логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.Nes.nedela

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Браќа архијереи, чесни отци, преподобни монаси и монахињи, браќа и сестри, драга сестра Синклитикија. Ќе ти се обратам пред сè тебе заради тоа што ти си жива во живот далеку пожив од овој овде кој го напушти, и во многу пореална реалност од оваа во која ние остануваме.
Браќа и сестри нас нѐ привлече и нѐ собра љубовта кон неа денес и секако Божјата промисла, затоа што никој не си заминува од овој свет без Божјата промисла. А, ние знаеме зашто така примивме од отците на Црквата дека Бог го зема човекот од овој свет тогаш кога е најподготвен.
Еве нѐ собрани од нашата сестра во овој празничен, торжествен и радосен ден на Воскресението. Монахот сиот свој живот го чека овој миг и се подготвува токму за овој ден. Животот на монахот е крст, непрестајно умирање за овој свет, за својата волја, за самиот себеси. Живее само за Бог, и затоа ние во монаштвото не тагуваме, кога Бог ќе го повика некој од нас, туку се радуваме заради тоа што дочекавме остварување на сите наши исчекувања, сите наши стремежи, исполнување на нашата надеж.

Светата и велика четириесетница е непрестаен стремеж и патување на секој еден од нас во прегратките на Воскреснатиот Христос, во светлината на Неговото Воскресение, но ти драга сестро нѐ испревари и нѐ претекна и пред сите нас влезе во светлината на својот и наш Бог, заради тоа
што најверојатно трчаше подобро од сите нас, и се трудеше повеќе од сите нас, но затоа пак заради тебе и ние тука денес биваме утешувани од истата Велигденска радост. Ние во Црквата многупати на богослужбите велиме: „Самите себе еден со друг и сиот наш живот на Христа Бога да Му го предадеме“ заради тоа што таква е нашата вера и таков е нашиот опит, дека во овој свет од смртта и гнилежот можеме да сочуваме нешто и некого ако само на Христа Бога му го предаваме, бидејќи надвор од Христос ништо и никој нема вечна перспектива. Затоа денес, драга сестро, ние те предаваме во рацете на Оној за когошто го напушти и го остави светот, и Оној Кого Го возљуби од својата младост и го следеше до крајот. Знаеш дека, владиката многупати ни велеше, не само тебе и мене, туку и на сите нас, неговите духовни чеда коишто бевме негови сотрудници во возобнувањето на монаштвото и на манастирите во нашата татковина, дека плодовите на возобновеното монаштво ќе ги жнееме тогаш кога ќе почнат гробови да никнуваат околу нашите манастири. Сè додека гробови не видиме, ништо за сигурно не сме втемелиле.

Затоа радувај се драга сестро, бидејќи тебе и сестра Анастасија ве праќаме како првина на тој плод, во вечноста, во Царството на нашиот Трипостасен Бог, за Кого што сите живееме, постоиме и кон Кого што сме се упатиле. Ние тука стоиме, но знаме како што вели старец Софрониј, дека ние сме неразделни, ние преку тајната на Црквата сме органски поврзани, преку тајната на Литургијата и личнособорното учество
во Телото Христово. И како што сме еден од друг неразделни и поврзани, така сме и од Него неразделни и засекогаш соединети, а сè што е соединето со Христос е спасено, вели еден голем отец на Црквата.

За твојата заедница со Него, сите ние коишто те познаваме знаеме и сведочиме, но јас тука пред овој свештен собор можам да посведочам за твоите последни денови, во коишто го живееше своето лично распнување, трпеливо, спокојно со целосрдечна благодарност, баш онака како што нè учеше нашиот духовен отец. И при секоја средба ти ми благодареше и бараше прошка, ако со нешто си ми дотежнала и си ми досадила. Но еве денес јас ти благодарам тебе заради тоа што при секоја средба јас како во детски буквар во тебе гледав исполнување на дело на словото на нашиот духовен отец за тоа како треба да се поднесуваат и да се трпат неволните страдања кои повеќе од што било друго можат да не изградат како духовни личности. Ти благодарам за тоа сведоштво и те молам во свое лично име и во име на сите браќа и сестри собрани денес тука и ти да ни простиш ако со нешто те ожалостивме и те повредивме во овој живот, за да можеш слободно да се молиш за нас пред престолот Божји, како она којашто го победи светот, за нас коишто остануваме воовој свет и за коишто борбата сè уште не е завршена.

Те праќаме во покојот Христов, и знаеме дека веќе го живееш, а за тоа ни сведочи твојот спокоен лик, којшто е многу поспокоен и поубав од колку кога беше присутна во овој свет. Затоа те испраќаме со Велигденско торжество, не очајуваме и не тагуваме, плачеме разумно како оние кои физички се разделуваат од сакана личност, но заедницата којашто ја живееме во Светата Литургија во тајната на Црквата, надминува секаква разделба и е многу пореална од што било овде на Земјата.
Жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме!
Христос Воскресе!

 Извор:

https://www.tiveriopol.mk/beseda-na-episkopot-g-jakov-stobiski-opeloto-na-blazenoupokoenata-monahinja-sinklitikija/

 

Заупокоена Литургија и погребение на монахиња Синклитикија во манастирот „Свети архангел Михаил“ во Берово (26.03.2022 07:04)



Денес, кога Црквата ги празнува свети Никифор Цариградски и света Христина Персијанка, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, а во присуство на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, отслужи Света Заупокоена Литургија и опело на блаженоупокоената монахиња Синклитикија. По Литургијата, на манастирските гробишта, во присуство на многуброен народ, беше погребано телото на блаженоупокоената монахиња Синклитикија, настојателка на манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово.

Господ да ја упокои со Светиите!

 

  

  

 

 

 

 

 

 

 

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7593

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3219
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная