✣✤✣
Не треба да им веруваме на помислите. Треба еднаш засекогаш да се потчиниме на барањата на Црквата, без оглед колку и строги да ни изгледаат тие. А тие не се толку тешки! Што бара Црквата? Моли се, кога треба - пости; тоа треба да се исполнува. За своите заповеди Господ говори дека не се тешки.
(Преподобен Варсануфиј Оптински)
✣✤✣
За старообредните можете да се молите само в домашна молитва и само за живите, бидејки ние сеуште се надеваме дека можат да се обратат.
(Преподобен Никон Оптински)
✣✤✣
Да моли за прошка му е тешко на оној што е горд. Ѓаволот исто така не умее и не сака да моли за прошка.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Под таланти не треба да се подразбираат само богатството,ученоста, учтивоста. Талантите - тоа се благопријатни услови за спасение на душата. Секому од нас му се дадени таланти. Неволји, болести, различни видови ожалостеност - сите тие се таланти. Ако човек го употребува дадениот талант духовно, за спасение на својата душа - тој принесува плод. "Со трпение спасувајте си ги душите"(Лука 21,19). А под таков кој го закопал дадениот талантот во земја, се има в предвид човек кој поради негрижа за спасението на својата душа го употребил својот земен живот за достигнување на овоземни блага - тоест го закопал талантот во земјата.
(Преподобен Никон Оптински)
Слушајки за вечните маки, немојте да се плашите, тие се многу благодетни за човека; ако воопшто ги немаше, ќе бевме уште полоши и грешни. Како што мајките и татковците преку прачка ги држат своите деца настрана од белји , така и Бог со посредство на адските маки ги држи луѓето настрана од злодела.
(Преподобен Антониј Оптински)
Од: Оптински Цветник
Превод од руски: Агапиј Тивериополски