логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Излезе од печат нова книга “НЕБО НА ЗЕМЈАТА”, Учење е на св. Јован Кронштатски за Божествената Литургија од Митрополит Венијамин Седченков, во издание на Библиотека “Небесни цветови” при манастирот Св. Атанасиј Велики, с. Журче.

Движечка сила во светот

 Дејството на Светата Литургија не се ограничува само на поединец. Целото Христијанство, воопшто, по своето основно назначување, е дадено на сиот свет. И зборот ,,Литургија” на грчки значи токму ,,општо дело”. Преку неа, пред с#, се обновува единството на човечкиот род со Бога и сите Светии, и на луѓето едни со други. Таа мисла за литургиското единство (на сите и с#) посебно го восхитувала о. Јован. За тоа тој често и зборува.
 ,,Првообразот дојде кон образот: Творецот кон тварта. Таа мисла - која е самата суШтина на христијанската вера – го опфаЌа сето Христијанство, сета богослужба. Тоа единство е голема задача на Христијанството”. А тоа се достигнува преку ,,помирување со Бога, преку врШењето на Светата Тајна (Евхаристија), преку очистување и осветување на Христијанството, преку восход во христијанското соврШенство”. Спасението на светот е - ,,целта на земната Божја Црква”.   
 ,,Сета надеж за нас греШните е -  во помилување и спасение, во (искупителните) заслуги на Исус Христос, во Неговиот Крст, и во молитвите на Пречистата Богородица и сите Светии”. Меѓу останатото, Баќушка – врз основа на лично искуство – тврди дека Светата Тајна Причест ги ,,поттикнува сите луЃе на подвиг на самооткажување во љубовта, на милосрдие и сомилост  на срцето, ги соединува во една заедница на братството, го собира во единствен сојуз Небото и земјата”.
  Тоа општење не се гледа со очите, но тоа е реално, и блиско и присно.
 ,,Во каква меЃусебна блискост се наоЃаат жителите на Небото и жителите на земјата, и Божјата Мајка, и сите Светии, и сите ние, православните Христијани, кога се служи Божествената, вселенска, наднебесна, сесоединувачка Литургија! Боже мој! Какво прерадосно, животворно опШтење!”
 Затоа, како што н# советува о. Јован, мора да бидеме во единство на љубовта и за време на Литургијата и по неа.
 ,,Со радост и страв, со љубов спрема Бога и во заемна љубов, едни кон други, секогаШ треба да учествуваме во Светата Литургија”.
 ,,А Што ние принесуваме како благодарност на Бога за сета оваа љубов кон нас? Ги храниме ли гладните? Ги напојуваме ли жедните? Ги посетуваме ли болните? И во затворите затворениците? Ех, преку нив, како преку Своите органи, бара помоШ од нас токму Самиот Христос, наШиот Спасител, ‘Кој Себеси се принесе на жртва за сите нас!”.
 Тоа е, значи, најдобриот начин да се помине времето по Литургијата, а посебно – по Светата Причест: бидејќи тогаш човекот посебно е љубовно расположен и особено подготвен за општење со другите. Луѓето, меѓу останатото, забораваат една голема вистина: врската на љубовта и чистотата на душата. О. Јован тоа добро го знаеше. Не еднаш тој им пишува на свештениците: ,,О јереју! Колку ти треба да бидеШ чист и свет, за да можеШ да ги сакаШ ближните и своите чеда!” Тоа го знаеме од искуството, а тоа ни го кажува и богословието: љубовта е – од Бога, низ љубовта е зададена, назначената состојба на човекот. Од друга страна, гревот оддалечува од Бога и ја разорува човечката природа. И обратно: со ослободувањето од гревот се обновува и едното и другото. Литургијата се врши и токму заради опростување на гревот и заради најприсното општење со Бога. Оттаму и (литургијското) соединување е во љубовта, по лик (подобие) на Пресветата Троица – Единица. А каде нема љубов, таму, природно, нема ниту плодови од Светата Причест, таму с# е залудно. Таму ни Црквата – не е (повеќе) Црква...
 ,,БидејЌи веруваме во Црквата, како заедница на луЃе кои веруваат во Господа, луЃе кои се соединети во едното Тело - Главата Христова и кои се одухотворувуваат со едниот Божји Дух, ние, како делови на Телото во Црквата, мора да внимаваме и да се љубиме едни со други, како себеси, како своја дуШа и тело, и да го отсекуваме од своето срце секое самољубие, користољубие, завист, одбивност, гнев, непријателство, злопамтење, блуд, невоздржување и мора да си простуваме едни на други, како Што тоа за себе од другите го посакуваме; мора да бидеме снисходливи спрема слабостите на наШите ближни, да им помагаме сесрдно и со добра волја”.
 Без љубов – нема Црква.
 А, ако тоа општо важи за Црквата, најпрвин тоа важи за состојбата на душата на верниците за време на сите богослужби,  а пред с# на Светата Литургија.
 Благоуханието кое се шири по кадењето во храмот секогаш н# потсетува на тоа дека нашите неракотворени храмови – душата и телото – мора непрестајно да мирисаат со благодатта на Светиот Дух и добродетелите, со чистота, со светост, со кроткост, со смирението, незлобивост, простосрдечност, искреност, добронамерност, сочувствување, снисходење, трпение, непристрасност, правдољубие, послушание и милосрдие. Ако така дејствува мирисот на темјанот – колку пати повеќе дејствува Светата Причест?!  
 ,,Од црковната богослужба”, вели о. Јован, ,,вие ја изнесувате свеста за единството на сите луЃе, а пред с#, за сите православни, и според тоа се учите да се љубите едни со други, да се поттикнувате едни со други на добри дела”. 
 ,,На богослужбите, а особено на Литургијата на наШата Православна Црква, свеШтенството и народот... се како едно - со едно срце и една дуШа. ‘И дажд нам јединим усти и јединим сердцем славити и воспјевати пречестноје и великолепноје имја Твоје’ (‘И дај ни со една усна и едно срце да го славиме и воспеваме пречесното и великолепно име Твое...’), говори Црквата по претворањето на Светите Дарови. Ова соединување не смееме да го испуШтиме од вид при богослужбата, на него треба да ги  придвижуваиме и да ги поттикнуваме сите верни”.
 И обратно: ,,Во мерката во која Ќе се оддалечите од Црквата, од Богослужбата, од ова Царство Божјо, со вас Ќе завладеат животните страсти, различните нечисти навики и кнезот на овој век со своите мрачни сили; Ќе ве покрие сенката на смртта”.
 Но, дејството од Светата Литургија се распространува не само на нејзините (непосредни) учесници, туку и на оние што не се присутни, на сиот свет. О. Јован во своите белешки често зборува за ова како за нешто сосема очигледно и инсистира на тоа; можеби токму заради тоа што има многумина кои не се свесни за ваквото дејство на Литургијата, или дури, и не знаат дека тоа воопшто постои. Ние обично мислиме само за себеси, дури и на молитвата, и тоа не само кога се молиме дома, туку и во храмот. Меѓутоа, целта на Црквата е спасението на сите, спасението на целиот свет. Литургијата, значи, секогаш се врши за сиот свет.
 ,,Користа од Литургијата, кога таа се служи со трепетно внимание, е неизмерна, не само за целата Православна Црква, но и за целата вселена: за сите луЃе од сите вероисповеди; заШто бескрвната Жртва и молитвите се принесуваат кон Господа и за целиот свет: заради служењето Литургија, Господ долготрпеливо и милостиво го поднесува сиот свет, дарувајЌи му ги изобилно земните плодови, успесите во науките, во уметноста, во земјоделството, во домаШните работи; милувајЌи ги не само луЃето, туку и животните коиШто му служат на човекот. О чудесна Литургијо, вселенска Литургијо, Божествена и боготворна Литургијо! О знамение и пројавување на Божјата бесконечна љубов кон греШниот свет, кој пропаЃа во гревовите!”
 Свештениците се особено должни да имаат свест за спасоносното дејство на Литургијата за целиот свет: ,,СвеШтеникот е носителот на духот на Црквата, или Христовиот Дух, духот на љубовта, на светоста: тој мора да биде страдалник за сиот свет, на неговите усни е сиот свет, сите луЃе, сите струки и положби. Тој се моли за благосостојба на сиот свет, сите Цркви и за нивно соединување; за благорастворување на воздухот, за изобилието на земните плодови; за избавување од земјотреси и потоп, оган, меч и други неволји. Тој секогаШ мора да биде верен на опШтото дело, опШтото добро; и не смее никако да мисли само на себе и на самоугодување, а уШте помалку на угодување на своите страсти: а Што се однесува, пак, на него - неговите желби мора да бидат строго ограничени. Тој на сите е – с#. СвеШтеникот е носител на духот на Црквата, духот на спасението, духот на вселенската љубов.”
 Токму така се чувствувал Баќушка:
 ,,Стојам пред престолот на Бога Седржителот, Кој на мојата молитва... &  ја довери сета вселена, а особено царството руско ... сета Црква... секој град, земја и сите оние Што со вера во нив живеат. Стојам пред престолот на Седржителот, во Чија власт се Небото и земјата, сите стихии – светлината, воздухот, огнот, водата и земјата, и сите земни плодови, копното и морето, и сите животни сувоземни и морски; Кој ми даде право на застапниШтво пред Него за благорастворување на воздухот и за избавување... од секоја беда Што луЃето ги снаоЃа заради нивните гревови. Стојам пред Самиот Извор на Животот на секоја твар, пред Самиот Извор на благодатта, очистувањето и спасението”.
 ,,Стојам пред Самата непристапна, седобра, премудра и семоЌна Сила, пред Која се поклонува с# живо, на Небото и на земјата... Високо е моето служење. А јас – греШниот, острастениот, немоЌниот, Господи, Ти - направи да бидам достоен на оваа служење!”
 Таквата ,,неизмерна милост од Господ” се излива на ,,сиот свет...по милоста и бесконечната сила од бескрвната Жртва..” Литургијата е движечка сила за сиот свет, која ги придвижува сите племиња и народи кон Бога: зашто Јагнето Божјо го зема во прегратка целиот свет; ,,Јагнето Кое на себе ги зеде гревовите на светот, Кое ги просветлува сите народи за да Го познаат. Дај, Боже!”. Бидејќи ,,Литургијата е космичка, наднебесна Жртва, која ја соврШува Самиот Исус Христос преку посредниШтвото на свеШтенодејствителните архиереи и јереи;  таа е жртва на Божјото милосрдие кон човечкиот род, Што пропаЃа во гревовите; жртва на задоволување на Божјата правда за гревовите на светот - правда, вистина, страдање и смрт на Синот Божји за луЃето. Затоа свеШтенослужителот мора да биде сиот облечен во Христос ... заШто само тогаШ неговото служење Ќе Му биде благопријатно на Бога и Ќе донесе...најголема корист”.
 ,,Литургијата е противтежа и отпор на верникот за постојаното распаЃање кое господари во светот”.
 Да завршиме со познатите зборови на овој голем служител на Литургијата:
 ,,Кога светот не би го имал пречистото Тело и Крвта Господова, тој не би го имал своето најголемо богатство – богатството на вистинскиот живот (,,не Ќе имате живот во себе”, Јн. 6,53); би имал само привид за животот, не би имал дар на просветлување, со еден збор, не би го имал дарот на сите сецелосни вистински неминливи добра. Телото и Крвта Господова се оној животворен ‘квас’ кој ‘жена (т.е. Црквата) го клава во три мери браШно, дури не скисне сето’ (Мат. 13,33). Да! Тоа е – вистиснкиот квасец на духовниот живот, небесно светиот, положен во темелот на човечкиот род”.
 Што повеќе може да се каже од ова? Можеби само уште тоа, дека силата на Жртвата на Евхаристијата се однесува и на упокоените.
 ,,Прекрасна, величествена, Божествена е таа служба – Литургија, која на земјата се соврШува!..., заШто ,,од неа имаат корист и наШите упокоени, и оние кои се под земјата”.
 ,,Умилна и трогателна е молитвата на Црквата кон Јагнето Божјо за сите починати....која се принесува кон Бога за упокојување на онамупочинатите, каде Што достига светлината на Божјото Лице”.
 ,,Православни верници! Кога се молите за време на службите, и кога се вознесуваат молитви за здравје и спасение на живите и за упокоените - вие опШтите, на Проскомидијата и Литургијата, со Господ, Богомајката, Јован Претеча, Пророците и со сите Светии. О благородност Христијанска! О среЌа и блаженство!”.
 ,,Кога служиШ Литургија и земаШ честица... имај на ум, служителу, колку е тесна врската помеЃу нас и Светиите и упокоените во Христа! И сите сакај ги, како делови на Телото Христово и како делови на своето тело...!”
 Основата за ова о. Јован ја гледа во силата на Жртвата на Искупителот за целиот свет, како што и Апостолот учи: ,,На неа, т.е. на Литургијата, секој род Му се поклонува на Господ Седржителот: небесниот, земниот и подземниот”. 
 По спомнувањето на оние во подземјето се враќаме (на Литургијата) на секојдневните животни потреби. И за нив е одвоено место во Литургијата. Досега патем сме говореле за разните поединечни плодови од Литургијата: на неа се молиме и за избавување од тага и за мирен живот - како за поединците така и за целиот свет - и за успех во житејските дела, па дури и за здравје на стоката... Зашто, и за здравје на стоката можеме да се молиме на Литургијата. Многумина и се молат... Особено оние кои со стоката и од стоката живеат. Тоа особено добро го знаат селаните, чиј сиромашен живот е тесно врзан за домашните животни”...
 Воопшто, на Светата Литургија, по зборовите на о. Јован, може да се ,,издејствува” с#. За тоа придонесува, пред с#, едносложната и општата молитва на сета Црква:
 ,,ЕднодуШната молитва може да измоли од Бога секакво добро! Затоа, Што е можно повеЌе, Што е можно почесто треба сите да ги поттикнуваШ на еднодуШна молитва и да се молиШ на Бога да ни даде таква молитва”.
 Но, главната надеж сепак ја полагаме на Единствениот Застапник:
 ,,Кога трепетно и со чисто срце служиме Литургија”, вели баќушка, ,,можеме и мораме, цврсто да се надеваме дека преку неа Ќе измолиме од Бога с#  Што е потребно на дуШите и телата наШи: простување на гревовите, здравје и спасение, и во с#  добар успех; милост Божја; простување на гревовите и упокојување со сите Светии во верата, покајанието и надежта во вечниот живот по преставувањето.
 Литургијата е – сесилна, седејствена! БидејЌи, замислете – каква Жртва на неа се принесува! Самиот Единороден Син Божји! Ако, пак, Бог Својот Единороден Син не Го поШтеди за нас сите, како сега кога сме заедно со Него, ‘да не ни подари с#’?! (Рим. 8,32) ... Како вопШто би можело да биде поинаку? Така, свеШтеници,... добро знајте, и запамтете: какво средство за милост Божја кон сите луЃе и за сиот свет, се наоЃа во ваШите раце! Но, мора сесрдно да Го молите Бога да ви подари благодат достојно да ја служите оваа чудесна Света Тајна...”.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная