логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

poslushanie

За послушанието

„Во една прилика четворица Скитјани, облечени во кожа, го посетиле Великиот Памво и секој раскажал за добродетелите на својот собрат. Едниот многу постел, другиот живеел во сиромаштво, третиот имал многу љубов, а за четвртиот велат дека дваесет години е послушник на својот Старец. Им одговорил Памво: ’Ви велам дека доблеста на последниот е најголема. Зашто секој од вас со својата волја ја задржал доблеста што ја стекнал, а овој, бидејќи ја отсекол својата волја, прави по волјата на другиот. Таквите луѓе биваат исповедници, ако издржат до крај“.9

Знаејќи го тоа и Авва Мојсеј советува да го бараме послушанието и за него вели: “совршено откажување од својата душа докажано со потсредство на телесни дејствија и дејствија без расудување“10, какво што покажува Авва Јован Колов кога неговиот Старец го зел својот сув стап и го забил во сувиот песок, велејќи му: “секој ден полевај го ова дрво со вода додека не донесе плод“. И Аввата секој ден одел до најблискот извор излегувајќи наутро, а враќајќи се навечер, и го полевал дрвото. И, навистина, по три години тоа донело плод, “плодот на послушанието“.11

И уште за послушанието:

– “… гроб на својата волја и воскресение на смирението.“12 покажано преку примерот со Авва Сисој, кога овој, гледајќи го послушанието на Авва Атр, го запрашал каде го пронашол. А овој смирено му одговорил: “Не е мое, туку на мојот Старец (Ор)“. Покажувајќи му го послушанието на Старецот, зел две риби, едната ја расипал, а другата многу добро ја испржил, и му ја принел прво полошата, велејќи му:

-Добра ли е Старче?

-Добра е, многу е добра – одговорил аввата.

Потоа му ја принел и подобрата и му рекол:

-Оваа ја расипав Старче!

-Да, малку си ја расипал –одговорил овој.13

 

– “… непротивречење и нерасудување ниту во доброто, ниту во привидно лошото, зошто одговорноста за се ја зема духовниот Отец“14, како што сторил авва Јосиф на еден брат, кога му рекол да јаде во петок наутро. Братот многу се збунил и не знаел како да постапи. Авва Јосиф му рекол: “Отците во почетокот не го кажуваат тоа што е погрешно, а ако видат дека тие (послушниците) чинат по нивниот збор, знаат дека тие во се се послушни. Така се отсекува волјата.“15 Така и Авва Муис, за да го искуша и неговиот послушник Авва Саиј, му заповедал: “Оди и укради го тоа“, а Авва Саиј од послушание одел и крадел од своите браќа, а при тоа благодарејќи на Бога за се.16

– “Воздржување од расудување дури и при богатство на расудливост“17, како во случајот со Авва Захариј кој имал видение од Бога, а неговиот Старец и телесен татко Авва Корониј, кој бил попрактичен и не многу темелен во тие работи, му рекол дека видението е од демонот. Тогаш Захариј и на созерцивиот Авва Пимен му го раскажал видението и советот од татка си. Тогаш овој расудливо му кажал: “Видението е од Бога, но сепак оди и покори му се на својот татко.“18

– уште послушанието е и: “Доброволна смрт, живот туѓ на љубопитство, безгрижна чедност, неподготвувано оправдание пред Бога, без страв од смртта, патување во сон.“19 и, “… отфрлање на лицемериeто и сопствената желба.“20

Послушник е оној кој со тело стои пред луѓето, а со умот удира во небесата преку молитва, или како што вели великиот свети Јован Лествичник: “Со едната нога подготвена за служење, а со другата неподвижно во молитва.“21

Демонот се труди телесно да го оскверни послушникот, го прави жестокосрдечен, го одбива од послушание, го прави прекумерно безспокоен, сув, безплоден, мрзлив за молитва, сонлив и помрачен, за да помисли дека нема никаква полза од послушанието, дури и да отстапи од него, па и од сиот подвиг. Зашто тој не му дозволува на послушаникот да сфати дека промислителното одземање од нас, на тоа што ни изгледа како добро, бива повод за најдлабоко смирение. А на оние пак, кои достигнале некое совршенство под раководство на Старец, им внушува во умот дека се веќе духовно зрели и способни за безмолвие, или пак да се вратат во светот како ‘спасители’. Гордоста и неисповедувањето, па дури и на привидно незначајните помисли, претставуваат голема опасност за послушникот, а најголемата од сите во која се собрани сите предходно наведени, се нарекува своеволие.

На првиот степен од духовниот раст, послушникот поднесува голема скрб, самонасилие и крваво самопринудување. Првиот знак за заздравувањето е самоосудувањето или спознавањето на својата сопствена слабост и немоќ. На вториот степен веќе не ја чувствува скрбта и доаѓа на некој повисок степен и заради вложениот труд очекува награда од Бога, да потоа со умот слегува адот на смирението, сметајќи се себеси за непотребен и недостоен за сите и за се, а особено за Бога.

А да се дојде до целта потребно е постојаност во подвигот и неизоставно совршено безрасудно послушание кај опитен Старец, избран според својствата на нашите сопствени страсти. Чист образец на претходно кажаното наоѓаме во житието на Авва Јован Колов, кој добил помисла да води безгрижен ангелски живот и така да го слави Бога. Паднал на помислата и заминал сам во пустината. Но по една седмица се вратил, си избрал духовник и се предал на послушание според нормите што ги наведува Авва Јован Лествичник: простота, трпение, незлобие, спокојно поднесување на навреди, укори, исмејување и ругање, секаков вид безчестење, па дури и физичко тепање од страна на духовникот, ближниот или непријателот, а од себе засрамување, што во душата на послушникот се горчливи како пелин, но ја очистуваат од страстите.

Водејќи здрав монашки живот во послушание, скрушение, бдеење над срцето, самоунижување, воздржување на умот и телото, духовно безмолвие, рамнодушност кон надворешноста, кроток јазик, целомудрие, сеќавање на смртта, ставајќи ја совеста како огледало на послушанието, послушникот ја прави својата совест чиста и мирна и далечна од секаков страв, па и од смртта.

Исполнет со радост и љубов, од Бога бива обдарен со даровите што Он Му ги има подготвено за следењето на овој пат: смирение, од смирението расудување, од расудувањето распознавање, до дарот на прозорливост и совршената безстрасност.

 
*Текстот е извадок од дипломската работа на о. Гаврил на Теолошкиот Факултет свети Климент Охридски во Скопје, 2000 г.

Извор: Прохор блог



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная