логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Korica.Nebonazemja.jpg

Излезе од печат нова книга “НЕБО НА ЗЕМЈАТА”, Учење е на св. Јован Кронштатски за Божествената Литургија од Митрополит Венијамин Седченков, во издание на Библиотека “Небесни цветови” при манастирот Св. Атанасиј Велики, с. Журче.


Жив јаглен

Секако, степенот на даровите и дејството на силата на ,,животот” зависат од светоста на душата. Но, Бог дури и на грешниците им ги дава Својата милост и живот, иако помалку отколку на праведните, сепак доволно големи и спасоносни, макар што тој живот се манифестира на поинаков начин.
,,што на греШниот и нечист човек му е неопходно секој ден и час?” – се прашува о. Јован. ,,Милост, очистување и осветување. Каде таа благодат посебно се дава и прима? Во Црквата. На богослужбите и при соврШување на различните Свети Тајни. А дома? Се дава благодат и во домот, кога има сесрдна молитва; но никаде толку изобилно и дејствено не се излива како во храмот.

Секој човек е болен во дуШата, т.е., острастен, греШен, крајно немоЌен, нечист, одвратен, кутар, беден, ниШтожен, слеп, гол, мртов. Господ дојде од Небесата на земјата, за да го ,,спаси изгубеното” (Лк. 19,10), и ја основа на земјата Својата Црква, за да секогаШ ги спасува оние коиШто бараат спасение, за секогаШ да ги лечи оние коиШто сакаат да бидат дуШевно и телесно здрави... за да избавува од неволји, искуШенија и духовна беда, и за да ги збогатува со Божеството во Причеста со Светите Тајни Христови и во соединувањето со Христа, за да ја покрива голотијата и наШата безобразност, за да ги оживее секогаШ и секој ден оние Што умираат со дуШата, со гревовната смрт... А многумина заблудени бегаат од Црквата, се оттуЃуваат од неа, хулат на неа. О бедници, несреЌници, вие кои гинете! Кога човек гледа на ваШето задоволство, на ваШиот поврШен живот, помислува дека сте - здрави, задоволни, дека Црквата не ви треба... Но, тоа е така само однадвор гледано; а во дуШата, вие сте - бедни, болни, кутри, секогаШ сегреШни, слепи и мртви”.

 Затоа тој во Црквата и ги повикува токму грешниците:
 ,,ГреШници! ДоаЃајте почесто во храмот, како да одете кај доктор и Ќе се излечите и Ќе се спасите”.
 ,,Никој подлабоко и поискрено од Црквата нема да ја дели твојата болка со тебе; нејзините најдобри чеда поминале и го искусиле она Што ти сега го чувствуваШ, биле во немоЌ како и ти, греШеле како и ти. Тие од тебе не кријат дека раните на гревот ги дофатиле, дека сите се ранети и нагризени од гревот; и сите тие плачеле, се молеле, пателе, страдале и биле подложени на големи искуШенија. И тебе, поради тоа, Ќе ти биде полесно во твоето патење и полесно во твоето трпение”.

А тоа очистување, повеќе од што било друго, се врши токму преку Жртвата на Евхаристијата, преку Светата Причест.
,,Пророкот Исаија ни ја покажа сликата на покајанието кога во видението го видел Господ на високиот и превозвиШен престол, со Херувимите околу Него и кажал: ,,ТеШко ми мене! Пропаднав, заШто сум човек со нечиста уста!” ТогаШ долета до мене еден од Серафимите со разгорен јаглен во раката Што беШе го зел со клеШти од жртвеникот, се допре до устата моја и ми рече: ,,Ете, тоа се допре до устата твоја - и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти” (Исаи. 6 17). Тој жив јаглен е знак на огнот од Божественото Тело и Крвта Господова, која во Причеста ја примаат свеШтениците и верниците, и тој ги гори нивните гревови”.

Затоа свештениците веднаш по Светата Причест велат: ,,Оваа (ЧаШа) се допира до моите усни и Ќе ги земе беззаконијата мои и гревовите мои Ќе ги очисти”.  И о. Јован тоа го знаел од сопствено искуство. Човекот, колку духовно и да биде возвишен, сепак, не е слободен од гревот. Затоа Баќушка често зборувал за своите гревови.

 ,,Православна Христова Веро! Колку со тебе на луЃето им се откриени неискажливи добра! Како само ти ја очистуваШ, осветуваШ и ја обновуваШ човечката дуШа и самото тело преку верата и надежта, преку покајанието и молитвата, а особено преку Животворната Тајна – Причест!... Каков Божествен живот! Какви чудесни дејства на Животворниот Дух! БидејЌи немоЌни - ние се лечиме, бидејЌи мртви - ние оживуваме, бидејЌи заробени - ние се ослободуваме, бидејЌи виновни од темнината на своите прегреШенија - ние се смируваме со разгневениот праведен Божји суд, и од сите свои гревови се ослободуваме. Каква чудесна сол на земјата си ти, за нас – земните луЃе, заразени со трулежноста на гревот до сржта на своите коски!” 

Тој овде се изедначува со сите, велејќи - ,,ние”. Но, тој пишува и директно за себеси, дека во Причеста непрестајно добива очистување:
,,Ние чувствуваме како благодатта на Светиот Дух ги гори сите наШи гревови. И нека оган за мене биде Твоето свето Тело и Твојата чесна Крв, и нека ја изгори мојата гревовна нечистотија, и нека го изгори трњето на моите страсти”. ‘Изгори ги со невеШтествениот оган моите гревови’, се вели во канонот за Причест”.  Во храмот особено, се соврШува Тајната на очистување од гревовите. Затоа имај стравопочит спрема тоа место, на кое се врШи твоето очистување од твојата дуШевна нечистотија, на кое се помируваШ со Бога, на кое го стекнуваШ вистинскиот живот со Духот. Колку само пати Господ ми давал очистување од моите гревови, без кои не можев да се насладувам со Божјите дарови: најголемиот - дарот на животот, со даровите на мир и радост, и со тварните добра. Слава Ти, Исусе, Сине Божји! Ти си очистување на наШите гревови, ,,и не само наШите, туку и на гревовите на целиот свет “ (1 Јован 2,2).

 ,,Колку пати смртта влегувала во моето срце, соопШтувајЌи го својот почеток и на телото! Неброено пати! И од сите смртни опасности Господ ме избавуваШе, ме милуваШе со неискажливата милост, ме оживотворуваШе!”

,,Мојата секојдневна несреЌа и најголема неволја се – гревовите, кои го раскинуваат и разјадуваат моето срце. Но, против таа неволја постои, исто така, секогаШприсутниот и најголем Избавител и Спасител - Исус Христос. Тој секојдневно во Светите Тајни ме опсипува со Своите добрини, невидливо и кротко. Бедни греШници, познајте го својот Спасител, онака како Што јас Го знам, по Неговата благодат, по Неговите дарови”.
,,Да не бидете потиШтени, на мене слични, греШници! Туку само верувајте во Синот Божји. Почитувајте се едни со други, греШници, и не презирајте ниеден греШник; заШто сите сме греШници, и сите нас дојде да н#  спаси, очисти и на небесата да н#  вознесе - Синот Божји!”
 Какви трогателни зборови!... ,,Почитувајте се”. Никаде во светската литература не сум прочитал нешто слично! Каква закрепнувачка сила имал Баќушка! Затоа и доаѓале кај него луѓе од целиот свет. Многумина оделе по Христос бидејќи гледале каква радост, утеха, сила, надеж, бодрост, живот излегувало од Него... Да, Христијанството е - ж и в о т... и всушност за нас грешните тоа е - живот, надеж, светлина, слава. Колку и да паѓаме, секогаш тука е потпората и спасението – Спасителот.

,,НикогаШ не очајувај во Божјата милост”, - пишува о. Јован, ,,па со какви било гревови да си врзан по дејство Ѓаволско, да се помолиме со сето срце и со надеж за помилување, чукни на дверите на Божјото милосрдие - и (милосрдието) Ќе ти ги отвори”.

 ,,Колку и да греШиШ по дејство Ѓаволско - на пример, ако непријателски се однесуваШ спрема братот поради неШто, макар тоа било и заради некоја праведна работа, и паднеШ во растројство, и братот го свртиШ против себеси, и Светата Тајна ја изврШиШ недостојно, не по својата волја, туку и по неподготвеноста и по Ѓаволското наведување; и тогаШ, по покајанието, Владиката с# простува, особено по достојното причестување со Светите Тајни: како снег или бран Ќе се обелиШ со Христовата Крв, и наднебесниот мир Ќе пребива во твоето срце, и лесно, лесно Ќе ти биде на срцето, блажен Ќе се престориШ. ќе ги заборавиШ сите возбуди, грижи и Ѓаволски теШкотии: Ќе станеШ сосема нов: како од мртвите да си воскреснал! Не очајувајте, браЌа, ма какви било гревови и да сте направиле: само со срце скруШено и дух смирен покајте се! Слава на Твоето милосрдие, Господи! Слава на Твоето долготрпение, Господи!”

 Затоа Баќушка на секој свештеник му го дава следниот совет:
 ,,Кога се причестуваШ со Светите Тајни, о јереју, говори во срцето:
 ,,ДоаЃаШ кон мене Животодавче, да ме истргнеШ од устата на адската змија, да ме очистиШ од гнасната ‘рЃа на страста, да го смириШ несреденото срце мое, да ја оживотвориШ умртвената дуШа моја, да го развеселиШ тажниот и потиШтен дух мој. ДоаЃаШ да ме нахраниШ  - од гревовната глад  измачениот, да ме облечеШ - оголениот од секоја добродетел, да ме закрепнеШ мене немоЌниот, да оддадеШ почит на мене бесчесниот, да ме возвисиШ мене нискиот, да ме облагородиШ мене  презрениот, да ме просветлиШ мене помрачениот; секое добро дело да ми го даруваШ. Ти  благодарам, Премилосрден!”

Така треба во себе да ги споиш и скрушеноста и надежта и покајанието и бодрото надевање... О. Јован многу често говорел за бодроста. Самиот силен, бодар, со огнена вера, исполнет со надеж, духовно восхитен, тој и другите ги раководел кон тоа!... ,,Да не бидете потиШтени!”

Само на едно место кај о. Јован најдов строги зборови, зборови на прекор, – и тоа против оние кои недостојно се причестуваат: 
,,Ние често не ги одлачуваме од Светата ЧаШа луЃето Што се познати по своето пијанство и прељуба, допуШтајЌи на тој начин со овие заразни и одвратни пороци с# повеЌе и повеЌе да се оддалечат. Ние им даваме слаби епитимии! Боже праведен! И пастирите и верниците стојат без оправдание пред Тебе. ,,Сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема дури ниеден.” (Рим. 3,12; Псал.13,3) И о. Јован, понекогаш, со духовната власт ги одлачувал оние коишто пристапувале до Чашата, како очигледно недостојни. Тоа и самиот, грешник, имав можност да го видам.

 Но, ако луѓето искрено се кајат и скрушуваат, нив нема да ги оттурне Господ, како што веќе видовме, но само ако човекот е свесен за својата недостојност и ако искрено се надева.

 ,,Во молитвите на Светата Литургија се искажува големината на Светата Тајна – Телото и Крвта Господова и на наШата недостојност, т.е., недостојност на нас, сотворувачите на Светите Тајни. Оној Што служи непрестајно е свесен за својата недостојност и своите немоЌи, и за Божјата непристапна величественост, светлина и правда. Во молитвите на Литургијата се измолува благодатта за достојно соврШување на Светите Тајни и неосуденото причестување на свеШтенослужителите и верниците.”
 Во Божјата благодат ќе се надеваме и ние, грешните.
 ,,Чукајте и Ќе ви се отвори”(Мат.7,7). Чукај на вратата на Божјото милосрдие, па со какви било гревови и да си згреШил и колку и да се огнени демонските стрели, каква било и да е гревовната вкоренетост и упорното делување во твоето срце: Ќе ти се отвори. Јас чукав и секогаШ ми се отвораШе вратата на Божјото милосрдие! Тоа запамти го засекогаШ!”
 ,,Ние сме големи греШници, ние непрестајно и многу греШиме пред Бога и заслуживме праведна осуда; затоа и повикуваме толку често кон Бога – ‘Господи помилуј’. Но, ,,иако сме греШници, ние сме греШници смирени, греШници Што се кајат, греШни - но Божји!”
 ,,Кога Ќе згреШиШ против Бога, и кога твоите гревови Ќе те мачат и разјадуваат, тогаШ, барај Ја Единствената Жртва за гревовите, вечната и жива Жртва. И стави ги своите гревови пред лицето на таа Жртва. Во спротивно, за тебе нема спасение. Сам по себе да се спасиШ и не помислувај!”
 А Светата Тајна Причест е дадена всушност ,,за простување на гревовите”, како што Црквата непрестајно сведочи.
 Ова се двата основни дара на Светата Причест, заемно тесно поврзани, или дури, две различни страни на еден ист дар: едната е простувањето на гревовите, а другата – преку она првото – оживотворување на душата, т.е., ослободување од духовната смрт и враќање во вистинскиот живот.
 А плодовите на таквото ,,обновување”, ,,оживотворување” продолжуваат да се појавуваат и по Литургијата: тие не се ограничуваат само на причесникот, туку се распространуваат и на неговото опкружување, а потоа и на целиот свет.
 Сепак, пред да поминеме на разгледување на овие дарови, да се задржиме за миг на ,,исцелението на душата” од гревовните ,,болести” и на исцелението на телото од телесните болести.

О. Јован често велеше дека тој ,,многугрешниот”, &  го должи ,,сето добро во својот живот само на Литургијата”. Тоа, воопшто, важи за сите луѓе, а на тоа Баќушка додава и дека ,,од болестите Ќе се исцелиме” преку Светата Причест. 

Во својот дневник, тој, меѓу останатото, го опишува следниот случај:
,,Некој човек кој беШе смртно болен од воспаление на желудникот десет дни и на кој не му беШе подобро од медицинската помоШ, деветтиот ден, утрото, се причести со Животворните Тајни, а вечерта веЌе беШе здрав и стана од болничката постела. Се причести со цврста вера. А беШе само еден чекор до смртта!”
Навистина – Причеста е ,,за исцеление на дуШата и телото”. И ние, навистина, се причестуваме со ,,Животворните Тајни”. 

  Друго:

Движечка сила во светот

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная