логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Старец Емилијан Симонопетриски
Дали Го примивте Светиот Дух

(Втор дел)

 ✣✤✣


Третиот знак за присуството на Светиот Дух е – да кажеме – кога Бог нè држи за рака. Што значи тоа да нè држи за рака? Тоа е нешто многу чувствително. Тоа е откривање на Духот, така што Тој станува видлив. Не ја живееме само онаа таинственост, убавина, внатрешна радост на измена на срцето, туку и нешто друго што однадвор нè обзема. Како што водата која врие го подига капакот и се прелива, така и Духот не може да ја издржи затвореноста, па излегува. Како што примањето на Духот се одразува на нашето лице и сјае од него – особено преку очите – па така ја спознаваме човековата внатрешност, токму така и Духот излегува и тогаш имаме чувство дека Бог нè држи за рака.
Чекориш, на пример, по патот. Без оглед на тоа што си сам, чувствуваш радост, радување, бидејќи знаеш дека во сигурност чекориш. Но, колку поинаку ќе се почувствуваш, ако одеднаш покрај себе го здогледаш оној кон кого си се упатил, или ако почувствуваш дека неговата рака се допрела до твоите раце, па така рака – за рака, заедно чекорите по патот! Така постапува и Бог. Нè зема за раце и прави да се чувствуваме како да се допираме еден со друг и како да чекориме еден покрај друг.
Свети Симеон Нов Богослов многу убаво опишува како старецот го водел во планините, во долините, на изворите и го наведувал да пијат вода: заедно, еден покрај друг. Токму така чувствуваш и дека Бог оди покрај тебе. И додека продолжуваш да чекориш, гледаш како Он одеднаш скокнува, излегува пред тебе – прекрасно нешто! – и те зема за двете раце.
Како што, кога сум близок со тебе, те земам за рака и те приближувам кон себе, а ти се радуваш на таа близина, на таа еднаквост, рамночесност, се чувствуваш како пријател со пријател – така прави и Бог. Доаѓа, те зема за двете раце, те гледа, Го гледаш и се чудиш: „Дали сум тоа, јас? Дали е тоа, Он?“ Да, Он Е! И јас сум!
Најубава слика, ја живееш величественоста на блискоста, пријателството, љубовта. Бог не е веќе Оној Кој само те водеше, туку Оној Кого Го љубиш, и Кој те љуби, Кого си Го засакал и Кој те сака. Он е Оној Кој се шегува, се игра со тебе - како што сончевиот зрак игра со водата, и времето со вечноста, така ти се играш со Бога.   
И на крај, додека воодушевен стоиш пред Него, кога не знаеш каде си, додека почнуваш да се навикнуваш на Него, додека ти се чини дека тоа не е нешто особено важно – а, велиш, тоа е мојот пријател – одеднаш те зграпчува и те прегрнува. Сега ја чувствуваш Неговата близина, Неговиот здив, ги чувствуваш ударите од Неговото срце, го чувствуваш Неговиот пулс, го чувствуваш секој звук од Неговите коски, и велиш: „Па, ист е како јас!“ Не! Јас станав како Него: зашто бивам обземен од Него, се соединувам и се уподобувам на Него, а не Он на мене.
Кога ќе се соединиш и уподобиш, кога ќе исчезнат двајцата и ќе остане само Он, тогаш почнуваш да Го откриваш во себе и се обидуваш да сфатиш што Е. Умот? Срцето? Твоето тело? Душата твоја? Небото? Сè е испреплетено. Кога стоиш пред некоја зграда, ти можеш да ја видиш: кога си внатре, го гледаш она што е надвор, но го губиш од вид изгледот на зградата, не гледаш ништо. Токму така, кога ќе се потопиш во Бога и Бог во тебе, нема веќе никаков изглед, никаква перспектива, никаква длабочина. И кога ќе го изгубиш тоа најубаво чувство на соединувањето свое со Бога, тогаш единствено што посакуваш е смртта, додека претходно само си мислел на неа.
Држењето за рака од страна на Бога, се развива во една толку убава игра, толку нежна, толку чувствителна, толку блиска: и доаѓа до прегратка. Го подигнуваш, те подигнува. Како што таткото си игра со своето дете, го става на нозете и го подига, така и Он те подигнува на Својата љубов, сè додека не се соединиш со Него. Но, Бог и понатаму доаѓа и заминува од тебе, и сето тоа доаѓање и заминување придонесува за твоето созревање: да се смируваш кога Го губиш, да се возвишуваш кога повторно ќе Го стекнеш, да се смируваш уште повеќе и да ја откриваш својата голотија, тогаш кога Бог повторно ќе замине и уште повеќе да чезнееш по Него. И во тој копнеж не сакаш ништо повеќе – само да умреш.
Но, кога си во Бога, ништо не разбираш. Умственото згаснува и останува само обземеноста  на твоето битие од Бога. Кога човекот ја има таа убава радост, таа убава игра со Бога, тоа убаво искуство, тогаш може да разбере, дека неговиот есхатон не е ништо друго освен таа иста состојба, вечното и постојаното, еден разговор со Бога.
Што значи разговор со Бога? Да тргнеме од Словото (Зборот), зашто Словото (Зборот) е Бог, „и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог“. Треба да стапиш во заедница со Словото, и преку Словото со Отецот. И ти треба да заедничариш во Словото, во Христа, за да имаш потпора и основа во Отецот, за сè на крајот да стане Отец. Сè започна од Него, како од еден единствен почеток и сè во Него се завршува, одново како во единствен почеток. Само едновластие може да се замисли во животот Божји и во животот на човекот, кој се обожува: поради тоа и не е можно да постоиме двајцата, јас и Он. Секогаш треба да стануваме едно и тоа едно да биде Он, и Он во Отецот. 
Сетете се како псалмопевецот многу убаво вели: „Тогаш во виденија им зборуваше на синовите Твои“. Си зборувал, ќе зборуваш и секогаш зборуваш „во виденија на синовите Твои и си рекол: положив помош на силниот“ (Псал. 88, 20). Тоа е пророштвото за Давид, кое се однесува на славата што тој ќе ја стекне кога ќе стане цар, значи за Бога, зашто Давид беше образ на Христа.
„Зборуваше во виденија“. Што значи тоа? Зборувам со некого, значи некого поставувам спроти себе, го правам еднаков на себе: „во виденија“, значи те гледам, ја оттргнувам разделеноста, ја укинувам разликата. Треба да си во видното поле за да те видам. И колку подобро те гледам, толку подобро и те слушам, колку поблиску те доведувам, толку полесно комуницирам со тебе - и така преку мојата уста и слухот твој, а во исто време и преку нашите очи имаме совршена прегратка еден со друг, совршена рамночесност, еднаквост.
„Положив помош на силниот“. Силен е, зашто тоа го посакуваше, но и заради тоа што го направив силен, преку помошта која ја излеав на него. Ако го проучиме еврејскиот текст, ќе забележиме дека еврејскиот збор, кој овде одговара на грчкиот збор „помош“, го открива Давидовото царско достоинство, тоа дека Давид ќе стане цар: значи, „положив помош“, означува му положив царска круна. Зар, Седумдесетмината не го разбирале еврејскиот текст? Зар не знаеле дека пророштвото се однесува на историска случка? Не сфаќале дека текстот го изобразуваше Христовото царско достоинство? Знаеле, но ја избегнале таа смисла, сакајќи да изразат подлабока смисла.
„Положив помош“, не ја пројавува личноста која примила помош, туку субјектот кој делувал, т. е. кој ја излеал таа помош. „Помош“ е истакнување на субјектот. „Положив помош“ го пројавува она што произлегло и дошло на главата Давидова, тоа дека Јас, Силниот, дојдов и го направив силен. Круната бев Јас, Царот, Христос, Бог. Јас влегов во Давидовиот живот и Давид стана Јас, ја прими Мојата помош, Мојата благодат. Гледате ли колку пророчки, но и таинствено и вистинито и духовно, Седумдесетмината го преведуваат еврејскиот текст?
Оттука „Положив помош на силниот“, значи дека Бог е силен, но дека и човекот е силен. Имаме рамночесност, укинување на оддалеченоста, блискост, а потоа и крунисување; значи го имаме Светиот Дух, кој слегува врз човекот, како што гледаме кај светите, Духот Кој преобразува, преобликува, осветува, обожува. Исполнувањето со Светиот Дух е крајното случување кое го исчекува секоја душа што Го сака Бога. Пророкот Јоил, вели дека Бог со Духот ќе ги исполни и опие сите синови и ќерки Израилеви (спор. Јоил 3, 1 – 2): тие нема да примат човечко опојно вино, туку Светиот Дух, Кој ќе дојде и ќе ги направи поинакви. Ако на обичниот смртник му ставиш круна - тој станува цар: совршена промена. Така и исполнувањето на човекот со Светиот Дух на човекот му донесува обожување, разговор со Бога, соединување со Него.
Соединувањето на човекот со Бога е забележливо во секојдневниот живот, но пред сè, него го доживува самиот човек кој непрестајно созрева, зашто Бог непоколебливо го празни и му се дарува Себеси: непоколебливо дејствува на човекот, сè до последниот миг на смртта, но и после неа, зашто животот на човекот продолжува. Поради тоа, смртта, никогаш не е последниот, туку преодниот миг во животот на човекот. Падот или воскресението и пресоздавањето на човекот, продолжува и во другиот живот, зашто човекот е ист, а ист Е и Бог. Таму човекот и Бог веќе се соединети.
Значи, разговорот со Бога е соединување со Бога. Го чувствуваш во себеси, Го чувствуваш околу себе. Ти си оној кој не живее за себеси: во себе не пронаоѓаш помисли, копнежи, желби. Како би можел и да ги имаш, кога пред тебе е толку живото присуство на бесконечниот Бог? Тоа е невозможно. Сè исчезнува, и тогаш Бог станува нешто големо што те преплавува. Доаѓа пред тебе, те засенува, ништо не гледаш.
Замисли дека гледаш лав што спие. Што и да имало претходно, за што и да си размислувал, во тој момент тоа исчезнува, го забораваш. Што ако лавот се разбуди! Во тој миг сè ќе заборавиш. Замисли сега дека тој доаѓа кон тебе, и замисли дека дошол толку блиску, што дури и хоризонтот ти го засенува, замисли да ти пријде толку блиску што дури и видикот да ти го засени, замисли сега дека ти пришол толку блиску, така што лицето свое го поставил наспроти твоето и дека го гледаш сјајот, огнот кој избива од неговиот очи, и замисли дека дошол толку блиску, така што ти влегуваш во неговата уста, влегуваш во неговото битие: дали е можно да се сетиш на нешто? Така се случува и со Бога.
Живееш по мера на својот разговор со Бога, по мера на своето соединување со Него, по мера на стравот од лавот кој спие пред тебе. Во продолжение го живееш стравот од разбудениот лав. Колку повеќе се приближуваш кон Бога, толку повеќе се плашиш од Него. .....не знаеш дали живееш или си умрел, и постои само Он.
Бог се овоплоти за да имаме таква заедница со Него. За таква заедница Он нè роди: тоа му го ветува на секого од нас. Зарем е можно ветувањата Божји да се лага? Зар Бог не е верен? Зар може она што Тој го рекол, да не е од збор – до збор вистинито? Има ли лага во Бога? Постои ли темна точка во Неговиот сјај? Тоа е невозможно. Како е можно да не го исполни она што го ветил?
Кога размислуваме за тоа зошто Бог нè создал и на што нè повикал, остануваме надвор од себеси. Имаме такво доживување што можеме да речеме: „Сите мои коски ќе речат: Господи, Кој е сличен на Тебе?“ (Псал. 34, 10) Светото Писмо ја користи сликата за коските, кога сака да изрази особен впечаток и чувство. Ги прикажува коските како згрчени, кога човекот греши и како тие се радуваат кога таа радост доаѓа од Бога. „Сите мои коски“, значи, сè што е постојано, сè што е силно, сè што е големо, сè она што не исчезнува, како што исчезнуваат кожата, нервите, сенките. Коските го сочинуваат човековото телесно битие. Скршени ти се коските? Бескорисен си. Паѓаш на земјата. Недопрени ли се твоите коски? Целосен си и одиш. Според тоа, „сите мои коски“ значи дека јас сум недопрен, најздрав, дека се чувствувам целосен.
„Сите мои коски ќе речат: Господи, Кој е сличен на Тебе?“ Кој е сличен на Тебе, Господи? Ти Си Оној Кој дејствува, Ти Си Оној Кој се допира, Ти Си причинител на самата моја слава, на мојата измена, Ти си и нејзиниот резултат. И додека целиот пред Бога зборуваш: „сите мои коски“, можеш да Го видиш „прославен во светиите“, како што се вели во првата песна, што ја пееме секој ден. Се сеќавате дека радувањето на срцето се стекнува преку губењето на нашата индивидуалност и чувството на нашата оцрковеност, значи, во нашето собирање, во нашиот заеднички собор со сите светии, со сите што Бог ги создал и повикал кон Себе.
„Прславен во Светиите“: Бог се прославува, таму каде што е соборот на светиите. Бог се прославува преку соборот на светиите, кој е пројава на славата Божја. Според тоа, „прославен во светиите“ значи дека – со оглед на тоа дека имам радост во срцето, со оглед на тоа дека деноноќно се собирам со сите свои браќа и сестри пред светиот Жртвеник, со оглед на тоа дека сите ние го сочинуваме тоа братство – сите ние, во тоа радување во Господа ја плетеме славата Божја.
„Прославен во светиите.“ Бог Свети се прославува преку светиите, зашто Он ги прави совршени. Светоста – која е исклучиво Божјо својство – и самиот свет собор – како средство преку кое ние се осветуваме, целата таа наша заедница, всушност е едно откривање на прославениот Бог, Израилот во собор со Христа, Царот. Срцето кое се радува во соборот Го открива прославениот Бог: не Оној Кој се слави, ниту Оној, Кој ќе биде славен, туку Прославениот, значи Оној Кој дејствувал, и Кој големи и величествени дела направил. Колку е убаво тоа што ние стануваме орудија, садови, кои Го откриваат прославениот Бог!
 Бог Е исто така „чудесен во славата“ (Изл. 15, 11). Што значи „во славата“? Сè што претходно наведовме: сето она гледање одблиску, тоа дека ти и јас сме блиску и се гледаме еден со друг. Славата е гледање на Бога, гледањето на светлината. Оттука „чудесен во славата“, значи: чудесноста Божја се открива во тие наши доживувања, во тие наши радости и заедничарења со Него.
 Што друго може да посака човек, освен да Го слави Бога, да Го објавува како прекрасен и чудесен? Заради која друга причина живееме, освен за преку нас да Му се восхитуваат на Бога? Но, „чудесен во славата“ значи нешто сеопфатно, дека сум со Бога, дека Го гледам и можам да речам: „Еве го Бог!“ Ако го нема тоа доживување, тогаш Го нема ни Чудесниот во славата. Не можеш да велиш: „Боже мој, Боже мој“, кога не Го гледаш, зашто во тебе се распростира темнина. Само кога Го гледаш и велиш: „Еве Го Бог!“, можеш и да речеш: „Боже мој, Боже мој“. Токму тогаш Бог е прекрасен и чудесен.
✣✤✣

Дали Го примивте Светиот Дух ✤ I дел

 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная