логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Старец Емилијан Симонопетриски
Дали Го примивте Светиот Дух

(Прв дел)

 ✣✤✣
 Човечката љубов кон Бога е вистинско соединување, зашто е резултат на вистинското познавање на Бога, кое се постигнува со Негово учество, со тоа што Го јадеш и пиеш Него, со Неговото дејство врз нашето битие. Според тоа колку, нашето битие е заквасено со Бога, толку и сме Го возљубиле. И колку што сме Го љубеле, толку и сме добиле.
 Значи, колку што сме подготвиле, во себе сместиле, колку што сме страдале, љубеле, плачеле – со неиздржлива болка – толку сме Го примиле Бога. И очигледно, сето тоа е скриено зад насмевката, зад нашата вистинска радост, зад чекорот на човек кој за Бога сведочи со својот мир, со својата ведрина, вистинитоста своја, бидејќи знае дека Бог за него е сè.
 Стигнавме до временската одредба „сега“, која всушност и не постои - зашто штом ќе речеш „сега“, тоа веднаш исчезнало и не значи апсолутно ништо освен „додека сè уште е ‘денес‘“. Зашто, кој може да каже дека неговиот живот има некое ограничување, некои временски рамки, дека може да го разликува од тогаш - до тогаш или од овде - до онде? Човечкиот живот е само еден допир на Бога или, пак, оддалечување од Бога. Чекорење кое само Бог го познава: и за нас не е ништо, освен една трага која ја остава Светиот Дух додека тече меѓу нас и дише во нас.
 Како, значи, можеме безвременото Божјо време, т. е. Божјото чекорење меѓу нас, допирот на нашето битие од страна на Светиот Дух, дејството Божјо во нас, да го направиме вистинито, така што од резултатот да знаеме дека се наоѓаме во една точка во времето, која не претставува просто некаква граница, туку откривање на нашата положба во Божјата близина? Кои се знаците што можат да ни покажат дека Бог чекори во нас? Како сместувањето на Бога, примањето на Бога, се пројавува во нашиот живот – не духовниот, туку секојдневниот? Како откриваме дека Духот се изразува преку нас и како ние стануваме оние кои сјаат со Духот? Како можеме да кажеме дека навистина сме Го примиле Светиот Дух? Или, пак, можеби треба да прифатиме дека цел живот ќе се прашуваме „дали сме Го примиле Светиот Дух?“
 Може да се случи, после многу години да откриеме дека не сме Го примиле Светиот Дух. Тоа е страшно, но вистинито. Токму заради тоа, би сакал едноставно да видиме, како можеме да расудуваме дали Го имаме Духот во нашето секојдневие и во нашето изразување.
 За да ги опишам знаците што укажуваат на тоа дека Духот пребива во нас, ќеStarec_Emilijan.jpg употребам изрази од Светото Писмо. Еден знак е радувањето на срцето. Што значи радувањето на срцето? Надворешно, би рекле дека тоа е радост, среќа, празнување (како она празнување на првосоздадените). Овде, пак, радувањето на срцето се однесува на духот човечки кој чезнее за Бога и во тој копнеж го чувствува Неговиот допир и од тоа чувство се радува, т.е. заедничари со Бога.
 Радоста на срцето е човечко чувство, знак дека Бог е со него: потполно предавање себеси на Бога, величествена ширина, спокој кој човекот го чувствува зашто е сигурен дека каде што е тој, таму е и Бог.
 Радоста на срцето не може да се одреди на друг начин освен како слика на човек, кој знае дека не постои миг во кој тој е сам. Радоста на срцето е, значи, најдлабоко доживување на човекот дека непрестајно е со Бога; како што вели Псалмопеецот: „зашто заштитата е од Господ, и Светецот Израилев, нашиот Цар“ (Псал. 88, 19). Под зборот заштита не се подразбира помош, туку дека Господ е тука, со мене, покрај мене. А карактеристично е и тоа, што не вели само дека „заштитата е од Господ“, туку и „ од Светецот Израилев и нашиот Цар“. Колку е убаво тоа што себеси се става во заедница и пред Бога! Ние би рекле: во Црквата и во несогледливите длабини Божји.
 Кога некој си го познава својот цар, тој чувствува сигурност, извесност. Но, царот не е само негов, туку и Цар Израилев, цар на сите нас. Според тоа, неговата сигурност е во сигурноста на телото Христово. Не ја живее својата извесност, туку извесноста на Црквата, не својата радост, туку радоста на Црквата, не својата вечност, туку вечноста на Црквата. Тоа е што е, бидејќи е сотелесник на Црквата, на Израилот, каде што истовремено е и цар. Какво достоинство! Каква чест! Каква извесност! Би можел и да умре од силината на сигурноста и извесноста.
 Кога некој, значи ја живее својата оцрковеност, кога учествува во животот на Црквата, Која ни вратите на адот не можат да ја надвладеат, кога ја живее таа величественост, тогаш има и целосност, изразување и откривање на себе самиот. Човекот се открива само преку таа своја црковна свест.Starec_Emilijan.jpg
 Таа негова сотелесност и извесност, сигурност во Бога, се нешто што прават да нема никогаш променливост, грижи или таги. Сè минува како бранови, кои не го допираат. Како што брегот нема никаков удел во ударите на бранот, и без страв ги прима, токму така станува и со човекот. Единствено за него важно, е тоа што брановите кои на него удираат, го потсетуваат на навирањето на брановите од Светиот Дух во неговото битие. Маките му Го откриваат Оној, Кој е над и надвор од сите маки. И Неговите радости – и тоа се бранови, му укажуваат на Оној, Кој е началник на радоста. Сè му сведочи за Бога. Се радува срцето, зашто што и да се случи, каде и да се најде, секаде Му се открива Царот Израилев - Господ. Сè станува повод, за повторно пронаоѓање и откривање на Бога.
 Радоста е непроменлива, не престанува: зашто кога ќе престане, тоа значи оддалечување од Бога, будење на нашето јас и губење на Бога, и тоа е едно измачување – пекол, што Бог го допушта за да се потсетиме на рајот што сме го изгубиле, рајот на радоста што претходно ја имавме. Можно е само еден грев да ни донесе пекол, страдање, отсуство на радост – затоа срцето наше со радост вели: „Врати ми ја радоста на Твоето спасение“ (Псал. 50, 14).
 Кога човек ќе ја изгуби радоста, го губи Бога од својот поглед, чувството на Неговата заштита – според тоа, ја губи свеста за својата оцрковеност, веднаш станува ништожен, поделен, осамен - непостоечки пред Бога. Бог не може да допре до тој човек, до таа најдлабока темнина, која наликува на мрак предизвикан од некој страшен облак. Но, кога човек минувајќи низ такви маченички моменти, не Го заборава Бога и не престанува да Му служи, тој секогаш е приведен кон Тој ист Бог.
 Затоа и од најголемите длабини на тој пекол, како и од најдлабоката бездна на нашиот грев и нашата болка, заради отсуството Божјо, можеме да повикаме кон Бога и Он ќе нè издигне и повторно ќе нè постави на нашето претходно место и ќе ни даде прстен, венчание со Духот Кој ни возвестува повторно радување во срцето. Радоста на срцето е значи, првиот знак дека човек пребива во Светиот Дух.
 Потоа постои и друг знак, кој во согласност со сликовитиот приказ би сакал да го наречам промена на утробите. Што се човечките „слабини“(Псал. 37, 8)? Би рекле дека тоа е еден дел од телото. Но, според Светото Писмо, тие укажуваат на она неискажливото, што само Бог го разбира. Слабините ги изразуваат човековите чувства, неговите копнежи, неговото внатрешно битие, она што се обликува со самото Божјо дејство. Псалмопевецот, зборувајќи за слабините, опишува како тие болат, како се мачат, како се раскинуваат, како се опуштаат кога човекот греши и Светиот Дух заминува. Светото Писмо е полно со такви изрази. Спротивно на ова, слабините мируваат, се смируваат, оздравуваат, кога Бог повторно почнува да дејствува во човекот. Според со тоа, промената на утробата, ја означува внатрешната преродба, повторното обликување на човекот, најдлабоките плодови, што со Себе ги носи Светиот Дух во внатрешноста на човекот.
  На сите ни се познати промените со Светиот Дух. Без тие промени не е можно да се  замисли човек во кој пребива Светиот Дух. Како што го чувствуваш ветрот кога дува – топло ти е или ладно, или сè повеќе и повеќе жешко – токму така станува и со внатрешноста човечка кога ја осенува благиот ветар на Духот.
 Од суштинско значење е тоа што во Стариот Завет за означување на Духот се користи зборот ветар, и тоа ветар кој го пронижува, кој го удира човекот. Духот дише: каде и да дише ги остава Своите траги. Според тоа, промената на утробата означува промена, измена низ која човекот поминува преку, така наречените пројави на Духот. Како што поцрнуваме кога ќе наидеме на чад и стануваме светли кога ќе нè огрее светлина, сончеви зраци, така станува и со Духот кога доаѓа во нас.
 Измената на утробата, укажува на таинствената промена на човекот: не промена на суштината, туку промената во него самиот. Јас останувам ист, но станувам озарен од Светиот Дух, Кој ме менува. Имаме заедница која не е заедница на Словото, туку на Духот: имаме таинствена измена, која ја врши Светиот Дух.
 Како што, додека спијам, додека се будам, пеам, пијам, трчам, истовремено ме пронижува ветар, ме осветлува светлина, сè ме прегрнува и ме мие, исто така прави и Духот Божји. Доаѓа до една промена, во смисол на поинакво, туѓо, ново во споредба со она што претходно постоело. Јас како суштина останувам ист, но мојата ипостас се менува: се јавува духовна ипостас, се причестувам со Духот, се причестувам со даровите на Духот.
 Измената значи непрестајно примање, непрестајно општење, пронижување на мојата ипостас со Духот – преку Неговото дејство, Неговата благодат. А, таа измена ме плаши толку, како нешто бескрајно на некаков начин го проголтува моето смртно, конечно битие, а притоа не го уништува нити суштински го менува, така што повеќе не сум јас, туку Самиот Бог. Тоа е големото доживување, кое Светиот Дух непрестајно го извршува во нас, кога ќе се облечеме во Него, кога Го бараме, кога страдаме по Него, кога Го љубиме, кога не Го жалостиме, како што вели св. Апостол Павле: не Го разжалостувајте Светиот Дух (Ефес, 4, 30).
 Штом ќе го примам Светиот Дух, станувам дароносен (харизматичен), а истовремено станувам и дар (харизма), плод на божествената благодат. Станувам пророк, зашто Духот Свет е Оној, Кој во Црквата ги дава пророците, а истовремено станувам и исполнување на пророштвата од Светиот Дух. Јас сум она што е Светиот Дух: ги имам сите Негови дарови, јас сум богат, пијам, додека сум скромен, додека сум сиромашен. Сиромашен, скромен, малечок по својата суштина, но голем - цар бесмртен и вечен по својата ипостас, која е создадена преку допирот и мојата поврзаност со Светиот Дух.
 Имаме значи, промена на утробата, на нашето најдлабоко битие, која ја предизвикува Бог и значи смрт, но истовремено и раѓање: смрт на она што сум бил и раѓање на она што е создадено од Светиот Дух. Поради тоа, смртта и раѓањето секогаш одат едно со друго. Крштевањето е секогаш раѓање, дури и кај седумдесет годишен човек. Крштевањето во суштина е и смрт, од која произлегува Самиот Христос. „Во Христа се крстивте, во Христа умревте, во Христа воскреснавте“ (спореди, Рим. 6, 3 – 6).Тоа е измена, таинствено доживување на нашите утроби, кое се случува во нас и е несфатливо за нас, но наеднаш го гледаме пред нас. Како што се набљудуваш и сфаќаш дека си пораснал зашто си станал силен, а не си знаел дека раснеш, токму на тој начин ја гледаш промената од Светиот Дух, внатре во тебе.
 Измената на утробата, т. е. нашето исполнување со новиот живот во Духот, обновување во Светиот Дух, восовршување „по мера на растот Христов“ (Ефес. 4, 13) – во смисол, дека Целиот Христос влегува во нас и расне во нас – таа измена е вториот таинствен знак за присуството на Духот.
 Додека живееме мирно, тивко во своите мисли, наеднаш се погледнуваме себеси и сфаќаме дека имаме непрестајна радост во срцето, невидлива, но таинствена и вистинита измена на нашето внатрешно битие, што ја откриваме во часовите во кои ни зборува Бог, во миговите на своите смиреност, на својата скрушеност, во солзите, во миговите кога преку благодатта Божја ја гледаме силата која ни е дадена и даровите со кои нè исполнил Бог.   

 ✣✤✣
Дали Го примивте Светиот Дух ✤ II дел

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная