логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!  ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

ЧОВЕЧКАТА И БОЖЕСТВЕНАТА ЖРТВА
Во Нова Гвинеја постои племе, на чии претставници при запознавањето во никој случај не се смее да им се каже сопственото име, што било за себе, ниту да се прими помош од нив. Тоа се Асмати - необичен народ, чие име самото предизвикува страв, оти тоа се сурови ловци на глави и канибали. Во 1961 г. токму овде без трага исчезнал Мајкл Рокфелер - син на тогашниот поранешен њујоркшки гувернер и еден од најбогатите луѓе во Америка. Дваесетмина морнари на капетанот Кук, кој се истовариле во 1770 г. од бродот на брегот барајќи вода, станале, исто така, жртви на домородците. Овај крај се прочул по злото. Асматите нивниот канибализам, страшен и несфатлив, во очите на цивилизираното човештво ги направи крвожедни чудовишта. Во дваесеттите години од нашиот век Холаѓаните, кој владееја со овие територии, беспоштедно се бореа против канибализмот. Потоа Индонезијците ги продолжија казнените експедиции со иста одлучност.
Но, канибализмот не бил победен, туку само протеран во подземјето. Асматите се одрекле од надворешните манифестации на канибализмот во својот јавен живот. Асматите сметаат дека смртта на еден човек на другиот му придодава животна сила. Убивајќи човек од друго племе, тие самите како да го продолжуваат својот сопствен живот. Само оној кој го сознал името на убиениот, ќе може во потполност да ги „искористи" резултатите од ловот. Заради тоа и решителноста на воините зависи од умеењето да ја намирисаат својата жртва, за неа да дознаат што е можно повеќе. А „моралното" оправдување за „ловците на глави" се умрените предци, кои постојано бараат освета. На нивните души може да оди се, со нивната спиритуална сила тие се кријат од лошите духови. Токму заради тоа поклонувањето на духовите на умрените станало составен дел на асматските верувања... Решителноста на воинот е во победата, по било која цена таа да биде постигната. Ако треба - ќе склопи пријателство со жителите на соседното село, ќе ги покани на гости, ќе ги нагости, ќе им даде помош - и се само заради тоа да дознае за непријателот што е можно повеќе, а потоа да го нападне и убие. Од позиција на белиот човек, еден чуден, кодекс на взаемни односи. Во овој контекст потполно логично изгледа примањето на библиската историја од страна на Асматите, со која упорно и стрпливо ги запознаваат нивните мисионери, кои често, впрочем, до неодамна страдаа од лукавите кани-бали. Така Јуда во очите на Асматите наспроти замислениот, слабиот, простодушниот Христос изгледа како вистински воинпобедник. Јуда умеел со умилкување да ја стекне довербата од непријателот, го сочекал вистинскиот момент, ја надмудрил својата жртва и и нанесе точно пресметан удар. Тој ја постигнал поставената цел, тој преживеа, а Христос...
„Асмати. Храбрите, бестрашни воини, горди луѓе, кои не им се покориле на своите освојувачи. Да, од гледна точка на белиот човек, тие се лукави, подли и крвожедни, тие не го признаваат нашиот морал, ниту нашиот живот. Па, сепак, би било штета цивилизацијата еднаш да ја уништи нивната самосвојност", пишува И. Черњак.
Ако читателот ја дели тагата на авторот на „Огоњка" затоа што може да се случи канибализмот да исчезне, по што нашиот свет ќе стане нешто помалку „плуралистичен" - може слободно да престане да чита понатаму. На прашањето „Дали е сеедно како се верува?", за разлика од весниците од типот „Огоњка" веднаш одговарам негативно: не, не е сеедно како се верува. Не е сеедно дали луѓето се молат на Христос или на Велзевул.
Со спомнувањето на канибализмот претпоставувам дека е возможно да се подвлече црта под дискусијата на темата „Можат ли религиите меѓусебно да се споредуваат". Да, религиите се различни, нивните меѓусебни разлики се очигледни и возможно е, увидувајќи ги тие разлики, да се признае дека некои религиски пракси, благо речено, се „позаостанати" а дека другите- се „подуховни". Религијата, во која за жртва се принесуваат луѓе, мене ми изгледа „помалку возвишена" од онаа која пропишува дека за жртва се принесуваат само животни. Од своја страна религијата, која препорачува за празници да се колат јагниња, заостанува зад онаа во која за „вечерна жртва" („вечерен принос") е пропишана усмена молитва и обраќање на срцето кон Бога. Дури и ако ми докажат дека култот на принесување на човечки жртви е постар од праксата на вечерното читање на Псалмите, побргу би се откажал од „езотериските преданија на антиката" и би останал во традицијата која не може да се пофали со толкава старост.
Во потполност го разбирам изборот на младиот индуистички браман, кој својата стара и „езотериска" традиција ја заменил со помладото и попрактично христијанство: „Мојот дедо Синг сериозно се занимаваше со окултизам и секогаш ги критикуваше оние кои просто философираа и не се обидуваа да ги користат натприродните сили. Еднаш мојата баба Нани ми ја раскажа тајната, која ја чувала долги години: Синг го принесол својот прв син на жртва на својата омилена божица Лакшими, сопруга на Вишну-чуварот. Во Индија постоел таков обичај, но за него не се зборувало отворено. Како божица на богатството и процутот, таа, можеби, му помогнала на дедо ми неверојатно брзо да стане најбогат и највлијателен човек во Тринидад".
Во оваа статија речиси нема ни да зборувам во свое име. Напросто ќе се потрудам да покажам на каква основа зазвучила проповедта на Пророкот, а потоа и на Самиот Христос. Она што е длабоко нурнато во водите на историјата, се гледа како низ магла и со носталгија. Но, на земјава постојат островчиња каде што се останати многу нешта како порано. Таму не е слушнато за Евангелието.
Едно од таквите островчиња е светот на ламаизмот. Супстратот, кој го „замрзнувал" Тибет, задржувајќи го неговиот духовен развој во предбиблиската епоха, беше будизмот. Работата е во тоа што во будизмот нема Бог. Според прописите на будистичката философија, не може да се размислува ниту за Единиот Личен Бог - Творец, дури ниту за Светскиот Брама, Космичкиот Дух. Се што постои е кружење на честиците, се е предзвикано со психоза. Се е манифестација на психичката енергија, и затоа се може да се користи - само ако човекот е свесен за тоа дека овие сили ќе користат за доброто на будистичката заедница.
Махајанистичкиот будизам стигнал во Тибет во VII век. Во IX век продрел од аристократијата и научните кругови во народот во облик на ламаизмот, кој го основал Падма Самбхава.
Народите на Тибет тогаш уште не биле излезени од фазата на шаманизмот. Нивниот култ се состоел во контакт со духовите - вклучувајќи ги и оние потполно и отворено зли духови. Според логиката на религискиот развој по некое време тие би можеле да ја примат идејата за Едното Божество и да тргнат по патот на општочовечкиот развој... Но, кај нив дошле будистички проповедници иим рекле дека нема Бог. Постојат духови (од гледна точка на будистичката философија во принцип постојат сите облици на живот, ако некој за нив доследно и постојано размислува и им ја пренесува својата енергија). Всушност - секој будист знае дека на Будините проповеди се соби-рале дури и боговите.
А Бог не дошол. Значи - Него го нема. Така шаманистичкиот култ всушност бил зацврстен со будистичката философија.
И така, доаѓајќи во Тибет, Падма Самбхава почнал да го гради манастирот Самјо. Меѓутоа, демоните се спротивставувале на градењето. Стапувајќи со нив во окултна борба, Падма Самбхава ги покорил и ги претворил во слуги, кои го завршиле градењето. Така настанала познатата изрека на Ј. Рерих: „демоните градат храм". Покрај тоа, основачот на ламаизмот, победувајќи ги ѓаволските сили, поставил долгорочен услов за ослободување на демоните. Оттогаш тие биле обврзани да ја заштитуваат будистичката правоверност. Воопшто, од гледна точка на тантризмот, не е економично да се избегнува контактот со мрачните духови и енергии - треба да се научи да не се отфрлаат, туку да се користат за свои цели. На окултното домаќинство може да му затреба секоја енергија.
Додворувањето токму на овие сурови и крвожедни гении завзело првенствено место во народниот култ, потпирајќи се на ова предание и на ова учење. Во будистичките манастири во Монголија и Тибет секојдневното утрено служење почнува со принесување крвна жртва на „чуварот на верата Џамсаран и на други свирепи божества и гении", „боженствени џелати и смртоносци на непријателите на (ламаистичката) вера и добродетел".
Еве опис на овие служби опишани во книгата на рускиот етнограф. А. М. Позднеев, која самите будисти повторно ја издале во 1993. г. во Калмикија: „Хувараците, кои изнесуваат балин пред почетокот на служењето, имаат задача да го набљудуваат пред се Џамсаран и да замислат дека целиот простор на светот е празен. Во просторот на оваа празнина тие мораат да замислат безгранично море од човечка и коњска крв, во кое како триаголник се брануваат бранови; во самата средина на овие бранови - четириаголна бакарна планина, а на нејзиниот врв - сонце, човечки и коњски труп, а на нив Џамсаран. Лицето му е црвено; во десната рака, која испушта пламен, тој држи бакарен меч, вперувајќи го кон небото; со овај меч тој го сече животот на оние кои ги нарушиле заветите. Во левата рака ги држи срцето и бубрезите на непријателите на верата; под левата мишка држи црвено кожно знаме. Устата му е страшно отворена, четирите очници му се гледаат; тој има три очи и изгледа страшно гневно. Крунисан е со пет човечки черепи. Стои среде огнот на премудроста кој баботи".
Откако ќе му принесат на овој и на армија други демони пехар со крв, ги повикуваат да ги уништат непријателите, посебно оние кои го ограничуваат ширењето на будистичката вера и светост. Еве го молењето со кое му се обраќаат: „Го повикувам господарот на животот, кој го основа своето пребивалиште во југо-западната земја на труповите, големи црвени џелати и шимнуси, кои не отстапуваат од заповедите на Џамсаран, дојдете како што и ветивте... За да го израдувам Џамсаран и неговите соборци, им одавам почест со страшното море од различна крв. Ом-ма-хум... Сите непријателски сили и пречки, според своите строги и сурови закони, претворете ги во прав... Ти кој ја отвори устата и ги покажа очниците и кој имаш три очи на своето страшно лице и кој ја врза во плетенка својата темноруса коса, и стави на себе круна од черепи и броеници, величенствениот витез, надарен со лице кое е невозможно да се гледа, тебе те фалам! Онаа која стои од твојата десна страна Ухин-тенгри, која држи во своите раце меч и шајка, има модрикаво тело и црвеникаво лице - ја фалам!... Цару на чуварите, мајко со црвено лице, владико на животот, осум сурови мечоносци и вие, страшни џелати, умножете ја вашата енергија! Грешниците кои му креваат прегради на ламаизмот, на сите кои се држат за еретичкото учење, покажете им ја вашата сила и спасете, о спасоносни. Испраќајќи одозгора шимнуси, кои дејст-вуваат со ножеви, зграбете ги непријателите во мрежа, забодете ги со чивии, исечете ги со мечеви, прострелајте ги со стрели, нрободете ги со копја, исцицајте им го срце-то! Но, принудувајќи ги да го завршат своето вистинско зло битисување, спасете ги нивните души! Прекинете го животот на овие злобни непријатели! Телото, крвта и коските нивни јадете ги со сопствените усти! Примете ја оваа жртва од телата и крвта на намразените непријатели! Упатете ме на патот кон добродетелта, но казнете ги ненријателите со очигледни знаци! Уништете ги непри-јателите на ламаизмот и верата воопшто, зашто само по тој пат ќе ја зачувате верата и свештеното учење!".
И така, иако од далеку изгледа дека сите религии се исти, треба да се разгледаат од блиску. И да се постави прашањето, можат ли, на пример, во ист иконостас да се стават Спасителот од Андреј Рубљов и маските на ламаистичките божества? Може ли паралелно за време на една утринска молитва, да се прочита и молитвата на христијанинот и молитвата на тибетанскиот монах?
Впрочем за одговор на последното прашање треба да се наведат нивните текстови. Утринската молитва на ламаистите ја слушнавме. Заради полесно споредување да ја земаме молитвата на православниот христијанин, со која не се обраќа на Бога, туку на Ангелот Чувар: „Свет Ангелу кој стоиш покрај мојата бедна душа и го гледаш мојот страстен живот, не оставај ме мене грешниот, и не отстапувај од мене заради мојата невоздржливост. Не давај му место на лошиот демон да завладее со мене со иомош на насилие на ова смртно тело. Зајакни ја мојата бедна и слаба рака и упатиме на патот на спасението. О, свет Ангелу Божји, чувару и покровител на мојата бедна душа и тело, прости ми за се со што те навредив во сите денови на својот живот; и ако нешто згрешив изминатата ноќ, заштити ме денес, и сочувај ме од секое ѓаволско искушение, со никаков грев да не Го разгневам Бога и моли му се за мене на Господа, да ме зацврсти во стравот свој и да ме покаже достоен слуга на својата добрина. Амин". Како што точно забележува Л. Јузефович: „тешко е Архангел Михаил, архистратигот на Небесните Сили, и покрај сета своја борбеност, да се замисли во дијадема од отсечени глави, кој стега во забите крвава утроба на противниците на христијанството. Та нека се дури и сличните физиолошки детали само символи на чисто духовната борба, самиот овој метафоричен јазик, кој принципиелно се разликува од христијанскиот, морал да го вознемири Унгерн".
Навистина во Тибетанската „Шамбала" се одело до тоа и во праксата: „Мене, кој дотогаш поминав деценија и пол меѓу Монголците, ми изгледаше чуден разговорот со свештеникот, будистичкиот лама, претставник на движењето „Поштеди се што е живо", разговорот за можноста за постоење на принесување на човечка жртва"... Па, сепак, тој морал да се увери во неверојатното. Принесувањето човечки жртви кај северните будисти го дочека XX век.
Еве, на пример, едно од делата на прочуениот Тушегун-лама (или Џа-лама), кој се сметал за овоплотен Махакала, Великиот Црнобог, „кој скоро половина век ја вознемируваше степата, кој на номадите им влеваше страв и кој за време на животот беше прогласен за светец". Во август 1912 година по бојот во кинеската тврдина Кобдо, Монголците заробија 35 кинески трговци (не војници, обратете внимание - трговци). Решено беше над нив да се изврши древен тантристички ритуал „осветување на знамињата". „Повикувајќи го народот со дување во школки кои фучат, ламите ги изнесоа дамарите - тапани, обложени со човечка кожа, музичките инструменти од шупливи човечки коски, и садовите со крв за демоните. Ламите од повисок и понизок ранг подеднакво тешко се пробиваа низ толпата... Брзо ги соблекоа жртвите голи. Рацете и нозете им ги прекршија зад грбот, главите им ги зафрлија наназад, врзувајќи им прамен од косата за врзаните раце и нозе така што тој стрчеше пред градите на жртвите. Ламите почнаа посилно да ги мрморат молитвите и баењата, ужасното пеење стана се побрзо. Напред одеше Џа-лама, како и сите лами, со непокриена глава, во црвена мантија. Промрморувајќи ги зборовите на молитвата, тој клекна пред првиот од врзаните Кинези, зеде во левата рака краток жртвен нож во облик на срп. Заривајќи го за миг со левата рака ножот во градите, Џа-лама со десната рака му го откорнал целото срце, кое уште чукало. Со крвта, која бликна, Хајлар-Монголите на платно напишаа „формули на баењето", кои би им гарантирале на Монголците помош од докшитите, кои ја процениле нивната победа. Потоа Џа-лама го стави крвавото срце во подготвената габала - пехар, кој всушност беше горен дел од човечки череп, опточен во сребро. И повторно крик на нова жртва, се додека, најпосле, сите пет знамиња не беа ишарани со крвта од срцата. Со краток удар на ножот во черепот, ламите го сецираа, спуштајќи го веднаш тука топлиот мозок во габалата со мртвите срца... Во ужасот потргнувајќи се во почетокот, гледачите извикувале нешто во знак на одобрување, како да палат во својата душа мал оган... Дојде ред и на следните пет жртви, меѓу кој беше и заробениот Сарт. Џа-лама му пријде прво нему. Продорно „алах-ил-алах" одекна во долината, кога тој со човечка коска во облик на шило му ги отвори артериите на Сарт и почна да му пушта крв која бликна во габалата. Сарт умираше како вистински муслиман; ја шепотеше претсмртната молитва, свртувајќи го погледот кон родната земја, додека не падна на тревата. На четворицата негови пријатели не им беше подобро: полека крвавеа. Џа-лама ги попрска со крвта на непријателите кои умираа цириките (војниците) кои стоеја во близина. Безживотните жртви ги фрлаа во огнот". Кога чиновникот на кнезот дошол на местото на принесувањето на жртвите и се обиде да ги запре, тврдејќи дека според „жолтата вера" такви ритуали не смеат да се вршат, му се спротивставија: „Џа-богдо-лама врши тантра-принесување според стариот обичај, како што пренесуваат тајните преданија. Неговата наредба за нас е главна! Така наредува да се постапува со непријателите на религијата Махакалаш. Па навистина, што е зборот на кнезот пред авторитетот на светецот! И тој е дури и повеќе од светец: „Махакала најпрво беше еден од ликовите на Шива како рушител на светот".
„Лама - иконописците" биле обврзани Махакала секогаш да го сликаат со меч или нож, на фон од оган кој прочистува, со широко отворена уста, подготвена да се зарие во срцето на непријателот на жолтата вера, да ја испие неговата неостината крв. Овој докшит (на тибетански и дхармапал на санскрит) не го победува просто Злото, туку чувствува блаженство при погледот на маките на носителот на ова Зло". Ова во никој случај не е лик на демонските сили, не е облик на злото. Не, тоа е облик на покровителот на „жолтата вера", облик на оние сили кој го штитат тибетанскиот будизам. Него и нему сличните духови во ламаизмот ги нарекуваат „Осумтемина ужасни" (Махакала, Цаган-Махакала, Ерлик-Хан, Охин-Тенгри, Дурбен-Нигурту, Намсарај, Џамсаран, Памба).
Махакала е демон кој сам не е способен да достигне нирвана, но покорен од страна на Падма Самбхава и други будистички подвижници, тој „е осуден вечно да се бори против оние кои го спречуваат ширењето на будизмот, им прави зло на луѓето или ги попречува да извршуваат свештени обреди".
Далај-ламите (според признанието на денешниот Далај-лама XIV) од детството се поврзани со црнобогот Махакала: „Набрзо после моето раѓање на покривот од нашата куќа се населија два гаврани. Тоа е посебно интересно, поради тоа што слични работи се случувале и по раѓањето на првиот, седмиот, осмиот и дванаесеттиот Далај-лама. Подоцна, кога Далај-лама Првиот пораснал и достигнал височина во својата духовна практика, тој за време на медитирањето воспоставил контакт со божеството-заштитник Махакала. И тогаш Махакала му рекол: „На оној кој, како тебе го зацврстува учењето на будизмот, иотребен му е заштитник како што сум јас". Така да, како што гледаме, меѓу Махакала, гавраните и Далај-ламите сосема сигурно постои врска". Освен тоа, денепшиот добитник на Нобеловата награда за мир нема ништо против тоа да работи со демоните и „божествените џелати": „За да имаме работа со таканаречените гневни заштитници, ние самите мораме да достигнеме одредено ниво на внатрешен развиток. Кога човекот ќе достигне некои резултати или стабилност во својата практика во јогата, особено во јогата на божествата, и ќе ја развие во себе гордоста на ова божество, тогаш тој стекнува способност да користи различни заштитници и божества. Еве, тоа е правилен пат... Вршев посветување на Калачакра. Притоа секогаш во мислите замислував различни заштитници на тибетскиот народ, тибетската заедница... Овие божества можат да влијаат врз настаните, кои се случуваат во светот".
Далај-лама не го кажа само тоа дека за да влијае на самите „гневни божества", и за да ги принуди да „влијаат на настаните кои се случуваат во светот", треба да прибегне кон тајните тантристичките обреди. Она што го правеше Џа-лама, не се баханалии на лудаци; принесувањето на жртвите, кое тој го изврши, е „достапно само на оној мал број упатени, кои, според тантанизмот, ги совладале заветите на дијаманското тркало на Ваџра". Она што Џа-лама ретко го правеше, во потполност постојано „имаше прототип" во обичните ламаистички обреди. На пример, во јурта во Џалама висеше „тулум" - кожа, одрана 1913 година од заробен Киргиз без резови, како вреќа, вешто посолена и сушена. Тоа не е воен трофеј, туку неопходен молитвен предмет. „Постојат молитви на ламите, за кои треба пред нив на подот да се распостели кожа на Мангус, овоплотување на злото; друга работа е тоа што, доколку неа ја немаат, тие распростилаат парче бела ткаенина, која ја симболизира кожата на Мангус. Доколку Џа-лама почнел да гради голем манастир, кожата на непријателот му била потребна за идните хурали, молења".
Еве зошто „Тулумот" (кожата), кој го следеше Џа-лама во неговите талкања, е уште интересна. Секој народ, секој град се труди, покрај почитувањето на „Единствениот Небесен Отец" (ако уште Го памети), да добие „поблизок" духовен покровител. Москва како свој покровител го почитува свети Горѓи Победоносец, а Петербург свети Александар Невски. Во античко време Атина Палада се сметала за покровителка на Атина, а Артемида - на Ефес... А кого ламаистите го сметаат за покровител на својата света престолнина - Ласа? Божицата Ламо. Таа секогаш е насликана како скока качена на маска по море од крв, покриена со страшна абајија - тулум, направен од кожата на нејзиниот син, кој таа самата го убила заради предавство на „ жолтата вера"...
Обредите на Џа-лама не беа толку „езотериски" за да не ги практикува никој друг. Кога еден од соборците на Џа-лама Максаржав 1921 година изврши преврат, тој не само што го уништи белиот гарнизон (одредот на атаманот Казанцев беше дел од Унгерновата дивизија), туку срцето на козачкиот капетан Ванданов (Бурјат-будист) беше изедено. „При појавата на Ванданов во логорот Чеџин-лама веднаш падна во транс, божеството, овоплотено во него, за себе за жртва го бараше раступотеното срце на Ванданов. Ванданов го стрелаа, а изваденото срце му беше поднесено на избезумениот Чеџин, кој во екстаза го изеде. Подоцна зборуваше дека за време на трансот делува божеството, а не тој, дека тоа го изело срцето на Ванданов". Извршителите на овај чин му раскажувале на Бурдуков дека „неговото сало и месо го разграбале за лек. Во тибетската медицина месото, салото, човечкиот череп и многу други работи се употребуваат како лек. Човечкото месо и сало претежно се земаат од убиени".
Ванданов беше принесен на жртва при извршување токму на истиот ритуал на осветување на знамињата. Но, овај пат тоа беа - црвените болшевички знамиња. И командирот на црвените Монголи Максаржав наскоро беше награден со советскиот орден Црвено знаме...
Наскоро „Црвеномонголците" (термин на А. Бурдуков) го заробиле наредникот Филимонов од Бијск. И овој пат срцето на заробениот беше принесено на жртва на црвените знамиња и изедено. Обредот го извршуваше оној истиот, кој за време на Максаржав беше Чеџин (Чојџин) лама. „Интересно е дека во современите случаи на принесување на човечки жртви иницијатори се претставници на највисокиот ламаизам - Џа-лама и Чеџин".
Значи, не станува збор за ексцес, туку за традиција. Природно, езотериска. Во северниот будизам во уиотреба се „храмови дувачки инструменти од човечки коски и од истиот материјал се направени зрната на ламаистичките бројаници... Габалата се изработувала од череп на девственик, кој умрел од природна смрт и кој не убил ниту едно живо битие. Во неа се налевала крвта на жртвените животни за призивање на заканувачките дармапали".
Кога на луѓето им се кажува за такви страници на будистичкото верување и пракса, реакцијата обично е стандардна: „Ама тоа не е возможно. Па на сите им е познато дека будизмот е најмирољубива религија на земјава!". До таа мера луѓето се застрашени од идејата за задолжителен „мир меѓу религиите", толку се заробени од пропагандата за нивната „еднаква вредност" (при претпоставена надмоќност на будизмот над христијанството) што дури и Инеса Ломакина, во чија книга за Џа-лама има толку страшни страници, смета дека е неопходно да им се поклонуваме на „мудростите на ламаизмот". „Млада жена-членка на будистичката заедница во Санкт-Петербург, откако прочитала дел од ракописов, ме праша: „Зошто сите тие ужаси, тие принесувања на жртви? Будистот нема тревка да скине, благословувајќи се што расте и живее на земјата. Или вие сте против препород на ламаизмот?" Не, не, не сум против; денес која било вера сигурно е на добро. Само ламаизмот е посебна вера, која ја впила мудроста на Степата. Секако, да се корнат срца од градите на живи луѓе - тоа е „за добро на човекот". Кармата на убиениот со тоа станува подобра.
За Унгерн и Џа-лама „крвта на цветните ливчиња на будистичкиот лотос изгледала како нешто во потполност природно и нормално". Кога Бурдуков се заинтересирал кај Џа-лама, како, бидејќи е будистички монах, може да носи оружје, да се бори и да убива, Џа-лама одговорил: „Оваа вистина („штеди се што е живо") е за оние кои се стремат кон совршенството, но не и за оние кои се совршени. Како што човекот кој се искачил на планината, мора да слегува долу , така и совршените мораат да се стремат надолу, во светот - да служат за доброто на другите, да ги земаат на себе гревовите на другите. Ако совршениот знае дека некој човек може да уништи илјада на себе слични и да предизвика несреќа кај народот, тој човек тој може да убие, за да спаси илјада и да го избави народот од неволја. Со убиството ќе ја очисти душата на грешникот, преземајќи ги неговите гревови врз себе". Така будизмот е во состојба да понуди оправдување за злоделата кои ги извршуваат неговите следбеници.
Но, без обѕир на тоа, верската толеранција и мирољубивоста во современото (како окултна така и светска) пропаганда со вчудоневидувачка наметливост ја спротивставуваат „крволочноста" на христијаните. Постојано се слушаат изјави од типот: „Будистите се единствените од сите верни, кои за две и пол илјади години никогаш не предизвикале крвопролевање. Будистите никогаш не отпочнувале војни, уште помалку братоубиствени, граѓански војни. Тие не ја ширеле (за разлика од христијаните) својата религија со оган и меч". Па еве, да го послушаме мислењето на историчарите: „Мнозинството западни будизмолози го истакнуваат „мирољубивиот" карактер на учењето на будизмот во споредба со исламот и христијанството, и како да забораваат дека многу владетели на стариот и средновековниот Исток во будизмот се нарекувале „чакравартини", „бодисатви", „будхараџи", иако некој од нив се разликувале по крајната суровост и биле познати по истребувањето на цели народи, на пример, Ашока, Џингиз-кан и др. При тоа во историјата се забележани голем број на случаи кога агресијата е оправдувана со религиски цели: војната на островот Шри-Ланка заради поседувањето на заб од Буда, походот на бурманскиот цар Ануруда на државата Татон, божем заради добивањето на Палискиот закон итн. Е. О. Берзин нагласува дека „борбата за уривање на државите од стар тип и создавањето на држави од нов тип, како што тоа секогаш било во Средниот век, се водела под религиски пароли. Така, на површината од настаните ја гледаме борбата на будизмот хинајана против будизмот на махајана во Тајланд, Кампучија, Лаос, борбата на старите анимистички култови против будизмот хинајана во Бурма, борбата на конфучијанството против будизмот на махајана во Виетнам, најпосле, борбата на синкретичката религија на будизам-хиндуизам против жреците на секоја од овие религии посебно во Индонезија". Неопходноста и праведноста на освојувачката политика на владателите, кои биле покровители на сангата и дармата, идеолозите на будизмот ја оправдуваат на тој начин што се повикуваат на едиктите на Ашока, кои се канонизирана егзегетика на будизмот терававда, и на канонизираниот трактат „Милиндапања", а во целина се разгледува природата на овие војни преку концепцијата чакравартина. Треба да се нагласи дека политиката дармавиџаи (буквално „Освојување со помош на дарма") е позната во земјите на јужниот будизам како дел од концепцијата чакравартина, според која владателот е обврзан да ја шири дармата во соседните земји, т.е. освојувачките походи се негова должност".
 Се случувало будистичките секти на самиот Тибет да ги разјаснуваат меѓусебните односи со оружје в раце. А во будистичко-шинтоистичка Јапонија веќе се пролевала крвта на христијаните. Пред почетокот на прогонувањата во земјата постоеле околу 300.000 христијани. И тоа било сфатено како закана за националната безбедност на Јапонија и за благосостојбата на будистичките манастири. Христијанството било прогласено за надвор од законот. Во 1623 г. биле погубени 27 Христијани. Од 1618 до 1621 г. биле убиени 50 христијани-Јапонци. Следната, 1622 г. влегла во историјата на јапонската Црква како „година на великомаченици": на 30 христијани им биле отсечени главите, а уште 25-мина биле живи запалени (од нив - деветмина странски римокатолички   свештеници). И така било два и пол векови. Кога во втората половина на XIX век христијанството е прогласено за дозволена религија, во Јапонија останале 100.000 Христијани (притоа историчарот забележува дека ретко кој од христијаните се одрекол од верата - мнозинството и дало предност на смртта). Философско осветување на овие прогонства дадено е во трактатот „За штетата од Христијанството", напишан од будистичкиот монах Суден.
Па и во Унгерновата дивизија, која е спомната порано, делот, најподготвен за борба, го сочинувала Тибетската чета, која на баронот им ја испратил Далај-лама. Значи - тибетските лами имале и искуство во борбите, и некои намери, за чија цел тие не само што имале единици, туку и ги испраќале надвор од границите на Тибет.
Принесувањето на човечки жртви во современиот будизам токму им противречи на возвишените европски претстави за будизмот, а не на историјата на самиот будизам.
Во својата историја христијаните пролевале крв, сигурно не иомалку од будистите. Но, оваа крв никогаш не била ритуална. И поради тоа црковниот живот, кој одамна е прекриен со пепелта на секојдневието и грешките на мирјаните и пастирите, кој во схоластичкиот мир бараше рамнотежа на сите духовни проблеми - сепак е подобар од безумниот пламен кој ги опалува ветераните на „контактот со космичкиот Разум".
Бев во Мексико. Се качував на пирамидите...
Што би раскажале тие, кога би проговориле?
Ништо. Во најдобар случај, за победите
над соседните племиња, за главите скршени.
За тоа дека крвта човечка од чинијата
во која е налеана на Богот на Сонцето
му ги јакне на човекот мускулите;
дека вечерната жртва
на осуммина млади и силни јунаци
му обезбедува изгрев подобро од будилникот.
Сепак подобар е сифилисот,
подобро е грлото на еднорогот Кортес
отколку оваа жртва.
Ако е пишано враните да ви ги извадат очипле,
подобро е убиец, а не астроном да ве нападне.
Јосиф Бродски, Мексикански дивертисман


Овој свет, свет на принесување на жртви им бил добро познат на луѓето од Библијата. Сите пагани не принесувале човечки жртви. На иример, омразата на Римјаните кон Картагина се објаснува, и тоа не на последно место, и со гнасењето на Римјаните кон принесувањето на човечки жртви од страна на Африканците. Исто така како чувството на гадење на библиските пророци кон паганството станува потполно разбирливо на фонот на хананејската практика на спалување на бебиња во слава на Ваал. Острото оградување на првите христијани од „античкото наследство" исто така ќе стане појасно, ако се сетиме дека во длабочината на тоа „наследство" се наѕира човечка крв. И приказната „Повест од древните времиња" за тоа како го пуштиле Перун да плива по Дњепар престанува да наликува на „рушење на културните споменици на родното наследство" ако се сетиме дека само неколку години пред годината на Крштевањето на Христијаните му ги принесувале како жртви на Перун.
 Толку страшните жртви луѓето не ги принесувале од суровост, туку пред се од очајание. Премногу е далечен Бог. Премногу се блиску боговите. И карактерот им е премногу непостојан: денес помагаат - утре се потсмеваат. И со последниот зрак на надежта луѓето се убивале еден со друг пред лицето на боговите: можеби барем тоа ќе ве смилува...
Евангелието не може да се сфати без приказната за прародителскиот грев. Не може да се сфати блесокот на Таворската гора без да се знае онаа провалија во која се спуштиле луѓето. Долго човештвото преткаше кон онаа „полнота на времето", кога било возможно да му се предаде Евангелието. За тоа време не само што протекло многу вода, туку и многу крв покрај многуте олтари.
Постои магловит одблесок на вистината во овие крвави блудничења на религиското чувство. Навистина, и без пролевање крв проштевање не станува (Евр. 9, 22). Крвта е живот, и човекот чувствува потреба токму животот, „целиот наш живот" да го довери, посвети на вишиот свет. Освен тоа, Бог ги моли луѓето: „Синко, дај ми го срцето твое". Но, и духовите исто така сакаат во потполност да ги потчинат луѓето на себеси. Навистина според зборовите на Достоевски, „овде ѓаволот со Бога се бори, а бојното поле се човечките срца". Сојузот не смее да биде површен, тој мора да биде склучен не на периферијата на човечкиот живот, туку во неговата длабочина во срцето. И еве духовите молат: па извади го тоа срце надвор и дај ни го нам. Како гест на доверување на себеси на духовните господари, човекот ја пролева својата крв и крвта на жртвите.
Возможно е Евреите пред старозаветната доба да имале култ на човечки жртви. Принесувањето на Јефај за жртва се појавува како ехо на архаичната пракса. Според многу веројатна претпоставка на В. Розанов обредот на обрезание настанал како замена за хананејскиот обичај на принесување на првороденчиња за жртва.
Па, сепак, не крвта на луѓето, туку крвта на животните е пролевана во светот на Стариот Завет. Тоа веќе е подобро од „вечерната жртва на осуммината млади и силни".
Дотолку побргу, плановите за воспоставување на ерусалимскиот Храм и староеврејското богослужење, ако се знае техничката страна на старозаветните ритуали, не предизвикуваат ентузијазам. Свештениците оделе по порои од крв и нивните раце во најбуквална смисла биле „до лакти во крв". Кога се принесува грлица на жртва - „свештеникот ги зема гулабите, им ги крши главите и им ги прегризува (додека се живи - повторна идејата за болка!) коските на крилјата". „Спалувањето на птиците се извршува вака: свештеникот ја гмечи нејзината глава од страната на тилот и ја одвојува од трупот, потоа ја цеди крвта од главата и од трупот на ѕидот на жртвеникот над половината на жртвеникот; ја зема главата, го приближува местото на гмечење кон жртвеникот ја мачка со сол и ја фрла во оганот на жртвеникот; потоа тој од трупот со рака го дере вратот и кожата која е под неа, со иердуви - и ја вади утробата, која излегува со неа, - и тоа го фрла на местото со пепел; потоа, држејќи ја за крилјата, без нож, ја кине не разделувајќи ги деловите, ја мачка со сол и ја фрла во огнот на жртвеникот. Како се врши гмечењето? Тој го зарива ноктот длабоко од кај тилот: ако сака - може со ноктот да помине до таму и назад. а ако не сака - тогаш го втиснува со ноктот...
Како се држи жртвената птица за време на работа со ноктот? Двете нејзини нозе свештеникот ги држи помеѓу двата прсти и двете нејзини крила помеѓу двата прста, и го извлекува вратот со двата прста и со ноктот ја расцепува".
Секојдневното утринско принесување на јагнето (тамид) на жртва се вршело на следниот начин:
„Свештеникот им зборува на оние, поради кои се принесува жртвата: излезете и донесете го јагнето од одајата за јагниња". На јагнето му ја врзувале предната нога со задната. Главата му била свртана кон југ, а лицето му се свртувало кон запад. Оној кој коли стои на исток со лицето кон запад. Оној кој ја одрал кожата, не ја прекршил задната нога, туку го прободувал коленото и го обесувл; кожата ја дерел до градите; доаѓајќи до градите, тој ја отсекувал главата и му ја нредавал на тој, на кој во делот му иаднала главата; потоа ги отсекувал колената и ги давал на оној кому овие ќе му паднале во делот; го довршувал дерењето на кожата, го корнел срцето, ја испуштал неговата крв, ги отсекувал рацете (иредните нозе). Потоа сите учесници на жртвувањето стојат покрај жртвеникот и ги држат деловите на расчленетото јагне на одреден начин: првиот од главата и задните нозе: главата во десната рака, носот е завртен кон горниот дел на рацете, роговите се помеѓу прстите, местото на резот одозгора и салото над него, а неговата задна нога е во неговата лева рака со местото на кожата однадвор; вториот со двете раце (предните нозе): десната на неговата десна рака, а левата во неговата лева рака и нивното место на кожата е однадвор; третиот со опашката и ногата: опашката во десната рака, масните наслаги висат помеѓу неговите прсти, и црниот дроб и двата бубрези со него, а левата задна нога е во левата рака... Вкупно ги има 9. Тие оделе и ги ставале своите делови на долната половина на кевешот кон запад, ги посолувале, ги спуштале, доаѓале во комората газит за да читаат Шема (утринската молитва).
„Жртвеникот на сепалениците е широк 30 лакти, а висок 50. Вечниот оган горел над него. Тоа не било огниште, туку вистински пожар. Замислете го татнежот, свирежот, шиштењето на огнот на таквиот жртвеник. Замислете скоро циклон, кој се создава над храмот. Според преданието, тој никогаш не се гаснел, дури ниту од дожд. Тука се спалувале цели бикови, а за мноштвото на јарци и овни и да не зборуваме. Замислете како се ширела миризбата од саѓите и салото - ако од едно ражен на Исток се шири густ чад на неколку улици! Според Јосиф Флавиј, за Пасха се колеле 265 илјади јагниња... Понекогаш свештениците оделе до глуждовите во крв; целиот огромен двор бил преплавен со крв. Оние со слаби живци немале причина да доаѓаат ваму. На празникот Сеници за еден ден биле донесувани 13 бикови. Старозаветниот култ насилно плашеше со својата величина", о. Павле Флоренски дава слика на старозаветниот култ.
Ова е општиот закон на Мојсеевиот ритуал: помазување со крв и попрскување со крв. Приближно како кај нас со миропомазанието и попрскувањето со света вода. И како што во „практичното упатство за православните пастири" се раскажува за тоа како се држи бебето при Крштевање, за да не му се наштети, така и во јудеизмот се чуваат упатства за убивство на животните. Нашиот свештеник прска со вода, еврејскиот прскал со крв.
И еве сета оваа надворешна моќ и стихијност на древниот култ се заменува со принесување на парче леб и путир со вино... Квантитативната величенственост на старозаветниот култ како да се собира во квалитативната напрегнатост на новозаветниот култ. „Христијанството е бескрајно позгуснато од јудејството и дефинитивно одговара на барањата на еврејството за законот (зашто „без пролевање на крв нема простување" - според зборовите на Апостол Павле); но еврејството постојано се обидува да ги задоволи своите побарувања, со привремени и тоа со недоволни средства".
И заради тоа веќе во Стариот Завет Бог почнува да ги одучува луѓето од овие жртви. „Жртвата пред Бога е смирен дух" - му се открива на Псалмопевецот. На Амос му се кажува: Ги мразам и ги отфрлувам празниците ваши и не ги помирисувам жртвите ваши во време на вашите прослави во собранијата. Ако ми принесете сепаленици и лебен принос, нема да ги помирисам и нема да погледнам милостиво на благодарствената жртва од вашите угоени телиња (Амос 5, 21-22) Истото ова го слуша Јеремија: Ваиште сепаленици не Ми се угодни, и вашите жрпти не Ми се пријатни (Јерем 6,20). И Исаија му пренесува на својот народ: Зашто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепалениците на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телиња, од јагниња и јариња не сакам.(...). Не принесувајте веќе суетни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие - и празнувања...? Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица (Иса. 1,11-17).
Најпосле, доаѓа времето на Новиот Завет. Ако порано за жртва на Бога му донесувале стада од бикови и овци, сега Бог дошол кај луѓето со Својата Жртва, со Својот дар. Човечките напори да се искачат до Бога, човечката спремност да цедат крв капка по капка и од себе и од животните за нејзиното поточе да моли од земјата кон небото, се покажале залудни: оти Законот ништо не доведува до совршенство (Евр. 7,19). Жртвите на Стариот Завет не можат да го направат совршен по совеста оној што служи (Евр. 9,9). Имено, принесувањето на жртва е раздвижување на вознемирената совест, тоа е неодредено раздвижување на чувството за покајание, чувството на ненормалноста на својот живот. Но, по принесувањето на жртвата ништо не би се променило. И заради тоа се јавува потребата од нови и нови жртви, и затоа жртвите биле секојдневни. Труповите на животните не можеле да ја исполнат бездната, која се отворила помеѓу Бога и човекот.
Но дојде Христос, Јагнето Божјо, Кој врз Себе ги зеде гревовите на светот. Христос не ја зеде врз Себе правната или моралната одговорност за гревовите на луѓето пред лицето на Отецот. Тој врз Себе ги прифати последиците на нашите гревови. Самата аура на смртта, со која луѓето се опкружиле, изолирајќи се од Бога, Христос ја исполни со Себе. Не престанувајќи да биде Бог, Тој стана човек. Луѓето отидоа далеку од Бога, неволно му се приближија на небитието - и таму, на истата таа граница на небитието Христос слободно се приближи. Не прифаќајќи го гревот, но прифаќајќи ги последиците на гревот. Како што пожарникарот, кој се фрла во огнот, не соучествува во вината на потпалувачот, но учествува во болката на оние, кои останале во зградата, зафатена од огнот.
Христос не ги нашол сите луѓе на земјата. Многумина веќе си заминале во шеолот за таму, по смртта, човекот да може да го најде Бога. Христос не пролева крв заради тоа да Го смилува Отецот и да му даде „правно право да ги помилува" луѓето. Со пролевањето на крвта Тој, Неговата љубов, која ги бара луѓето, добива можност за влез во светот на смртта. Христос не влегува со сила во адот како Deus ex mashina, туку Тој влегува таму, во престолнината на својот непријател, по природен пат - преку Својата сопствена Смрт. Христос не умира во маки на Крстот затоа што му принесува жртва на Отецот: „Тој ги рашири Своите раце на крстот за да ја гушне целата вселена" (свети Кирил Ерусалимски, Беседи, 13, 28).
Жртвата Христова е дар од Неговата љубов за нас, луѓето. Тој се дарува Себе си, Својот Живот, полнотата на Својата Вечност - на нас. Ние не можевме да му го принесеме дарот кој му го должевме на Бога. Бог ни излегува во пресрет и ни се дарува Себе си. Богочовекот Себе си се жртвувал за луѓето, ни го подари Својот живот - не заради тоа Тој да умре, туку за ние да живееме во Него. И затоа христијанското принесување на жртвата, Литургијата, се извршува со зборовите: Твои од Твоите, Тебе Ти ги принесуваме за сите и за се". Ние сега на Бога не му принесуваме свое, туку Божјо. Ние не приоѓаме кон олтарот со својата крв. Земаме лозов плод, кој го одгледал Творецот. Путир со вино - еве го оној што е од нас во Литургијата (плус нашите срца, за кои се молиме да се осветат). И ние молиме овој прв дар на Творецот, дарот на лозата да стане поинаков Дар - да стане Крв Христова, да проникне со Животот Христов. Од Твоите луѓе, од Твојата земја, ние всушност Тебе Ти го принесуваме Твојот живот, Господе, затоа што Ти си ни го дал нам за се и за избавување од секакво зло. И ние молиме Твојот Живот, Твојата Крв, Твојот Дух да живеат и да дејствуваат во нас. Испрати го Твојот Свет Дух на нас и на овие предложени дарови, се молиме во највозвишената молитва на светата Литургија.
Ние пред олтарот на Бога Му го принесуваме, символот на Заветот - вино и леб . А за возврат добиваме Реалност: Со страв Божји вера и љубов пристапете.
Дарот кој му го должиме на Бога е оној кој овозможува во длабочината на сопствената совест да се биде со Бога. Ние сме променливи. Затоа полетот на побожното, покајничкото или радосно-благодарното чувство ние го оставаме и се враќаме на патот на служењето на телото. Но, Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки (Евр. 13, 8), и затоа нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесуваат жртва прво за Гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Он го изврши тоа еднаш за секогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва (Евр. 7, 27).
Жртвата Христова не може да се повторува и нема смисла да се повторува: Христос влезе не во ракотворно светилиште (...) и не да се принесува Себе како жртва повеќепати, како што првосвештеникот влегува во Светилиштето секоја година со туѓа крв. Инаку, Он би требало многупати да страда од созданието на светот. А сега еднаш за секогаш, до крајот на вековите, се јави за да го премавне гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва (Евр. 9, 24-26).
Аватарите - „Спасителите" на Индија принудени се редовно да доаѓаат. Секој пат, кога во светот се замрачува сеќавањето на кармичкиот закон, тие мораат да дој дат и да потсетат на него. Тие зборуваат за космичкото кружење, а во ова кружење мораат и самите да учествуваат. Но, историјата во Библијата е линеарна; секој момент на времето е посебен, единствен и одговорен. Во библиското време можни се неповторливи случувања. Најважно од нив беше доаѓањето Христово. Христос не влијае само на разумот, ниту само на сеќавањето на луѓето - и затоа плодот на Неговото доаѓање е неспоредливо подлабок. Тој со Себе ја измени севкупната космичка структура воопшто. Затоа што Тој не влезе со книгите, ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп (...) крвта Христова (...) ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме иа живиот и вистински Бог (Евр. 9,12; 9,14). Сега - кога имаме слобода да влегуваме во Светилиштето преку крвпш на Исуса Христа, по нов и жив пат (Евр. 10,19-20).
Кога во она светилиште, каде човекот го пронаоѓа Бога, би можело да се влезе со жртвата, која ја извршува самиот човек, тогаш би можело да се прифати позитивното значење на другите, вонхристијански патишта. Кога во ова светилиште човекот би влегувал со проширување на своето знаење за Реалноста, т.е. по пат на собирање на гнозис (тајно знаење), тогаш би било возможно да се очекува појава на нова религија, која ја има предвид „еволуцијата на достигнувањата на човечката култура". Но влегувањето во ова светилиште Бог го условил со нешто друго: со Својата љубов и со Својата жртва. Таа веќе е принесена. Еднаш за секогаш.
Не треба да се плашите од необичноста на Божјата одлука. Не треба да се бега од Христа и Неговата Црква во Шамбала, во Индија ниту во „Третиот Завет". Бог нас оддамна не чека пред нашата зграда во обичната парохиска црквичка, во соседната улица, каде секоја недела наутро се врши Светата Тајна на Љубовта. Онаа Љубов, што некогаш ги запалила Сонцето и ѕвездите, светка и во малиот Евхаристиски путир:

И Евхаристијата, како вечно пладне, трае -
Сите играат и пеат, причестени,
Пред очите на сите садот Божествен
неисцрпна веселба излива и дава...
О. Мандељштам

 

 Посети: {moshits}

 

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 

 Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная