28.06.2008
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,
Браќа и сестри, дали можеме да согледаме дека осудувањето во суштина е еден од најлошите и најголемите гревови. Кога ние осудуваме некого во истиот момент самите си судиме и сме осудени?! Не треба да чекаме до посебниот или вториот и страшен суд, туку едноставно, судот го добиваме веднаш во истиот момент. Во тој момент ја покажуваме својата падната и безблагодатна состојба и нашата заробеност од страстите, гордоста, самољубието, суетноста, нељубовта, зломислието, зависта… што се доволни за ние да бидеме осудени за во пеколот.
Затоа треба да се трудиме најпрво да ја извадиме, како што се вели во Евангелието, гредата од нашето око, та отпосле да можеме да ја видиме и раската од окото на брата си. А ако нашето око е помрачено, тогаш како можеме да видиме дека братот наш е грешен? Зар тогаш не гледаме (судиме) неправедно? Се додека ние сме заробени од страстите ние секогаш ќе го гледаме својот ближен преку тие свои страсти, и затоа нашиот суд ќе е крив (неправеден) суд.
Господ вели: со каков суд ќе судиме, со таков и ќе ни се суди, со каква мерка мериме, со таква и ќе ни се мери (Мат. 7:2), односно, ако на ближниот гледаме осудувачки тогаш самите себе се осудуваме, а ако гледаме милостиво, тогаш и Господ ќе биде милостив со нас. Судењето е показател дека благодатта Божја не е со нас -, а ако пак не судиме туку ги покриваме гревовите и слабостите на ближниот, тоа е знак на љубов и состојба на благодат во нас, Божјо присуство и тогаш се радуваме и веселиме во Господа.
Господ понатаму вели: сакајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукајте и ќе ви се отвори, … секој што сака добива, и кој бара наоѓа и на оној што чука, ќе му се отвори (Мат. 7:7, 8). Значи, во нашиот живот треба да се потрудиме сепак да сакаме да ги очистиме своите срца од страстите, и да ја примиме благодатта Божја во нас, затоа, оној што сака, тој и ја добива (благодатта). Да Го бараме Оној Кој е наш Бог и Спасител, и оние кои го бараат го наоѓаат. И да чукаме на вратата од нашето срце, или поточно, на вратата од Царството Небесно, и на оној кој што чука, ќе му се отвори срцето и во него ќе го најде Бога, и Царството Небесно каде Бог седи на Својот престол. Амин
Sermon about judging others 28.06.2008
In the name of the Father, the Son and the Holy Spirit,
Brothers and sisters, do you realize that being judgmental is one of the worst and biggest sins? When we judge someone, we get judged too. By judging others we do not have to wait for the second dreadful Judgment Day, because we receive judgment instantly. In this moment, we show our fallen and gracelessness state, passion, pride, vanity, evilness and jealousy by which we are banished to hell.
In the Holy Gospel, it is written why we should try “to remove the plank from our eye and then we will see the speck in our brother’s eye.” How could we see our brother is sinful if our eye is darkened? Are we not judging unreasonably? As long as we are trapped in our passion, we will always look at our beloved through our passions; therefore our judgment will be wrong.
God says: Judge not, that you be not judged. For with what judgment you judge, you will be judged; and with the same measure you use, it will be measured back to you (Matt. 7:2). If we look at our beloved judgmentally, then we judge ourselves, but if we look kindly at them then God will be kind to us. When judging others it shows that God’s grace is not with us, but if we don’t judge, hide the sins and weaknesses of our beloved, it is a sign of love and God’s grace that is inside us. It is the presence of God that makes us be joyful and happy in God.
God then says: Ask, and it will be given to you; seek, and you will find; knock, and it will be opened to you. For everyone who asks receives, and he who seeks finds, and to him who knocks it will be opened (Matt. 7:7,8). Therefore, in our life, we should try and want to clean our hearts from our sins and receive God’s grace because he who wants will receive His grace. We should look for our God and Saviour, and those who look for Him will find Him. We should knock on the door to our heart or the Kingdom of Heaven, and he who knocks, his heart will open and he will find God and the Kingdom of Heaven where God sits on His throne. Amen.
Извор: МПЦ- манастир Св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија