логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Чудни нешта. Чудно функционира нашиот живот без неговиот Градител – Христос. Он го води нашиот живот. Додека богаташот од приказната имал секакви убави нешта и си велел на себеси: „Одмори си! О, колку пари имам во банката! Со тие пари ќе живеат и моите внуци! Добро сме! Немаме никаков проблем!“ И одеднаш – бам! – неочекуваното! Одеднаш дошол гром од јасно небо. Одеднаш доаѓа големиот земјотрес којшто собира сѐ, доаѓа Бог и му вели: Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побарам душата.  Ќе ја побараат од тебе – никој не те моли, не те замолува, туку ќе ја побараат. Душата твоја си заминува, крај, без дискусии, без: „да се разбереме и да разговараме!“ Дојде крајот, остро, тогаш кога не го очекуваше. Леташ до 250 км/ч и одеднаш пред тебе се појавува стремен рид, карпа, ти го сече патот и не само го сече, туку не знаеш каде се наоѓаш и велиш: „Ама чекај, јас имам планови за иднината, до година сум испланирал да одам на одмор, да купам уште некој имот, сакам да изградам куќа и да си го сменам автомобилот, имам планови!“ А Бог доаѓа и ти вели: „ти имаш планови, но ги планираш без Мене. И како што Јас не те прашав и ти дадов живот, зашто Јас го сакав, а не ти, зашто не постоеше“. Никој не те праша, зашто не си наполно слободен да правиш што сакаш. Така доаѓа еден друг момент и можност да разбереш дека не си апсолутно слободен да правиш што ќе посакаш, не си апсолутно слободен да умреш кога сакаш. Ќе умреш кога Бог сака, ако Бог сака, и на начин на кој Он ќе дозволи да умреш. Најмалото во надворешните околности, затоа што ти си ја оформуваш својата душа, но ти не ги определуваш животот и смртта. И тоа докажува дека не си господар на животот. Господ доаѓа и вели: „Денес си заминуваш“. Како децата, кога имаат десетминутен тест и одеднаш наставникот им вели: „Деца, крај! Што сте напишале, сте напишале!“ „Ама, имам уште нешто во умот, знам уште нешто“. „Што и да сте напишале, за овие 10 минути. Толку!“. Ете го неочекуваното. Гром од ведро небо.

Чув едно двостих кој вели: „Изгради две куќи и доби еден инфаркт“. Изградил две куќи, но одеднаш добил инфаркт и тој инфаркт ги победи двете куќи и сѐ пропаднало во неговиот живот. Сѐ завршило. Решаваме многу нешта, си одредуваме многу нешта и важи тоа што го велиме дека вообразувањето е виновно за сѐ. Многу нешта си замислуваш, но не Го ставаш Бога во тие планови, претстави и мечти. Да речеш: „Боже мој, Ти што сакаш? Боже мој, направи ме чувствителен, да ги гледам нештата така, како што Ти сакаш. Боже мој, извади ме од моето его, за да Те засакам Тебе, мојот брат и моето добро јас. Научи ме да сакам, да ги прифаќам пораките на животот“. Имам пари? Тогаш да помислам и за децата – моите и непознатите, за иднината што ги очекува некои, за бедните на оваа земја, за оние кои имаат потреба, кои се во тешкотија, да помислам за Тебе, да Ти благодарам и не само на себе да мислам. Овој егоизам бил откриен одеднаш и се открило колку беден и деструктивен бил планот без Бога.

Кога бевме во универзитетот, еден пријател, кој не веруваше многу во Бога, рече нешто. Не знам како му се одвиваше животот после тоа. Тој ми рече: „Ти си од Црквата, многу сериозно си го сфатил тоа. Јас сакам да ја испијам чашата на гревот до дното!“ Зашто чашата на гревот е слатка. Јас му кажав нешто што го чув од еден светогорец како одговор: „И како си толку сигурен, дека ќе ја испиеш целата? И како си толку сигурен дека ќе стигнеш до дното? Колку луѓе престанаа да пијат дури и од чашата на гревот, за која велиш дека е слатка, зашто дојде смртта и ги сопре остро. Да не си се договорил кога ќе умреш? Знаеш кога е крајот на твојот живот? Што ќе се случи тогаш? И после тоа, за да велиш да појдеме и да ја испиеме во овој живот – тоа всушност значи дека веруваш дека постои друг живот и велиш да јадеме тука, зашто ако појдеме во другиот и видиме што се случило, а не сме јаделе и пиеле, тогаш ќе жалиме што тука не сме јаделе и пиеле. Ама ако веруваш дека постои друг живот, тогаш зошто да јадеш и да пиеш тука? Каква смисла има тоа? Како така велиш: ‘Да јадеме и пиеме и што и да правиме, тука да го правиме!’ Зашто, после тоа, што? Не јадат, не пијат? Следствено, постои нешто друго кое те тревожи и сакаш да го избегнеш, потопувајќи се во нештата од овој живот“.

Не е тоа решението. Не да јадеме и пиеме зашто утре умираме, туку да Го прославуваме Бога и после тоа да јадеме и да вршиме сѐ останато како да имаме правилна врска со Бога. А кога ќе дојде време Бог да не земе од овој свет, да се свртиме кон Него и да Му кажеме: „Господи, не сум изненаден, Те очекував!“ Да, кажи го и ти, која си млада мајка, и ти, кој си млад, дури и сега Бог да те повика, да кажеш во себе си: „Господи, јас сум посветен на моите деца, домашните обврски, правам многу нешта, Ти си ме поставил на оваа земја, не го отфрлам животот, велам: да! – ги примам Твоите дарови, но не ги апсолутизирам, не Те заборавам, не се врзувам за нив,  не потонувам во нив. Ги гледам децата, но со мојата душа сум до Тебе, за Тебе ги сакам своите деца – преку сето тоа сакам да се доближам до Тебе“.

Оттука, и да дојде смртта, дали сега или после многу години, таа не нѐ плаши, не нѐ сепнува и не нѐ шокира. Страшно е да видиш човек кој одеднаш дознава дека умира. Ако сте го виделе тоа, навистина е потресно. Животот да ти врви добро и одеднаш лекарите да ти кажат: „Ела повторно, се случува нешто, треба да се подложиш на терапии, твоето здравје започнува да се влошува“. Ти се шокираш и велиш: „Ама јас имам други нешта во својот ум, зашто сакам други нешта во овој живот, сакам да живеам, не сакам нешто друго. Го сакам тоа што ми се допаѓа, не сакам да одам некаде на друго место. Ми се допаѓа оваа земја“. И Бог ти вели: „Ама оваа земја, дете Мое, не е твојата цел. Осознај го тоа. И не посакав од тебе да ја оставиш жената, која ја сакаш, туку да ја сакаш жената која ти ја дадов и зад неа да Ме гледаш Мене. И ако таа е убава, ќе сфатиш дека Јас, Кој ти ја подарив, сум многу поубав, посилен да те исполнам со среќа и радост, многу поблажен. Ако тоа создание кое ти го дадов, те прави среќен, колку повеќе, колку поголема среќа ќе имаш, кога ќе Ме најдеш Мене, Бог, твојот Творец?“

Ти не треба да велиш: „А-а-а, ако е така, за што да се жени човек? За што да се занимавам со тоа? Да отфрлам сѐ!“ Не! Ниту разочарување, ниту меланхолија, ниту обесхрабрување. Не. Ќе ги гледаме нештата точно, од сите страни, ќе ги гледаме и  животот и смртта преку Христа. Кога Го сакаш Христос, знаеш и да живееш, знаеш и да умираш. Знаеш поскоро само да живееш. Зашто, ако Го сакаш, не умираш. Сфаќаш дека тоа е вистинскиот живот – единството со Него. Тоа што го вели Свети Јован Златоуст – да ја допираш оваа земја само со врвовите на своите нозе. Односно да одиш на оваа земја, во духовна смисла, како некои танчери, како некои балерини, кои едвај ја допираат земјата. Останатиот дел од телото е во воздухот. Да се занимаваш со нештата од оваа земја, но останатиот дел од тебе, твојот ум, срце, помисли, желби, пориви, да се во Бога. За да не се изненадиме, туку да речеме: „Господи, Те чекав, каде беше? Дојди!“ Не: дојди, смрт! Не, на смртта нема да ѝ речеме дојди, зашто тоа нѐ ужаснува. Туку велиме: „Дојди, Господи!“ Така завршува Светото Писмо: Да, дојди, Господи Исусе! Дојди, Христе мој! Христос Го чекам, не го чекам крајот, не сум очаен, го сакам многу животот, затоа сум во Црквата, не ја сакам смртта, не го сакам мракот, не ја сакам самотијата, туку Го сакам Христос. Затоа знам како да се радувам на тоа што Христос ми го дава во овој живот, така и да го очекувам правилно во другиот живот. Црквата така гледа на работите, така ни кажува Бог.

Затоа се вели: А тоа што си го приготвил, кому ќе му остане? Кој ќе го земе? Житници, пари, имоти. Доаѓа некоја болест и после три, пет месеци, после година е завршено со тебе. Дури и да си многу богат. Што ќе се случи со куќите, парите, имотите? Додека со ова што сега Го сакаш Христос, богатството на твојата душа, твојот чист ум, ќе знаеш зошто живееш и зошто умираш, љубовта, тоа е богатство, тие нешта никогаш нема да исчезнат. Молитвата никогаш нема да се изгуби, тоа што си го правел за Бога, никогаш нема да се изгуби. Ако си давал милостина, ќе бидеш помилуван.


Така бива со оној, кој собира имот за себе си, а не се богатее во Бога.

Затоа, биди богат во Бога, а не како луѓето. Тоа е другата логика. Светот вели дека богат е оној којшто има многу пари и ги трупа, а Црквата нѐ советува дека богат е оној кој има богато срце. Зашто има богати луѓе, кои се многу мизерни, кои не даваат, кои не сочувствуваат, не мислат за другиот, кои имаат неправедно богатство и не се радуваат на тоа што го имаат.

Кој има уши да слуша, нека слуша. Слушам, но не слушам добро. Си патиме од тоа многу пати, ги слушаме, но не ги разбираме зборовите на Христос. Доказ? Ги правиме одново истите работи. Продолжуваме да живееме на истиот начин и Бог прашува: „Што слушаш?“ Слушам значи гледам наоколу и се замислувам, се скрушувам, се споредувам себе си и гледам дека не сум таков каков што треба да бидам, збунет сум, заглавен сум во нешто и ако Бог ми каже: „Вечерва умираш!“ – не сум готов да умрам. Тоа е она што значи слушам – се замислувам, се покајувам, плачам, се поправам и велам: „Господи, помогни ми да се променам, да поставам нов почеток, да станам нов човек!“

Ќе се научиме ли да Го слушаме Христа, Кој ни зборува? Тука Он ни вели дека секогаш треба да бидеме подготвени, зашто не знаеме во кој момент ќе дојде да нѐ земе, во кој момент ќе дојде повикот, тој небесен повик, за да одам кај Него. Се надевам тогаш нема да ни ги каже овие зборови: „Безумнику, како живееш така?“, туку да ни каже: „Мое драго и благословено дете!“, а ние да одговориме: „Господи, Боже наш, Те очекувавме, Те сакавме, секој ден за овој момент живеевме, кога ќе дојде часот да живееме засекогаш со Тебе, да Те гледаме, да го напуштиме овој живот, којшто е убав и е Твој дар, но не е последниот дар, постојат подобри дарови горе на небото, кои се слатки, како слатко бонбонче, а горе имаш „цела слаткарница“, која нѐ очекува. Ние, Господи, не сме прилепени  кон „бонбоните“ од овој живот, туку ја очекуваме слаткарницата, рајот, таму, каде бескрајно ќе се насладуваме на Твојата сладост, ќе го гледаме Твоето лице, Пресвета Богородица, Светиите, Ангелите и ќе се радуваме бескрајно, постојано, уникатно!“

Извор: Бигорски манастир

 

Линк кон првиот дел

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная