логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Што кажува ембриологијата, науката за зачетокот? (19.03.2015 22:27)

Од гледна точка на современата биологија (генетика и ембриологија), животот на човекот како биолошка индивидуа почнува од моментот на спојување на машките и женските полови ќелии и образувањето на единствено јадро, кое содржи неповторлив генетски материјал.

            Во текот на целиот развој внатре во матката, новиот човечки организам не може да се смета како дел од телото на мајката. Тој не може да се смета како дел од орган од мајчиниот организам. Затоа, очигледно е дека абортусот во кој било стадиум од бременоста е немарен прекин на животот на човекот како биолошка индивидуа.

Д-р по биолошки науки В. А Голиченков


Абортусот и рак на млечните жлезди


            Од моментот на легализирање на абортусот во САД во 1973 година, драстично се зголемил процентот на заболени од рак на млечните жлезди. Според податоците на Американското друштво за борба против рак, таа болест го зазема второто место меѓу причинителите на смрт кај жените до 85 години.

            Како ракот на млечните жлезди е поврзан со абортусот? Во раната фаза на бременост, во женскиот организам може да се забележи зголемена количина на половиот хормон естроген, погоден за зголемување на бројот на злоќудни клетки. На крајот на бременоста овие клетки созреваат и се преобразуваат во нормални клетки. При вештачкиот прекин на бременоста (абортусот), тоа не се случува и многу се зголемува веројатноста за појавување и растење на тумор.

            Според статистиката:

–         Кај жени помлади од 18 години кои извршиле абортус после осмата недела бременост, веројатноста за појава на заболување на млечните жлезди се зголемува за 800%;

–         После абортусот кај жени постари од 18 години веројатноста за заболување на млечните жлезди расте просечно околу 50%;

–         Веројатноста за заболување од рак на млечните жлезди расте при прекин на првата бременост;

–         Кај жени кои абортирале и после тоа заболеле од рак на млечните жлезди оваа болест е поопасна и нивото на преживување е пониско отколку кај жени кои не абортирале.

 

Гласови од Запад

1.     Лекар Б. Мекмилан за тоа зошто престанала да врши абортуси: „Не можев повеќе да гледам мали мртви тела“.

2.     Медицинска сестра што извршувала абортуси: „Тука вршиме абортуси. Тоа ни е основната работа. Понекогаш настапуваат тешки, мрачни моменти, кога ми се чини дека повеќе нема да можам да издржам уште еден леген со крвави остатоци или да кажам уште една смирувачка фраза“.

3.     Други вработени на истата клиника: „Сите би сакале плодот да е безобличен, но не е така. И тоа е страшно“.

4.     Лекар (непотпишан): „Кога првпат извршив абортус, се чувствував како убиец, но продолжив тоа да го правам, и сега, после дваесет години, забележувам дека нешто сериозно се случи со мене, како човек и лекар. Станав суров. Да, парите беа потребни... О како беше едноставно, бидејќи првиот чекор веќе беше направен, тие жени (кои доаѓаа за абортирање, заб. на прев.) да се гледаат како животни, а децата како парчиња ткиво...“

5.     На прашањето дали лекарот Ален Џ. Клајн обрнал внимание на возраста на личноста Д. Раванел, која умрела за време на абортусот што тој го извршувал, Клајн одговорил: „Не, и порано сум оперирал 13-годишни. Можеби би се замислил ако е во прашање 10-годишно девојче“.

6.     Д-р Невил Сендер, сопственик на абортерска клиника: „Знаеме дека тоа е убиство. Но државата допушта убиство во одредени околности“.

7.     Мери Калдерон, поранешен лекар и претседател на про-абортус Друштвото за планирано мајчинство: „Абортусот е одземање живот“.

 

Вести од светот


–         Во САД два милиони парови чекаат да посвојат дете, но на секој од тие парови има по 30 абортуси (т.е. бројот на тие што сакаат да убијат дете е за 30 пати поголем од бројот на тие што сакаат да посвојат дете).

–         После 5-10 години од абортусот, кај 54% од жените се јавуваат ноќни кошмари, а 96% имаат чувство дека уништиле човечки живот.

–         Според податоците на институтот А. Гантмахер, 40% од жените кои имале прв абортус имаат барем уште по еден; 50% од нив го користат абортусот како единствено средство за планирање на семејство. Само 3% од абортусите се извршуваат заради здравјето на мајката.

–         Индустријата за абортуси во САД годишно донесува по 500 милиони долари приход, а во целиот свет годишниот крвав приход изнесува 10 милијарди долари.

–         Продажбата на орални контрацептивни средства на фирмата „Шеринг“, главниот светски производител на истите, во 1994 година ѝ донела приход од 910 милиони долари.

–         Владата во Индија го одбила протестот на граѓаните и започнала со голема пропаганда на инјекциониот контрацептивен препарат со долго дејство „Депо-Провера“, чии производители се „Max India Limited“ и „US Upjohn Company“. Депо-Провера е инјекционен контрацептив што се користи еднаш во три месеци. Американскиот комитет за прехранбени производи и медицински препарати (FDA) ја забранил неговата употреба, но подоцна било дозволено да се употребува.

Повеќето жени што користат Депо-Провера имаат проблем со месечниот циклус. 57% од жените кои во периодот од една година го користеле ова средство добиле аменореја, а 68% од жените кои го користеле ова средство две години ја добиле истата болест. Средството го зголемува ризикот од прелом на коските, бидејќи го менува составот на коскеното ткиво.

Кај жените кои престанале со употребата на ова средство, аменорејата и стерилитетот траеле 18 месеци.

–         Во Русија има повеќе абортуси од кое било друго место во светот. На секое породување има по два абортуси. Во текот на една година, секој десетта жена од 15 до 49 години се подложува на оваа операција. Тоа е 4-5 пати повеќе отколку во САД.

–         Оралните контрацептивни средства широко почнале да се користат во САД во 60-тите години од 20 век. Дури сега стануваат очигледни последиците од нивната примена. Сите орални контрацептиви („Анти-бебе пилули“) содржат високоактивни хормонални состојки. Националниот институт за рак во САД спровел истражување во Нов Зеланд кое покажало дека ризикот од заболување од рак на млечните жлезди кај жените кои земале орални контрацептиви е за 20% поголем од оние што не користеле вакви средства. Според едно истражување на британски научници, ризикот за заболување од рак на дојката кај жени до 36 години, кои земале орални средства против забременување во период од 4-8 години, е за 40% поголем, а кај оние што ги користеле повеќе од 8 години – 70%. Покрај ова, употребата на овие средства го зголемува и ризикот од тромбоза на вените (30 случаи заболувања на 100.000 жени кај оние што земале „анти-бебе пилули“ наспроти 5 случаи на 100.000 жени кај оние што не користеле такви средства).

 

Преземено од: МПЦ-ОА



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная