логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER82

 

ЗА ФАНАТИЗМОТ, ПРАВОСЛАВИЕТО И ВИСТИНАТА

                  Темата за фанатизмот, поврзана со приврзаноста кон православните учења, е многу актуелна. Историјата е ритмична, во неа огромна улога игра промената на психичките реакции. И ние сме вклучени во ритамот кога преовладува тенденцијата за присилно единство, за општоважечко православие, за организација која ја задушува слободата. Тоа е реакција против 19 век, против неговата љубов кон слободољубието и човечноста. Се создава масовна психологија на нетрпеливост и фанатизам. Притоа, настанува нерамнотежа и човек се доведува до манијакална опсесија.

            Индивидуалниот човек станува жртва на колективни психози. Има страшно стеснување на свеста, гушење и потиснување на многу суштински човечки особини, целокупниот склоп на емоционалниот и интелектуалниот живот на човекот. Единството не се постигнува преку полнота, туку преку сѐ поголема и поголема ограниченост. Нетрпеливоста е слична на завидливоста. Завидливоста е психоза во која се губи чувството за реалност. Душевниот живот се потпира и се фиксира на една точка, но оваа точка на која се врши фиксирањето, се разбира сосема нереално.
Човекот чија нетрпеливост достигнала до степен на усвитување на фанатизмот, како кај завидлививиот човек, гледа само едно нешто насекаде, само неверство, само предавство, само нарушување на верноста, неповерлив е и болно сомничав, насекаде открива заговори против саканата идеја, против предметот на неговата вера и љубов. Човекот кој е фанатично нетолерантен, како и завидливиот човек, многу е тешко да се врати во реалноста. Фанатикот опседнат со манија на прогонство насекаде околу себе гледа ѓаволски сплетки, но тој самиот секогаш прогонува, укорува и казнува.
Човек опседнат од манијата на прогонство, кој чувствува дека е опкружен со непријатели, е многу опасно суштество, тој секогаш се претвора во прогонител, не го гонат него, туку тој самиот прогонува. Фанатиците кои направиле најголеми злосторства, насилства и суровости, секогаш чувствуваат дека се опкружени со опасности, секогаш чувствуваат страв. Човекот секогаш врши насилство од страв. Афектот на стравот е длабоко поврзан со фанатизмот и нетолеранцијата. Исцелувањето од стравот би било и исцелување од фанатизам и нетолеранцијата. На фанатикот ѓаволот секогаш му изгледа страшен и моќен, повеќе верува во него отколку во Бога.
Фанатизмот има религиозни извори, но тој лесно преминува на националната и политичката сфера. Националниот и политичкиот фанатик исто така верува во ѓаволот и неговите сплетки, колку и да му е сосема туѓа религиозната категорија на ѓаволот. Против ѓаволските сили секогаш се формира инквизиција или комитет за јавен спас, семоќна тајна полиција, Чека. Овие страшни установи секогаш биле создадени од стравот од ѓаволот. Но, испадна дека ѓаволот е секогаш помоќен, тој се вовлекол во овие институции и управувал со нив. Нема ништо пострашно од стравот. Духовното исцелување од стравот е она што најмногу му треба на човекот.
Нетолерантниот фанатик врши насилство, екскомуницира, затвора и казнува, но тој во суштина е слаб и не силен, обземен е од стравот и свеста му е страшно стеснета, помалку верува во Бог отколку толерантниот човек. Во извесна смисла, може да се каже дека фанатичната вера е слабост на верата, безверност. Тоа е негативна вера. Архимандритот Фотиј од времето на Александар I главно верувал во ѓаволот и антихристот. Божјата сила нему не му изгледала ништо во споредба со моќта на ѓаволот. Инквизицијата исто така малку верува во силата на христијанската вистина, како што и GPU малку верува во силата на комунистичката вистина. Фактичката нетрпеливост е секогаш длабоко неверување во човекот, во ликот Божји во човекот, неверување во моќта на вистината, т.е. на крајот, неверување во Бога. Ленин исто така не веруваше во човекот и во моќта на вистината како Победоносцев, тие припаѓаат на истата раса.
                Човек опседнат со идејата за светска опасност и за светски заговор на масони, Евреи, језуити, болшевици или окултно друштво на убијци, престанува да верува во Божјата сила, во моќта на вистината и има доверба само во сопствените насилства, суровости и убиства. Таквиот човек во суштина е предмет на психопатологија и психоанализа. Манијакалната идеја, предизвикана од страв, и е најголемата опасност. Денес, фанатизмот, основата на општообврзувачката православна вистина, се манифестира во фашизмот, комунизмот и екстремните облици на верски догматизам и традиционализам.
Фанатизмот секогаш го дели светот и човештвото на два дела, на два непријателски табора. Тоа е воена поделба. Фанатизмот не дозволува соживот на различни идеи и погледи на светот. Постои само непријател. Непријателските сили се унифицраат, се замислуваат како единствен непријател. Совршено потсетува на тоа како, кога некој би направил поделба не на - јас и мноштво други, туку на – јас, и – не јас, каде што – не јас би го претставувало единственото битие. Ова страшно поедноставување ја олеснува борбата. За комунистите денес има само еден непријател во светот, фашизмот.
Секој противник на комунизмот е веќе фашист. И обратно. За фашистите, секој противник на фашизмот е веќе комунист. Во исто време, бројот на фашисти и комунисти во светот претерано расте. Луѓето ја заземаат страната на фашизмот поради омраза кон комунизмот, а луѓето ја заземаат страната на комунистите поради омразата кон фашизмот. Обединувањето се врши во односот спрема ѓаволот кој ја претставува другата половина од светот. Ви се нуди бесмислен избор помеѓу фашизмот и комунизмот. Несфатливо е зошто треба да избирам помеѓу две сили кои подеднакво го негираат достоинството на човечката Личност и слободата на духот, подеднакво практикуваат лаги и насилство како методи на борба.
              Разбирливо е дека треба да се заземе страната на некоја трета сила: така и во Франција прави движењето поврзано со „Esprit“ и „La Fleche“, кое е подеднакво непријателски расположено кон капитализмот, фашизмот и комунизмот. Фанатичната нетолеранција секогаш те става пред лажен избор и прави лажни поделби. Интересно е што патосот на фанатична нетолеранција во нашево време не е резултат на страсна вера и убедување, туку на вештачко вознемирување, често стилизирање, и е резултат на колективна хипноза и демагогија. Постојат, се разбира, одредени комунисти и фашисти кои веруваат и се убедени до фанатизам, особено меѓу руските комунисти и германските нацисти, помалку меѓу италијанските фашисти кои се поскептични и поподложни на промислена политика.
              Но, кај комунистичките и фашистичките маси нема никакви поцврсти и попромислени верувања и убедувања. Оваа маса е стилизирана под фанатизам поради сугестија и имитација и често интерес. Современиот патос на нетолеранција е многу различен од оној во средниот век кога навистина постоела длабока вера. Просечниот човек на нашето време нема идеи, има инстинкти и афекти. Неговата нетолеранција била предизвикана од условите на војната и желбата за ред. Тој ја познава само вистината која е корисна за организацијата.
Поделбата на светот на два дела, предизвикана од барањата на војната, има свои неизбежни последици. Нашата ера не познава критика и идеолошки расправии и не ја познава борбата на идеите. Таа знае само разобличувања, екскомуникации и казни. Секој што мисли поинаку се гледа како злосторник. Нема расправија со злосторници. Во основа, нема повеќе идеолошки непријатели, ние сме воени непријатели кои припаѓаат на непријателски држави. Расправијата е трпеливост, најчовечен учесник во спорот е трпелива личност која дозволува коегзистенција на различни идеи од неговите, тој смета дека со соочување со идеите, вистината може полесно да се открие.
              Но, денес во светот нема идеолошка борба, има само борба на интереси и тупаници. Комунистите, фашистите, фанатиците на „ортодоксното“ православие, католицизмот или протестантизмот не се расправаат со никакви идеи, тие ги собираат противниците во спротивниот табор кон кој се вперени митралези. Патосот на ортодоксната доктрина, која се покажува корисна за борба и организација, доведува до целосно губење на интересот за мислата и идеите, знаењето и интелектуалната култура, а споредбата со средниот век се покажува како многу неповолна за нашето време. Притоа, не се забележува никаква идејна креативност. Во тој поглед, нашата нетолерантна епоха се покажува како крајно ненадарена и сиромашна, во неа замира креативната мисла и паразитски се храни со претходните епохи.
               Највлијателните мислители на модерната ера, како Маркс, Ниче и Киркегор, припаѓаат на 19 век против кој сега има реакција. Единственото поле во кое се забележува извонредна креативност е полето на техничките откритија. Живееме во знакот на социјализмот и многу позитивни работи се случуваат на тој простор, но денес нема никакви социјални идеи, социјални теории, сите тие доаѓаат од 19 век. Марксизмот, прудонизмот, синдиклизмот, дури и расизмот се плод на мислата од 19 век. Главната предност на тековниот век е тоа што е повеќе фокусиран на реалностите, што ја разобличуваат реалноста. Но, ги рзобличуваат старите, новиот век создава нови идоли.
За фанатикот не постои разноликост во светот. Ова е човек опседнат со еден. Тој е суров и безмилосен кон сѐ и секого освен спрема еден. Фанатизмот е психолошки поврзан со идејата за спасување или пропаст. Токму оваа идеја ја фанатизира душата. Има еден што спасува, сѐ друго убива. Затоа, треба целосно да му се предадеме на тој еден и немилосрдно да потаманиме сè друго, целиот повеќестран свет на кој му се заканува уништување. Афектот на стравот, кој е секогаш во основата на фанатизмот, е поврзан со уништувањето поврзано со светот на мноштвото. Инквизиторите беа совршено уверени дека нивната суровост, тортура, палење на клада итн. се израз на човеољубие.

TviTER81


              Тие се бореа против пропаста за спасението, ги чуваа душите од скандалозните ереси кои се закануваа со уништување. Подобро е да се предизвикаат краткотрајни болки за земниот живот отколку уништување на многу за во вечноста. Торкемада беше несебичен, осамен човек; не сакаше ништо за себе, целиот се предаваше на својата идеја, на својата вера, мачејќи луѓе му служеше на својот Бог, сè правеше само за слава Божја, дури го красеше и благост, не гаеше злоба и омраза кон било кого, тој беше еден вид „добар“ човек, убеден верник и некористољубив беше и Џержински, кој во младоста бил страствено верен католик и сакал да се замонаши. Тоа е интересен психолошки проблем.
Верник, несебичен, идеалист човек може да биде крвожеден, да прави најголеми суровости. Целосно да се предадеш на Бога или на идеја што го заменува Бога, заобиколувајќи го човекот, да го претвориш човекот во средство и орудие за слава на Бога или за остварување на идеја значи да станеш крвожеден фанатик, па дури и морален изрод. Токму Евангелието им открило на луѓето дека не може да се изгради врска со Бога без врска со човекот. Ако фарисеите ја ставиле саботата над човекот и биле обезличени од Христос, тогаш секој човек кој става туѓа идеја над човекот ја исповеда религијата на саботата отфрлена од Христос. Не е важно дали е идејата за црковно православие, државност и национализам или идеја за револуција и социјализам.
                 Човек опседнат со пронаоѓање и разоткривање на ереси, екскомуникација и прогонство на еретиците, одамна бил обележан и осуден од Христос, иако тоа не го забележал. Патолошката омраза кон ереста е опседнатост со „идеја“ што се става над човекот. Но, сите православни доктрини на светот не се ништо во споредба со последниот меѓу луѓето и неговата судбина. Човекот е образ и подобие Божјо. Секој систем на идеи е производ на човечка мисла или глупост. Човекот ниту се спасува ниту се уништува со придржување до некаков систем на идеи. Единствената вистинска ерес е ереста на животот. Разобличувачите и прогонителите на ересите беа токму еретиците на животот, еретиците во однос на живиот човек, во однос на милоста и на љубовта.
                  Сите инквизитори биле еретици на животот, тие беа предавници на догмата на животот за човекот. Кирил Александриски бил поголем еретик на животот од еретиците што ги разоткрил. Зад разоткривањето на еретиците секогаш се крие гревовната страст за моќ, желба за моќ. Патолошката опседнатост со идејата за спасување и уништување, од која треба да се лекува, може да се пренесе и во социјалната сфера. Тогаш оваа панична идеја раѓа револуционерен фанатизам и создава политички инквизиторски институции. Нетолеранцијата и инквизицијата се оправдуваат со закана од општествена пропаст. Затоа, московските судења на комунистите многу потсетуваат на судењата на вештерките. И во двата случаи обвинетите признаваат дека имале злосторнички односи со ѓаволот.
                  Човечката психа малку се менува. Во основа, фанатизмот секогаш има социјален карактер. Човекот не може да стане фанатик ако е поставен пред Бога, тој станува фанатик само кога е поставен пред другите луѓе. На фанатикот секогаш му треба непријател, тој секогаш мора некого да казнува. Православните догматски формули се формирале не од односот кон Бог, туку од односот кон другите луѓе, поради што се појавиле еретички мислења. Фанатизмот секогаш значи социјална принуда.
                Или може да има форма на самозапалување, како, на пример, во екстремните правци на рускиот раскол, но дури и во тој случај исто така значи социјална принуда со превртен знак. Фанатизмот на екстремната ортодоксија во религијата има секташки карактер. Чувството на задоволство поради припадноста во кругот на избраните е секташко чувство. Фанатизмот ја поттикнува волјата и ја организира за борба, да нанесува и трпи маки. Дури и кај најчувствителниот, најкроткиот фанатик кој себеси се смета за човекољубец, кој се грижи за спасот на душите и општеството, постои елемент на садизам. Фанатизмот е секогаш поврзан со тортура.          

           Идеолошкиот фанатизам е секогаш ортодоксно лудило.
          Категоријата на ортодоксијата, која се спротивставува на ересите, денес се применува на типови на размислувања кои немаат ништо заедничко со религијата, на пр. На марксизмот, но е од религиозно потекло. Иако споменатата категорија е од религиозно потекло, таа сепак е општествена појава и означува доминација на колективот над поединецот. Ортодоксијата е умствена организација на колективот и означува екстериоризација на свеста и совеста. Ортодоксијата се втемелува себе во спротивставената ерес. Еретик е човек кој не размислува во согласност со менталната организација на колективот. Луѓе кои првенствено се сметаат себеси за православни и кои ги разобличуваат еретиците, т.е. оние кои размислуваат поинаку, сакаат да зборуваат дека тие ја бранат вистината и вистината ја ставаат над слободата.
                 Ова е најголемата заблуда и самоизмама на ортодоксните. Патосот на ортодоксијата, со кој го храни фанатизмот, нема ништо заедничко со патосот на вистината, сосема му е спротивен. Ортодоксијата се формира околу темата на спасението и уништувањето, православните и самите се преплашени и се плашат од другите. Вистината не познава страв. Токму бранителите на православието најмногу ја искривувале вистината и се плашеле од неа. Чуварите на религиозното православие ја искривиле историјата. Чуварите на марксистичкото или расистичкото православие исто така ја искривуваа историјата. Овие луѓе секогаш создаваат злонамерни легенди за непријателската сила. Вистината се заменува со полезноста на интересите на организираниот поредок. Човек кој е фанатизиран за некоја единствено – спасувачка идеја, не е во состојба да ја бара вистината. Потрагата по вистината претпоставува слобода. Не постои вистина надвор од слободата, вистината се дава само со слободата.
                   Надвор од слободата има само корист, а не вистина, само интересите на власта. Фанатикот на секоја ортодоксија бара само моќ, а не и вистина. Вистината не се дава готова и не се прима пасивно од човекот, таа е бескрајна задача. Вистината не паѓа врз човекот одозгора како некоја работа. А вистините на откровението не треба да се сфаќаат наивно реалистичи. Вистината е и патот и животот, духовниот живот на човекот. Духовниот живот е слобода и тој не постои надвор од слободата. Фанатиците на ортодоксијата во основа не ја знаат вистината, бидејќи не ја познаваат слободата, не го познаваат духовниот живот. Фанатиците на ортодоксијата мислат дека се кротки затоа што се послушни на црковната вистина и ги обвинуваат другите за ароганција. Но, тоа е страшна заблуда и самоизмама. Во ред, полнотата на вистината нека биде во црквата. Но, зошто ортодоксниот вообразува дека токму тој е оној кој ја поседува таа вистина на црквата, дека тому тој е оној кој ја познава. Зошто токму нему му бил даден тој дар на дефинитивно разликување на црковната вистина од ереста, зошто токму тој е нејзин избраник.
                 Токму тоа е ароганција и умисленост, а и не постјат поарогантни и поумислени луѓе од бранителите на православието. Тие себе се поистоветуваат со црковната вистина. Постои православна црковна вистина. Но, погледни чудо, можеби ти, фанатику на православието не ја познаваш, ти ги познаваш само нејзините цепнатинки поради твојата ограниченост, скаменетост на срцето, бесчувствителност, приврзаноста кон формата и законот, недостатокот на дарби и добрина. Човек кој се довел себе до фанатична опсеседнатост никогаш не претпоставува таква можност кај себе. Тој, се разбира е подготвен да признае дека е грешник, но никогаш нема да признае дека е во заблуда, во самоизмама и умисленост. Оттука, тој смета дека е можно, и покрај сета своја грешност, да може да ги обвинува и да ги прогонува другите. Фанатикот се смета себеси за верник.
                   Но, можеби неговата вера не стои во никаква врска со вистината. Вистината е пред сѐ излегување од себе, фанатикот не може да излезе од себе. Тој од себе излегува само во злоба кон другите, но тоа не е излегување кон другите и кон другиот. Фанатикот е егоцентрик. Верата на фанатикот, неговата несебична и некористољубива посветеност на идејата, ниту малку не му помагаат да го надмине егоцентризмот. Аскезата на фанатикот, а фанатиците често се аскети, воопшто не е во состојба да ја надвладее неговата преокупираност со самиот себе, воопшто не е состојба да го врати во реалноста. Фанатикот на било која ортодоксија ја идентификува својата идеја, својата вистина со самиот себе. Тој и е таа идеја, таа вистина. Ортодоксијата – тоа е тој. Впрочем, тој секогаш се покажува како единствениот критериум на ортодоксијата. Фанатикот на ортодоксијата може да биде екстремен приврзаник на принципот на авторитет.
                  Но, тој секогаш незабележливо го поистоветува авторитетот со себе и нема да се потчини на ниеден авторитет што не се согласува со него. Склоноста кон авторитет во наше време има токму таков карактер. Авторитарно ориентираните млади не препознаваат никаков авторитет над себе, тие се сметаат себеси за носители на авторитетот. Ултраправославно настроената младина, која не ја сака слободата и ги разоткрива ересите, се смета себеси за носител на православието. Ова е пример за степенот до кој идејата за авторитет е контрадикторна и неоснована. Авторитетот во пракса никогаш не ги ограничува своите фанатични приврзаници, тој ги ограничува другите, нивните противници и ги принудува. Всушност, никој никогаш не се подложил на авторитет ако сметал дека не се согласува со неговото разбирање на вистината.
                  Исповедањето на било која естремна ортодоксија, било кој тоталитарен систем, секогаш значи желба да се припадне во кругот на избраните, во кругот на носители на вистинското учење. Тоа им ласка на ароганцијата и умисленоста на луѓето.
За споредба со тоа, слободољубието значи скромност. Многу е пријатно и ласкаво да се сметаш себе си за единствениот што знае што е вистинско православие или вистински марксизам-ленинизам (психологијата е истоветна). Робеспјер имаше безгранична љубов кон револуционерната чесност, тој самиот беше најдоблесниот човек во револуционерна Франција, па дури и единствениот доблесен човек. Тој се идентификуваше со републикански интегритет, со идејата за револуција. Тој беше совршен тип на егоцентрик.
               Токму оваа намаменост за искреност, ова поистоветување на себеси со тоа, беше најодвратното нешто кај него. Порочниот Дантон беше илјада пати подобар и почовечен. Егоцентризмот на фанатиците, без разлика на идеи или учења, се изразува во тоа што тој не е во состојба да ја согледа човечката личност, дека е рамнодушен кон личниот пат на една личност, не може да воспостави никаква врска со светот на личноста, со живиот, конкретен човечки свет. Фанатикот ја знае само идејата, но не го познава човекот, не го познава човекот дури и тогаш кога се бори за идејата за човекот. Но, тој дури и не го разбира светот на идеи различен од неговите сопствени, не е во состојба да дојде во контакт со идеите. Тој обично ништо не разбира ниту е во состојба да разбере ништо; тому егоцентризмот е тој што му ја лишува способноста за разбирање.
                Тој воопшто не сака да се увери во вистинитоста на било што, воопшто не се интересира за вистината. Интересот за вистината води надвор од затворениот круг на егоцентризмот. Егоцентризмот во никој случај не е идентичен со егоизмот. Егоистот во животна смисла на зборот сè уште може да излезе од себе, да обрнува внимание на другите луѓе и да се заинтересира за светот на туѓите идеи. Но, егоцентричниот фанатик, несебично, аскетски, безрезервно посветен на било која идеја, воопшто не е способен да го направи тоа, идејата го фокусира само на себе.
              Не само експлозиите, туку и стилизирањето на фанатизмот се карактеристични за нашите проблематични времиња. Современите луѓе воопшто не се толку фанатични и не се толку приврзани за православните учења како што изгледа. Тие сакаат да се прикажат како фанатици, да го имитираат фанатизмот, да изговараат зборови на фанатици. Претендентите за познавање на православната вистина се во состојба на неразмислување. Љубовта кон мислењето, кон осознавањето е и љубов кон критиката, кон дијалошкиот развој, љубов кон туѓите мисли и не само кон своите. На фанатичната нетолеранција ѝ се спротивставува толеранцијата. Но, толеранцијата е сложен феномен. Толеранцијата може да биде резултат на рамнодушност, рамнодушност кон вистината, неразликување помеѓу доброто и злото.
                 Тоа е топлоладна, либерална толерантност и таа не треба да му се спротивставува на фанатизмот. Можна е страсна љубов кон слободата и вистината, жестока приврзаност кон идејата, но со огромен интерес за човекот, за човечкиот пат, за човековата потрага по вистината. Слободата може да се сфати како нераскинлив дел од самата вистина. Човек не треба сѐ да трпи. Современата нетрпеливост, фанатизмот, современата ортодоксоманија воопшто не треба да се третираат толерантно, напротив треба да се третираат нетолерантно. На непријателите на слободата во никој случај не треба да им се дава неограничена слобода. Во извесна смисла, ни треба диктатура на вистинска слобода. Современите диктатури пак во сите нивни форми почиваат на духовни темели кои покажуваат сериозна ментална болест. Потребен е третман на духовно исцелување.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Николај Берѓаев


Извор: Cudo.rs

Ana.JanevAЗа Премин Портал подготви: Ана Јанева


https://www.cudo.rs/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%98-%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%92%D0%B0%D1%98%D0%B5%D0%B2-%D0%BE-%D1%84%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D1%83-%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%B4-2/

 

 

 

Друго:

Esen.vopark4.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная