логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ЛУЃЕТО СЕКОГАШ ЌЕ ЗБОРУВААТ

Остави ги луѓето да зборуваат  - тие секогаш ќе зборуваат и коментираат. Не живееме за да  стекнеме  добро име. Христос беше распнат како разбојник. Од Безгрешниот се возмутуваа, па зарем нема да бидат возмутени и од нас? Тие говореа против Христа и Пресвета Богородица, па зарем нема да говорат против тебе?


Прашањето не е што мисли светот за тебе. Ти гледај да бидеш ‘’вистинит’’ во животот, да имаш чиста совест дека не си погрешил, не си повредил, не си осудил, не си мразел, не си изневерувал, не си клеветел, не си се одмаздувал , не си понижувал, не си се исмевал, не си злоупотребувал (а ако си го направил сето ова, си плачел и си се покајал ); си понудил поткрепа, си излегол од својата удобност заради другиот, слушаше, прегрна, прости, услужи, жртвуваше, љубеше.
Светот нека зборува. Ти сакај ги луѓето дури и ако тие (т.е. светот) сакаат да зборуваат за тебе. Луѓето секогаш судат строго, не затоа што се праведни, а ти си грешен,но затоа што светот секогаш бара жртва, секогаш бара луѓе за да ги обвини за да го задоволи својот беден егоцентризам. И тоа е веројатно најголемата болест, најголемиот духовен рак во целиот свет.


Оној што се занимава со животите на другите покажува дека нема сила, храброст и мажевност да се справи со своите грешки, рани и темнини. Затоа тој постојано бара нови жртви за да ги коментира и осуди,мамејќи го на тој начин сопственото ‘’кукавичкото јас’’, дека наводно е подобар од другите, дека е „посвет“ од нив, повеќе морален и подостоен. Затоа  и се меша во животот на другите, бидејќи неговиот живот е исполнет со здодевност и беда, со комплекси и несигурност.
Но,ти не паѓај на оваа стапица. Не подражавај нешто толку деструктивно. Погледни на својот живот со искреност и интегритет.Види кој си без да се обидуваш да се скриеш зад туѓите грешки, зад животот на познатите и непознатите.
Не паѓај во замката да го губиш времето анализирајќи ги животите на другите луѓе.Ти си одговорен за соствениот живот, ќе бидеш среќен, ако го поправиш сопствениот живот, ќе имаш мир ако прифатиш кој си за другите,и кои се другите за тебе.
Луѓето секогаш со леснотија ќе зборуваат но ти со леснотија молчи, проштевај и љуби. Не зборувај но живеј. Живеј го овој Божји дар, живеј го со дух на благодарност, полн со љубов кон животот. Ништо помалку од тоа.


Оние што коментираат толку лесно со злоба и страст се претежно луѓе кои се декларирале како судии на Универзумот, наоѓајќи смисла не во животот, туку во смртта, наоѓајќи радост не во љубовта, туку во зависта.
Ако знаеш кој си, тогаш никакви зборови не можат да влијаат врз тебе. Што и да каже другиот, нема да влезе во твоето срце; затоа што знаеш кој си,си ја видел најпрво својата темнина, но и светлината што ја имаш во себе. Не се плашиш од сопственото јас, си го запознал. Затоа е важно да научиш кој си и да го прифатиш она кое што си. Ова е претпазливост. Да ги знаеш своите  добри и лоши страни. Тогаш, човечките зборови нема да влијаат врз тебе.

Ако познаваш личност која е опседната со животите на другите и е склона кон љубопитност, осуда, клевета и гнев, која лесно озборува и ги понижува животите на луѓето, одалечи се  подалеку од него и моли се за него бидејќи тој е лукав, а не Божји човек.


arh.Pavel.Papadopulos
архим. Павел Пападопулос

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
За Преминпортал Симеон Стефковски


Богоносци.бгѕ

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Септември 10, 2025
Исцељење слепорођеног

КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ?

КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ? КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ? ШТА ЈЕ НАРОЧИТО ВАЖНО НА ПОЧЕТКУ ДУХОВНОГ ЖИВОТА? ГДЕ И КАКО СЕ НАУЧИТИ СВЕТОМ ПОКАЈАЊУ? ДА ЛИ СЕ ДУША БРЗО ИСЦЕЉУЈЕ? КАКВЕ СУ ОСОБЕНОСТИ НАШЕГ ВРЕМЕНА? ТРЕБА ЛИ „РЕВНОСНИ“ ХРИШЋАНИ ДА СЕ БОЈЕ ПАКЛА?…
Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

TviTER281
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на…

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1824
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2105
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/09/2025 -среда

Преп. Мојсеј Мурин; Преподобен Сава Псковски и Крипецки; Собор на сите Печерски богоугодници;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин  10 септември/28 август  2025

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин 10 септември/28 август 2025

О преподобен оче пустински, ти кој ангели и демони гледаше,со едни беседеше, за други се молеше,кон небесата повикуваше – отвори...

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Учителу на смиреномудрието, противнику на осудувањето,лекару на страстите телесни и духовни,сјајна ѕвездо на преподобните, надеж за сé во Христа положуваше,

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија  8 септември/26 август  2025

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 8 септември/26 август 2025

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная