логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!  ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

ИМА ЛИ СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА?

Зошто православните толку се уверени дека надвор од Црквата нема спасение? Дали е тоа лоша црта на нивниот карактер? Наследство на советската идеолошка нетрпеливост? Изживеаност на дамнешниот „средновековен" начин на размислување и чувствање? Во која мерка отвореното и скандалозното дистанцирање на православните од другите религии е својство на современите генерации на православни христијани т.е. она што зависи од нас самите, од нашиот менталитет, од нашето воспитување, а во кое е севековна норма на православниот поглед на светот? Израснува ли православниот изолационализам од желбата (гревовна, од гледна точка на светскиот морал) на делата на пастирите и современите мирјани, или тој, пак, израснува од самата суштина на Библијата и православното Предание?

Христијаните не се домаќини на својата Црква, ниту на својата вера. Уште за апостолите е речено: Не ме избравте вие Мене, туку Јас ве избрав васи. Христијаните не поседуваат никаква вистина. Да сме гностици или окултисти, кои со свои напори и со своја аскеза создаваат свои космогониски системи, би можеле да речеме за себе дека сме го нашле знаењето, и дека завладеавме со него. Но, во тоа и е работата што не го најдовме ние - ние бевме најдени. Вистината продрела во животот на апостолите и рекла: Тешко еза тебе да серидаш против бодило (Дела 9,5). Човек кој верува не ја „поседува вистината", тој Неа и служи. Значи, дури и при својата желба да бидиме „отворени" и „современи" ние просто не можеме да си измислиме нов Христос.

Влегувањето во Црквата е стапување во конкретна, жива заедница, на која Христос не и соопшти некаква разблажена збирка гатанкикоани, туку нешто сосема одредено. „Верата не е, резултат на осамено умување, во кое Јас, слободно од какви било спојки, нешто измислува за себе, барајќи ја вистината... И ако верата не е она што јас го измислувам, тогаш нејзиниот збор не ми е даден на самоволие и не може да биде заменет со друг".

Во Евангелието постојат многу нешта што мене приватно можеби и не ми се допаѓаат. На пример, во него се вели: „Блажени се гладните и жедните заради правдата оти тие ќе се наситат", мене повеќе ќе ме утешеше таму ако беше речено „блажени се (сиромашните) професорите во Богословија". Уште многу би сакал во Евангелието да ја немаше приказната за десетте девојки. Смислата на оваа приказна е јасна: може со сиот жар да се јавиме на повикот на Младоженецот, може да се стане христијанин и притоа на крајот да се разминеме со Христос - ако во светилникот на својата душа, во својот живот маслото на ревноста за Бога изгорело многу брзо, ако молитвениот пламен во почетокот на животот со Христос потоа незабележливо си го изгубил и кон крајот на својот живот си станал обичен млак човек, кој со зборови говори за Христос, но никого не го грее со своите дела. Мене повеќе би ми била по мера онаа концепција која постои во сектата „Семејство" (која порано носела име „ Деца Божји" и која скандалозно се прочу по тоа што меѓу средствата за проповедање на Евангелието се практикувала проституција, вклучувајќи и детска, нарекувајќи ја „пастирство на рипката која флертува") ако еднаш си поверувал во Христос, потоа никакви гревови не можат да те лишат од Царството Небесно, ти просто си осуден на спасение.

Би сакал да издвојам и една доктрина од Висарионовата секта („Заедница на единствената вера"). Тие имаат многу симпатична концепција околу тоа дека човекот живее на земјата седум пати. Кога го запрашав Висарион (тој се прогласил за христос на второто доаѓање), што сака навистина ново да им објави на луѓето, „Синот Човечки му рече на магистерот по богословија" дека целта на Доаѓањето е - да се објави вистината за тоа дека ние живееме само седум пати. Всупшост: традиционалното христијанство смета дека човекот ја стекнува оваа или онаа вечност сноред резултатите на едниот од свој живот(„И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа - суд" - Евр. 9, 27). Источните религии зборуваат за милиони реинкарнации. Традиционалната христијанска варијанта е премногу строга и одговорна. Источната е многу напорна. И еве седум обиди - тоа е токму како што треба...

Можеби јас приватно би сакал многу работи да променам во Евангелието ... Но, не можам - зашто како може христијанинот ќе го цензурира Евангелието?! Ако сме „купени во послушанието Христово", тогаш не треба да го прилагодуваме Словото Божјо според своите желби и на нашето ниво на сфаќање, туку самите да се потрудиме да го сфатиме - што и со каква цел ни објавува Светото Писмо. Можеме да бидеме огорчени затоа што Татјана Ларина го одбила Огненин. Но, ако сакаме да го сфатиме Пушкин, а не само да ја изразиме својата точка на гледање на животот воопшто и посебно на „слободната љубов", поплодоносно би било да се замислиме над тоа зошто Пушкин, сепак, избрал токму таков крај... Ако, сакаме да го сфатиме она најважното во Евангелие-то - т.е. да сфатиме зошто Бог постана човек и зошто Он не се ограничи само на проповедта и беседите, туку, покрај тоа, и умре и воскресна, тогаш треба барем внимателно да се задлабочиме во Светото Писмо. А оваа или онаа своја желба, оваа или онаа модерна мисла треба да ја споредиме со Светото Писмо.

Значи, околу христијанското уверување за тоа дека нема спасение надвор од Христос - дали тоа е плод на човечки нетрпеливости и ограничености или е неизбежен и логичен заклучок од она откровение, кое е оставено во Светото Писмо?

Низ целата Библија се провлекува разобличувањето на паганството. Паганството е религија на „јазикот", на некрстените народи. Тоа е плод на човечкото религиско творештво. Христијанското богословие ги признава оние механизми на создавање на митови кои ги опишува современата наука за религијата, филисофијата и психологијата на религиите. Ние само велиме: овие човечки механизми делуваат во потполност и детално во паганските религии, но не се доволни за објаснување на христијанството. Покрај механизмите на „архетииови", „проекции", „сублимации", „потиснување" и сл. за објаснување на христијанството потребен е уште најмалку Самиот Христос. Можеби поразот на Спартак навистина ја оле-сни победата на Христос. Но, за таа победа, сепак, беше потребен самиот Христос.

Од гледна точка на библиското богословие паганството е плод на религиското испитување на луѓето, а Заветот е резултат на тоа што Бог им се откри на луѓето. За другите религии може да се рече дека во нив луѓето го бараат Бога. А во Библијата се раскажува приказната за тоа како Бог ги бара луѓето. Една од првите слики во Библијата е Адам кој се крие од Бога под гранката (1. Мој. 3, 8); а клучна епизода е „се приближи Царството Небесно"; луѓето, сепак, се нашле зафатени со Радоста; ги стигна Евангелието... Библиската вера не е творба на старозаветниот Израил. Библиската вера не е некаков систем на верување, кој самиот еврејски народ го создал многу одамна. Библијата му е наметната на Израилот, тој не ја создаде неа. Мојсеј речиси со сила го изведе својот народ од Египет, а целта на неговото 40-годишно патување за последица ја има смртта на неговиот сопствен народ... Оние кои се родиле во ропство, оние, кои биле премногу проникнати во египетскиот магизам и паганство, не можеле да влезат во Светата Земја. И самиот Мојсеј само од далеку ја гледал, но не влегол во Ветената Земја. Тие 40 години биле низа непрестајни бунтови на Израилот против Мојсеј и неговиот Бог. Потоа, судиите и пророците стапуваат во борба против паганските стремежи на својот народ. Изработката на идоли и спиритизмот, магијата и астрологијата, воодушевувањето од паганските доктрини и од праксата на соседните племиња - ете тоа е она, кон што во најмала несреќа народот му се приклонува, а од каде повторно и повторно ревнителите, избрани од Бога го одвлекуваат. Пророците и судиите и со силата Божја и со мечот ги убиваат бунтовниците; одметниците (кои ги изразуваат надежите на народот, т.е. фантазијата за магија, која донесува богатство) ги убиваат и гонат пророците:

Други, пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение; а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор; со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во мака, во срам — оние за кој свепшт беше недоспшен — скитаа по пустињи, по ридови, по пештери и земни бездни (Евр. 11, 3 - 32).
А зад овие луѓе стоеше Бог, во чии очи Израилот е сличен на дете: При твоето раѓање - во денот кога се роди - папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не п!е повија. Ничие око не се смили на тебе, та од милост кон тебе да те направат нешто од тоа; но те фрлија во поле од презир кон твојот живот во денот на твоето раѓање. Минував јас покрај плебе и те видов оставен како преташ во крвта твоја, па ти реков: ,живеј во крвта своја!' Така ти реков и пак Јас - ,во крвта своја живеј!' Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана Голема и се здоби со Голема убавина: твоите Гради се надигаа, а косапш ти порасна; но беше Гола и непокриена. Минував покрај тебе и те видов, а тоа беше времето твое, време за љубов; Ги прострев полите од облеката Своја врз тебе и ја покрив Голотијата твоја; па ти се заколнав и стапив во сојуз со тебе, вели Господ Бог - и ти стана Моја. Те измив со вода, ја измив од тебе крвта и те помазав со елеј. Ти облеков везана облека и ти обув црвени сандали, те опашав со висон и те покрив со свилен превез. Те искитив со накити и ти ставив Гривни на рацете, а околу вратот - веришка. Ти ставив прстен на носот, обетки на ушите, а на Главата прекрасен венец. И така, ти беше украсена со злато и сребро, а облеката ти беше висон, свила и везана ткаенина; се хранеше со леб и најдобро пченично брашно, со мед и елеј, и беше многу убава, па достигна царско велелепие.И се разнесе славата твоја меѓу народите поради твојата убавина, зашто таа претставуваше полно совршенство при великолепниот накит, со кој те искупив - вели Господ Бог. Но ти се надеваше на убавината своја и користејќи се со славата своја, почна да блутствуваш и живееше блудно со секој минувач, подавајќи му се. (...) Ти изгради куќи за блуд, на својата улица ги направи. Во почепшкот на секоја улица направи куќа за блуд, ја страмотеше твојапш убавина, ги рашируваше нозете твои за секој минувач, го преумножи твоето блутствување(...) Колку ли треба да е истоштено срцето твое - вели Господ - кога сето тоа го вршиш како неприбрана блудница!(...) На секоја блудница и се даваат подароци, а ти самапш даваше подароци на сите свои миленици и ги поткупуваше, за доаѓаат при тебе од сите страни и да блутствуваат со тебе.(...) Па поради пша чуј го, блуднице, словото Господово.(...) Затоа, еве, Јас ќе ги соберам сите твои миленици, со кои се насладуваше и кои ти ги љубеше, како и оние што ги мразеше, и ќе ги соберам одред сите против тебе и ќе ја разоткријам пред нив голотијата твоја, и ќе го видат сиот срам твој.(...) Ќе те предадам во рацете нивни и тие ќе ги разрушат блудништвата твои и ќе ги расфрлаат, ќе ги соблечат облеките твои од тебе, ќе ги земат накитите твои и ќе те остават гола и непокриена. Ќе свикаат против тебе собрание, ќе те убијат со камења и ќе те расечат со мечевите свои.(...) Опш така вели Господ: 'Јас ќе постапам со тебе, како што постапи ти, кога ја презре клетвата, нарушувајќи го сојузот. Но Јас ќе се сетам на Мојот сојуз со тебе во деновите на твојата младост и ќе востановам со тебе вечен сојуз. А ти ќе се сетши на твоите патишта и ќе ти биде срам.(...) За да помниш и да се срамуваш, и во иднина да не можеш од срам да ја отвориш устата, кога ќе ти простам се што го правеше ти - вели Господ Бог. Не ми е мила смртта на грешникот но да се обрапш и покае за своите гревови и да биде жив (Језек. 16, 4-18, 63)

Можеме да се потсетиме и на зборовите, со кои Христос се обрати на Израилот: Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш ис-пратените при тебе! Колку пати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошката што ги собира пилињата свои под крилјата, а вие нејќевте. Ете ви се остава вашиот дом пуст ( Матеј 23, 37-38).

Значи, религијата на Заветот на Израилот му е наметната, не ја создал Израилот. И кога Израилот нема да го прифати Новиот Завет, па му се остава дом пуспѓ, кога „старите исчезнааи (т.е. заминале пророците и благодата Божја), тој најпосле во потиолност им се предаде на желбите на своето срце и си ја создаде за себе онаа религија, која пророците му забранувале да ја создаде. Израилот создаде религија припишувајќи си ги на себе самите божествените особини. Ја создаде Кабала. Се она што го забрануваше Стариот Завет, постои во Кабала - магија и окултизам, астрологија и отфрлање на Едниот Личносен Бог - Творец. Дури и паганската доктрина за преселбата на душата се појавила меѓу првите во испустениот дом Израилев.

Додека Промислата Божја го чуваше и насочуваше религискиот живот на Израилот, тој беше полн со чудесии. Дека човекот, кој прв пат доаѓа во допир со духовниот свет, се обидува пред се да се занимава со магија - во тоа нема ништо чудно. „Што е побрзо, тоа е поефтино" - со овие вообичаени пазарни побарувања тој ја преминува границата на светот на духовите. Од гледна точка на историја на религијата постоењето на религијата на Стариот Израил е чудно - религија без „божествени бракови", без митови за потеклото на соѕвездијата и планетите, ре-лигија без поклонување на ѕвездите и духовите, религија без култ на претците: религија без божица на богатството и без поклонување на божеството на смртта.

За да се забележи необичноста на религијата, даде-на на Стариот Израил, треба да се забележат две нејзини чуда - необичноста на нејзината космологија и нејзината танатологија (учење за смрта).

Во обичната религиска слика на светот космосот е триделен: постои небесен свет (светот на боговите и на блаженствата), постои подземен свет (пеколното царство на смртта и злото), и постои средниот свет на луѓето. Тричлената поделба на светот се опишува во првата страница на Библијата. Но со еден неочекуван детал: светот се состои од:
1) води, кои се повисоки од небесата;
2) небесата и
3) поднебесниот круг.
Овде нема подземје. Подоцна Библијата ќе рече: „Бог не ја створи смртта". На првата страница на Светото Писмо едно е очигледно: „Бог не го создал пеколот". А потоа, при читањето на Светото Писмо човекот забележува дека светот на злото, светот на оние духови кои не го симпатизираат премногу човекот, Библијата не ги сместува под земја, туку над земја. Земјата е блокирана планета, таа е опкружена со појас од духовни стихии, непријателски настроени кон човекот, низ кои наднебесниот Творец мора да се пробива до луѓето.

Во десеттата глава на книгата на пророк Даниил ангелот, кој тој го молел за помош, можел да дојде кај него дури по три недели откако му се обратил пророкот.

А причината за своето задржување Ангелот со Голема сила (Дан. 10, 1) ја објаснил вака: Од првиот ден кога Го управи срцето свое да постигнеш разбирање и да се смириш пред твојот Бог, зборовите твои беа примени, ијас сакав да дојдам според зборовите твои. Но кнезот на персиското царство стоеше спропш мене дваесет и еден ден; но, ете, Михаил, еден од првите кнезови дојде да ми помогне и јас останав таму при персискиот цар. А сега дојдов да ти кажам... (Дан. 10.12-13). Значи, Господовиот гласник без пречки не може да продре во светот на луѓето. Некои духови, кои кон себе си го свртеле религискиот ентузијазам на иаганите (во дадениот случај Персијците), и даваат реален отпор на благодатта. И само со помошта на архангел Михаил (кој во црковното предание не случајно се нарекува „архистратиг, т.е. војсководец на Небесните сили") Господовиот гласник успеал да ја прекине блокадата - и тоа само на одредено време. Сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе излезам јас, ќе дојде грчкиот кнез (Дан. 10, 20).

Овде демоните се нарекуваат според името на оние пагански народи на кои им служат. Но, тие не живеат на земјата од овие народи, ниту под неа. Од гледна точка на секојдневното митолошко мислење, местото на престојувањето на демоните е под земјата, таму каде што врие магмата. Но, во Библијата станува збор за тоа дека духовите на злобата живеат во небесниот свет. Тие така и се нарекуваат - поднебесиите духови на злобата ( Ефес. 6,12), а во никој случај не „подземни". За библиските автори богоборечките духови се некакви космички битија, токму жители на небесните, а во никој случај на подземните сфери. Очигледно е дека оној свет, кој луѓето навикнаа да го нарекуваат „очигледно небо", ниту малку не е безопасен, дека тој се стреми за себе да го потчини срцето човеково...

Небесата го кријат Бога од човекот - и оваа блока-да треба да се пробие. О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! - извикува старозаветниот пророк Исаија (Иса. 64, 1). Уште една древна библиска книга ги изобличува Јудејците поради тоа што ги оставивте сите заповеди на Господа својот Бог (...) и се поклонуваше на сета војска небеска (2. Цар. 17, 16)? Веќе во петте книги Мојсееви единственоста на религиското искуство на Израилот се опишува на следниот начин: И да не се соблазниш ти, кога ќе погледнеш кон небото и го видиш сонцето, месечината и ѕвездите и сета убавина небеска, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ твојот Бог, ги определил за сите народи под небото. А вас, пак, Господ Бог ве зеде и ве изведе од железната печка, од Египет, та да бидете народ Негов, како што сте тоа денес (5. Мој. 4, 19-20). Пророк Исаија ќе го предвиди денот на гневот, денот на падот на „космичките хиерархии": И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиток; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист - од смоква. Зошто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едем и над народот, за да биде казнет народот што го проколнав (Иса. 34, 4-5).

Настанува време на Новиот Завет - а тоа никако не е време на помирување на Бога и космичките духови. Се покажува дека тоа е време на нивниот одлучувачки бој. При религиското, а не моралистичко читање на Новиот Завет не може а да не се забележи дека Христос е - Воин, и Он дирекно зборува дека води војна против непријателот, кого го нарекува „кнезот на овој свет" (Јован 12, 31). Во овие Негови зборови постои еден детал, кои луѓето не го забележуваат, ако не се обратат на грчкиот текст на Новиот Завет. „Кнезот ( владател) на светов (космосот)" е превод на грчката синтагма „αρχον του κοσμου".

Кај апостол Павле постојат карактеристични зборови: Оти нашата борба не е пропшв крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители иа темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата". (Ефес. 6,12). „Господари" овде се „κοσμοκρατορες", космократори. На современ жаргон „ κοσμοκρατορες " во потнолност може да се преведе како „космодржец".

Светот сам по себе не е лош. Не, самиот космос го создал Бог, го создаде оној Логос, Кој се воплоти во Христос. Но, бидејќи во почетокот Бог ги создаде небото и земјата (1. Мој. 1, 1), во небесниот свет се случи одреден расцеп. И дел од ангелските сили од тогаш полагаат право на самостојност, безбожна власт над човекот и неговиот свет. Преподобниот Антониј Велики вака зборува за потеклото на паганството: „Значи, како прво, знаеме дека демоните не се нарекуваат така затоа што така се создадени. Бог не создал ништо лошо. Спротивно на тоа, и тие се создадени добри; но, кога паднаа од небе-сните висини и веќе кружејќи околу земјата, паганите ги соблазнувале со сеништа".
Сите посланија на апостол Павле едногласно говорат за Крстот како за победа на Христос над некои „космички власти", кнезот на власта воздушна (Ефес. 2, 2; црковно-словенски превод). Против нив се бореше Христос - ја одзеде силата од началствата и властите. Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него (Кол. 2,15).

А сега, по воплотувањето на Бога во поднебесјето, човекот може да стапи во контакт со Наднебесното Битие: И колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна сплрана на небесата, повисоко од секое началство, власт, сила и Господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, и се Му се покори под неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело (Ефес. 1,19-23).
Според објаснувањето на преподобниот Максим Исповедник, Крстот ги уништи „непријателските сили, кои го исполнуваат средното место помеѓу небото и земјата" Дури и повеќе, се покажува дека токму изборот со погубувањето на крстот, т.е. такво погубување кое не се случува на земјата, туку во воздухот, во домостроителската Промисла е поврзан со потребата да го освети „воздушниот простор" - т.е. онај простор, кој ги дели луѓето од Оној, Кој е повисок од небесата. Голготскиот Крст е тунел, пробиен низ мноштво демонски сили кои имаат намера да се иретстават пред човекот како крајна религиска реалност. Така во секој случај за тоа сведочи Св. Јован Златоуст: „А зошто Тој се кали на висините на Распетието, а не под покривот? За да ја исчисти воздушната суштин".

И, ете, после Педесетница првомаченикот Стефан ги гледа Небесата отворени, низ кои го гледаме Синот Човечки како стои од десната страна на Бога (Дела. 7, 56). Спасителот, Кој го здогледал маченикот Стефан, ја завршил борбата, чиј резултат ап. Павле го гледа во тоа што оттогаш Христијаните Го имаат Големиот Првосвештеник, Кој преминал преку небесата, Исуса, Синот Божји (Евр. 4,14).

Ништо не смее да го раздели човекот од Бога - ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ии силите, ни сегашнината, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, иекоја друга твар ќеможе да  не оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим. 8,38-39). Вистинската религија не е контакт со духовите во космосот. Религијата е врска на човекот со Бога. Со Оној Кој првобитно ги создаде космосот и човекот, а не со нешто таму што се појавило во космичките простори. Св. Јован Златоуст го споредува небото со завесата во ерусалимскиот храм. Па ете, паганите се луѓе кој се заплеткале во завесата и предвреме паднале на колена не доаѓајќи до вистинската Светиња.

Сите народи на земјата тргнаа по патот за контактирање со „космичките духови", и поради тоа „главната мисла на поголемиот дел на Стариот Завет може да се нарече Божја самотија". Јас газев во каца сам, и никој од народите не беше со Мене (Иса. 63, 3). Тогаш Бог си создаде за Себе нов народ за да го заштити барем него од поклонувањето на „божицата на небото" (Јере. 44,17).
И тоа не заради тоа што Бог посакал да го прекине кругот на Својата осаменост. Просто луѓето умирале во оваа блокада: та тие биле опкружени со она, за кое е речено дека е „човекоубиец од почетокот (Јован 8, 44).
Човекот во себе нема извор на вечен живот. „Човекот не е создаден по природа ни како смртен, ни како бесмртен. Зашто да го создадеше Бог во почетокот бесмртен, тогаш би го направил Бог, а наспроти тоа, да го создал како смртен, тогаш би се востановило дека Самиот е виновен за неговата смрт. Значи, Он го создал како способен и за едното и за другото" (Св. Теофил Антиохиски, Писмо до Автолик, 2, 27). Човекот сам по себе нема ни потреба да умре, ни полнота, потребна за бесмртност. Тој поседува само одредена потенцијална сила: за што ќе се „заложи" со својот живот, таков и ќе стане.

Човекот може да дише со Бога, и тогаш станува бесмртен. Но ако човекот е затворен во самиот себе и во светот на невечните творби - ќе умре. Човекот, каков што го гледа Православието, личи на нуркач, кој добива воздух од црева на бродот. И еве, овај нуркач со невнимателено движење го превиткал цревото и го губи здивот. Бескорисно е одозгора да се вика на него, да се кара, или, напротив, нежно да му се јави дека капетанот не му се лути нему заради оштетената сопственост. Потребно е некој одозгора да скокне во водата и да му додаде ново црево со благотворен воздух и, на тој начин, да му овозможи на несреќникот да вдахне. И плачот на луѓето во Стариот Завет кон Бога е во тоа дека меѓу нас нема посредник (Јов 9, 33). На давеникот нема кој да му донесе Небесен Здив.

Почетокот на човечката историја беше осветлен со космичка катастрофа. Преку гревот во светот влезе смртта. Може да се каже дека во светот експлодирал духовен Чернобил. Суштината не е во тоа дека Бог се лути на нас и дека за прекршокот на Адама казнува генерација по генерација. Ние самите ја создадовме смртта. Ние сме виновниците за тоа што целиот свет, целиот космос почна да им се потчинува на законите на гнилежноста и распадливоста. Бог, напротив, бара начин да не спаси од радијацијата на смртта.

Во Чернобил навидум се е мирно. Но човекот што го пие тамошното млеко, пие смрт. Кога вдишува шумски воздух - вдишува смрт. Кога собира печурки - собира смрт... Зошто не смее да се трча во центарот на Москва? Затоа што дишењето е поинтензивно, а колку повеќе воздух на човекот ќе му помине низ белите дробови - толку повеќе гнасотија ќе се наталожи во нив.

Така е и во светот по првородниот грев: што повеќе „космички енергии" човекот ќе пропушти низ себе - толку повеќе производи на распаѓање ќе се наталожат во неговата душа... Така сите „космички откритија" и „екстрасензорските движења на рацете", сите приклучоци на „енергијата на космосот" и на „неиспитани ресурси на човештвото" се обременети со уривачки енергии... Паганството заради тоа во Библијата има уште еден атрибут: ропството на празните и ништожни стихии на светот. Па така и ние, додека бевме малолетии, бевме поробени од стихиитена светот;... А сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кој пак сакате одново да им служите? (Гал. 4, 3-9). Во грчкиот текст тоа се στοιχεια, „стихии" т.е. на грчкиот јазик се мисли, на оние стихии од кои се состои космосот. Световните стихии (Кол. 2, 8 и Гал. 4, 3) тоа се στοιχεια του κοσμου. Треба да се одбегнуваат контактите со космичките стихии зашто со Христа умревте за световните стихии (Кол. 2,20)

За избегнување на игрите со „стихиите" (т.е. религиски сфатените „космички енергии") постои цврсто основана причина: тие не се вечни. Еднаш создадени, овие разгорени стихии ќе се стопат (2. Петр. 3, 12). Значи, душата, која е проникната со нивните енергии и која наместо силите Божји ги прифатила нив, ќе изгори заедно со нив. За стекнување на бесмртност на душата потребен е продор низ легиони космички „енергии" и да се причести со Единствениот Бесмртен (1. Тим. 6,16). Така, за да се избегне тажната иднина, не треба во сегашноста да градиме свој религиски живот кон наклонетостите на космосот.

Воопшто космосот со ниту еден од своите делови не може да даде бесмртност. Тој може да се сфати како бесконечен, како вечен во својата целина. Но, кој било негов составен дел е вовлечен во кружењето на стихиите, и поради тоа онаа комбинација, која во даден момент го прави овај конкретен дел на „пројавеното битие" порано или подоцна ќе се распадне. Човекот - многу брзо; каменот - долго; Брама уште некое време ќе се задржи во битието, но потоа исто така ќе исчезне во кружењето на елементите. Само доколку човекот има наткосмичка поткрепа на битието, т.е. ако имаме наткосмичко потекло од наткосмичко Битие, Кое воопшто не Го ни допрел временскиот тек, имаме можност за лична бесмртност. Ако постои Личносен Бог, Бог слободен од космосот, личносен и трансцендентален во однос на светот, за Кого космосот е Негова слободна творба и затоа космичките циклуси, кои Тој слободно ги создавал, никако на себе не го потчинуваат својот Творец, и ако човекот е лик на таквиот Бог - само тогаш човечката личност има заштита од космичкото бришење на границата, од уништувањето во космичката стихијност.

А ако човекот не стигнал до Бога, зашто се заплеткал во „небесата", „плановите" и „астралите" - Бог не може да му ја пренесе Својата бесмртност.
Затоа постои уште едно изненадувачко чудо во религијата на Стариот Завет: оваа религија ништо не им зборува на своите следбеници за преживувањето на човекот (неговата душа, „атаманот" и сл.) по телесната смрт. Всушност тоа, а не прашањето и потеклото на создавањето на светот, е главно, она што најмногу го интересира секој човек во религијата: „Господе, како ќе умрам?"
Религиите секаде зборуваат за тоа дека човекот надвор од овој живот го чека отплата: зло за злото што го наиравил и добро за доброто што го направил.

Религиите многу се разликуваат во одредувањето што е добро, а што лошо за подоцнежната судбина на душата.
Религиите имаат потполно различни одговори на тоа кој дел на човекот е тој што може да влезе во иднината. Многу се различни и претставите за тоа каква ќе биде таа идна, вистинска реалност. Религиите воопшто можат на различни начини да го замислуваат овој иден живот (растворање во Апсолутот, потопување во Нирвана, подобра инкарнација, живот во светот на боговите и предците, телесно воскресение и сл.). Но сите тие говорат: она што си го започнал на земјата, ќе продолжи во иднината.

Така кажуваат сите религии, но не и религијата на Стариот Завет.
Човечкото религиско мислење природно создава свои претстави за идната судбина на човекот. Но, во тоа и е работата што религијата на Библијата не е човечка религија. Интересирањето за „космографијата" и за состојбата по смртта, толку природно и толку страсно кај окултистите во сите времиња, Библијата не го поттикну-ва. Природните, премногу природни, нагони за создавање митови се задржуваат во Библијата со уздата на законот и огнот на пророчките проповеди.

Сметам дека и ов де е возможен сле дниот логичен тек: во фактот што Стариот Завет не одговара на најприродните прашања на човечкиот разум и срце, гледам потврда за неговото нечовечко, натприродно потекло.

Старозаветните книги не знаат за идеата за посмртна награда, не го очекуваат рајот:
Спомии си, дека животот мој е ветар, дека окото мое нема добро да види. Нема да ме види окото на онај што ме видел; Твоите очи се на мене, — а мене ме нема, нема повеќе да се врати во куќата своја; ни местопло негово нема веќе да се позне. Зашто нема веќе да ја воздржувам устата своја; ќе говорам и ако сум тажеи во духот свој, ќе се поплакувам во горчината на душата своја (Јов 7, 7-11). Смртта, како што ја гледаат старозаветните автори, не е ослободување од телото, ниту е чекор кон соединување со Божествениот дух. Овде, на земјата, може да се зборува со Бога. А смртта е онаа бездна во која не се спушта дури ни погледот Божји, и оној простор кој не го опфаќа Божјото сеќавање и Божјата промисла ... Бог не може да се грижи за она што го нема. Тоа ги плаши луѓето на Стариот Завет, но таква е реалноста што ја објавува. Тие би сакале поинаку да мислат за смртта - но Откровението, кое тие го добиваат, не се сложува со очекувањата на човечкото срце, и молчи за тоа што човекот би сакал да слушне...

Во структурата на создавањето на светот од прародителскиот грев на првите луѓе дошло до пресврт, кој ја прекинал животворната врска на луѓето и Бога. Во самата природа на човекот дошло до мутација, која го прави неспособен за комуникација со Бога. Дури ни во смртта праведникот не се соединувал со Бога. Пред Христа Царството на Радоста уште не може да го впие во себе светот, и никој од светот не може да го прими во себе.
Еве што е важно да се истакне за да се сфати христијанството: основата на која тоа зазвучило како „Радосна Вест", како Евангелие, беше еднобојно темна. За никого немаше никакви надежи. Светот беше отсечен од Животот. Две многу истакнати антички рабински училишта - Хилел и Шамај - поминале три години во дискусија на темата „не е ли човекот залудно создаден?" И дошле до заеднички заклучок: за човекот подобро би било да не доаѓа на свет.

Паганскиот свет, исто така, ги исцргш првобитните залихи на оптимизмот (во која било авантура, особено во окултизмот, човекот се фрла со огромна резерва на надежи, и во прво време овие надежи се, наизглед, ос-новани - за потоа да се нревртат во уште поголемо разочарување). Класичниот иаганин се чувствува како дел од космосот и се теши или со тоа дека деловите кои ја сочинуваат неговата личност по неговата смрт ќе го продолжат патот на космичките скитања, или со тоа, дека космосот (или полисот, градот, родот) ќе постои и по неговата поединечна смрт. Но, пред крајот на Стариот Завет и паганскиот свет почувствувал дека човекот не е просто честичка на космосот, дека човечката личност е тајна и дека е вредност која ја надминува тајната и вредноста на космичките стихии. И тогаш првобитниот оптимизам се заменува со радикалниот иесимизам. Во Индија се бараат иатишта за ослободување од тркалото на реинкарнациите и од космичките илузии. Во медитеранскиот антички свет се опева храброста пред лицето на смртта и самата смрт - зашто човекот нема повеќе со што да се утеши*. Се раѓаат Мистерии - но нивната помош е илузорна; „Вистината во овој култ кон Големата Мајка е длабока иотреба за избавување од смртта, надеж во идниот живот, свест за тоа дека човекот не може да се спаси со сопствените сили и дека мора да бара помош одозгора; вистинското барање е благата Мајка, која донесува бесмртност, барање на совршена севозможна жртва и надевање во тоа дека во природата мора да се роди Избавител. Лагата е во тоа што сите богови биле лажни богови; обоготворување на природата, нејзини производни растителни сили, лажно е тоа што луѓето си мислеле дека ќе оживеат со силата на Мајката Природа; лажна е самата претстава за идниот живот како бесконечни повторни раѓања или за похотливиот живот на небесните жители; лажни се похотливите оргии со нивните одвратни симболи. Значи, грчкиот натурализам ни изгледа како смеса на релативни вистини и лаги".

Природата ни самата не може да се избави од смртта - па како ќе може да му подари вечност на човекот? Според степенот на разбирање на оваа вистина луѓето со се поголема заинтересираност гледале на христијаните: А зошто вие не се плашите од смрта? Што е тоа што ви се откри во вашите обреди, кога сте спремни да умрете за својот Христос? Тие што оделе да фрлат поглед на погубувањето на христијаните, често си заминувале од арената со прашањето: Што е тоа што го знаат овие христијани за смртта што им овозможува без страв и без цинизам да чекорат во средба со смртта? Така крвта на мачениците станувала семе за Црквата.

А Христијаните просто знаеле, дека поради тоа што ќе умрат, ќе бидат со Христа: „... и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибериме при Господа (2. Кор. 5, 8). Како што очекувам со нетрпение и се надевам дека со нишпт нема да се посрамам, но при секоја слобода, како секогаш, и сега ќе се возвеличи Христос во моето т.ело - било преку животот, било преку смртта. Оти за мене животот е Христос, а смртта - придобивка (Фил. 1, 20-22).

Се што е претходно изложено беше потребно за да се објасни појдовната разлика помеѓу христијанскиот поглед на светот и она кое денес владее со умовите на луѓето. Само христијанството знае за идеата на прогресот: беше многу лошо, беше „старо" и еве - осамна зората на обновување на сите твари. Светот на рационализмот и просветителството, светот на позитивизмот и хедонизмот на последните векови, макар и да се колне во верноста на идеата за прогрес, всушност во најважното не го гледа и не го признава прогресот. Не забележувајќи го единствено важниот Прогрес во пробивот од Стариот Завет кон Новиот, нашиот век со мали „подобрувања" ја замени големата идеја на Новоста. Прогрес во воената технологија, прогрес во експлоатација на земјата и „човечките ресурси", подобрувања во секојдневниот живот и во грижата за телото... „Па зарем културниот прогрес ќе си постави себеси таква задача, како што е уништувањето на смртта? Знам дека нема да си постави, но всушност поради тоа ни тој самиот не може да се постави многу високо"- рекол во својот тестамент Владимир Соловјов.

Современиот свет претпоставува дека се секогаш во принцип било добро. Во космичкото стопанство е се во ред, и само недоволната просветеност на луѓето им пречи да ги стават во ист калап сите „општочовечки вредности". А главното е тоа дека и покрај тоа што нема никаков Творец, за среќа сепак човекот е создаден (од страна на космосот, не од Бога!) како птица за лет. И која било религија, која било философија и политика мораат да ги оправдаат претензиите на човекот на неговото право на среќа. Радикалните атеисти (егзистенцијалисти), кои тврделе дека во светот нема смисла, и затоа искрата на самосвеста во човекот е страшна и болна грешка на бесмислениот космос, прогласени се за несовремени, токму како и христијаните.

Во вселената владее еволуција на подобрувања: стандардот мора да расте не само во овој живот, туку и во идниот. Тука е барањето на масовна свест до Христијанството: Утешете не, речете дека можеме да живееме според стандардите на потрошувачкото опшество, можеме секојдневно да го исповедаме практичниот материјализам, а за тоа Исус, заедно со Буда, ќе не воведе после разделбата со телото во побогати и посликовити и посреќни светови. Дозволете без каква било иронија да ја пееме песната на Борис Гребеншчиков: „Буда скита по Голгота и вика: „ Алах агбар!" И пред се - избавете не од потребата да мислиме, избираме и воопшто свесно да ја чуваме својата душа. Ние ништо не знаеме за светот на религиите - и за тоа за нас сите религии се исти, и затоа ние многу сме верски толерантни. Вие, богословите, не бунете го нашиот ентузијазам и дозволете ни да се сметаме за хрис-тија п. без оглед на нашиот окултизам. Не пречете ни да се сметаме себеси за духовни („езотериски") христијани, и покрај тоа што Евангелието само еднаш сме го прелистале, а никогаш не сме го исполнувале на дело.

И еве овде јас можам да кажам само едно: можеме да избираме духовни патишта, можеме да ги следиме, или не, духовните закони. Но, овие закони се исто толку независни од нашата желба, колку и законите на астрономијата. Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло. ... Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое (5. Мој. 30,15-19), Мојсеј им го пренесува на луѓето Законот на Творецот. Ние не можеме да му понудиме на Бога маршрути по који би сакале да одиме. Наиротив, Тој за нас го отвори духовниот пат, на кој Тој може да се најде, и нредунредил на тоа, во кои случаи луѓето не го наследуваат Царството Божјо.

Значи, разликата помеѓу апостолите и современте „богоградители" е: Апостолите знаеле дека целиот свет лежи во зло (1. Јов. 5,19) и затоа се радувале што Господ ја открил можноста за спасение „како кај некои". Современиот свет е уверен дека космичките патишта се добри, дека во религијата нема ништо опасно, дека сите луѓе ќе бидат сиасени, и затоа тоа потсетувањето на евангелското сведоштво за тоа дека патиштата на луѓето неповратно ќе се поделат го доживува како скандал.

За разлика од современата идеологија на подобрувањето, христијанството е религија на спасението. Се спасува оној на кој повеќе не може да му се „помогне". Се спасуваат таму каде што повеќе не може да се остане „на совети". Не се спасуваат од недостатоци. Се спасуваат од
смртта.

Христијанството е Новиот Завет. Тоа значи дека се покажало дека претходниот облик на религиозност е недоволен, дека се покажало дека е беспомошен. Тоа значи дека надвор од Новиот Завет луѓето не можеле да му се приближат на вистинскиот Бог - и затоа Господ не усовршил некаква постоечка филозофска традиција, туку дојде Сам, и во Својата Крв, а не на папирус, го склучи со нас Заветот Нов.

Дури и повеќе од тоа: откако на луѓето им беше; даден Новиот Завет, претходниот Закон не станал само нешто застарено. Тој станал, благо кажано, пречка. И тоа токму благо кажано. А апостол Павле директно кажал што станал претходниот, јудејски Закон. Толку дирекно што преведувачите до ден денешен не можат да се одлучат да ја преведат буквално оваа негова изјава: Пазете се од кунињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажното обрезување...од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по закон фарисеј(...) според правдата на Законот - непорочен, Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христа Го сметав за штета. Затоа сметам дека и се друго е штета спрема преважното познавање на Исуса Христа, мојот Господ, поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само да Го придобијам Христа (Фил. 3, 2-8). „Отпад" во последната реченица во грчкиот оргинал е „Скивала" (σκυβαλον) т.е. strectus во најстариот латински превод. Отворете ги речниците и погледајте го значењето на овие зборови. Тоа е ѓубре, измет, фекалии.

Уште порано апостол Павле претхристијанските религиски правилници (дури не паганските, туку сопствените, еврејските, старозаветните!) ги нарекол „залудност". Залудност на грчки е ζυμια: загуба, штета. Од оваа „штета" аиостол Павле се одрекол. Глаголот кој го употребил - εζιμιωθην, значи дека тој од оваа „штета" не само што се одрекол, туку и дека од неа побегнал, како од нешто крајно опасно.
Значи, јудаизмот повеќе не е само „залудност", т.е. непотребно губење на сила, туку и штета и уште повеќе -измет. Но, ако Павле така зборува за старозаветниот закон, тогаш уште повеќе таков е односот на апостолското христијанство кон паганството. Колку и да било потенцијално свето пред Христа, сега тоа е „отпад и штета".

Така често христијаните ги нарекуваат сурови луѓе - заради нивното сведоштво за тоа дека надвор од Христа нема спасение. Па како, замислете да се вклучи службата за известување на цивилната заштита и да објави: „Граѓани, узбуна! На нашиот град е извршен ракетено - нуклеарен напад. По десет минути ракетите ќе бидат над нас. Во вашата област најблиско засолниште се наоѓа таму и таму... Кој ќе успее да дотрча до него, тој има шанси да се спаси..." Речете кој е суров во оваа ситуација: спикерот на цивилната заштита или онај што го извршил нуклеарниот напад на градот?
Св. Јован Златоуст еднаш им се обратил со совет на родителите, кои биле лути заради проповедите на монасите. Дека пораснатите деца, наместо да им помагаат на татковците во трговијата или занаетот, се собираат во храмовите, ги слушаат монасите, дури и заминуваат во манастирите... Златоуст нуди споредба: ако некој ноќе ја запалил вашата куќа, а човекот кој поминал покрај неа, втрчува во неа, чука на сите врати, ги буди луѓето и ги тера да побегнат од огнот - кого ќе го наречете виновник за ноќното вознемирување? Паликуќа или спасител? Така, ете, да е возможно во нашите градови, во вашите градови, душите да се заштитат од огнот на гревот - не би имало потреба од манастири. Монасите не ги запалија вашите градови со гревови. И, ако тие ги учат вашите деца да се заштитат од гревот - тогаш во што е нивната вина?

Во светот и космосот разлеана е смртта. Ние самите ништо не сме направиле за да ја победиме. Но, ни е даден лек против смртта, „лек на бесмртноста", противотров. Вечниот Бог стана човек за да не привлече кон Себе и за да не заштити со Себе од последиците на нашите беззаконија. Еве го Путирот со лекот на бесмртноста. Еве ја Чашата на Животот. Пријдете и вкусете... Дали е суров Лекарот, кој ги уверува болните дека без донесениот лек нема да можат да преживеат? Дали е суров проповед-никот кој зборува дека надвор од Причесната човекот нема да најде Живот?...

И во оваа ситуација не е многу очигледно дека разликата помеѓу Христијанството и паганството може да се занемари. Христијанството вели: помини низ болката на покајанието и стреми се кон Бога. Паганството не уверува дека не е потребно ни едното ни другото, туку дека е потребно само да се „прошири сопствената свест". За таа цел ќе бидат погодни и дрогите, и ЛСД и „ребефингот" - денес модерна техника за регулирање на дишењето, со која во мозокот, со доведување до кислородно гладување, настануваат халуцинаторски визии на „рајските планети" (понекогаш, напротив, истиот овој ефект го има техниката „хипервентилација на мозокот"; чувството на еуфорија се постигнува со презаситување со кислород). А ако е потребно да се сретнете со некого, тогаш тоа во никој случај не е со Бога, туку просто со таму некој меѓукосмосмички „жители"...

Повторно да се вратиме на Чернобил. Луѓето, кои живеат околу него, не се виновни за својата невола. Па, сепак, смртта се насели во нивните домови. И еве доаѓа лекар и вели: успеав да најдам лек против вашата болест. Овие ампули се кај мене; дојдете кај мене и јас бесплатно ќе ви ги дадам.
Овај лекар застанал во селото Мала Ивановка. И жителите да Верхња Ивантеевка, откако дознале за тоа, бучно протестирале: ние нема да се лечиме кај овој лекар, оти тој не застана кај нас, туку кај нашите комшии. Сами нема да појдеме, ниту ќе ги пуштиме нашите деца... Да, Христос не се воплоти во Калуга, ниту на брегот на Индија. Но прашањето „дали ќе се спасат Индусите" кои не пристапија кон Христа, испаѓа исто толку апстрактно-моралистичко, како и прашањето за тоа дали ќе се спасат „Ивантеевците", навредени од тоа што лекарот не се населил кај нив. Па докторот тоа не го направил ниту од пакост, ниту од неправедност. Тој дошол во зоната на смртоносната болест ( иако можел тоа и да не го направи) и се населил таму каде што побрзо можел да ги најде првите пациенти брзо да најде.

А кај жителите на чифликот Нови Черјомушки ситуацијата испаднала уште посложена: тие би отишле кај лекарот по лек - но поштарите не дошле до нив, а радио-врската не работела... Никој не ни знаел дека во ова зафрлено место уште живеат луѓе. Тие ќе боледуваат и предвреме ќе умрат. Дали за тоа е крив докторот кој дошол во Ивановка? Индусите слушнале за Христа и не го прифатија. Ацтеците не ни слушнале за Него. Дали е виновен Христос што секоја планина не ја направил Гора на Преображението?

Имало и такви луѓе, кој слушнале па дури и отишле да го видат лекарот и неговите помошници, единствено што не можеле, тоа било е да сфатат зошто е потребно тоа. Зошто сите зборуваат за опасностите? Се изгледа како вака да било секогаш. И сонцето сјае, и цвеќето расте. Единствено што понекогаш ќе се родат чудни прасиња - но за тоа постојат ветеринари, а зошто ние би ги пиеле тие лекови. Ние сме здрави. Ние отсекогаш самите сме се лечеле. Ни овој лекар не е подобар од нашите баби. Ни вашиот Исус не е подобар од нашите махатми...

Другите се спремни да земат лек, но велат: само лично од раката на лекарот. Во неговите помошници немаме доверба. Ете, кога тој лично би се појавил кај мене, да речеме, денес попладне - јас со него малку би поседил, а потоа, најверојатно, би зел и лек... Во „Духовна ливада" се раскажува за светиот старец, кој со помош на ангелот служел Литургија со унотреба на еретичкиот Символ на верата. Наидувајќи на спротивставување на еден православен, старецот ги запрашал Ангелите - зошто тие самите не го предупредиле на опасноста. „Гледаш ли, Бог така подредил за луѓето да се научат од луѓе", гласел одговорот. И еве овие човечки раце, со кои е напишан Зборот Господов и со кој тој се шири меѓу луѓето - на многумина не им се допаѓаат. Им се гади од нив.

Имало уште и такви луѓе кои слупшале, и дошле, ама уште не ги послушале предупредувањата на лекарот. Да речеме, се утврдило дека лекот не смее да се пие со вотка. Лекарот е виновен што не трчал по секого и не тепал по рацете?
Се најдоа и такви, кои го зеле лекот и ги почитувале сите правила за неговата уиотреба. Но, никако не било возможно да се наговорат да се држат подалеку од центарот на експлозијата. Се им се чинеше дека таму постои нешто поегзотично и дека воопшто опасноста од радијација е презголемена. Тие влегуваа и во христијанскиот храм, а летаа секоја вечер и во Шамбала со астралните тела. На Христа му доделија висок чин во Космичката Хиерархија (чин полковник - планетарен Логос), но не сметале дека е срамно да се контактира со поручниците („облачињата") и со генералите - Фохатите.

Најпосле, се појавија и такви кои ги слушаа советите на лекарот со исклучителен стравопочит и напамет ги запамтија сите негови напатствија. Тие напамет знаат како да го користат лекот, со што тој не смее да се меша, а што, напротив ја помага неговата апсорпција. Ете, единствено што самиот лек тие не го ни пробале.

За последните две групи вреди пооделно да се поразговара.
Зошто не може да се спои служењето на Христа со „контактерството" (со духовите) и почитувањето на други божества?
Од гледна точка на паганската философија на Божеството, Апсолутната Реалност просто не се наоѓа надвор од човечкото сознание. Таа престојува надвор од која било врска со светот на луѓето. Од Апсолутот кон светот на луѓето оди хиерархијата, скалата на световите (зоните, еманациите, духовите), и само оние нејзини долни скалила, кои се во непосредно соседство со нашиот свет, можат да се стекнат во религиската решителност на луѓето. Божеството не е сознатливо и не може да се најде, а религискиот импулс треба да се насочи кон оние инстанци, кои се поблиску до Земјата и подостапни - кон светот на боговите. Дури и повеќе, овој религиски импулс пожелно е да помине покрај Демиургот (Творецот). Зашто, оној дух кој го создаде нашиот, материјален и несовршен свет, или не е претерано добар или не е претерано паметен. Во секој случај подобро е да се избегнуваат контактите со него и да се најде пристап кон такви духови кои се наоѓаат недалеку од нас, но притоа не зеле учество во создавањето на матерјалниот кошмар. Гностиците (христијански еретици од II—III век после Христа) оделе уште подалеку и сметале дека Бог - Творецот, кој е објавен во Стариот Завет, е зол принцип, и дека треба да се бара контакт со доброто Божество на Новиот Завет. Христос е антагонист на Јахве, затоа што дошол на Земјата, која Јахве ја создал, за да ги потсети луѓето дека вистината и спасението треба да се бараат на следниот кат на космичката Хиерархија, во светот на оние духови, кои не западнале во лудилото на создавањето.

Како резултат се добива строгото логичко огледало на Библијата: ако пророците тврдат дека вистинскиот Бог е токму Оној, кој е Творец, тогаш гностиците (а денес следбениците на Блавацка) тврдат дека токму оној кој навистина го создал нашиот свет не може да се нарече Бог, туку треба да се поклонуваме на оние духови, кои го избегнале создавањето на светот.

А радоста на Библијата (како на Стариот, така и на Новиот Завет) се состои во тоа што Апсолутот, Изворот на секое битие Самиот го создал светот на луѓето. Тој тоа не му го доверил на некој од потчинетите духови, туку Самиот ја открил Својата љубов со тоа што се смирил до нивото на создавањето на нашиот свет. Густиот круг на жителите на Олимп, кругот на мали богови и духови, кои во многу слоеви ја повивале свеста на паганите, бил ирекинат со едноставните зборови: Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
Бог е сосема поинаков од светот. Бог не е космос. Бог не е човек. Бог не може да се сознае и да се изрече. Па сепак токму Тој го создал нашиот свет и Се откри во него. Највозвишеното и Најнедостижното Битие, како што се иокажува, не сака, а ние - за возврат - можеме да го сакаме токму Него (а не космичкиот посредник) и можеме да Му се обраќаме Нему како на Личност. Безличниот Брама на индиската философија задобива јасен облик на личност во Библијата. Човекот добива право на Апсолутот да му каже - „Ти".

Христијанството добро ја знае и длабоко ја доживува Недостижноста на Бога. „Никаква будистичка литература, никаков грчки неоплатонизам, никаква западна мистика, средновековна или нова, не може да се спореди со ареопагитските списи по интензивноста од другостраните опити" - пишува А. Ф. Лосев - „Тоа не е реторика, туку некаква мистична музика, каде повеќе не се слушаат одделни зборови, туку се слуша само удирањето и одбивањето на брановите на некакво неопфатливо море на другостраноста... Како прво, овде пред нас не е толку философијата и богословијата, колку што се химните, опејувањето. Ареопагит просто вели наместо да „богословуваат" - „да пеат химни". Како второ, несомнено е дека опејувањето се однесува само на личноста - вистината, апсолутно - од другата страна и со ништо споредлива, но задолжително на личноста. Целата оваа необично напрегната мистика на химните е возможна само пред некоја личност, пред Ликот, дури и непознат и недофатлив, но задолжително Лик, кој може да се види со очите и да се почуствува со срцето, кој може да биде предмет на човечки контакт и кој може да ја допре човечката личност со својот интимен и жежок допир. Целата оваа апофатичка музика е како некој занес на благодатта, која поаѓа од оваа непозната, но интимно-блиска Личност, кога човекот чувствува жед да ја опејува и да ја фали вечно, не бивајќи во состојба да се насити со никакви химни и со никакви молитви.

Од будистичката жед за самоуспивање ова се разликува по огромната потреба да се достигнат позитивните основи на битието, позитивни се дотаму што сега веќе не се контактира со слепото создавање на нештата, дури и не со самите нешта, живи или мртви, туку само со личност која добро се познава себе си и го познава другиот и е способна за разумен живот и за контакт со луѓето. Таквата свест веќе нема потреба за апстрактна философија. Дедукацијата на категориите за неа е многу ситна и досадна работа. Поседувајќи ја гиганската моќ на антиномиско-синтетичките стремежи, неа ни најмалку не ја интересираат самите категории, туку едноставно само да го опејува Највисокото Битие со сите негови антиномии и синтези во таква непосредна форма како овде и да не имало никакви антиномии.

Во неоплатонизмот битието како такво, во кое се фиксираат антиномиите, далеку е постудено и поапстрактно. Кај Аеропагит апсолутната самотија, во која се фиксираат антиномиите, толку е жива, лична, богато-животна, што свеста на философите е зафатена со тивкиот и жив контакт со неа, така што само некој друг може да набљудува од страна и систематски да ги поставува сите антиномии кои овде настануваат, но са-миот филисоф нема време да се занимава со ова... Ако почнеме да бараме каде во историја на философијата се наоѓа она учење или систем кој би ја открил содржината на ареопагитскиот апофатизам во апстрактната мисла, тогаш, веројатно, не би можеле да најдеме некое друго позначајно име од Николај Кузански:
„Господи и Боже мој! Помогни му на оној што Те бара Тебе. Те гледам на почетокот од рајот и не знам да гледам, зашто не гледам ништо видливо. Знам само едно: знам дека не знам што гледам и никогаш нема да можам да разберам. Не умеам да Те повикам, зашто не знам дека Ти постоиш. И ако некој ми каже: вака или така се викаш, тоа е поради тоа, што тој дава име, јас веќе знам дека тоа не е Твоето име. Зашто секоја ознака на оваа или онаа смисла на името е ѕид, над кој Те гледам. Ако некој даде поим, со кој Ти можеш да бидеш именуван, знам дека тоа не е поим за Тебе, зашто секој поим ја наоѓа својата граница во рамката на оградата на рајот. И во секој лик и споредба, со чија помош би почнале да мислиме за Тебе, знам дека тоа не е ликот кој Ти одговара. Кој сака да Ти се приближи, треба да се издигне над сите поими, граници и ограничувања. Значи, умот треба да се направи незнајко (ignorantem) и да се потопува во мракот, ако сака да Те види. Но, што е тогаш мојот Бог, тоа незнаење на умот? Не е ли тоа просветено незнаење? Затоа Тебе, Боже мој, Кој си бесконечност, може да Ти се приближи само оној што знае дека не Те знае „( За видувањето на Бог, 13)".

И тоа уште не е се. Во Новиот Завет се открива дека Бога љубовта кон луѓето го направила човек. Најголемата радост за христијанството е во тоа што Оној Кој дојде да не спаси, е Оној Кој некогаш не создаде. Дојдов при Своите - вели Евангелието според Јован за Христа, а свети Иринеј Лионски, неколку децении после тоа, ќе објасни: „Да беа во право гностиците, и Христос да не беше наш Творец, тогаш би било поправилно да се каже дека Христос не дошол кај Своите, туку кај туѓинци" (Против ересите, III, 11,2).

Во Христа ја пресретнуваме Самата Вечност, која се пробила во нашето време. Ништо повеќе не мечтае да му подари на човекот ниту една друга религија. Сите обиди Евангелието да се помири со паганството неизбежно доведуваат до загуба на оваа радост. Се потврдува дека Христос е само еден од Учителите (негде помеѓу Питагора и Џордано Бруно). Но ако Тој е само Човек, ако Тој не е Бог, значи дека со Бога луѓето воопшто не се сретнале.

Понекогаш неопаганите (неопаганство е паганство после Христос) тврдат дека Христос е „аватар" на Божествениот Дух. Но, тогаш се покажува дека Самото Божество е безлично и безизразно, и дека Христос не е ништо повеќе од маска, префрлена преку Брама. Тој не бил Човек (што значи дека не ни страдал, а на Голгота имало само претстава, подготвена да предизвика солзи на тагата и покајание кај луѓето). Најпосле во некои неопагански учења се тврди дека Христос е повисок од човекот, но сепак помал од Божеството. Нешто како -„Планетарен Логос".
А ако Христос навистина е Оној, како што самиот Себе се нарече („Почеток" - Јован 8, 25) и како што Го познава Православната Црква, тогаш што уште да се бара во другите религии? Самиот Бог, Самата Вечност ни дојде и ни кажа за патот на спасението - а ние сакаме да Го „дополниме" со лошо сфатените извадоци од будизмот и паганството? Како Тој Самиот го ироценува таквото однесување - Тој јасно рече уште во старозаветното време: тоа е прељуба.

Библиската формула Бог е еден е ексклузивистичка, исклучителна формула:
Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа, и ти покаже знак или чудо, и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа тој пш рече:, да одиме да служиме на други богови, кој пш не ги познаваш, Ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков толкувач на соништа; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае дали го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа (5. Мој. 13,1-3).

Кога Бог му ја кажува на Мојсеј првата заповед -„Бог е еден", Тој нема предвид дека со тоа на Мојсеј му се открива езотериска тајна дека имињата на боговите се, божем, многу, и дека сите религии зборуваат за еден и ист Единствен Бог. „Мојсеј, ако сакаш, викај Ме Крипша. А ти, Арон, можеш во вторник да ме викаш Зевс, а во петок може и Астарта. Ако така сакате - молете се вака: „О, Карлсоне, кој си на покривот".
Пантеистичката формула „Бог е еден" напротив, е вклучувачка: таа во себе ги опфаќа најразличните облици на духовното движење. Заповедта Мојсеева укажува на „еден" како „единствен" - „нема други богови!" Бог на Библијата се нарекува Единствен, зашто исклучува други богови. „Бог" на современиот религиски кич се нарекува „Еден", зашто ги опфаќа сите богови.

Кога Бог на Библијата би се прифатил како еден меѓу многуте други богови, како една од многуте еманации на Едниот, покрај Него би било ириродно да се почитуваат и други божества. Како што пишувал апологетот на паганството Целзус:
„Кој почитува неколку богови, со самото тоа прави дело пријатно на Бога, поради тоа што почитува нешто од великиот Бог. Затоа, ако некој ги почитува и обоготворува сите (кои му се блиски на Бога), тој не го навредува Бога, кому сите тие му припаѓаат... Всушност, оној кој зборувајќи за Бога тврди дека само еден може да се нарече Господ, постапува погрешно, оти тој со самото тоа го дели Божјото царство, создава во него раздор, како да постојат (две) партии и да постои некој друг, кој е спротивставен на Бога" (Против Целзус. 7, 2 и 8,11).

Но, библиските иророци, а подоцна и христијаните токму и мислеле дека духовниот свет се поделил. Можеби некои пагански ритуали, ликови, обреди сами по себе не се толку лоши; далеку од тоа дека се во паганскиот религиски живот може да се процени како плод на сатанско вдахновение. Но, кога дошла Светлината, кога се открила можноста на дирекното заедничарење со Бога, повеќе не може да се остане во светот на паганските замаглувања. Да го одминуваме Христа Кој дојде заради луѓето и да се обраќаме на поранешните пагански баења - значи дека му се сиротивставуваме на Христа, да се одречеме од Него.

И пророците и апостолите нризнавале дека другите народи имаат свои божества - но одлучно одбивале на паганските богови да им го признат статусот на Вистински Творец (паганите, впрочем, самите посебно не ни инсистирале на тоа). Оттука зборовите на апостол Павле: А по однос јадењето на идолските жртви, зиаеме дека идолот не е ништо на светот и дека друг Бог нема, освен Единиот. Зашто, иако само по име има богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господиновци, сепак ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е се, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку кого е се и ние сме во преку Него (1. Кор. 8,4-6). Кога оваа реченица би звучела како: „Знаеме дека има многу богови и многу господа; но ние го имаме едниот Бог Отец" - тоа би било манифест на обичното паганство: ние избираме свој Бог од мноштвото на многуте богови, и го почитуваме правото на другите религии да им се обраќаат на останатите богови (ако јас чувам пари во банката А, не значи дека го негирам правото на другите луѓе да ги чуваат своите пари во банката Б.). Но, богословското прецизирање, кое веднаш се додава, остро ја менува ситуацијата: „Имаме еден Бог Отец, од Кого е сеи. Не просто - „имаме Бог од Кого потекнуваме ние, нашето племе, нашата вера", туку - „од Кого е се (т.е. од Него како Извор се добило свој живот), како и „преку Кого е се" (т.е. и до денешниов ден се што постои, постои поради поврзаноста со ова Вистинско Битие).

Христијаните се уверени дека оние кои ги вложуваат своите срца и пари во своите пагански банки се многу близу до банкрот. Нивните „космички хиерархии" не се ништо повеќе од финансиските пирамиди од типот на „ТАТ". И не од злоба кон тие луѓе, туку посакувајќи им добро, апостолите непрекинато предупредувале: ослободете се од вашите богови, додека не биде доцна. Обратете му се на Единствениот Вечен Творец.
И ете - од дванаесетте први апостоли Христови десет биле убиени заради својата проповед (освен Јуда Искариот и аиостол Јован, кој после многу прогонства и апсења, сепак, ненасилно заминал од овој живот). Бил убиен и апостол Павле. Сите тие повеќе сакале да одат во смрт, отколку да се приклонат кон боговите на паганите.

Во нивните претстави Христос да бил овоплотување на еден од многуте „Ерарси" или „Духови", Он да им изгледал само како следен „Аватар", тие не би почнале по цена на своите животи да го одбиваат почитувањето на другите „синови божји".
Денеска така често се обвинува Црквата за млакост, заради тоа што ниту малку не личи на апостолската Црква, на пламената заедница на првите Христијани. Тоа е вистина. Но, ние личиме на првите Христијани токму по она што кај нас најмалку им се допаѓа на „серелигиозните" луѓе. Во многу нешта можат да се спротивставуваат првите христијани и ние. Но само во едно не. Не може да се спротивстави современата „православна нетолеранција" на „толеранцијата на апостолите", затоа што последната просто не ни постоеше. Апостолите никого не гонеле (како ни православните денес). Тие само цврсто стоеле на своето: Нема спасение надвор од Христа, и поради тоа: Не можете да пиете од Господовата чаша и од бесовската чаша (1. Кор. 10, 21). Нема враќање во минатото, кога бидејќи Бог не го познававте, им служевте на богови, кои по својата природа не се богови (Гал. 4, 8).

Одрекувањето од Заветот со Личносниот Бог, кој надвор од себеси ја создал Вселената, значи растворање на себе во Космосот, потчинување на својот живот и својата судбина на безличните и непромислените, немилосрдните закони на Космосот (нпр. законите на Кармата и астрологијата).
И апостолите и првите христијани многу добро го познавале светот на паганските обреди, философијата, светот без Христос. Тие не проповедале во атеистички свет, туку во свет, каде секој човек, секое семејство, секој народ веќе имал своја религиска традиција. И на овој свет тие му донеле нешгпо ново. Денешниов свет, незнаејќи колку му е потребен Новиот Завет, а исто така одрекувајќи се од автентичното (претхристијанско) паганство, смета дека, божем Новиот Завет може да се „обнови" преку додаток на серум од пагански окултизам. И во водата, исто така, постои растворен кислород. Но, ако нуркачот почне да се смета за риба и се обиде да вдишува таков кислород, ќе загине. Тој вдишува кислород од сад со кислород. Ако се обиде да вдишува кислород од садот, па потоа пуштајќи вода дирекно во своите бели дробови... јасно е дека за неколку секунди ќе умре од таквите обиди. Но смртта на душата не е толку забележлива. И „серелигиозните", „толерантните" и „отворените" окултисти носат во своите тела души во агонија и распаѓање, души затруени со „ космички енергии", но, сепак, не убедуваат нас христијаните дека сме токму ние болни, ние христијаните дека сме болни - од „нетолеранција".

Ова не го зборувам од книги. Кој било православен свештеник може да раскаже десетина случаи за луѓето кои во себе си ја потхранува духовната болест, обидувајќи се да го поврзат христијанството со „источните учења".
И повторно за Чернобил. Веќе е спомната групата луѓе, која ги знае сите напатствија за употреба на новиот лек, но најважното, лекот не го зема. Тие сметаат дека ако лекарот не им се лути на пациентите, тоа, значи, болниот од тоај станува здрав. Така размислуваат протестантите: според нивното мислење, изворот на нашата болезливост е во односот на Лекарот кон нас и нашите гревови. Бидејќи со сигурност е познато дека Бог на нас повеќе не се лути (зашто е задоволен со жртвата Христова), тогаш, откако ќе дознаеме за настанатата промена во односот на Бог кон нас, наводно веднаш ќе станеме здрави и спасени.

Значи, да замислиме дека инженерот, со чија вина дошло до хаварија во Чернобил, се нашол пред суд. Да претпоставиме дека по извесно време поради неговата тешка здравствена состојба ќе го помилуваат. Дали таа хартија многу ќе ја олесни неговата состојба? Па тој самиот ја носи во себе најтешката казна за својот грев. Тој самиот е полн со радијација. Тој самиот умира. И никаков суд, никаква апелациона инстанца, не можат да го заштитат од се поголемата болка, од се пострашната слабост.

За разлика од западното христијанство, наклонето да ја опишува драмата на паѓањето во гревот и искупувањето во правни термини, православното христијанство го осмислува односот на човекот и Бог во органски термини. За Православието гревот не е толку вина колку што е болест: „Гревот не прави повеќе несреќни отколку виновни", говорел преподобен Јован Касијан; а преподобен Исаак Сирин го споредил грешникот со песот, кој ја лиже пилата а не ја забележува штетата што си ја причинува себе си, опивајќи се со вкусот на сопствената крв. И во чинот на исповедта свештеничката молитва советува: Пришел јеси во вранебницу, да не неисцељен отидеши" („си дошол во духовно лечилиште, да не си отидеш неисцелен").

Малку е да му се објави на човекот дека Бог веќе не се лути на него. Треба да му се даде реална заштита од смртта, треба да му се даде реална можност да дише со Бога. Бог не се оддалечи од луѓето. Луѓето се оддалечија од Него: како со сопствените гревови, така и со духовните пречки кои оневозможуваат општење со Бога. Им треба лек. Лек - против смртта. Лекот против смртта може да биде само Бесмртноста. Бесмртноста ја има само Бог. Значи Бог Кој бил далеку, треба да најде живот внатре во човекот. Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен и кој ќе ви ја даде Синот Човечки... Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот... Јас сум лебот на животот... Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа; а ова е лебот што доаѓа од небото и онај кој јаде од него нема да умре. (...) А лебот што ќе ви го дадам Јас е Моето тело, што ќе го предадам за живот на светот. (...) Ако не го јадете телото на Синот Човечки и неја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе (Јован 6, 27-53).

Причестување со Крвта и Телото Христово - еве го анти - космичкиот лек на бесмртноста, кој Спасителот го донесе. Христос не повика на „вечера на бесмртноста" (Климент Александриски, Стромата 7, 3). Самиот Христос го востанови токму ваквиот начин на комуникација со Своите ученици. Не само преку проповед, не само преку молитви или химни, не само преку обреди, туку преку Светата Тајна на причестување со Телото и Крвта на Христос. Луѓето, кои велат дека е доволно да читаме за Тајната Вечера и да се сеќаваме на неа, луѓето, по чие убедување самиот Лек на Бесмртноста за нас денес е недостапен, не ја разбрале замислата на Спасителот. Овие луѓе се протестанти.

Според нивното мислење „единствено што може да го спаси човекот е Евангелието, радосната вест за спасението преку Исуса Христа и искупувањето на Голгота. Задача на Црквата е проповедање на Евангелието, слушањето на Евангелието им го отвора на луѓето патот кон спасението". Човекот ја гаси жедта со информацијата за вода, а не со самата вода. Човекот се храни со символот на Лебот, а не со самиот Леб. Спасува „веста за спасението", „информативното емитување на Добрите вести од Ерусалимското оделение на Би-Би-Си", а не реалната благодат Христова.

Протестантите личат на човек кој во пустината гледа патник кој умира од жед и, откако срдечно ќе му пристапи, почнува да му раскажува на смртникот за користа од водата. Три часови зборува за тоа како водата има извонредни својства, за тоа дека без вода не може да иостои животот, за тоа дека треба да се бориме за чистотата на изворите и резервоарите со вода... А потоа заминува, не давајќи му на жедниот ни капка вода. „Зарем ти уште и би пиел? Зарем не ти се доволни добрите „вести за водата?" Би ја сакал самата вода? Но, ние токму неа ја немаме. Ние го пиеме „символот на водата", ние им го даваме на луѓето „сеќавањето на водата". Само православните и римокатоличките незнајковци сметаат дека течноста во нивните литургиски садови е навистина Вода на Животот, Крв Христова. А ние сметаме дека водата се зборовите Христови. Овие зборови ти ги прераскажавме. А зошто сакаш уште и да пиеш?! Па нели слушна: задача на Црквата е да го проповеда Евангелието", а никако пак причестување со Телото и Крвта Христова; па ти си слушнал дека „слушањето им го отвора патот кон спасението на луѓето", а не соединувањето со Богочовекот. Но, што, ја изгуби желбата да пиеш? И, впрочем, ако тука покрај тебе помине нравославен свештеник со Путир - внимавај, во никој случај не пиј од него!".
При причестувањето ние се причестуваме со Пасхалното, Воскреснато Тело Христово. Тоа е „начело на новото битие". Честиците на новиот космос, оној космос во кој го нема повеќе отровот на смртта, во кој е победена ентропијата и смртното распаѓање, продираат во нас за да го ослабат притисокот на гревот врз слободата на нашата личност. Преку светото Причестување повторно влегуваме во состојба слична на едемската: минатото на гревот повеќе не ја притиска волјата на нашата личност, и ние слободно го вршиме својот избор, не чувствувајќи иовеќе неподнослив притисок на сопственото огревовено минато, навиката на нашата природа, изопачена од гревот.

Патот на исцелението се состои во тоа дека Хритос во Себе, во Својата Божествена Личност ја исцели човечката природа која ја прими, и неа, сега веќе исцелена, ни ја предава во Причестувањето за преку исцелувањето на ириродата да ја исцели личноста на секого од нас. „Значи, не само со љубовта, туку и со самиот чин за да би станале членови на Телото Христово, ние мораме да се соединиме со ова Тело... Оној што ви го предаде Својот син овде, Тој со тоа повеќе ќе направи за вас таму - во иднината. Јас иосакав да бидам ваш брат; Јас заради вас се причестив со вашето тело и со крвта, и ова тело и оваа крв, преку кое станав иста крв како вие, Јас повторно ви ги предавам вам". Бог го прими нашето тело за да ни го врати излекувано и проникнато со Духот на Животот, со бесмртноста.

Таму каде што живее оваа нова човечка природа - таму е Телото Христово, таму е Црквата. Токму животот на Црквата како Тело Христово апостол Павле го нарекува: тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии, ... тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата е во нас. (Кол. 1,26-27).

Затоа и нема спасение од светот на паднатиот космос надвор од Црквата Христова. Таму каде што нема Причестување - таму ја нема Новата реалност од Новиот Завет. Таму нема Причестување со Вечниот Живот. Таму како и иорано смртта и времето владеат на Земјата...
Ние христијаните повикуваме: Пријдете и вкусете... А нас не нарекуваат „нетолерантни". Заради тоа што сакаме на луѓето да им го предадеме големиот Христов Дар не прекоруваат како „сурови". Заради тоа што го објавуваме Новиот Завет - не нарекуваат „заостанати". Заради тоа што повикуваме да се промисли и осознае Божјото Откровение, не нарекуваат „непромислени фанатици".

Во Црквата постои спасение - дојдете. А надвор од Црквата... Уште во III век свети Кипријан Картагински рекол: „Кому Црквата не му е Мајка - нему ни Бог не му е Татко". И нехристијаните се согласиле со тоа: и навистина за оние, кои живеат надвор од христијанството, Бог не е Отец. Тој е „Господар", „Единствена Енергија", „Карма", „Нирвана", „Божествен Принцип", „Безличен Брама"... А единствено Христос рече: Оче, го јавив името Твое на луѓето (Јован 17, 5-6). Ова ново име на Бог е - Отец. И ние се соединуваме со Него во Неговиот Син - во Христа, преку Неговото Тело кое е Црквата. Во ова Тело влегуваме со Неговиот Вечен Дух, кој потекнува од Отецот, а не од Космосот, и кој почива во Синот, а не во „астралот". Христос ни даде не само право да му се обраќаме на Бога - „Оче"; Тој го даде Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими (Јован 14,17).

Поради тоа светот многу се налутил на Христа и на христијаните. Се налутил уште во времето на животот Христов. И дури две илјади години по Неговото погубување не може да им го прости на Христос и на Неговата јаснота нивното сведоштво за тоа дека Патот на Спасението е - еден единствен.
Зошто Го распнале Христос? - Значи, особено заради ова: Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси (Јован 10, 8-9).

А еве ги и зборовите Христови кои сега луѓето многу не сакаат да ги имаат на ум: Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не ви велам туку раздвојување (Лука 12,51). „Кога дошол Вистинскиот Логос, покажал дека сите мислења и сите учења не се добри, туку едните се лоши, а другите добри" - после сто години рекол свети Јустин Философ, кој пред средбата со христијанството минал низ искушенијата на паганските обреди и философии. Јустин Философ станал свети Јустин Маченик. Него го погубиле како и неговиот учител свети Поликарп Смирнски. Го погубиле поради тоа што не покажувал почитување на паганските пракси и доктрини.

И до ден денешен паганскиот свет, светот на „поправувачите" и „напредните", кои не го сфатиле Новиот Завет, бараат од нас:
- Па, речете ни дека и ние ќе се спасиме.
- Да, ќе се спасите. Ако пристапите кон Христос, ако во потполност го примите Евангелието, а не во делови. Ако добро го слушнете Неговото обраќање: Покајте се... Примете... Ова е Мојата Крв која се пролева за вас и за мнозина за простување на гревовите...“.

 

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 

 Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная