логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.zaBozik1.jpg
 

Схиигумен Савва

1. Будејќи се од постелата, пред сé, спомни Го Бога, и на себе положи го знакот на крстот.2. Не започнувај го денот без молитвеното правило. 3. Во текот на денот, секаде, при секоја работа, моли се со кратки молитви.4. Молитвата – крилјата на душата,  ја прави душата престол Божји. Цела сила на духовниот човек е во неговата молитва. 5. За Бог да ја услиши молитвата, не е потребно молитвата да се извршува со врвот на јазикот, туку со срцето.6. Никој од твојата околина да не остане без твојот искрен поздрав.7. Не ги отфрлај молитвите кога непријателот те напаѓа со безчувствителност. Кој се принудува себеси, ја принудува својата сува душа на молитва, тој е поголем од оној кој се моли со солзи.8. Потребно е да го познаваш Новиот Завет со разумот и срцето, секогаш поучувај се, но неразбирливото не го толкувај сам, туку прашај ги Светите Отци.9. Светата вода со жед земај ја за осветување на душата и телото. Не заборавај да пиеш.10. Благодарствениот поздрав кон Царицата Небесна, Богородице Дево, Радувај се....изговарај го почесто, барем на секој час по еднаш. Во слободното време читај ги списите на Светите Отци и учители на духовниот живот.11. Во искушение и напаст, утврдувај се со Псалтирот и читај го молебниот канон на Пресветата Богородица....Таа е нашата Застапничка во  секоја напаст и неволја.12. Кога демоните ќе ги насочат своите стрели кон тебе, тогаш гревот ти се приближува, а ти пеј ги песнопенијата од Страсната седмица и светата Пасха, читај го канонот кон Исус Преслаткиот.13. Доколку не можеш да пееш или читаш, тогаш во моментите на борба спомни си за Името Исусово: Господи, Исусе, Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот. Стој пред крстот и радувај се на твојот плач.
14. За време на постот, пости, но знај дека на Бога не му е угоден постот само со телото, т.е. воздржувањето од гревот, туку и воздржувањето со ушите, очите, јазикот, а исто така и воздржувањето на срцето од служењето на страстите.15. Човекот, кој пристапил кон духовниот живот, мора да е свесен дека е болен, дека умот му се наоѓа во заблуда, волјата повеќе му е склона кон злото отколку кон доброто, и срцето е заразено од нечистотијата на страстите, кои клокотат во него. Затоа почетокот на духовниот живот е во стекнувањето на духовното здравје.16. Духовниот живот е постојана борба со непријателот за спасението на душата: никогаш немој да спиеш душевно, твојот дух секогаш мора да биде бодар. Секогаш на помош повикувај Го својот Спасител.17. Плаши се од согласувањето со грешните помисли кои ти пристапуваат. Прифаќајќи ги таквите помисли, веќе си го направил гревот, за кого си помислил.18. Помни, да не загинеш, потребно е да имаш нај искрено покајание пред Бога: „ Господи, прости и помогни, Духот Твој Свет не ми го одземај. “19. Секогаш моли се: „ Стравот Твој Господи, всели го во срцето мое “ Колку е блажен оној, кој секогаш пред Бога трепери!20. Сето свое срце, без остаток, дај Му Го на Бога, и ќе почувствуваш Рај на земјата.21. Не останувај никогаш без работа, во празнотија. Црковните и празничните денови, почитувај ги според заповедта Божја.
22. Верата твоја, треба да се утврдува со чести прибегнувања кон покајание и молитва, а исто така и со општење со луѓе со длабока вера.23. Обезбеди си поменик, и запиши ги таму сите живи и мртви, сите кои не те сакаат и кои те навредуваат и секојдневно споменувај ги.24. Постојано барај дела на милосрдие и сострадална љубов, без дела невозможно е да Му се угоди на Бога. Биди сонце на сите. Милоста е поголема од сите жртви.25. Без неодложна неопходност, никаде не оди, што е можно помалку зборувај, немој да се смееш, не љубопитствувај со празна љубопитност.26. Љуби ја светата осаменост.27. Сите навреди поднесувај ги, во почетокот со молчење, потоа со прекорување на себеси, потоа со молитва за оние кои те навредуваат.28. Најважно за нас е да се научиме на трпение и смирение: со смирението ќе ги победиме сите непријатели, зли духови, а со трпението, страстите кои стануваат против душата и телото.29. Не ги покажувај во молитвата никому, освен на Бога, своите солзи на умиление и ревноста во спасението.30. Православниот свештеник почитувај го како Ангел благовесник, испратен да те израдува и да ти донесе избавување.31. Третирај ги луѓето така внимателно, како да се пратеници на големо царство и внимателно, како да ракуваш со скапоцен и кршлив предмет.32. На сите простувај им сé и со сите сочувствувај во нивните страдања.33. Не си посветувај преголемо внимание на себеси, како што кокошката му посветува на јајцето, заборавајќи ги ближните.34. Кој овде бара спокојство, во него не може да пребива Духот Свет.35. Унинието и збунетоста напаѓаат поради недостаток на молитва.36. Секогаш и секаде призивај го на помош твојот Ангел чувар.37. Секогаш чувај го срдечниот плач за своите гревови, и кога ќе ги исповедаш и се причестиш со Светите Христови Тајни, тивко радувај се на своето ослободување.38. Знај ги само своите лоши навики и недостатоци, а за туѓите гревови, внимателно чувај се да не мислиш и расудуваш, не погубувај се себеси со осудување на другите.39. Не верувај им на ничии, дури ниту на своите сопствени добри желби, пред тие да бидат одобрени од страна на твојот духовник.40. Секоја вечер, исповедај ги пред Бога сите свои грешни дела и помисли што си ги имал во текот на денот.41. Пред спиење, помири се со сите.42. Тагата, тешкотиите, болестите и трудот не приближуваат до Бога. Не роптај на нив и не плаши се.43. Никој не оди на Небо, живеејќи среќно.44. Колку што можеш почесто, со умиление во срцето, причестувај се со Светите Христови Тајни, ти само со нив живееш.45. Никогаш не заборавај, дека Он, Господ наш Исус Христос, е блиску пред вратите, не заборавај дека наскоро е судот и платата, а во кој ден и час, тоа никому не му е познато.46. Запомни го и ова и тоа што Господ му го приготви на оние кои Го љубат и ги извршуваат Неговите заповеди.47. Читај ја оваа азбука, христијанину, не поретко од еднаш неделно. Тоа ќе те поткрепи на духовниот пат.
АминИ Слава на Бога во сите векови.
Молитвено со вас пребивајќиДуховниот отец схиигумен Сава+1954 

 

http://bigorski.mk/index.php?content_type=svetootechki_tekstovi&action=details&record_id=50

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2090
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 535
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная