логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Aleksand.Lit.jpg

     Кога ќе умрам, можете слободно во само еден пасус да го напишете мојот „in memoriam“. Сè што треба е да напишете е дека целото мое сфаќање на светот, сиот мој живот може да се резимира во една куса реченица: две „не“, едно „да“ и есхатологијата, т.е. две „не“, едно „да“ и Царството кое доаѓа. Првото „не“ е упатено кон секуларизмот, т.е. кон секој обид за објаснување на светот како нешто кое самото по себе има некаква смисла, бидејќи светот самиот по себе е бесмислен. Второто „не“ е упатено кон религијата, бидејќи Христос не донел религија која ќе треба да му помогне на секуларниот човек во решавањето на неговите проблеми, туку го донел Царството Божјо. Одговорот „да“ е упатен кон Црквата, која е Царството Божјо, есхатологијата која започнала уште сега и тука меѓу нас.

Протоереј Александар Шмеман

Aleksand.Lit.jpg
 

             Кога станува збор за современата криза на христијанството, или поточно, за кризата на христијанството во современиот свет, сè би можело да се сведе на еден основен проблем: на длабокиот и навистина сеопфатен раскол во самата христијанска свест. Во течението на изминатите векови – почнувајќи од времето на ренесансата – тој раскол започнал да се отвора помеѓу христијанството од една страна и општеството, кое сè повеќе се оддалечувало од христијанството, од друга.

           Наспроти христијанството, т.е. Црквата како христијанска институција, стоело општеството на овој свет, кое, со текот на времето, сè повеќе се отуѓувало од секоја христијанска институција. Со други зборови, започнувајќи некаде од XVIII век, постојат два меѓусебно спротивставени табори: христијанскиот и секуларниот. Секуларниот табор – кој не секогаш бил задолжително и антихристијански – се сметал себеси, во секој поглед, за слободен од било каква религиска принуда или обврска. И токму во тој табор, во течението на изминатите неколку векови, се оформиле двете основни политички и психолошки категории, кои вообичаено ги нарекуваме (не размислувајќи за смислата на тие зборови) – „левичарство“ и „десничарство“…


          Не е важно како историски настанале овие називи. Важно дека тие навистина успеале да станат најважните символи на кои се дели светот на политиката. Па така, „десничарско“ е сето она што е на страната на постоечкиот поредок, сето она што се труди да ги сочува вредностите од минатото, традицијата и сл. Но, десничарскиот менталитет ги гледа и општеството и културата – пред сè – како едно неизменливо устројство, кое е основано на вечни и, следствено, неизменливи идеи и поими. Еден од првите класични претставници на „десничарската“ идеологија, која постои до ден денес, бил англискиот писател Брек, кој кон крајот на XVIII век ги напишал знаменитите Размислувања за француската револуција. Тој меѓу првите ја почувствувал и дефинирал природата на оваа поларизација во човечкото сознание: помеѓу острастената љубов кон поредокот, ерархијата и традицијата, од една страна и острастената љубов кон промени, реформи и постојан – а ако тоа е потребно – и револуционерен развој на општеството, од друга страна. Берк ја разбрал целата таа нова дијалектика на „десничарството“ и „левичарството“, дијалектика која со особена сила се пројавила во француската револуција од 1789-та. Таа револуција избила како прва и моќна пројава на левичарскиот занес. Тој занес, се состоел пред сè во негирањето на општеството основано врз начелото на ерархијата, како и во негирањето на културата основана врз начелото на елитата. На сè старо кое потекнува од длабочината на вековите, како она што е основано на континуитетот на традицијата, француската револуција ја противпоставила идејата на апсолутната промена, револуционерниот скок во непознатото, кој има за цел некаква идеална иднина, иднина заснована на паролата „слобода, еднаквост и братство“. Но, како што добро е познато, француската револуција не успеала да го воспостави тој нов и идеален поредок, туку напротив, самата себеси се потопила во морето на крвта на својот терор, со што ја предизвикала појавата на нужната историска противтежа, т.е. новиот „десничарски“ поредок на Наполеон и реставрацијата на монархијата.

             На тој начин, како одговор на левичарската идеологија, започнала да се создава „десничарската“ идеологија, и тоа како резултат на преобмислувањто на неодамна изминатата револуционерна катастрофа. Од тоа време европскиот свет се развива токму преку дијалектиката на борбата помеѓу тие два духовни менталитети. Како што „левичарскиот“ табор на револуцијата не успеал да го уништи десничарскиот табор, на ист начин ни „десничарството“ не успеало да го укине „левичарскиот“ табор со победата на Наполеон и Реставрацијата.

                    За нас е важен фактот дека христијанството во оваа дијалектика – од самиот почеток и речиси сосема природно – се нашло во десничарскиот табор. Значи, тоа се случило сосема природно и пред сè поради тоа што самата христијанска Црква ја создала онаа култура и она општество против која во револуцијата се кренало сè „левичарско“. Таа држава и тоа општество, кои „левичарската“ острастеност – од онаа на француските јакобинци, преку Маркс, до современите револуционери од сите видови и бои – на толку насилнички начин ги негирала, биле органски, со безброј врски поврзани со христијанството и со Црквата, со христијанската традиција и христијанските вредности. Дури и тогаш кога државата и општеството (како што бил случајот во Русија во времето на Петар Велики) сакале да ги ограничат власта и привилегиите на Црквата, тежнеејќи кон сè поголема „секуларизација“ на културата, врската помеѓу Црквата и општеството, сепак, во суштина останувала нераскината. Како што Петар Велики верувал дека церот е по Божја милост, т.е. дека неговата власт не е од луѓе, така и тогашната руска култура – и покрај својата „секуларизираност“ – продолжила да го чува своето древно христијанско предание. Затоа, повторувам, вклучувањето на Црквата во десничарскиот табор било и природно и логично. Не само гледано однадвор (т.е. со цел да ги зачува своите привилегии), туку и однатре – Црквата природно се нашла на страната на стариот свет, поредок и светоглед, на кои им се заканувало уништување од страна на тоа радикално лево движење. Затоа и православието и римокатолицизмот и протестантизмот биле согласни во одбраната на тој стар „десничарски“ свет. Од друга страна, пак, сите левичари – токму поради тоа органско сојузништво помеѓу „десничарството“ и христијанството – започнале да заземаат сè порадикален став против христијанството. Црквата била таа која во нивните очи стоела на страната на богатите, а против сиромашните, која стоела на страната на експлоататорите, неправдата, насилството и ситоста. Едноставно кажано, таква била реакцијата на левичарскиот табор кон сојузништвото помеѓу Црквата и „десничарството“. Поради тоа, многу е важно да се разбере значајот на сегашното раскинување на тоа сојузништво, раскинување кое во многу ја определува судбината на христијанството во современиот свет.

                Црквата од почетокот и сосема природно стоела на страната на „десниот“ табор, што е сосема логично бидејќи таа била онаа која го формирала тој „десничарски“ свет, подарувајќи му ги неговите фундаментални вредности. Затоа било и природно Црквата да стане против деструктивните сили на левицата. Но, тогаш, исто така, разбирливо е и зошто „левичарскиот“ табор, станувајќи против стариот „десничарски“ свет, истовремено станал и против Црквата, против христијанството. И колку повеќе христијанството се изедначувало со „десничарството“, дотолку повеќе се засилувало антихристијанското расположение на „левичарскиот“ табор. Тогаш, воопшто не е случајно што таквото негирање на христијанството (како на она кое, наводно, најмногу го отуѓува човекот од него самиот) се нашло како централна тема на марксистичкото учење. Не е случајно ниту запишувањето на борбата против христијанството како мото на знамињата на речиси сите левичарски револуции. Од друга страна многу е значаен и достоен за сериозно изучување фактот дека внатре во самото христијанство и во самата Црква започнало да се развива своевидно левичарско движење, кое очигледно станува сè посилно и посилно.

                  Ретки биле гласовите кои – после револуционерниот крах на Европа од XIX век – ја повикувале Црквата да го преиспита своето место во светот и историјата. Но, тие гласови биле или замолчувани, или пак, продолжувале да се огласуваат, но надвор од Црквата. Таков бил случајот на прочуениот Ламане, кој истапил од римокатоличката црква, а слично се случило и со многубројни други критичари на римокатоличката црква на тоа време.

Во 1849-та, една година по 1848-та, кога револуцијата како луња ја растресла Европа, папата Пиј IX го издал својот прочуен „Sullabus на лажните мненија“. Во него, од височината на папскиот трон, тој ги осудил практично сите теченија на современата мисла и наука, како и речиси секој обид за дури и најмало преиспитување на постоечкиот општествен и државен поредок. Во почетокот на XX век, римокатоличката црква на подеднакво громогласен начин го осудила таканаречениот „модернизам“, т.е. движењето кое имало за цел да ги преиспита основите на римокатоличкото учење. Исто така, после II светска војна, римокатоличката црква го осудила движењето на римокатоличките социјалисти. Изгледа дека „десничарската“ ориентација и конзервативизмот на христијанството – и богословски и политички и културолошки гледано – сами по себе се јасни и непроменливи, односно дека не се подложни на никакво преиспитување.

               Но, да фрлиме поглед на „духовната“ карта на христијанството денес. Ватиканскиот собор – одржан во почетокот на 60-те години – претставувал вистинска духовна експлозија во самиот римокатолицизам. Но, најважен е фактот дека тој собор претставува неверојатно моќна пројава на еден левичарски пресврт во самото западно христијанство. Десетици и десетици римокатолички богослови започнале – како да се работи за нешто сосема природно – да ја бранат левичарската идеологија, односно да ја величаат револуцијата, исто како што порано им било сосема природно да го бранат сојузот на европските монархии и папскиот трон, пропратен со задолжително проколнување на револуционерните пароли за слободата, еднаквоста и братството. Некој римокатолички богослови почнале да ги прогласуваат Мао Це Тунг и Че Гевара, речиси за „носители на евангелскиот идеал“ во изградбата на општеството. Истата појава ја забележуваме и во протестантизмот. „Светскиот сојуз на црквите“ – во чија работа учествуваат преку 200 протестантски цркви и повеќе православни Цркви – во последно време отворено застанува на страната на левичарските и револуционерните теченија и движења ширум целиот свет. На неговите собранија и конференции отворено се жигосува капитализмот и се велича социјализмот. Неговите предводници и идеолози отворено го разобличуваат „Западот“, а го одобруваат секое скршнување „кон лево“, каде и да е во светот. Меѓутоа, како што можеше и да се очекува, тој левичарски пресврт во самите христијански цркви нужно ја предизвикал и својата противреакција. Како противтежа се појавило и започнало сè повеќе да се засилува крилото на таканаречениот христијански „интегризам“, т.е. одбраната на десничарството во сите негови видови и следствено – отфрлање на сè што е „левичарско“, па дури и на сè што е „современо“. За овој тип христијани секоја „современост“, сама по себе веќе претставува, и тоа без исклучоци, некаква ѓаволска прелест. Овој свет е свет кој пропаѓа, па од него треба што поскоро да се избега. Се наближува крајот на светот, се доближува апокалипсата и повеќе ништо не е достојно да биде спасено. Ете како „левичарскиот“ фанатизам го предизвикува „десничарскиот“. Тоа е таа подвоеност, поточно – тој страшен раскол – во христијанската свест, кој го претставува жариштето на сегашната криза на христијанството. Суштината на таа криза се содржи во тоа што христијанската свест, на некој начин, самата однатре им се подала на милост и немилост на двете главни идеологии кои господарат со современиот свет. После многувековното, речиси потполното „стопување“ на црквата со десничарскиот табор, денес стануваат сè помногубројни оние кои посакуваат исто такво „стопување“, но овој пат со левиот табор. А сево ова значи дека самите христијани, изгледа, не можат да го пронајдат својот христијански одговор и ориентација во сложениов и противречен свет, поради што почнуваат – како некакво стадо – да се залетуваат по туѓи водачи, уверувајќи се и себеси и другите дека токму таа нивна (десничарска или левичарска) насока е единственото вистинско христијанство. Повторувам дека овој факт, оваа капитулација на христијанската свест е настан од првостепено значење и – што е најважно – дека тој настан ни најмалку не е случаен. Тој покажува дека нешто се изопачило во длабочината на самата христијанска свест, при што дошло до формирање на едно нагрдено „христијанско“ разбирање на светот, кое сега веќе во потполност било зависно од надворешните овосветски идеологии и философии. Исчезнало она најважно чувство – чувството на слободата на слободната христијанска свест од сите променливи идеологии на овој свет. Трагично е тоа што денес самата Црква се поделила, исто како и светот, на „левичари“ и „десничари“, па сега и таа говори на два јазика – на „десничарски“ или „левичарски“ јазик – како да нема свој сопствен јазик и речник. Цврсто сум убеден дека тука лежи и клучот на главниот проблем, како и во тоа дека христијанството нема да може да го заземе повторно местото кое порано го имало во светот сè додека самото во себе не го реши овој свој проблем.


                  Потребно е, пред сè, да разбереме дека воопшто не е случајно што категориите на „десничарското“ и „левичарското“ – како категории кои по својата содржина се многу подлабоки од чисто политички поими – се појавиле токму во западниот свет кој самиот изникнал од христијанството. Напротив, таа појава, на некој начин, била можна единствено во тој и таков свет, бидејќи таа извира од самите темели на христијанскиот свет.

              Навистина, ниту една цивилизација и ниту едно општество – освен оние општества кои историски и духовно се поврзани со христијанството – не знаат за такво внатрешно раскинување. Тоа е така од причина што, во една подлабока смисла, и онаа ориентација која ние условно и символички ја нарекуваме „десничарска“, и онаа која ја нарекуваме „левичарска“ ги имаат своите корени во библиското разбирање на светот и човекот – што е најважно – на историјата. Веќе во самата Библија – и во тоа таа радикално се разликува од сите идеолошки теории – човековиот свет и живот се разбираат како историја. Старогрчката философија, на пример, воопшто не го познава поимот за историјата. Таа знае само за циклично време, само за вечно повторување на природните циклуси на раѓањето, цутењето и умирањето. Поради тоа, најголемата мудрост за неа се содржи во внатрешното потчинување на човекот на тоа неизменливо устројство на природата.

                 Меѓутоа, поредокот на космосот и природата од една страна и човековиот живот од друга – во Библијата едноставно не се поклопуваат. Не само што на човекот му е дадена власт над природата, туку му е дадено и зададено да ја оствари во времето возвишената замисла за него самиот, односно да се стреми кон конечната и возвишена цел. Поради тоа времето се преобразува во историја, во развој, конфликт и борба (бидејќи самиот поим на историјата подразбира борба, а тоа значи – раскинување и дијалектика).

                     Со текот на времето се создава општеството, државата и културата, но според библискиот опис, во нив веднаш се јавуваат и пророците, кои ги изобличуваат нивните недостатоци, барајќи покајание, промена и преиспитување на сите негови вредности. Така врват нештата во течението на сите векови: од една страна – напрегнато собирање на конзервативните сили како сили кои се застапуваат за чување на редот и поредокот, сили кои денес би ги нарекле „десничарски“; и од друга страна – нараснување на оние сили кои секој ред и поредок го поставуваат под знак прашање, сили кои денес би ги нарекле „левичарски“. И така, доаѓаме до моќното римско царство – кое во себе ја остварило синтезата на големата елинска култура и римската државност – во кое, за време на апотеозата на редот и поредокот, се јавило чудното и нечуено учење: на крстот распнатиот и бездомен Учител е Господ и Цар на светот, Судија на сите луѓе. А следбениците на Тој Учител одбиваат да го наречат римскиот цар господар и бог, со што ја доведуваат под прашање целата стабилна институција на Римското царство.

               Христијанството се јавува во Римското царство како сила (во духовна и психолошка, но не и во политичка смисла, бидејќи првите христијани немале никаква политичка доктрина), која денес би можела условно да се нарече „левичарска“ – бидејќи римската државна власт цели два века ги прогонувала христијаните како рушители на поредокот и утврденото државно устројство. Христијаните би можеле условно да бидат окарактеризирани како „левичари“ поради тоа што ги рушеле римските општествени обичаи, што го доведувале под прашање сè она што е римско и со тоа го разурнувале „старото“ општество.

              Христијанството на крај ја однело победата над Римското царство и тоа царство се приклонило кон христијанството. Тогаш започнува бавното, понекогаш дури и трагично, но и величествено изградување на христијанскиот свет, на христијанската држава и христијанската култура. Христијанството го менува својот став кон општеството: поранешниот став на негирање на паганското општество сега се претвора во став на прифаќање на христијанското општество. Меѓутоа треба да се нагласи дека самиот став на христијанското негирање секогаш бил вкоренет во жедта по совршениот живот и совршеното општество. Со други зборови, преку ова постапно изградување и напредок, христијанството и Црквата – објективно гледано – стануваат „десничарска“ сила во општеството. Но, тоа не била некаква чудна и неочекувана метаморфоза на христијанството, тоа не било предавство на ранохристијанското вдахновение, туку тоа било плод на дијалектиката која уште од самиот почеток се наоѓала во христијанската вера. И општеството и државата и културата се од Бога и под Бога, така што верниците, од една страна, можеле да земат учество во нивната изградба, а од друга, да ги проценуваат и да ги мерат со апсолутната мерка на Евангелието – бидејќи Црквата е „во овој свет“, но не е “од овој свет“.

Во овој свет таа е повикана да учествува во животот на општеството – но на тој начин што сиот овоземен живот ќе го проникнува со неовоземната убавина и совршенство на Божјото Царство, кое Христос им го открил на луѓето.

                    Во самото христијанство, од самите негови почетоци функционира таа дијалектика на „десничарството“ и „левичарството“. И токму таа дијалектика е она што го определува одот на новата историја, како и напнатостите, длабочината и крајностите на таа историја. Може да се каже дека самата вера и самото Евангелие постојано отвораат нови прозорци во човечката свест, преку кои во човековиот живот се влива жедта кон недостижното совршенство: Царството Божјо. А таа жед останува и тогаш кога на луѓето им недостасува вера. Што е левичарството, ако не токму неспокојната вистина, која се нема сосема искоренето од својот христијански корен и своето библиско вдахновение, неспокојната вистина за човечкиот призив кон совршенството. „Левичарската“ мечта не би била така моќна во историјата кога не би имала толку длабоки извори. Исто така, ниту „десничарството“ не би било толку моќно во светот и историјата, кога не би било и тоа израснато од исконскиот трепет пред божественото устројство на светот, пред божествениот поредок на светот.

            Ете зошто тој историски конфликт помеѓу „левичарската“ мечта и „десничарскиот“ исконски трепет не е просто политика и ете зошто тој конфликт не може да биде сведен на прост политички спор. Она што, од христијанска гледна точка, треба да се надмине е токму таа дијалектика на „левичарското“ и „десничарското“, тој ужасен раскол, кој во омраза и крв го задавува светот.

            Десничарството е она што во својата крајна длабочина е вкоренето во библиската интуиција за космичката хармонија и поредок: „Ти си ја утврдил вселената која нема да се помрдне…“. Левичарството, пак, е она што е вкоренето во повторно библиската интуиција за времето и историјата како движење и стремеж кон копнееното и крајно божествено совршенство на тварта: „Заборавајќи на минатото, вели светиот апостол Павле, се стремам кон она што е пред мене…“. Меѓутоа, суштината на проблемот е во тоа што и двете идеи, и двете интуиции – според зборовите на францускиот мислител – се „христијански вистини кои обезумиле“. Тие двете (иако на различен начин) се откажале и се откинале од својот христијански корен, станувајќи – според зборовите на Ниче – „човечки, премногу човечки“. Тие истовремено станале и погубни за човекот, бидејќи започнале да поттикнуваат на омраза, заслепеност и рушење. Како дошло до тоа? Давајќи одговор на ова прашање, нема да можеме, за жал, а да не ја признаеме и вината на самите христијани, односно одговорноста која тие ја имаат за тоа: ниту самото христијанство, ниту самата Црква не ја задржале онаа основна „антиномија“, т.е. она духовно помирување и синтеза на двете спротивставености, синтеза во која се содржи самата основа на христијанската вера. Таа антиномија се состои во истовременото тврдење дека основата на „космичкиот ред“ е божествена, бидејќи е создадена од Бога, но и дека истиот тој „космички поредок“ паднал во несовршенство, па дека заради тоа е повикан повторно да се усоврши и преобрази. Овој свет треба да го спасуваме, но со него треба и да се бориме. Можно е да се најдат безброј вакви „антиномии“, но – повторувам – тие антиномии всушност го творат оној изворен опит на христијанството пред таинството на космосот. Тоа значи дека христијанството, од една страна, секогаш тврди дека светот и човекот се засновани на неизменливиот боговостановен поредок, а од друга – тврди дека незаситниот стремеж и жед на човекот му се вродени: „Покажете ревност за уште поголеми дарови, па ќе ви покажам уште посовршен пат…“. Но, за жал, се случило некако да пресуши и да ослаби оваа втора интуиција, т.е. онаа исконска жед по совршенството. Поточно, таа се сосредоточила исклучиво на индивидуата, на индивидуалното спасение и усовршување. Зборувајќи во категориите на нашата модерна свест, истото би можело да се каже и на овој начин: христијанството се откажало од историјата. Откако го победила Римското царство, осенувајќи го со крстот и го потчинило на христијанската вера, Црквата како да помислила дека историјата во суштина како веќе да завршила и дека останало уште само „во тивок и безмолвен живот“ да се чека крајот на светот. Така настанал средновековниот христијански свет во неговата двојна форма – источно-византиската и западната. Основната психолошка и духовна црта на тој источно-византиски свет несомнежно била своевидната статичност. Навистина, сиот тој свет се стремел кон небото – со сите свои символи, со сета своја уметност и со сета своја култура, која навистина била голема и прекрасна. Но тој византиски свет се стремел кон висините, но не и кон напред<!--[if !supportFootnotes]-->[1]<!--[endif]-->. Тој постојано говорел за небото и копнеел по него, а на земјата како ништо да не се случувало за него: го потресувале војни, на власт доаѓале зли луѓе, страдале сиромашните, се измачувале болните, владеела неправда. А Црквата како на сето тоа да одговарала: трпете – „бидејќи е голема вашата награда на небесата“. Така дошло до борби и востанија, насочени токму против таа статичност, против таквото статично устројство на светот, кој само уште номинално останал христијански, а во чија сенка се криеле толку многу зла. Црквата, поистоветувајќи се уште од самиот почеток и во потполност со институцијата која ние ја нарекуваме „десничарска“ – како да ја препуштила онаа друга, условно кажано „левичарската“ интуиција на своите непријатели, така што со течението на времето, борбата за поголема човечност, за милосрдие и правда станала борба против самото христијанство. Многу брзо таа „левичарска“ борба за свое мото ја земала најсуштинската од сите христијански идеи: идејата за слободата и апсолутната вредност на човековата личност. Оваа идеја, пак, е изворно христијанска и изворно библиска идеја. Таа нема друг корен, друг извор освен христијанскиот. Затоа е толку многу трагично што Црквата во таа борба толку пати историски се нашла – макар и само од надвор гледано – на страната на оние кои таа апсолутна човечка личност ја угнетувале и негирале.

                     Во западна Европа гореле кладите на инквизицијата, на кои биле слапувани илјадници еретици, а на Исток била обожувана државата и царската власт, како од целото Свето писмо христијаните да ја запомниле единствено онаа заповед која се однесувала на послушноста кон властите. Се забранувало прашувањето и истражувањето, а со тоа, за жал, била забранета и самата христијанска слобода. Црквата, која вложила толку воодушевување, толку љубов и толку труд во изградувањето на христијанскиот свет и изградбата на христијанската цивилизација, давајќи им длабочина и вистинитост – со текот на времето како да прекинала да ги забележува промашувањата и падовите на тој свет и на таа цивилизација, т.е. фактот за нивното внатрешно предавство на христијанството. И токму тука се наоѓа она страшно жариште на злото, од кое подоцна потекнал отворениот бунт против христијанскиот Бог. Тука лежи и коренот на современата криза на христијанството.

                      Тука, значи, лежи и коренот на тој внатрешен раскол во христијанската свест, расколот кој за последица го има стопувањето или поистоветувањето на христијанството со различните овоземни политички идеологии, при тоа или исчезнувајќи во нив, или, пак – во име на чисто индивидуалното усовршување –сведувајќи се на бегство од овој свет. Христијанството дошло во светот како заповед на човечката личност: биди совршена! Но христијанството дошло и како заповед на Црквата: биди со светот, биди негова совест и негов суд.

 

                Тезата за статичниот традиционализам и обрнатоста на севкупната византиска мисловност и култура „кон назад“ во времето на Шмеман била општоприфатена во научната јавност. Во современата, пак, философска и културолошка византологија, истата бива сериозно проблематизирана. Тоа проблематизирање пред сè има за цел да приведе кон разбивање на генерализирачкиот и симплифицирачкиот пристап во современата перспектива кон византизмот во целина, т.е. да даде објективна и критичка претстава за него, ослободена од крајностите на неговото површно негирање или идеализирање (заб. прев).

 „Православен Пат“, бр. 20, Ноември 2007

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная