логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:

- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867

- во Струмица:  тел. 075 490 655

-во Скопје: тел.  070 276 721

Цена: 150 ден.

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

Евгениј Николаевич Трубецки
Умозрение во бои    

Цена: 150 ден.


Предговор


Вистинските ,,Етиди по руски иконопис” возникнаа во деновите на големата светска војна и беа завршени во деновите на руската револуција. Првите две беа издадени во форма на одделни брошури, а последната се појави во ,,Руска мисла” (јануар, 1918 година). Природно е што читателот во нив ќе најде одзвук на катастрофални собитија, кои ги доживеа Русија во последните години. Тоа не е проста случајност. Имено, катастрофалните дожувувања во нашите денови на авторот му ја направија поимлива древно руската религиозна уметност, исто така родена во денови на тешки искушенија и давајќи одговор на великите народни страдања.
Ете зошто, издавајќи ги повторно тие етиди, јас не сметав дека е потребно да го менувам во нив тоа што беше предизвикано од условите на времето. Нека го носат печатот на таа епоха, кога возникнаа.
 
Евгениј Трубецки
Москва, 22 (9) септември, 1918 година

 

Иконата – не е портрет, туку првообраз на идното храмовно човештво. И, така како што таквото човештво ние засега не го гледаме во сегашните грешни луѓе, туку само го исчекуваме, иконата може да послужи само како негово символично изображение. Што во тоа изображение означува истанчената телесност? Тоа е – остро изразено одрекување токму од оној биологизам, кој ја воздигнува наситената плот до највиша и безусловна заповед. Имено со таа заповед се оправдува не само грубо-утилитарниот и жесток однос на човекот спрема нижата твар, туку и правото на секој народ на крвав раздор со другите народи, кои му пречат на неговото наситување. Слабите ликови на светиите на иконите се спротивставуваат на тоа крваво царство на самодоволната и сита плот не само со ,,тенкосетните чувства”, туку пред с# со новата норма на животни односи. Ете – тоа е она царство, кое плотта и крвта нема да го наследат.
Воздржувањето од храна и особено од месо тука исполнува двојна цел: како прво, тоа смирение на плотта служи како неопходен услов за одухотворување на човечкиот облик; како второ, тоа на тој начин го подготвува идниот свет на човекот со човекот и човекот со нижата твар. Во древноруските икони прекрасно е изразена како таа, така и друга мисла. Ние засега нашето внимание ќе го восредоточиме на првата од нив. На површниот набљудувач овие аскетски ликови можат да му изгледаат безживотно, засекогаш свенати. А всушност, имено благодарение на забраната за ,,црвени усни” и ,,подуени образи”, во нив неспоредливо јасно се пројавува изразот на духовниот живот, и тоа – без оглед на необичната строгост на традиционалните, условни форми, кои ја ограничуваат слободата на иконописецот. Би можело да се помисли дека таквиот живопис подразбира не какви било несуштествени потези, туку имено суштествени линии, пропишани и осветени со каноните: и положбата на телото на светителот, и заемниот однос на неговите сложени раце и вкрстеноста на неговите благословувачки прсти; движењето е смалено до крајност, исклучено е сето она што би можело да го направи Спасителот и светиите слични ,,на такви, какви што сме ние самите”. Дури и таму каде движењето е допуштено, тоа е доведено во некакви неподвижни рамки, во кои тоа буквално е оковано. Но дури и таму каде тоа сосема отсуствува, во власта на иконописецот сепак останува погледот на светителот, изразот на неговите очи, т.е. токму она што го претставува највишото средоточие на духовниот живот на човечкото лице. И токму овде се препознава во сета своја восхитна сила тоа највишо творештво на религиозната уметност, кое го спушта огнот од небото и со него го осветлува одвнатре сиот човечки облик, колку и да се чини неподвижен тој. Јас не знам, на пример, посилен израз на светата скорб за сета твар поднебесна, за нејзините гревови и страданија, освен оној кој е прикажан на свила везениот образ на Никита великомаченикот, која се чува во музејот на архивската комисија во Владимир на Кљазма: по предание, иконата ја извезила жената на Иван Грозни, Анастасија, родена Романова. Други неспоредливи обрасци на скорбни ликови има во колекцијата на И. С. Остроухов во Москва: тоа се – икона на праведниот Симеон Богопримец и ,,Полагањето во гроб”, каде е прикажана тагата на Богомајката по сила таква што со неа едвај може да се срамнат делата на Џото, и воопшто со највишите примери на фирентинската уметност. А паралелно со тоа во древнорускиот иконопис ние се сретнуваме со оригинални претстави на такви душевни расположенија, како што е пламената надеж или успокојувањето во Бога.
Во текот на многу години бев под силен впечаток на познатата фреска на Васнецов ,,Радоста на праведните во Господа” во Киевскиот собор Св. Владимир (скиците за оваа фреска се наоѓаат, како што е познато, во Третјаковата галерија во Москва). Признавам дека тој впечаток малку ослаби, кога се запознав со разработката на истата тема на фреска од Рубљов во Успенскиот собор во Владимир на Кљазма. И предноста на таа древна фреска над творенијата на Васнецов е многу карактеристична за древниот иконопис. Кај Васнецов воздигнувањето на праведниците во рајот има премногу природен карактер на физичко движење: праведниците се встремуваат во рајот не само со мислите, туку и со сето тело: тоа, а исто така и болно-хистеричниот израз на некои лица, му го дава на сето изображение оној за храмот прекумерно реалистички карактер, кој го ослабува впечатокот.
Нешто сосема друго ние гледаме во древните фрески на Рубљов во Успенскиот собор во Владимир. Таму необично восредоточена, силата на надежта е претставена со исклучително движење на очите, встремени напред. Крстообразно сложените раце на праведните се потполно неподвижни, исто така и нозете, и телата. Нивното движење во рајот се изразува исклучиво со нивните очи, во кои не се чувствува хистеричен восхит, туку има длабоко внатрешно горење и спокојна увереност во достигнувањето на целта; но имено таквата привидна физичка неподвижност изразува необична напрегнатост и моќност на непоколебливиот духовен подем кој се одвива низ подвиг: колку е понеподвижно телото, толку посилно и појасно се восприема движењето на духот, бидејќи телесниот свет станува негова прозрачна школка. И токму во тоа, што духовниот живот се претставува само со очите на совршено неподвижен лик – символички ја изразува необичната сила и власт на духот над телото. Се стекнува впечаток како целиот телесен живот да замрел ослушнувајќи го очекувањето на највишото откровение. А поинаку тоа и не може да се чуе: потребно е најнапред да прозвучи призивот: ,,да замолчи секоја плот човечка”. И само кога овој призив ќе допре до нашиот слух - човечкиот лик се одухотворува: неговите очи се отвораат. Тие не само што се отворени за другиот свет, туку тој друг свет им го откриваат и на другите: имено тоа спојување на совршената неподвижност на телото и духовната смисла на очите, која често се повторува во највишите созданија на нашиот иконопис, предизвикува восхитувачки впечаток.
Би било погрешно да се мисли, сепак, дека неподвижноста (мирувањето) во древните икони претставува својство на с# човечко: во нашиот иконопис таа е својствена не на  човечкиот облик воопшто, туку само на определени негови состојби; тој е неподвижен (мирува), кога се преисполнува со натчовечка, Божествена содржина, кога тој на овој или на оној начин влегува во неподвижниот мир на Божествениот живот. Напротив, човек којшто е во состојба безблагодатна или пак доблагодатна (предблагодатна), човек кој с# уште не се ,,смирил” во Бога или едноставно не ја достигнал целта на својот животен пат, често се претставува во иконите прекумерно подвижен. Особено се типични во таа смисла многу древни новгородски изображенија на Преображението Господово. Таму неподвижни се Спасителот, Мојсеј и Илија – обратно, превртени (соборени) ничкум апостолите, препуштени на сопствениот чисто човечки афект на ужасот пред небесниот гром, зачудуваат со смелоста на своите телодвижења; на многу икони тие се изобразуваат како лежат буквално со главата спрема доле. На прекрасната икона ,,Видението на Јован Лествичник”, која се чува во Петроград, во музејот на Александар ИИИ, може да се забележи движење, кое е изразено уште поостро: тоа е – стрмноглаво паѓање со нозете нагоре на грешниците, кои се паднале од лествицата која води во рајот. Неподвижноста во иконите е својствена само на оние изображенија, каде не само плотта, туку и самата природа човечка е доведена до тихување, која веќе не живее со сопствениот, туку со натчовечки живот.
Само по себе се разбира дека таа состојба изразува не прекинување на животот, туку токму спротивно, највишо негово напрегање и сила. Само на безрелиозна или површна свест древноруската икона може да му изгледа безживотна. Извесно студенило и некаква оддалеченост постои, да речеме, во древногрчката икона. Но токму во таа смисла рускиот иконопис претставува потполна спротивност на грчкиот. Во исклучителната збирка икони во петроградскиот музеј на Александар ИИИ особено е удобно да се направи споредба, затоа што таму покрај четирите руски има една грчка сала. Таму особено зачудува тоа, колку рускиот иконопис е огреан со топлина на чувства кои им се туѓи на Грците. Истото може да се почувствува и при разгледување на московската колекција на И. С. Остроухов, каде исто така покрај руските образци има и грчки или најдревни руски, кои с# уште го чуваат грчкиот стил. При таквата споредба нас н# изненадува што токму во рускиот иконопис, за разлика од грчкиот, животот на човечкото лице не е убиен, туку добива највишо одухотворување и смисла; на пример, што може да биде помирно и понеподвижно од ликот на ,,неракотворениот Спасител” или ,,Илија пророкот” во колекцијата на И. С. Остроухов! А истовремено за внимателниот поглед на набљудувачот станува јасно дека во нив се открива одухотворениот народно – руски облик. Не само општочовечкото, туку и националното на тој начин се внесува во недвижниот (мирувачкиот) покој на Творецот и се чува во прославениот вид на таа највиша височина на религиозното творештво.

 

28.01.2016 год.

Преминпортал

 

Друго:

Архимандрит Софрониј (Сахаров): За покајанието и духовната борба

Друго:

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

  • За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867
  • Во Струмица: информации на тел. 075 490 655
  • во Скопје: тел. 070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

сестра Харитина е задолжена за севкупната организација на дистрибуцијата на најновите изданиа на едицијата „Небесни цветови“:

1. Свети Теофан Затворник- ,,Писма на вечното спасение”,

Цена: 300 ден.

2. Архимандрит Софрониј (Сахаров)-  ,,Да се види Бог каков што Он е”

 Цена: 300 ден.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная