Возљубени брака и сестри, денешното Евангелско четиво ни зборува за тоа како Господ ги повика своите ученици, и како ја образува својата прва Црква од оние кои навистина со сето свое послушание кон Него и со сета почит кон Него, оставија се и тргнаа по Него. Тоа е пример, на кој начин и ние, кога Господ ќе не повика на било какво дело, на било каква мисија, треба со истата верност, со истата предаденост, со истото едноставно прифаќање на Неговите заповеди да врвиме по патот по кој што Тој ни го покажува. Зошто на едно друго место Тој и самиот сведочи: "Јас сум патот, вистината и животот " кој врви по тој пат ќе се спаси. Токму и затоа овие рибари, едноставни луѓе, што животот го поминуваат во работа каква што ја работеа мнозина покрај Галилејското море, наеднаш станаа толку многу важни луѓе на овој свет, луѓе за кој што нема место на светов, а за кој што не се зборува, но тоа не го направија заради некоја светска слава или богатство, го направија од верноста кон Оној кој што им го покажа патот на Спасението. Тие беа едноставни луѓе, но бидејќи го прегрнаа Господ со својата ревност Тој ги направи најмудри од луѓето од овој свет, ги направи "светилници на светот" како што вели Евангелието. Токму и затоа секој што на ист начин, со ревност, со цврста вера, со искрена љубов ќе го прегрне Господ и ќе ги послуша Неговите заповеди со истата мудрост и со истата неовенлива слава ќе се овенча како што се овенчаа и апостолате, оние кои беа сиромаси, како што беа браќата Петар и Андреј, и оние кои што беа богати како што беа браќата, Заведеевите синови, Јаков и Јован. Без разлика на нивната сиромаштија или богатство подеднакво застанаа пред Христа. Зошто како што во тие едноставни зборови зборува и Евангелието, Петар и Андреј ја фрлаа мрежата и ловеа риби, а додека Заведеевите синови пак, заедно со татко им, беа во својот кораб и ги крпеа своите мрежи, а тоа значи дека беа меѓу оние луѓе кои што беа имотни. Меѓутоа, независно од своето богатство, од имотот, подеднакво му беа послушни на Господа зошто ниту богатството, ниту сиромаштвото го спасуваат човекот, туку верноста кон Господа и исполнувањето на законот и љубовта Амин.
Посети:{moshits}