логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Svetlina.lit.jpg


РАЗЛИКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ ОД ДРУГИТЕ ТРАДИЦИИ


Она што е кажано до тука јасно покажува дека православната духовност категорично се разликува од секоја друга “духовност” од источен или западен тип. Во центарот на православната духовност е Богочовекот, додека сите други се човекоцентрични, и затоа не може да има никакво мешање помеѓу различните духовности.

Разликата, на прво место, се појавува во догмите, во учењето. Затоа и се користиме со зборот “православна”, разграничувајќи ја оваа духовност од секоја друга. Се разбира, сфаќањето “православна” е поврзано со “црковна”, затоа што не може да постои Православие надвор од Црквата, ниту Црква надвор од Православието.

Догми се наречени решенијата на Вселенските собори по различни прашања на верата. Овие решенија се наречени ороси (гр. орој - граница, определување), затоа што ја подвлекуваат границата помеѓу вистината и заблудата, помеѓу болеста и здравјето. Догмите-оросите ја изразуваат вистината од Бога откриена, го формулираат животот на Црквата. Така, од една страна, тие се израз на откровението, а од друга - дејствуваат како “лекарства”, кои го водат човекот до општење со Бога, до смислата на неговото постоење.

Разликата во догмата води до разлика во терапијата. Ако не тргне по правилниот пат, човек нема да стигне до крајната цел. Ако не земе соодветно лекарство, тој нема да оздрави; со други зборови, нема да прими никаква корист од терапијата. Ова станува очигледно, кога ќе ја споредиме православната духовност со другите христијански “духовности”. Разликата се пројавува во пристапот и методот на терапијата.

Светите отци учат дека Црквата е “лекувалиште”, кое го лечи ранетиот човек. Можеме да го видиме тоа на многу места и во Светото Писмо, но ќе се запрам само на приказната за добриот Самарјанин. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: 'Припази го; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам' (Лука 10, 33-35).

Во оваа приказна Самарјанинот го изобразува Христос, Кој го лекува ранетиот човек и го води во гостилницата, т.е. во “лекувалиштето”, кое е Црквата. Тука очигледно Христос е претставен како лекар, Кој ги лекува човечките болести, а Црквата - како лекувалиште.

Карактеристично е тоа што свети Јован Златоуст ја коментира оваа приказна во истата смисла. Човекот го загубил животот во рајот, бидејќи станал жртва на ѓаволската лага и паднал во рацете на разбојниците, т.е. во рацете на ѓаволот и силите кои му се потчинети. Раните кои ги примил се мноштвото на гревови, како што вели Давид: Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое (Пс. 37, 5). Зошто секој грев предизвикува страдање и рана. Самарјанинот е Самиот Христос, Кој слезе на земјата, за да го излекува ранетиот човек. Тој го користи елејот и виното за раните, со други зборови откако го помешал Светиот Дух со Својата крв, Тој го оживотворил човекот. Според едно друго толкување, елејот е утешителното слово, а виното - разобличувачкото слово, кои комбинирани ја имаат силата да го соединуваат /распилениот-не знам/ ум. Тој го качи на добитокот свој, т.е. Тој ја прими човечката плот на рамениците на Својата божественост и се вознесе нетлен /нераспадлив/ при Својот Небесен Отец. Така добриот Самарјанин, т.е. Христос, го одведе човекот во големата, чудесна и прекрасна гостилница - во Црквата. Го повери на гостилничарот, кој е апостол Павле и низ апостол Павле - на сите епископи и свештеници, велејќи: Грижи се за незнабожците кои ги доведов при тебе во Црквата. Тие страдаат од болести, предизвикани од гревот, затоа, лекувај ги, користејќи ги како лекарства зборовите на пророците и учењето на Евангелието. Направи ги здрави со утврдувачкото слово на Стариот и Новиот Завет.

Така, според свети Јован Златоуст, Павле е оној кој служи на Црквата Божја, лекувајќи ги сите луѓе со својата духовна грижа и давајќи му го на секого од нив она за кое има потреба4.

Во толкувањето на оваа приказна, свети Јован Златоуст јасно укажува дека Црквата е лекувалиште, кое ги лечи луѓето, ранети од гревот и дека свештенослужителите, како апостол Павле, го лекуваат Божјиот народ.

Ова е назначението на православното богословие. Кога велиме православно богословие, ние ја немаме во предвид едноставно историјата на богословието. Последното, се разбира, е дел од богословието, но не го исцрпува. Во светоотечката традиција богословите се боговидци. Свети Григориј Палама може да го нарекува Варлаам “богослов”, но јасно нагласува дека интелектуалното богословие, суштински, се разликува од боговидението (љеоптиа). Богословите, според свети Григориј Палама, се боговидци (љеоптеј) - најмногу оние кои целосно му последуваат на методот на Црквата и се стекнале со совршена вера, просветување на умот и обожување. Според тоа, богословието е плод на човечкото исцелување, но исто така, и пат кој води до исцелување и до придобивање на богопознание.

Западното богословие се оддалечило од изворното православно богословие и наместо да биде терапевтично, тоа придобило повеќе интелектуален и емоционален карактер. На Запад схоластичното богословие се развило како диаметрално различно од православното: православното богословие е исихастично, додека западното е рационалистично.
Схоластичното богословие се обидува, по разумен пат, да го сфати Божјото откровение и да го приспособи кон философската методологија. Она што е карактеристично за ваквиот пристап го кажал Анселм Кентербериски: Верувам, за да разберам. Схоластиците го сметаат Бога за принцип и потоа започнуваат да го докажуваат Неговото постоење со разумни аргументи и рационални категории. Во Православната црква, како што се изразуваат светите отци, верата е Божјо откровение во човекот. Ние ја примаме верата од слушање (Рим. 10, 17), но не за да ја разбереме рационално потоа, а за да ни ги очисти срцата, за да ја постигнеме верата низ “созерцание” и да го почувствуваме Божјото откровение. Додека, схоластичното богословие ја прима како начало и потоа се обидува логично да ја објасни.

Схоластичното богословие ја достигнува својата кулминациона точка во личноста на Тома Аквински, кого Латините го сметаат за светител. Тој тврдел дека христијанските вистини се делат на природни и натприродни. Природните вистини - како што е вистината за постоењето на Бога - можат да бидат философски докажани, додека натприродните вистини - за Троичниот Бог, воплотувањето на Словото, воскресението на телата - не можат да бидат докажани философски, затоа и не можат да бидат соборени. Схоластицизмот, многу тесно, го поврзал богословието со философијата и најмногу со метафизиката. Како последица, верата била преиначена /изменета/, а схоластичното богословие било наполно дискредитирано, кога се /срутил-не знам/ “идолот” на Западот - метафизиката, на која се било потчинето. Схоластицизмот во значаен степен допринесол за драматичната ситуација во која се наоѓа Западот денес во однос на верата. Светите отци учат дека не постои природно и натприродно, а тварно и нетварно. Светите отци никогаш не ја восприемаат метафизиката на Аристотел. Меѓутоа, тука не е место за поопширно изложување на таа тема.

Западните отци во средниот век го разгледувале схоластичното богословие како надградба и развој на светоотечкото богословие. Од таа гледна точка произлегува западното учење дека схоластичното богословие го надминува богословието на светите отци. Според тоа, схоластиците кои се потпираат на разумот, се сметаат себе за такви кои стојат над светите отци на Црквата, и човечкото знаење, како плод на разумот - го сметаат за повозвишено од откровението и опитот.

Во овој контекст треба да биде разгледан и конфликтот помеѓу свети Григориј Палама и Варлаам. Варлаам, всушност, бил схоластик, кој се обидел да го вкорени схоластичното богословие на православниот Исток. Неговите погледи - за тоа дека не можеме вистински да знаеме Кој точно е Светиот Дух (чија крајна варијанта е агностицизмот), дека старогрчките философи стојат повисоко од пророците и апостолите (колку што и разумот стои повисоко од созерцанието на апостолите), дека светлината на Преображението е нешто создадено и минливо, дека исихастичниот начин на живот (т.е. очистувањето на срцето, непрекинатата умна молитва и друго) е бесполезен - се погледи својствени за схоластичното богословие, кое во пракса се претворило во едно секуларно богословие. Свети Григориј Палама ја предвидел оваа опасност за Православието. Низ силата и дејството на Пресветиот Дух, а и низ опитот, кој самиот го имал како наследник и следбеник на светите отци, тој се спротиставил, заштитувајќи ја православната вера5.

Во западната рамка на прашањето, ако ја споредиме православната духовност со латинската и протестантската, веднаш ќе ги видиме разликите.
Протестантите не поседуваат терапевска традиција. Тие ја нарекуваат спасение разумната вера во Бога. Но спасението не е прашање на едно рационално примање на вистината, а пред се, преображение и обожување на човекот преку благодатта. Ова преображение се извршува преку соодветната терапија на конкретната човечка личност, како што ќе видиме во следните глави. Според Светото Писмо, /както стана дума/, има вера од слушање и вера од созерцување (ек љеориај) - видување на Бога. Ние на почеток ја примаме верата од слушање, за да бидеме излекувани, а потоа ја достигнуваме верата од созерцување, која го спасува човекот. Бидејќи протестантите сметаат дека примањето на вистините на верата, теоретското примање на Божјото откровение, т.е. верата од слушање, го спасува човекот, тие не располагаат со терапевтско раководство. Можеме да кажеме дека слична концепција за спасението е многу наивна.

Латините исто така, не ја поседуваат во полнота терапевтската традиција, која ја има Православната црква. Нивното учење за Филиољуе е плод на нивната неспособност да ја разберат сврзката која постои помеѓу лицето и општењето. Затоа ги помешуваат личносните својства: нероденоста на Отецот, роденоста на Синот и исходењето на Светиот Дух. Оваа неспособност и неумешност за изразување на Троичната догма го покажува недостатокот на духовен опит и правилно разбирање на откровението. Единственот Отецот е причина за раѓањето на Синот и исходењето на Светиот Дух. Тројцата ученици на Христос (Петар, Јаков и Јован) ја виделе Христовата слава на планината Тавор и истовремено го слушнале гласот на Отецот, недостапен за обичниот слух: Ова е Мојот возљубен Син (Мат. 17, 5; Марко 9, 7; Лука 9, 35). Тие го виделе слегувањето на Светиот Дух во облак, затоа што, според зборовите на свети Григориј Палама, облакот е присуство на Светиот Дух. На таков начин, во созерцување и низ откровение Христовите ученици го стекнале познанието на Троичниот Бог. Им било откриено дека Бог е една суштина и три Ипостаси.

Така поучува и преподобен Симеон Нов Богослов. Во своите химни тој не еднаш повторува, дека преку божествената и несоздадена Светлина, боговидецот го прима откровението за Троичниот Бог. Светителите во созерцанието не ги мешаат ипостасните својства. Фактот дека латинската традиција достигнува до мешање на ипостасните својства и поучува дека Светиот Дух исходи и од Синот, го докажува недостигот на богословието, засновано на опитот. Фактот дека говорат за создадена благодат, исто така, означува дека немаат опит на стекнување на Божјата благодат, затоа што кога човек придобива опит од богопознанието, започнува да сознава дека оваа благодат не е создадена. Бидејќи Латините не го постигнале овој опит, тие очигледно не би можеле да имаат правилен терапевтски метод. И навистина, во целата латинска традиција нема да најдеме терапевтски метод, кој го откриваме во православното предание. Таму не се говори за ум (ноуј), ниту последниот се разликува од разумот (логикх), не наоѓаме учење за помраченоста на умот како болест и за просветленоста на умот како терапија. Повеќето извесни латински текстови се одликуваат со сентименталност и се ограничуваат на бесплодно морализирање. Православната црква, од своја страна, поседува богата традиција во оваа област, што сведочи за важноста на терапевтскиот метод.

Вистинитоста на секоја вера е посведочена со терапевтските резултати. Ако исцелува - значи е вистинска вера, ако не исцелува - значи не е вистинска. Истото можеме да го кажеме и за медицинската наука. Вистински обучен лекар е оној кој знае да лекува и постигнува позитивни резултати, додека шарлатанот не постигнува такви. Истото важи и во сферата на психичкото. Затоа разликата помеѓу Православието, латинската традиција и протестантските конфесии, пред се, се пројавува во сферата на терапијата. Разликите во терапијата се изразуваат во догмите на секоја исповед. Ниту догмите се философија, ниту богословието е философија.

Ако православната духовност се разликува категорично од “духовностите” на другите христијански исповеди, тогаш следува таа да се разликува уште повеќе од секоја “духовност” од источен тип, која ја носат сите религиозни текови, кои доаѓаат при нас од Истокот. Таму нема вера ниту во Богочовекот Христос ниту во Света Троица, а само философски погледи, несоодветни од гледна точка на Божјото откровение. Таму недостасува концепцијата за личноста и ипостасното начало, а исто така, и за љубовта како основен животен принцип. Некој, се разбира, во источните религии може да најде опит за очистување на разумот од образите и помислите, но во суштина, тоа е едно движење кон никаде, во небитието, недостиг на стремеж кон обожување на целиот човек.

 Се разбира, треба да го забележиме и тоа, дека источните религии содржат многу елементи на демонска “духовност”. Ете зошто, наспроти некои надворешни терминолошки сличности, православната духовност и источните религии се разделени со бескрајна провалија. На пример, источните религии исто се користат со поимите “екстаза”, “бестрасност”, “интуиција”, “ум”, “просветление” и други, но тие се исполнети со содржина, која воопшто не соодветствува на нивното значење во православната духовност.

Подготви: А.И.

 ikona.gulab.jpgАРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

 

 Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ

 

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная