логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ПРАВОСЛАВИЕТО И СВЕТОТ

б. Православното разбирање на созданието

Воплотувањето (на Синот Божји) донесува ново разбирање за созданието, зашто со него се обновува целиот космос, а созданијата се покажуваат во нивната првобитна убавина. Ова разбирање го формира ставот на православниот верник кон созданието, став што одрекува секаква злоупотреба или погрешна употреба на созданието.

Православниот космички етос се возглавува во литургиското разбирање на светот, во славословниот принос на космичката стварност на Бога, во евхаристиската и доксолошка употреба на светот, за светот да се преобрази и да ја стекне очигледната духовност што ја има воскреснатото тело на Господ Исус Христос. Ова се постигнува, пред сѐ, со отфрлање на автономноста и идолатризацијата на создадениот свет, бидејќи тие најмногу ги влошуваат односите на човекот со светот и доведуваат до своевидна злоупотреба или погрешна употреба. Свети Никодим Агиорит вели: „Ништо толку не го загадува и прави нечисто чистото Божјо дело, колку неговата идолатризација или обожавање, кое станува слично со обожавањето на Бога кој створил сѐ и преку Кого е создадено сѐ. Зашто, како што созданието не се створило самото себе, туку преку созерцавањето и славата на неговиот Творец, така тоа не треба да се созерцава самото по себе, нити да му се восхитуваме, туку преку него да го гледаме Творецот; како што и огледалото не го гледаме заради самото огледало, туку заради она што во него се покажува.“

Создадениот свет е повикан да се преобрази и да се пројави како „словесна служба”, како духовно тело на живиот Бог, како храм и Божјо место, кое што е Црквата, во која се скриени предодреденоста и целта на созданието. Заради тоа и православното Предание „никогаш не престанало да ѝ придава космичка важност на Христовата богочовечност и на Неговото Тело кое е Црквата… Црквата како евхаристиска тајна ни го дава клучот за светот кој е створен да биде евхаристиски: „За сѐ благодарете“ (1.Сол.5,18.) Таа и е преобразување на севкупното човеково битие и на севкупното постоење преку човекот, во божествените енергии. Според Светите Отци; »природното согледување« т.е. духовното согледување на природата му дозволува на човекот да ги разликува и да ги прифаќа »логосите« на стварите, во нивната суштина, препознавајќи го светот под пепелта на нашите гревови, како »несогорливата капина«, како прославено Тело на Воскреснатиот.

Следејќи ги Светите Оци, православниот верник „има задача да ги најде логосите на битијата и на секое битие да му ја даде вистинската смисла. Со своите словесни сили тој е должен да ја открие смислата и суштината на секоја ствар што постои во овој свет и да ѝ обезбеди свое место »во Божјиот свет«. Но, човек треба не само да го препознае и да го разбира космичкото создание, туку и да му помогне да го исполни логосот на своето постоење, за и созданието да му биде помошник и соработник во неговото дело. Благодарение на оваа активност на човекот, не само што може да се откријат и остварат сите можност на материјалното создание, туку тоа може и да се »ологоси«, на некој начин да биде продолжение на логосниот човек, кој е икона на Логосот Божји.

Современ феномен што посебно го осквернува литургиското царствено присуство на човекот во создадениот или физичкиот свет, е насилството над природната околина, нејзиното загадување и уништување. Се работи за појава која има застрашувачки размери и последици за животот на современиот човек, бидејќи тој не може да живее без природната околина. Обожувајќи се себе си и задоволувајќи ги своите индивидуални потреби, тој станал закана од сеопшто уништување. „Затруената атмосфера, загадените води и умртвената земја… се очигледен неуспех на човекот во неговиот обид да ја покори физичката стварност со своите индивидуални потреби. Ова покорување е постигнато со силата на интелектот, која е материјализирана во машините. Денес се гледа измаченоста на природата и нејзината порочност, што неизбежно му носи мака и смртна закана на човекот. Задоволувањето на индивидуалните потреби заради удобност и среќа го уништило и самото христијанско устројство на човекот и неговата царска назначеност. Во обид да го пороби светот за индивидуалните потреби и дрски желби, тоа ја нарушило евхаристиската употреба на светот која се однесува на секојдневниот живот во целина. Наместо светот да му биде потчинет на човекот, човек се потчинил и поробил во безизлезот на индивидуализмот, во апсурдноста на самоуништувањето на животот, во грдотијата и мирисот на умртвената природа, во еден нарушен и очаен свет без иднина.

За православната духовност стварноста на светот и создадените битија не е безначајна. Животот и активноста на човекот се длабоко космички. Тој не се движи во некој „свет на идеи”, туку во срцето на овој сосема реален свет, во кој ги открива своите вистински можности и перспективи. Заради тоа, православниот човек во одот кон обожението – кон заедницата со Бога – чувствува органско единство со целиот свет. Тој не го осудува и не го презира созданието, туку го собира вниманието и љубовта кон целиот свет, кој е разделен од грев и поробен од гнилежноста. Светот е повикан да учествува во слободата на синовите Божји, на крај да се преобрази со благодатта. Оваа грижа за светот и одговорноста на православната духовност се откриваат во богословието и во подвижничките списи, во иконографијата и во литургиското Предание. Православната Црква во својата литургиска молитва со посебна благодат го „гледа светот преобразен во Христа и почнува да го остварува неговото конечно преобразување. »Евхаристиската совест« на човекот, (кој е осветен и кој осветува, преобразен и кој преобразува – затоа што мисијата на Црквата во светот ја возвишува и ја умножува со смирената царственост на литургискиот човек) – во срцето на битието и на созданието бара знак на провидност каде што може да засветли светлината на Тавор. Повикувањето на Христовото име, заедно со дејствената љубов, во секое создание ја става солта на Евхаристијата, која светот го преобразува во принос на Бога.

Мерката на оваа безмерна дејствена љубов, која му дава тон на православното разбирање на созданието, надвор од секоја схоластичка теологија и автономна етика, ја изразуваат аскетските зборови: „Што е милосрдно срце? – Горење на срцето за секое создание, за сите луѓе, за дивите ѕверови, за животните, за паднатите духови и за сето создание. Додека ги спомнува и додека ги гледа, (на човекот) му течат солзи. Од големото и силно милосрдие што го исполнува и од упорноста, се грчи неговото срце и не може да поднесе или да слуша или да види некоја штета или и најмала жалост што се случува во созданието. И заради тоа, тој и за бесловесните битија и за непријателите на вистината и за оние што му прават штета, во секој час принесува молитва со солзи, да се зачуваат и да им се простат гревовите. Така тој, од големото милосрдие што му го прелива срцето, принесува молитва и за сите ползавци, безмерно уподобувајќи се на Бога“ (Св. Исак Сириски).

Михаил Кардамакис, Православна духовност, ман. Хиландар, 1996.

 

Извор: https://svitok.info/2019/06/12/pravoslavno-razbiranje-na-sozdanieto/#more-7070

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная