ЗА НЕБЕСНИОТ ИНСТИНКТ
Не се човечките дела тие, кои не` обестрастуваат и не прават носители на добродетелите, туку благодатта Божја.
Дури и кога тоа би го занемариле, пак би дошле до фактот дека личната желба за творење на доброто доаѓа од Духот.
Бидејќи со самото тоа што сме создадени по лик и подобие, произлегува и желбата за творење на добродетели, па и самиот небесен инстинкт се третира како дар, а не како нешто што припаѓа во егоцентричен посед.
И со самото тоа што пред Бога се подеднакво вредни
„праведниците и грешниците“, (а само е Тој праведен, зашто нема човек кој не греши), тоа не значи дека напорот за добродетелите би бил залуден.
Самата желба за добро, создавањето на доброто и учеството во заедница со Бог и со народот (Црквата), се покажува веќе и сега како награда, сама по себе.
Другите , кои не го препознаваат јатото на кое му припаѓаат, само го пропуштаат тоа задоволство...
Подготви: М. Д.|
http://upodobljavanje.wordpress.com/2011/10/06/%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%9B%D0%B5%D1%9A%D1%83/