логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Korica.J.Snichev.jpg

За психологијата на гревот и добродетелта

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! На повеќето подвижници на Христовата Црква им се откривала некоја тајна на духовниот живот и духовното совршенство. Поискусните длабоко ја разбирале суштината на гревот и добродетелта. И затоа, стремејќи се кон висините на духовното совршенство, знаеле дека е опасно да се прави овој или оној грев, па дури и да се допушти најмало движење кон гревот. Подвижниците вака размислувале: ако не можеме да го победиме малото, како тогаш ќе го победиме големото?! Ако не можам да исполнам нешто мало, тогаш, се разбира дека нешто големо никогаш нема да постигнам. Една народна мудрост гласи: „Малку квасец цело тесто го скиснува“. Па според тоа, и најмалиот грев ја заразува човечката душа и ја прави слуга на гревот. Имајќи го ова на ум, подвижниците на Христовата Црква се труделе да го прекинат секое гревовно движење, па и најмало, та во човековата природа да не настане некоја навика. Таа навика може да стане како некоја втора природа и да го мачи човека до крајот на неговиот живот.
Ете, возљубени браќа и сестри, како побожните подвижници ја сфаќале психологијата на гревот. И токму за тоа се бореле, во нив да не се создаде гревовна навика и секогаш се грижеле да го победат гревот во самиот негов почеток. Само со постојано внимание, будност и трезвеност, со постојано отсекување на сопствената зла волја, тие напредувале во духовниот живот, Ја чистеле својата душа од гревот и всадувале во своите срца добри навики, кои ги утврдувале на спасоносниот пат. Затоа не треба да се чудиме за овие побожни подвижници, кои оделе од сила во сила, по степените на духовното совршенство и ги достигале благодатните дарови на Светиот Дух.
Еве еден извонреден пример за оваков живот.
Во времето на преподобен Ефрем Сириски се подвизувале некои монаси. Меѓу нив имало и двајца браќа - не по тело, туку по дух. Обрнете внимание, возљубени браќа и сестри, како тие обрнувале внимание на движењата на својата душа, движењата на своите помисли и сетила, како се стремеле и учеле да не го навредуваат ближниот и да не му даваат повод за соблазнување. Со други зборови, тие се труделе во себе да го победат секое, па и најмало појавување на грев.
И така, една вечер двајцата браќа, со благослов на игуменот се занимавале со ракоделие. Тоа не било многу сложено: тие извлекувале нишки од парче ткаенина за од нив да предат јаже, а потоа плетеле корпи или кошници. За време на работата кај едниот брат постојано се прекинувало влакното кое го извлекувал од парчето ткаенина, а на другиот таа работа добро му одела од рака. И еве, братот кој добро работел неочекувано почуствувал раздразнетост кон братот чии нишки се прекинувале. Кога го забележал тоа движење на злата волја, тој сфатил дека ова не е корисно ниту за него, ниту за неговиот соподвижник во Христа и дека гневот може да ја обесчести неговата душа, за конечно да ги растури сите негови добри навики. За да го совлада гневот и раздразнетоста кои се појавиле во неговото срце и да го смири својот ближен, тој тогаш намерно, но неприметно за братот, почнал да ги кине своите нишки. На тој начин ја искоренил раздразнетоста на срцето и го избавил братот од немир.
Ете, гледате, возљубени браќа и сестри, како разумно и со каква голема љубов и сострадание, побожните подвижници се однесувале кон своите ближни и како вистински сакале да ја оневозможат секоја гревовна нечистотија во самиот почеток на нејзиното појавување. Овој извонреден пример не учи сите нас, кои живееме во светот, а се стремиме кон вечен живот. Јас не се сомневам, дека секој од нас сака да оди по спасоносниот пат. А за да имаме успех во овој тежок подвиг, ние треба да ги усвојуваме добрите навики на побожните подвижници. Како што тие се грижеле, така и ние сме должни да се трудиме да не дадеме повод за понижување на ближниот и во своите срца да го искоренуваме и најмалото пројавување на гревот. Но само ако така се усовршуваме од ден во ден (а тоа е неопходно), и ако навистина го сакаме вечното спасение - до успех во духовниот живот сигурно ќе дојде. Но возљубени браќа и сестри, мораме да се трудиме. Во спротивно, ќе живееме, како што се вели, стихијски: ќе помине ден и - слава Тебе, Господи. А за тоа како поминал не размислуваме и тоа нас не не загрижува. А, всушност, колку сме имале понижувања во текот на денот! Колку пати лукавиот се прилепувал до нашето срце и ги вложувал сите гревовни чувства и мисли! Внесувал гордост и празна слава, и раздразнетост и навреди, и срамни зборови... И колку недоразбирања имало меѓу нас! И се поставува прашањето, зошто? Поради најбезначајни работи.
Возљубени браќа и сестри, се надевам дека ќе бидеме благоразумни. И не само благоразумни, туку и како тие кои љубат добро - вистински доброљупци, а не само гледачи на доброто. И кога оваа љубов навистина ќе се зацврсти во нашите срца како добродетел, тогаш секој пример од побожните подвижници, кој се гледа пред нашите очи, ќе биде за нас ѕвезда водителка на спасоносниот пат. Тој ќе не привлекува, јакне и утврдува во добродетелта.
И така, обраќајќи се за помош на светите Божји угодници и гледајќи го нивниот побожен живот, се јакнеме и ние на добриот спасоносен пат, утврдувајќи го во своето срце секое добро, искоренувајќи го секој грев и достигнувајќи вечен живот во нашиот Господ Исус Христос, Кому заедно со Отецот и Светиот Дух Му припаѓа секаква слава и чест во вечни векови. Амин.

За молитвеното тихување во срцето

Дали сте размислувале за овие прашања, возљубени браќа и сестри: Зошто немаме душевно спокојство во нашите срца? Зошто во него ги нема овие или оние побожни навики, кои би не поттикнувале да правиме добро? Ова прашање е многу сериозно и кон него треба да се однесуваме со должна почит. Зошто сето ова се случува? Затоа што, возљубени браќа и сестри, ние не ги чуваме своите сетила: ниту својот вид, ниту слухот, ниту устата. Премногу често ги расејуваме своите сетила. Слични сме на куќа која има многу прозорци и врати. И кога нешто добро влегува низ прозорот, тогаш брзо се оддалечува кон другата отворена врата или прозор. Затоа во нашите срца не останува ништо добро.
Кога во својот дом ќе го запалиме кандилото, па потоа ќе го отвориме прозорот и ќе се направи провев, тогаш ветрот ќе го изгасне пламенот.
Ние повторно ќе вложиме напор да ја запалиме светилката, но повторно ќе продре ветер, кој ќе го гасне кандилото. Истото се случува во нашите срца кога ги откриваме своите сетила: видот, слухот, јазикот и устата - поради забележување и прифаќање на суетниот човеков живот. Да внимаваме на себе и самите ќе сфатиме дека тоа се случува во нашиот живот.
Не треба да одиме далеку за да најдеме пример. Еве на пример, денес сме го посетиле Божјиот храм: сме го славословеле величественото име на Света Троица, Божјата Мајка и Христовите угодници. И можеме да замислиме што сите ние сме добиле овде, во Божјиот храм, за време на богослужението, тоа треба да го заклучиме, да го затвориме длабоко во срцето и да не дозволиме да влезе нешто туѓо и споредно, што би ги поматило и исфрлило од нашите срца тие благодатни дарови. Но, тешко нас, такви клучеви ние немаме! И само што ќе излеземе надвор од црковната ограда, дверите (вратите) на нашата душа веќе широко се отвораат, или како што велиме, на секој и секого по ред. Ние го одврзуваме својот јазик, ги отвараме нашите очи и уши за да видиме се, за се разговараме, секого оговараме, за што повеќе да го откриеме својот ближен и се распрашаме за се, што и каде се случило, кој што видел и кој што слушнал. И како резултат на таквото невоздржување на сетилата, сето тоа што сме го придобиле од богослужението, постепено ветрее, исчезнува од нашата свест, и како кандило, се гаси од провевот. Се гасне во нашите срца доброто чувство кое сме го добиле од богослужението. Па затоа, возљубени браќа и сестри, и во нашите срца нема поучно растење. Ние никогаш не сме средени во себе, секаде разговараме со себе и со другите, но не и со Бога, се наоѓаме во состојба на неработење, т.е не се трудиме да се надградиме, туку да се разградиме. Ете каква несреќа се случува поради невнимание и распуштеност на сетилата. А ете, побожните подвижници се стремеле да имаат молитвено тихување. На многумина им е непозната таквата состојба.
А што е тоа срдечно тихување? Тоа е многу возвишена состојба на човечкиот дух. Мал број од побожните подвижници ја достигнале таа висина. Молитвеното тихување е во срцето на овој: човекот како да се затвора во своето срце и сосредоточен, со своите духовни очи стои пред Божјото лице во страв и трепет. За него тогаш не постои надворешниот свет. Постои само тој (молитвениот тихувател) и - Господ. Ете таа состојба се нарекува срдечно тихување: кога во срцето нема никаква помисла, никакво гревовно движење, ништо што би ја нарушило внатрешната тишина и внатрешното созерцание на Бог Словото.
Ке ви наведам еден прекрасен пример од животот на вистинските слуги Божји, кои постигнале срдечно тихување.
Египетскиот подвижник Аполос имал еден ученик по име Исаак. Тој бил голем послушник, кој ги достигнал висините на духовното совршенство. Исаак се здобил со смирение и кротост, а што е најважно - достигнал молитвено тихување во срцето. Тој грижливо стражарел над овој дар, посебно за време на принесување на бескрвната жртва, т.е за времетраењето на Божествената литургија. Кога требало да оди во Божјиот храм не разговарал со никого. Било што да го прашаат, тој молчел. Доаѓајќи во Црква, тој не постапувал така како што постапуваат многумина од нас. Бидејќи ние наместо молитва често расудуваме за надворешни работи: навистина тоа сме го виделе, токму така сме слушнале, овој рекол едно, а оној - нешто друго, овој згрешил во едно, а оној во нешто друго, - и резултатот е: од добро одиме кон лошо. А големиот подвижник Исаак, доаѓајќи на Божествената литургија, цел се оддавал на молитвеното тихување. Тој како да стоел пред таинствената Христова трпеза и учествувал во Тајната Вечера заедно со апостолите. А кога богослужението се приближувало кон крајот, тогаш преподобниот Исаак, како да го обливал некаков оган, брзал од храмот во својата келија. Се случувало по Литургијата браќата да каснат сув леб и да се напијат малку вино. Исаак ништо не земал, но не затоа што го презирал Божјиот дар, не, туку за да го сочува благодатното тихување во своето срце. Тој брзал во својата келија и таму повторно се предавал на длабоко внатрешно созерцание, бидејќи во своето срце го чувствувал присуството на Христа Спасителот.
Кога еднаш се разболел преподобниот и паднал на постела, се собрале кај него браќата и го прашале: „Авва Исаак, те молиме да ни кажеш зошто сите не избегнуваш?" А преподобниот одговорил: „Браќа, јас не ве избегнувам вас, туку го избегнувам демонското лукавство".
Ете како, возљубени браќа и сестри, преподобниот Исаак го чувал своето срдечно тихување! Ете како побожните подвижници се стремеле да ги сочуваат своите сетила.
Ако сето тоа го разјасниме со својот ум и срце и го сфатиме значењето на срдечното тихување, тогаш секако ќе поставиме добар почеток за чување на своите сетила и чување на благодатните дарови кои ги добиваме не само за време на богослужението, туку во секое време и секој час. Со тоа, возљубени браќа и сестри, да не си допуштаме празнословие, шеги, смеа и распуштеност, бидејќи сето тоа донесува внатрешно растрој ство. Од мрзливост и расеаност се отвараат нашите душевни врати и, како да е однесено со ветрот, исчезнува се што е добро. Проверете сами дека е тоа така, а не поинаку. И кога ќе се уверите дека од мрзливоста и расеаноста потекнува внатрешната празнотија на вашите срдечни области и губење на добродетелта, тогаш, ако даде Бог, ќе почнете да се трудите да ги чувате своите сетила. Додека напредуваме во оваа добродетел, нашите душевни отвори добро ќе се затворат и ќе бидат утврдени со цврсти брави. И тоа што Божјата благодат ќе го положи во нашите срца, ќе се зацврсне внатре и ќе биде безбедно од надворешниот свет. Добро ќе се изградува, тоа ќе расте и од него ќе чувствуваме посебна топлина, која ќе ја отстранува вашата внатрешна дисхармонија, внатрешните спорови во мислите и чувствата, и ќе завладее божествена тишина која би помагала во чистотата на добродетелта, во молитвата и во правењето добри дела.
Господ да ги благослови овие наши добри почетоци, та ние упорно да одиме по спасоносниот пат и да го достигнеме вечниот живот во Христа Исуса нашиот Господ, Кому заедно со Отецот и Светиот Дух Му припаѓа чест и слава во вечни векови. Амин.

 

Митрополит Јован Сничев-„Биди берен до смтртта„

Издавач:: Повардарска епархија

Главен и одговорен уредник Митрополит повардарски г. Агатангел


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная