Тоа бил Пентаполскиот Митрополит, директорот на богословската школа – владиката Нектариј. Завршувајќи со чистење на клозетот, тој му рекол: „Не чуди се, нема да ти го земам твоето место, јас само сакам да ти помогнам, за да се зачува оваа работа за тебе. Додека си болен, јас ќе работам за тебе. Само, во школата за ова не кажувај.”


Радувај се невин пастиру на невини овци; Радувај се, мудар собирачу на девствени бисери!
                Меѓу многубројните духовни чеда, крај владиката биле и неколку девојки кои сакале да се посветат на монашкиот живот, но не се решавале да одат во никој манастир, за да не се лишат од духовното раководство на својот наставник. Грижејќи се за нив како добар пастир, Нектариј почнал да бара пригодно место и своето барање го завршил на островот Егина. Наоѓајќи остатоци од стар манастир, тој со сопствени средства ја купил таа земја. Таму пристигале првите жители. Во својот манастир светителот по Божјо откровение го вовел институтот ѓакониси, кој одамна е исчезнат од практиката на Православната Црква. Но, повторуваме, тоа било направено според откровение. Кон крајот на неговиот живот, на светителот му бил нанесен уште еден удар. Во манастирот дошла 18-годишната Марија Куда, која избеглала од деспотската мајка – свеќарка. Свети Нектариј ја примил во манастирот. Тогаш мајката на девојката поднела тужба против светителот, обвинувајќи го за заведување на девојките и за убиство на бебињата што наводно ги родиле. Инспекторот кој стигнал во манастирот го нарекувал светиот кентаур и го влечел старецот за брадата, а тој смирено му одговарал, забранувајќи им на монахињите да плачат и да приговараат. Девојката ја прегледал лекар и утврдил дека е недопрена. „Убиените бебиња,” исто така, не ги нашле. Потоа мајката на девојката полудела, а инспекторот тешко се разболел и отишол да бара прошка од светиот.
              Светителот им претскажувал на своите послушнички дека нивниот манастир ќе биде богат, ако тие упорно се трудат. Еднаш шетајќи со послушничка во природа, светителот ја прашал: „Сакаш ли да го видиш својот Ангел Чувар?” Послушничката, секако, изјавила голема желба. „Еве го, пред тебе е” – одговорил светиот. А, девојката веднаш паднала во несвест, не можејќи да ја издржи глетката. Светителот потоа жалел за она што се случило, велејќи дека девојката сè уште не била подготвена.
Во друга прилика сестрите монахињи го молеле светителот да им објасни, како да ги разбираат зборовите „всякое дыхание хвалит Господа”, и на каков начин природата го слави Творецот? Тогаш светителот ништо не одговорил, а следната вечер им рекол на сестрите: „Вие ме прашавте; како природата го слави Господа? Еве, слушнете сами.” Сестрите слушнале, по молитвите на светителот, нешто што ние не можеме да го објасниме.
           Целиот живот на манастирот се одвивал под раководство на светителот Нектариј, со кого сестра одржувала постојана дописка. Со каква татковска, љубов, грижа и нежност се исполнети неговите писма. Некое време светителот наедно раководел и со школата, престојувајќи во Атина, и со својот новооснован манастир. Но, Господ устроил така што владиката поднел оставка во школата и засекогаш се преселил на Егина. Дванаесетте последни години од животот тој ги поминал со монахињите, воспитувајќи ги за Небесното Царство. Многу таги и искушенија требало да помине, но тоа биле и благодатни години. Обителта за тоа време е средена, организирано е стопанство. Секојдневно светителот Нектариј со сестрите одржувал часови по догматика, етика, аскетика, а вечерите, собирајќи се наоколу, тие слушале поуки за неискажливите тајни на Божјото Царство. Никој не забележувал како минувало времето. „Веќе е доцна – ќе речел некогаш старецот. – Да појдеме во храмот на молитва.” А, по завршувањето на службата ќе додадел: „А, да прочитаме неколку молитви кон Божјата Мајка?” Времето го продолжувало својот тек и утринското пеење на петлите ја затекнувало целата обител во храмот во времето за молитва.


Радувај се, упокоен и жив, земен и небесен…
           Годините на земниот живот на светителот се приближувале до својот крај. Чувствувајќи го тоа, тој се молел Господ да го продолжи одредениот рок за завршување на сите работи во манастирот, но како и цел живот, смирено додавал: „Да биде Твојата волја!” Долго криената болест најпосле го сторила своето. Придружуван од две монахињи, тој бил одведен во болница. Гледајќи го малиот старец, облечен во расо, како се мачи во страшна болка, дежурниот службеник прашал: „Тој е монах?” „Не – одговорила монахињата – тој е епископ.” „Прв пат гледам епископ без панагија, златен крст, а главно – без пари” – рекол службеникот.
Светителот го сместиле во третокласна соба за неизлечливо болни. Тој поминал во мака уште два месеца. Во денот на споменот на Архистратигот Божји Михаили и сите Небесни Сили, Господ ја повикал при себе душата на светителот Нектариј. Во болница не поминал долго, му откриле рак. Чуда се случувале и во болницата. Медицинските сестри забележале дека завоите со кои биле повивани раните на светителот, се благомирисни. Заедно со светиот во собата лежел парализиран човек и кога душата на светителот го напуштила овој свет, тој добил целосно исцелување преку кошулата на свети Нектариј.
Веднаш по смртта, телото на светиот почнало да мироточи. Кога ковчегот го пренеле на Егина, целиот остров излегол со солзи да го испрати својот светител. Луѓе на раце го носеле ковчегот со светиот и потоа забележале дека облеката во која тие биле облечени за време на погребот на светителот – била благомирисна. Рацете и лицето на Божјиот угодник обилно мироточеле и монахињите со памук го собирале мирото.
               Светителот е погребен во костурницата на манастирот. Костурницата, од различни причини, ја отворале неколку пати и секогаш се уверувале дека телото е негнилежно. Дури ни љубичиците што некое девојче ги оставило во ковчегот, немале ни трага од гниење.
                 Праведното упокоение на светиот се случило на 9 ноември 1920 г. (стар календар). Во 1961 г. се одржала неговата канонизација, биле отворени неговите свети мошти. Се покажало дека останале само коски. Како што кажале духовниците, моштите изгниле за да може да се разнесат по целиот свет, како благослов од свети Нектариј. Од времето на свети Григориј Палама, кој бил канонизиран 10 години по упокоението, во Православната Црква не е позната побрза канонизација од оваа, на свети Нектариј. Во Грција тој се почитува како прославен чудотворец. Многу храмови и параклиси му се посветени нему. По молитвите на светителот луѓето добиваат помош и исцелување. Тој посебно им помага на болните од рак, парализа и други тешки болести, демоноопседнати.

 

СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ

Bogorodica.1c.jpg

СВЕТА ДЕВОЈКО
Света Девојко, Владичице, нескверна Богородице
Радувај се, Невесто неневестна
Девојко Мајко, Господарке, Ти руно сеоросено
Радувај се, Невесто неневестна
Возвеличана над Небесата, од зраците поблескава
Радувај се, Невесто неневестна
Посветла од Небесата, од светлината почиста
Радувај се, Невесто неневестна
Од сите небесни воинства посвети
Радувај се, Невесто неневестна.
Марие Приснодево, на сета вселена Господарке
Смерна Девојко Пречиста, сесвета Владателке
Радувај се, Невесто неневестна
Благословена Марие, на радоста наша причино
Достојна Девојко, Царице, Пресвета Мајко
Радувај се, Невесто неневестна
Почествувана од херувимите и
пославна од бесплотните Серафими
Од Престолите посилна
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се Песно на Херувимите
Радувај се Химно на Ангелите
Радувај се Одо на Серафимите и
Радост на Архангелите
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се, Миру и Веселие, и Пристан на спасението
на Словото четрогу свет , Цуту на нетлението
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се, Градино на изобилието, на вечноста и на животот
Радувај се, Дрво на животот
на Бесмртноста источнику
Радувај се, Невесто неневестна
Тебе Те молам Царице, Тебе сега Те призивам
Тебе Те омилостувам, и радост, Севладичице, сакам
Радувај се, Невесто неневестна
Девојко кротка и безгрешна, Владичице Сесвета
Тебе Храму духовен, горешто Те преколнувам
Радувај се, Невесто неневестна
Прифати ме, од душманот избави ме
И на животот вечен наследник покажи ме
Радувај се, Невесто неневестна.

 

Фреска на св. Нектариј Егински-

-во манастирот на св. Никола, с. Љубанци, скопско

-храм на св. Петка во Скопје

Св. Нектариј Егински за причините за отцепувањето на западната Латинска Црква

 Друго:

Свети Нектариj Егински - Ликот на благородниот

Свети Нектариј Егински Чудотворец - дел од службата

Свети Нектариј ЕГИНСКИ - СВЕТА ДЕВОЈКО

Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (22.11.2011)

 

 

 

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная