- Монах- тоа е оној, чија вредност е во неговата ноќна молитва
- Монах- тоа е оној, кој го чува умот, а не предметите;
- Монах- тоа е оној, кој во текот на денот се чува себеси, а ноќе го чува целиот свет;
- Монах- тоа е оној, чии што раце се дадени на послушност дење, а срцето му е дадено на молитва и дење и ноќе.
- Монах- тоа е оној, чија вредност не е во неговите раце, туку во неговата ноќна молитва.
- Монах- тоа е оној, кој не му дава волја на својот ум и живее по Божја Волја.
- Монах- тоа е оној, кој со помош на Божјата благодат го победи споменот за телото и стана бестелесен, иако живее во тело.
- Монах- тоа е оној, чиј што ум е чист од помисли и преобразен со Божествената благодат, која го обединува со Бог.
- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.
- Монах- тоа е оној, во кого Божестевената Љубов го најде своето живеалиште и кој стана непобедлив и непристапен за непријателот.
- Монах- тоа е оној, чија непрестајна молитва стана непрестајна Љубов кон Бога.
Извор: http://www.diveevo.ru/2/0/1/4900/
Подготви: Снежана Корнет
26-ти ноември, лето Господово 2016
Друго: