логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ви имам нагласено и другпат дека не можеме ние, т.н. христијани, само да чекаме некој да ни побара помош, па дури тогаш да размислуваме како и дали сакаме да му помогнеме, туку должни сме сами да ги побараме луѓето што страдаат и да им помогнеме! Немилосрдноста и непружањето конкретна помош е антихристијанство, антисведоштво. За превенција на оваа појава најодговорни се епископите на Црквата.


Не можеме да се правиме глуви и слепи, и да не помагаме, кога Богочовекот Христос со Свои зборови точно ни има кажано во Евангелието каде да Го најдеме: „Гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден бев, и Ме напоивте; странец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. (...) Вистина ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 35–36; 40). Живееш во светот и велиш дека вистински Го бараш Христос – ете каде Е!


Најотворено ви кажав, и пред две недели, што мислам и како верувам: доколку помеѓу две причестувања со Крвта и Телото Христови не сме пронашле и доколку  конкретно не сме им помогнале на страдалниците со кои Христос се поистоветува, воопшто да не пристапуваме за причест. Ова важи за секој православен христијанин, без оглед на обврските и позицијата што ја има во Црквата (Епископ, презвитер итн.). На Страшниот Христов Суд нема да бидеме прашани за ништо друго, освен за она што Богочовекот ни го посочува – дали Му помогнавме Нему, во ликот на секој страдалник.Оваа Божја заповед се должни да ја исполнуваат и монасите, но во зависност од степенот на духовниот раст на кој се наоѓаат.Општожителните монаси, за кои е карактеристичен првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, и чија молитва е само усна (наглас или со шепот) или умствена (во себе), должни се најпрво да го бараат местото на срцето, за откако некогаш го најдат, таму да Го нахранат, напојат, облечат, примат и да Го посетат Богочовекот Христос – Кој таму се наоѓа преку благодатта на Крштението; во меѓувреме, треба да им помогнат, во рамките на своите можности, на сите оние што духовно и телесно страдаат.Општожителните манастири тоа го прават со организирање богослужби, со прием на гости, со манастирски трпези, со поучни четива на нивните Фб и веб-страници, со љубовно однесување, со исповед, со благослов за Причест и со организирање други активности, како и јавни повици, за помош на оние што страдаат.


Скитските монаси (мали, доста затворени заедници), за кои е карактеристичен вториот степен од духовниот развој – просветлувањето на умот преку аскетската умно-срдечна молитва, должни се, главно, молитвено да се грижат за Богочовекот Христос во своето срце, и тоа по повеќе часови дневно. Тие се молат во своето срце и за сите луѓе (без оглед на нивната верска или национална припадност), со тоа што своето здравје и својот живот Му го нудат на Бог за утеха и спасение на сите што страдаат.


Што да кажеме за еремитите (пустиножителите – по начин на живот, не толку  по место на живеење), кои се на третиот степен од духовниот развој – обожение со непрестајна умно-срдечна молитва, кои исто така, достигнуваат и до грабнување на умот и гледање на несоздадената светлина? Единствено поради нив сѐ уште постои овој свет и Црквата во него – и поради никој друг.

Пресвета Богородице, спаси нѐ нас, кои мислиме дека нешто правиме!

 

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная