логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT103

Како раната станува чудо?

            Целта на нашиот живот не е раната да исчезне, туку да се преобрази. Ќе го кажам уште многу пати, за да осознаеме дека не треба да очекуваме лузните од раните да исчезнат, туку да се преобразат во светлина. Оваа трансформација ќе ни овозможи не само  да преживееме како жртви и несреќници изгубени во “црната судбина”, чии удари ги претрпевме,но да го живееме одговорно нашиот животот, избирајќи радост, изразување, поврзување и креативност.
              Но, како што веќе споменав, оваа трансформација не е толку едноставна. Потребна е нашата волја, многу благодат и укрепување од Бога. „Сакаш ли да оздравеш?“, прашува Христос пред да го изврши чудото, преобразувањето. Тој не дејствува без наша согласност и учество на човековата слобода. Значи, првото нешто што треба да направиме е да ја активираме нашата волја за промена. Да се покаеме, да копнееме по различниот, друг начин на нашиот живот. Христос ја подава раката а ние го ставаме своето срце во неа.
              Повторно ќе истакнам, не е се така едноставно. Затоа што за еден човек кој доживеал трауматско искуство, не е толку лесно да разбере дека дисфункционалноста на неговиот карактер и бедата во неговиот живот не се должи поради другите – “лошите” и мрачниот свет, туку и заради неговиот став и толкување на животот.
          „Колку и да е изненадувачки, многу важен факт е што може да помине многу време додека еден човек сфати, дека претрпел траума. Една од главните последици на траумата е губењето на секое сеќавање за неа – нешто, кое означува, дека не е лесно  за човекот да разбере колку е искривена неговата перцепција за реалноста овде и сега“.
Длабоко повредените, најчесто, многу долго  се борат со своите темнини додека не ја пронајдат  светлината. Тоа е вистината. Но, колку и да звучи болно, во исто време постои надеж дека можеме да се ослободиме од нашите трауматски окови, од темните зандани и нашиот индивидуален пекол. „Лошата вест е дека раната е реалност во нашите животи. Добрата вест е дека таа не мора да биде доживотна затворска казна“ (Питер А. Левин).
Една од основните причини зошто Бог допушта да се случи едно искушение е за да се сретнеме со сопствената рана. Многупати ќе забележите дека посакуваме и се молиме да престане искушението низ кое минуваме, да згасне страста што ја имаме или да заврши искушението што ги помрачува нашите надежи. Но, тоа не функционира така. Зошто? Затоа што Бог се обидува да не доведе во допир со нашата рана. Сè додека не го осознаеме и не го разбираме тоа, Бог допушта да поминеме низ искушенија за да се разбудиме, да ја видиме вистинската причина поради која доживуваме бродолом во животот.
TVIT104


Затоа, размисли следниот пат, кога ќе се молиш да исчезне страста или да заврши искушението, безизлезноста и болката што ги чувствуваш, да не  сакаат  истите да ти кажат, покажат или откријат нешто. Да не би на крајот, твојата страст, искушението низ кое поминуваш, нѐ се всушност проклетството на твојот живот, туку благословот на твоето исцеление? Тогаш имено започнува чудото, кога започнав да разбирам дека на крајот зад сè, се крие една рана која се обидува да формира нов почеток на животот.
Со сигурност во овој преобразителен процес не постојат рецепти. Не постојат, затоа што, како и животот воопшто, така и секој човек е една тајна. Животот на секој човек се доживува во неговата уникатност. Во оваа тајна, неразбирливото е тој самиот и севкупниот живот. Бог заедно со секој човек зацртал единствен пат кон неговото спасение, односно до совршенството и исполнувањето  во Бога. А како секоја човечка личност ќе ги претвори и преобрази своите рани не влегува во системот на рецепти и шеми. Начините се многу и различни. Средба со некоја личност, познаник, посета, патување, книга или разговор, радосен настан или тешко искушение, овие работи и многу други што не можеме да ги замислиме може да постојат како начини да се сретнеме со нашата рана и нејзиното исцеление .
Обидувајќи се  да и помогнам на уникатната борба на секоја личност, наместо да давам цитати и рецепти, ќе изложам неколку општи терапевтски предлози за кои сметам дека се корисни во ова преобразително патување.

TVIT110
1.    Биди подозрителен кон твоите помисли. Научи се да ставаш едно „можеби“ или „да не би“ на начинот на кој се толкуваш себеси, другите, светот.
2.    Погледни во очите на твоите маки и пронајди ја нивната смисла. Дури и најголемиот ќорсокак може да стане пат кон себеоткривање. Бог преку нашите искушенија не повикува да ги излечиме нашите рани. Не ги ставај  твоите проблеми под тепих, најди храброст, проси од Бога сила им  погледнеш на твоите рани во  лице.
3.    Не барај лесни и брзи решенија; тие едноставно не постојат. Терапијата е едно патување. Затоа отците на Црквата велат дека покајанието е „доживотно“ дело и животна пракса.
4.    Прави мали  но секојдневни чекори. За промените е потребно време. Тоа не значи дека не се менуваш секој ден. Не ја слушај помислата која ти вели „ништо не постигнуваш“. Тоа е лага. Твојата рана игра застрашувачки игри. Се менуваш и ќе врвиш многу подобро отколку што ти сугерира помислата.
5.    Патувај заедно со Бога. Во патувањето на преобразувањето, не поаѓај сами. Потребно ти е просветлување, вдахновение и некој кој ќе те придржи кога ќе паѓаш. Зашто многу пати раната ќе те собори на земја, ќе те собори назад, а душевниот замор ќе те разочарува. Таму имаш потреба од Неговата сила. Да вдишиш од Неговиот божествен кислород. Да вдишиш живот и светлина. Не заборавај дека Христос го претвори Крстот во Воскресение, темнината во светлина. Колку е важно да го исполниш своето битие со примерот но и со Христовата благодат.


Да не заборавиме дека векови наназад, во центарот на нашата цивилизација стои примерот на Христос; на  еден Човек и во исто време Бог, Кој ја претвори раната во светлина, раната во чудо, смртта во Воскресение и живот. За жал, во денешно време западните општества се повеќе се дехристијанизираат, губејќи ја оваа спасоносна и исцелителна врска со личноста Христова.

6.    Зборувај, како да е на ветрот. Овие зборови му се припишуваат на свети Григориј Богослов. Важно е да се научиме да говориме и да се изразуваме. Да споделуваме искуства и ситуации кои нè повредуваат, нè гневат и ни го отежнуваат животот. Многу истражувања велат, дека при мали трауми, дури и обичен разговор со пријателите и саканите, кога се прави со љубов и прифаќање, може да помогне во заздравувањето на раната. Секако дека во потешки ситуации и сериозни психички повреди ќе биде потребна помошта од науката.
Важно е да ја конструираме историјата на нашата душа преку нашиот јазик, т.е  таа да излезе од доменот на неискажаното и нејавеното, од подземјето на неискажаното и да стане јазик, збор, звук, движење, комуникација, перцепција и сознание. Секој пат кога ја раскажуваме историјата на нашиот живот, го истеруваме злото од нашата душа.
Покојниот старец Ананиј Кустенис многупати кажуваше дека кога ќе почувствувал некаква тага, многу го утешувало да зборува со пријателите и неговите духовни чеда за работите што го мачат. И тие му ги кажувале своите маки. Фактот, што зборувал за работите што го повредиле и тоа што ги слушал приказните на своите ближни, ја ублажувало болката. Самиот кажувал дека кога посетителите ја напуштале неговата ќелија, се чувствувал одморен. Навистина, не потсетува ли ова на исцелителното слово на Евангелието, кое гласи: „ Поднесувајте го товарот еден на друг “ (Гал. 6:2).
Во статијата под наслов „ The Healing Power of Telling Your Trauma Story “, д-р Сет Џилијан тврди дека кога некој зборува за траумата што ја преживеал, тоа помага на следниве начини:
– се повлекува чувството на срам
– се корегираат верувањата кои што не ни помагаат
– нашите сеќавања не ги будат толку непријатно емоциите
– раната станува по - организирана
 – придобиваме чувство на контрола.
7.    Претворете ја раната во молитва. За исцелувањето, освен зборувањето и раскажувањето, поврзувањето и врската, помага и молитвата. Ако човечкиот разговор помага да се залечи раната, замислете колку е вреден разговорот и поврзувањето со Бога. Затоа што молитвата е токму тоа, поврзување и средба со живата  личност на Бога. Св. Софрониј Сахаров од Есекс говореше дека молитвата е највишиот одраз на искуство и беше во право. Ако искуството го зема суровиот внатрешен материјал на нашата душа и ѝ дава форма, на пример ваење на  статуа од камен, тогаш молитвата го гради, збогатува хаотичниот материјал на душата и го преобразува во заедница со Бога.


Христовата и светодуховна благодат влегува во нас и прави  од трауматичните пукнатини влез за светлината. Спуштањето на умот во просторот на срцето ги разбива лажните претстави за сопственото јас и открива кои сме навистина. Тогаш преку благодатта разбираме дека не сме она што ни го налага нашата рана, туку нешто многу подлабоко, Божји образ, созданија, исполнети со Неговото дихание и Светлина. Нај главното е што осознаваме, на показателен начин, што не се вклопува во вербалните описи, дека сме нешто повеќе и посупериорно од нашите рани, со други зборови (осознаваме дека) можеме да застанеме над сопствените рани.


Автор: о. Харалампиј Пападопулос / sveticarboris.net/
За Преминпортал Симеон Стефковски

26ти јануари 2029 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3156
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7633
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

29/11/2024 - петок

Божикен пост;(на масло)

+Светиот апостол и евангелист Матеј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2024

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2024

Ревнувајќи во молитвата,искуси чудесни дејствијатака стана истоименик на исправувањето,затоа моли се на Христа Бога,

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Ревносно од царина си тргналкон повикот на Владиката Христос,Кој поради својата добрина се појавина земјата помеѓу луѓето,Него следејќи го се...

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная