логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Aleksandar.sv.Jovan2

 Aleksandar.sv.Jovan3

 ВТОРА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА / РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА!

                 Во оваа втора недела по Педесетница Господ Исус Христос - одејќи по Галилејското море ­ ги повикува апостолите - Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе, но истовремено денес си спомнуваме и за од Бога благословеното и промислена раѓање на Св. Јован Претеча и Крстител, од неговите стари и бездетни родители свештеникот Захарија и Елисавета.

Aleksandar.sv.Jovan4

 

             Господ Бог како и некогаш, така и денес, го повикува секого од нас на различен начин согласно нашата вера и чистотата на нашите души. Додека некогаш Авраам беше повикан од Господа во сон и му заповедал: "излези од својата земја, остави го своето ср.одство, остави ги твоите богови, појди таму каде што Јас ќе те поведам... " и Авраам станал и пошол, и он останал во историјата и во опитот на целото човештво како образ на безусловна, совршена вера. Апостолите беа повикани личносно од Христос нашиот Бог, а и тие како и Авраам безусловно и без двоумење станаа и тргнаа по својот Бог.

Но тоа не била при првата средба на Апостолите со Христос. Претходно тие го сретнале Христос на брегот од реката Јордан, кога го слушнаа сведоштвото на светиот Крстител Јован: "ете го Јагнето Божјо, Кој ќе го земе на Себе крстот на светот, гревот на светот, ... " и при таа средба тие нешто увиделе - нешто толку големо што било изразено од Натанаил во неговото исповедање: "Ти си Син Божји. . . " за да подоцна после некое време кога дојде и ги повика Христос, тие како и Авраам оставија сѐ и тргнаа по него.

                И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков подвиг, но сепак по Својата промисла она не одлучува веднаш да не повика при првиот восхит, но не остава за да види колку таа возвишена љубов што ја чуствуваме во дадениот момент ќе трае. И вообичаено тоа ни се случува после молитвата или после причестувањето со Светите Дарови. Нашата борба во тие моменти би требало да биде насочена кон тоа што повеќе да го задржиме тој восхит, таа Благодат Божја во себе си. Тоа значи и после средбата со Бога, да продолжиме во се да останеме достојни негови синови и ќерки, преку исполнувањето на неговото Слово, искажано накратко во Симболот на верата, заповедите, блаженставта и Господовата молитва Оче Наш, кој ни ги дал. Затоа и за сите овие работи е устроено од Бога да на секоја Литургија си спомнуваме за нив - односно ги читаме. Но тука не треба да застанеме, туку и по Литургијата и кога ќе се вратиме од Црква во своите домови и на секојдневните наши обврски, треба да продолжиме да се потсетуваме на сите овие работи за да би останале постојано со мислите кај Бога, а тие мисли да се преточат во дела, Богоугодни дела, дела спасоносни за вечен живот во Христа. Бидејќи едноставно е, никогаш предвреме нема да го знаеме денот ниту часот кога Христос ќе дојде повторно по сите нас и ќе ни рече: "А сега остави сѐ, време е да одиш по Мене... " затоа не поучува и не повикува апостолот Павле: "Ползувајтего времето, не лукавете, брзајте да правите добро, брзајте да живеете со вечноста... "

Aleksandar.sv.Jovan

За раѓањето пак, Јованово, Св. Климент Охридски во едно свое слово вака ни вели: Кога ова Сонце, видливото, сака да излезе од пределот на Земјата, тогаш нему му претходи зрак што го најавува она што доаѓа по него. Така и праведното Сонце - Христос, кога сакаше да излезе од утробата на Својата Мајка, откако се воплоти, го испрати добриот зрак Јован, кој проповедаше за Оној Кој доаѓаше по него.. .

Затоа достоинственику, пријателу Божји, прими ја од нас бедните оваа недостојна и лоша похвала. Благовеста за тебе ја принесе Архангелот од небото, се роди од стара неплодна жена, и израсна во пустината како да си живеел на небото со ангелите, зашто го прифати нивниот начин на живот. Мека облека не прими, ниту постела, ни трпеза, ни вино благомирисно, ниту дом за живеење за себе, туку наместо мека облека - островлакнеста облека, и наместо постела и трпеза - тврда земја, и наместо вино - вода која не го мати умот и не го слабее, и наместо дом - небото украсено со ѕвезди.

О, жесток и крепок и храбар мажуl О, небесен човеку и земен ангелу! О, велики уме и добар светилнику на овој свет! О, добра рака и чесна глава, која беше достојна да ја допреш главата и да Го крстиш Господ наш Исус Христос! Нему слава и чест, со беспочетниот Отец и со Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. ..

Амин!

 

Aleksandar.sv.Jovan1

Скопје, 7ми јули 2024 лето Господово- храм на св.вмч.Димитриј

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот на св.вмл Димитриј Скопје (07.07.2024)

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2716
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7159
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7000
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/07/2024 - вторник

Св. четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите; Преп. Антониј, Киево-печерски; Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.Повикајте и денес за нас о младенци...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная