логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На 30 / 17 март го славиме споменот на Свети Алексиј човек Божји

Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, овој Алексиј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот неракотворен лик на Господ Исус, испратен од Него Самиот за царот Авгар.

Откако му се поклони на овој лик Алексиј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестајно молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица. Кога таму се прочу како богоугодник, се уплаши од човечката слава и замина оттаму, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим. Сметајќи го ова за прст Божји, Алексиј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го препозна, а од милосрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор. Овде Алексиј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Слугите го малтретираа на разни начини, но тој претрпе сѐ. А кога му се приближи крајот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и издивна, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли стана во присуство на царот и на патријархот откровение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“. Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго распрашување дознаа дека станува збор за оној просјак. Кога влегоа го најдоа мртов во неговата визба, а во лицето блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексиј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзеде неизмерна тага. По ова сепак се утешија, гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лечеа многубројни болни и од него потече благоухано миро. Го погребаа во ковчег од мермер и смарагд. Главата се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез.

Поопширно житие: http://www.svetosavlje.org/…/ZitijaSve…/ZitijaSvetih0317.htm

 

 

On 30 / 17 March we commemorate the Venerable Alexis the Man of God, in Rome

The Monk Alexis was born at Rome into the family of the pious and poverty-loving Eufimian and Aglaida. The spouses were for a long time childless and constantly prayed the Lord for granting them a child. And the Lord consoled the couple with the birth of their son Alexis. At six years of age the lad began to read and successfully studied the mundane sciences, but it was with particular diligence that he read Holy Scripture. Having grown into a young man, he began to imitate his parents: he fasted strictly, distributed alms and beneathe fine clothing he secretly wore an hair-shirt. Early on there burned within him the desire to leave the world and serve the One God. But his parents had prepared for Alexis to marry, and when he attained mature age, they found him a bride.
After the betrothal, having been left alone of an evening with his betrothed, Alexis took a ring from his finger, gave it to her and said: "Keep this, and may the Lord be with us, by His grace providing us new life". And going himself secretly from his home, he got on a ship sailing for Mesopotamia.
Having come to the city of Edessa, – where the Image of the Lord "Not-made-by-Hand" was preserved, Alexis sold everything that he had, distributed the money to the poor and began to live nearby the church of the MostHoly Mother of God under a portico and survived on alms. The monk ate only bread and water, and the alms that he received he distributed to the aged and infirm. Each Sunday he communed the Holy Mysteries.
The parents sought everywhere for the missing Alexis, but without success. The servants, sent by Eufimian upon the search, arrived also in Edessa, but they did not recognise in the beggar sitting at the portico, – their master. His body was withered by strict fasting, his comeliness vanished, his stature diminished. The saint recognised them and gave thanks to the Lord that he received alms from his servants.
The unconsolable mother of Saint Alexis confined herself in her room, incessantly praying for her son. And his wife grieved together with her in-laws.
The monk dwelt in Edessa for seventeen years. One time it was revealed about him to the sexton of the church, at which the monk asceticised: the Mother of God through Her holy icon commanded: "Lead into My church that man of God, worthy of the Kingdom of Heaven; his prayer doth ascend to God, like unto fragrant incense, and the Holy Spirit doth rest upon him". The sexton began to search for such a man, but for a long while was not able to find him. Then with prayer he turned to the MostHoly Mother of God, beseeching Her to clear up his confusion. And again there was a voice from the icon proclaiming, that the man of God was that beggar, who sat in the church portico. The sexton found Saint Alexis and took him into the church. Many recognised and began to praise him. The saint, shunning fame, went secretly on a ship, journeying to Cilicia. But the Fore-Knowledge of God destined otherwise: a storm took the ship far off to the West and it arrived at the coast of Italy. The saint journeyed to Rome. Unrecognised, he humbly besought of his father permission to settle in some corner of his courtyard. Eufimian settled Alexis in a specially constructed lodging near the entrance of the house and gave orders to feed him from his table.
Living at his parental home, the saint continued to fast and he spent day and night at prayer. He humbly endured the insults and jeering from the servants of his father. The room of Alexis was situated opposite the windows of his betrothed, and the ascetic suffered grievously, hearing her weeping. Only immeasurable love for God helped the saint endure this torment. Saint Alexis dwelt at the house of his parents for seventeen years and was informed by the Lord about the day of his death. Then the saint, taking parchment, wrote about his life, asking the forgiveness of his parents and betrothed.
On the day of the death of saint Alexis, the Roman Pope Innocentius (402-417) was serving Liturgy in the presence of the emperor Honorius (395-423). During the time of services there was heard from the altar a miraculous Voice: "Come unto Me, all ye who labour and art heavy-burdened, and I wilt grant you respite" (Mt 11: 28). All those present fell to the ground in trembling. The Voice continued: "Find the man of God, departing unto life eternal, and have him pray for the city". They began to search through all of Rome, but they did not find the saint. From Thursday into Friday the Pope, making the all-night vigil, besought the Lord to point out the saint of God. After Liturgy again was heard the Voice in the temple: "Seek the man of God in the house of Eufimian". All hastened thither, but the saint was already dead. His face shown like the face of an Angel, and in his hand was clasped the parchment, which he did not let go of, nor were they able to take it. They placed the body of the saint on a cot, covered with costly coverings. The Pope and the emperor bent their knees and turned to the saint, as to one yet alive, asking to open up his hand. And the saint fulfilled their prayer. When the letter was read, the father and mother and betrothed of the righteous one tearfully venerated his holy remains.
The body of the saint, from which began to be worked healings, was put amidst the square. The emperor and the Pope themselves carried the body of the saint into the church, where it was situated for a whole week, and then was placed in a marble crypt. From the holy relics there began to flow fragrant myrh, bestowing healing unto the sick.
The venerable remains of Saint Alexis, man of God, were buried in the church of Saint Boniface. In the year 1216 the relics were opened.
The Life of the holy monk Alexis, man of God, was one always loved in Rus'.

 

Спомни си, Господи, за сите што го носат името на овој Божји човек, за сите што го почитуваат неговиот спомен и за сите што сеуште не Те спознале, да се всели Твојата благодат во нивните срца и да се просветлат нивните умови!


Аргирета Атева
30 March 2018

Избор од ФБ профилот на : Аргирета Атева

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3119
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная