„ Нештата во духовниот живот се едноставни и лесни, само е потребно да знаете да расудувате. Кога ќе ве вознемирува нешто, некоја помисла, некое искушение или напад, вие игнорирајќи го сето тоа , ќе ги насочите вашето внимание и поглед кон Христос. Потоа Он ќе преземе врз Себе да ве подигне.
Он ќе ве фати за рака и богато ќе ви ја даде Неговата Божја благодат. Кога ќе го видите непријателскиот дух како доаѓа да ве потопи, вие немојте да се преплашувате, ниту да го гледате, ниту да се обидувате да го извадите од себе. Најдобриот начин е игнорирањето.
Отворете ја вашата прегратка, отворете ги своите раце за Христос, исто како и детенцето кое гледа диво животно и не се плаши, затоа што до него е татко му, и се фрла во неговата прегратка. Тој начин на игнорирање да го употребувате при секој напад на лукавиот и при секоја помисла. “
- Старец Порфириј
Избор од ФБ страната на: Моника Николова