УЧИТЕЛКАТА И ПАТРИЈАРХОТ ИЛИЈА II
Една жена, учителка, во период на сиромаштијата, сакаше да направи нешто убаво за патријархот . Секое утро стануваше, одеше во пекара и штом ќе се испечеше свеж леб, го купуваше и го носеше во патријаршијата. Патријархот Илија II ја познавал. Ништо друго таа не можеше да направи, а единствено нешто за што имаше пари беше лебот.
Но во тоа се наоѓаше целото нејзино внимание и топлина.
Се разболе од рак и имаше многу голем тумор во главата. Лекарите ја испишаа од болница, а најблиските не можеа да се грижат за неа. Патријархот ја премести во патријаршијата. Поради посебниот мирис било многу тешко да се влезе во собата каде што престојувала. Само тој ја посетувше. Калуѓерките му даваа нешто, а тој секоја вечер одел кај таа жена, за која само тој знаеше дека таа му донесувала леб. И ги праскажувал за житијата на светителите, за неговиот живот, за Црквата. За се.
И така полека ја испраќал на вечниот пат.
Од руски: поп Дејан Ѓуричиќ
Христијански приказни
Јануари 2023 лето Господово