ПОУКА НА ДЕНОТ
Во една пештера живеел еден стар монах, со години не излегувал од неа, само храна му носел еден од братството на соседниот манастир.
Едно утро, наместо тој брат, храната ја донел игуменот на манастирот.
Сиот тажен, почнал да му се жали на стариот монах, кој секогаш имал одговори на сите прашања:
- Знаете, оче, манастирот ќе ни се запусти, нема нови монаси, мошти немаме за светот да ни доаѓа.
Некако и ние сме се отуѓиле, како да сме некој вид што изумира. Во братството едвај и да зборуваат еден со друг, секој секому му пречи.
Старецот го сослуша и почна да се смее.
- Вие тажни? Па, зарем е можно на такво место.
Какво место? - праша игуменот.
- Па, меѓу вас е и еден свет човек, а вие очајувате и се жалите. Игуменот се замисли додека се симнуваше кон манастирот, размислуваше во себе, кој би можело тоа да биде и секому му наоѓаше мани.
Се врати во манастирот и им раскажа на браќата што беше чул.
Но, оттогаш во манастирот се рашири некоја чудна радост.
Сите беа весели и внимателни еден кон друг.
Секој на секого се сомневаше, сите внимаваа на другите, ги слушаа и ги уважуваа.
Тоа и народот го забележа и почна со радост да доаѓа кај нив. И братството се зголеми.
Игуменот тогаш повторно отиде кај старецот.
-Оче, ја сфатив поуката, сите ги посматрав внимателно и детално, сите злато вредат, јас не можев да замислам што имаме, додека не почнав внимателно да ги следам.
Старецот се насмевна и рече:
- Сите луѓе се добри, само ние сме виновни што прво во секого го бараме она најлошото.
Подготви: Мина Даниловска