логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.Petkovden.jpg

Свети Игнатиј Брјанчанинов


Поредок на бдеењето над себеси за оние кои живеат во светот


Душа на целото богоугодно подвизување е бдеењето. Без бдеење над себеси сите тие подвизи се бесплодни и мртви. Оној кој сака да се спаси, должен е да го устрои своето битие така, што да биде способен да бдее над себеси не само во осаменост, туку и во расеаност, во која, понекогаш, против негова волја го вовлекуваат разно – разни околности. Нека на терезијата на срцето, стравот Божји ги надмине сите други чувства: тогаш ќе биде лесно да се бдее над себеси – и при тихување во ќелијата, и во вревата која од сите страни нѐ опкружува.Благоразумната умереност во јадењето, помалата затопленост на крвта, многу помага во бдеењето над себеси, додека вриењето на крвта од прекумерната храна, многуте движења на телото, разгорувањето на гневот, насладувањата со суета и други причини, раѓаат мноштво помисли и соништа, со други зборови – расеаност. Светите Отци, на оној кој сака да стражари над себеси му советуваат, пред сѐ, умерено, рамномерно и постојано воздржување во храната ( Добротољубие, том 2. Преподобен Филотеј Синајски ).Кога ќе се разбудуш – што е символ на будењето од мртвите, кое ги очекува сите луѓе – мислите свои насочи ги кон Бога, принеси Му ги на жртва на Бога првите плодови на твојот ум, кој во себеси сѐ уште не примил никакви опустошовачки впечатоци. Многу внимателно, и во тишина, откако ќе завршиш се што во телесен поглед му е неопходно на човек кој само што станал од сон, прочитај го своето вообичаено молитвено правило, не грижејќи се толку за количината, колку за квалитетот на молитвословието, односно за тоа, правилото да се исполни внимателно, и токму среде таа внимателност, срцето да се освети и оживее со молитвеното умиление и утеха. После молитвеното правило, повторно со сите сили трудејќи се да го запазиш вниманието, читај го Новиот Завет, пред сѐ Евангелието.При ова, внимателно воочувај ги сите завети и заповеди Христови, за според нив да ја насочиш твојата активност, видлива и невидлива. Колку ќе се чита, зависи од човековата способност и околностите во кои човекот се наоѓа. Не смее да се оптоварува умот со прекумерни читања на молитви и делови од Светото Писмо, како што не смеат да се пропуштаат ни разните обврски и задолженија, поради неумереното занимавање со молитви и читања. Како што неумереното земање на храна го доведува желудникот до растроеност и раслабеност, така и неумереното земање на духовната храна го раслабува умот, предизвикува во него одвратност спрема благочестивите активности и во него воведува униние ( Св. Исаак Сирин, Беседа 71 ).На почетниците Светите Отци им предлагаат чести, но кратки молитви. Кога умот духовно ќе напредне, зајакне и возрастува, тој ќе биде во состојба да се моли без прекин. На христијаните кои го достигнале совршеното возрастување во Господа, се однесуваат зборовите на Светиот Апостол Павле: „ Сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање “ ( 1. Тим. 2, 8 ), односно бестрасно и без никакво попуштање во вниманието или талкање на мислите. Она што му е својствено на зрелиот маж, сѐ уште не му е својствено на доенчето. И откако со посредство на молитвата и читањето ќе биде огреан од Сонцето на Правдата, Господ наш Исус Христос, нека почне човекот со делата на своите дневни подвизи, внимавајќи во сите негови дела и зборови, и во целото негово битие да владее и дејствува волјата Божја, откриена и објаснета на луѓето во заповедите Евангелски.Ако во текот на денот наидат слободни моменти, искористи ги за внимателно читање на одредени молитви или одбрани места од Писмото, и со нив одново поткрепи ги душевните сили, кои малаксуваат од делувањето среде овој метежен свет. Ако нема вакви златни моменти, за нив треба да се зажали, како за изгубено богатство. Она што денеска е изгубено, не смее да се изгуби и следниот ден, бидејќи срцето наше лесно се предава на немарност и заборавност, од кои се раѓа мрачно не знаење, толку погубно за делото Божјо во делото на спасението на човекот.Доколку ти се случи да кажеш или направиш нешто кое е спротивно на заповедите Божји, без двоумење исцели ја таа грешка со покајание, и со посредство на искреното покајание, враќај се на патот Божји, од кој си отстапил со нарушување на Неговата волја. Немој да се допираш до ништо што е надвор од патот Божји! На грешните помисли, мечтаења и чувства што ти надоаѓаат, со вера и смирение спротивставувај им ги заповедите Евангелски, говорејќи заедно со светиот патријарх Јосиф: „ Па како јас да направам толку големо зло и да згрешам пред Бога? “ ( 1. Мој. 39, 9 )Човекот кој бдее над себеси, должен е да се откаже од секоја склоност кон мечтаење, па колку и да ни се чинат тие привлечни и долични; секое мечтаење претставува талкање на умот надвор од вистината, помеѓу илузиите, кои не постојат и не можат да се исполнат, кои го прелестуваат и го лажат умот. А последиците од ваквите мечтаења се губење на будноста, расеаност на умот и тврдокорност на срцето при молитвата; а од тука доаѓа и до душевно растројство.Навечер, одејќи на починка, која во однос на живеењето од тој ден е своевидна смрт, преиспитај ги сите свои постапки, кои си ги направил преку целиот ден. За оној кој постојано бдее над себеси, ваквото испитување нема да претставува никаква тешкотија, бидејќи со внимателноста се надминува вообичаената заборавеност, толку многу својствена за луѓето лишени од будност.Значи, откако ќе се потсетиш на сите свои согрешенија, направени со дело, збор, помисла, чувство, принеси покајание кон Бога, со соодветно расположение и со срдечена решеност за поправање. Потоа, кога ќе го прочиташ молитвеното правило, со богомислие заврши го денот, кој со богомислие и си го отпочнал.Каде заминуваат сите наши помисли и чувства за време на спиењето? Каква е таа таинствена состојба – сон, во кој душата и телото се живи, а воедно безживотни, далеку од свеста за своето постоење, како да се мртви? Сонот е исто толку неразбирлив, како и смртта. За време на сонот, душата мирува, заборавајќи и на најлутите таги и неволји земни, што е пак, слика на нејзиното вечно спокојство; а телото...ако тоа станува од сонот, неизоставно ќе воскресне и од мртвите. Големиот Агатон порачува: „ Без строго внимавање над себеси, не може да се напредува во добродетелта “  ( Скитски патерик ).Амин.

Извор: Бигорски манастир

 http://bigorski.mk/index.php?content_type=svetootechki_tekstovi&action=details&record_id=48

 

Друго:

РУСКИОТ БОГОНОСЕЦ СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная