Абортусот стана „Европска вредност“ (17.03.2015 19:55)
Европскиот парламент усвои резолуција која го признава абортусот како фундаментално право и како дел од правото за репродукција. Таканаречениот Извештај Тарабели, во чест на белгискиот политичар Марк Тарабели, излезе од рамките на дискусијата и премина во радикална измена на статусот за абортусот, изедначувајќи го со најважните човекови права.
Целата ситуација се движи во рамките на засилени про-абортус реторики во земјите на ЕУ и притисок врз земјите што го заштитуваат животот на своите граѓани до раѓањето. Членот 45 од Извештајот гласи: „жените треба да имаат контрола над нивните сексуални и репродуктивни права... да имаат достапност до контрацептивните средства и абортусот... “ Резолуцијата била усвоена со 441 глас „за“, 205 – „против“, и 52 – „воздржани“. Мерката целосно била поддржана од прогресивната алијанса на социјалисти и демократи – социјал-демократската фракција при Европскиот парламент.
Од страна на Федерацијата на католичките семејни асоцијации, Извештајот беше наречен „контроверзен“ бидејќи е противречен на Повелбата за фундаментални права во ЕУ. Во првиот член од Повелбата стои дека: „Човековото достоинство е неповредливо“, а во вториот дека: „Секој човек има право на живот“. Извештајот Тарабели предизвика протест кај христијанските заедници во ЕУ и против него беше организирано собирање потписи (http://www.citizengo.org/en/19722-eu-parliament-vote-right-abortion); собрани се 170.000 потписи.
Во четврток, во Европарламентот ќе биде поднесен друг про-абортус документ наречен Извештај Панцери. Членот 15 од овој документ го признава абортусот како „средство за спасување на животот на жената“. „Пристап до услугите за репродуктивно здравје“, во превод на бирократскиот јазик на ЕУ значи поддршка на абортусот, контрола над раѓањето и корупција кај малолетниците.
Рускиот Патријарх: Со закон да се забрани абортусот
При излагањето во Државната дума на Руската Федерација, во јануари 2015 г., Поглаварот на Руската Православна Црква, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил им предложи на законодавците абортусот да се повлече од задолжителниот здравствено-осигурителен систем.
„Мислам дека морално е оправдано отстранувањето на абортусот од задолжителниот здравствено-осигурителен систем, кој потекнува од страна на оние што ги донесуваат законите, но ги вклучува и оние што категорично се против абортусот“, изјави тогаш Неговата Светост.
На сајтот CitizenGO.org во тек е собирањето потписи за поддршка на оваа иницијатива. Собрани се повеќе од 16.000 потписи, а потребни се уште 20.000.
„Ако државниот закон не го забрани абортусот, последиците ќе паднат на товар на сите граѓани, бидејќи Бог ќе го казни целиот народ. Но, ако со закон се забрани абортусот, тогаш подложен на казна ќе биде единствено човекот што греши“, така велел Старец Паисиј Светогорец.
Извор: Православие.ру
Преземено од: МПЦ-ОА