Во почетокот на VIII век, цела Сирија се наоѓала под власт на Арапите муслимани.
Тогашниот калиф на Дамаск, престолнината на Сирија, Валид (705- 715), како муслиман незнаел да ги уредува верските работи на Христијаните од Сирија. Заради тоа во својата палата како прв советник околу прашањата на потчинетото Христијанско население, го запослил тогаш сеуште мирајнин Јован Дамаскин.
Калифот го поштувал Јован поради неговото големо образование и добри особини.
Во тоа време , се појавила ерес на иконоборство, со средиште во Константинопол. А негов основач бил византискиот самодржец Лав III Исавријан.
Сеуште световен човек Јован Дамаскин, но ревносен верник, од Дамаск ја прогонувал иконоборната ерес пишувајќи писма и проповедајќи . И така се покажал како поборник и подржувач на светите икони.
Дознавајќи за него Лав Исавријанец го замразил и измислил една подлост против него: имено, се потрудил и пронашол едно од писмата напишано од св.Јован Дамаскин и му наредил на својот доверител калиграф да научи да го имитира ракописот на св.Јован Дамаскин и да напише едно лажно послание.
Тоа послание наводно, е напишано до самиот автократор Лав во кое повикува да дојде и без борба загосподари со градот Дамаск, од кој тогаш одсуствувал калифот.
Ова клеветничко и измислено послание Лав го испратил на својот пријател, калифот на Дамаск, Валиду(705 – 715), додавајќи и свое писмово кое го уверува во љубовта која ја има спрема него, а ја покажува со тоа што му го испраќа посланието напишано од раката на Јован, и дека со тоа се гледа дека Јован е завереник против Валидовиот калифат.
Калифот го примил и прочитал писмото и поверувал во зборовите на Лав Исавријан и наредил без понатамошно испитување да се одсече десната рака на Јован со која е напишано наводното послание и за пример на сите да се обеси на главниот плоштад во Дамаск. Заповедта била извршена веднаш.
Приквечер Свети Јован ја побарал да му ја дадат отсечената рака бидејќи заповедта на калифот веке е извршена. Држејќи ја со левата рака отсечената десница споена со местото каде што беше отсечена, клечејќи пред иконата на Богородица цела ноќ се Ја молел Пресвета Богородица да го исцели за да продолжи да пишува.
После долга молитва, уморен од болка и мака, заспал на кратко. И во сонот Ја гледа Пресветата Богородица жива на иконата и ја слуша како му зборува дека раката му е исцелена и дека нетреба повеќе да се жалости, само треба да го исполни она што го вети, односно да продолжи да пишува во заштита на светите икони.
Свети Јован се разбудил и гледа дека неговата рака е навистина здрава и стои на своето место.Единствено на местото каде што била пресечена останало како црвена линија, за подсетување колку на страдањето толку и на чудото кое го направи Пресвета Богородица.
Поради радост и благодарност према Богородица, св.Јован на долната лева страна приспоил сребрена рака, слична на отсечената.И од тогаш иконата го добила името Троеручица.
После ова чудесно исцеление, св.Јован одлучува да го напушти светот и да се замонаши. Гледајќи го излекуван, калифот го сватил дејството на Божјата сила и побарал опростување за неправедната казна. Многу разжалостен калифот најпосле му одобрува на Јован да се одалечи од светот.
Св. Јован Дамаскин ја напушта Сирија и прими монаштво во прочуената Лавра на Свети Сава Осветен во Палестина. Со себе ја понел и неговата Добротворка, Пресвета Троеручица.
Испеа посмртни песни, го состави Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напиша многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина.
Исто така, свети Јован напишал химна на благодарност кон Богородица:“Сите созданија се радуваат во Тебе, Благодатна”, - која се кажува на местото на химната “Достојно ест”, во Литургијата на свети Василиј Велики.
Голем како монах, и како поет, и како богослов, и како војник на Христовата вистина, Дамаскин се вбројува во големите отци на Црквата. Се упокои мирно во 776 година, во сто и четвртата година од својот живот.
2025
Православие.Мк †