Кратки поуки
Кажи го главното, кажи многу со малку зборови (Мудр. Сир. 32,10).
Зборовите од уста на мудрец се благодат...(Проп.10, 12).
* * *
Пред света причест мораме да се исповедаме кај својот ДУховен отец, бидејќи за наше заедничарење со Бога неопходно е пред Него да ја признаеме својата немоќ.
* * *
Кога со болка се молиме за ближните, нашиот добар Бог преизобилно не наградува со благодат.
* * *
Кога некој прославува именден, посакајте му го следново: Да живееш многу и богоугодни години.
* * *
Дури и кога не е добродетелен човек, свештеникот поседува благодат на свештенство, преку неа станува способен да ги врши светите таинства. Кога, пак, монах не поседува добродстели, тој е сосема ништожен.
* * *
Кога се обидуваме да се ослободиме од страстите и никако не успеваме во тоа, тогаш тоа се случува или поради нашиот егоизам и гордост или, иак, затоа што ги критикуваме и осудуваме ближните.
* * *
Доказ за вистинска духовна состојба на исповедникот е да биде многу строг кон себеси, но схисходлив кон другите и да не ги користи црковните канони како бојно оружје, за не стрела со нив!
Треба да се подвизувате додека сте млади, зашто кога ќе остарете, ништо веќе не можете да направите. На постарите луѓе им смета дури и провевот кој навлегува низ клучарката.
* * *
Некогашните монаси непрестајно размислувале за смртта. Според тоа, кога би го промениле местото на живеење, тие таму, најпрво, би ископале сопствен гроб. Денес и најмалото крварење од носот ги наведува сегашните монаси на помисла да отидат на лекарски преглед.
* * *
Во наше време младите имаат чуден став: тие сакаат да учат, а да не посетуваат училиште (често учествуваат во училишни штрајкови и сл.), да имаат високи титули без напорно учење и сакаат своите факултетски дипломи да ги добиваат во кафеаните во кои седат и се забавуваат.
* * *
Денес младите имаат добри и нови машини. За жал, маслото во тие машини е замрзнато. Кога ќе се загрее се добро функционира.
* * *
Кога свештеник има мноштво духовни деца и кога некои од нив се истакнуваат со својата побожност, треба да поминува повеќе време со нив, за да бидат во состојба да им помогнат и на други.
* * *
Почеток на распаѓањето на христијанското семејство и почеток на отстапништвото е тогаш, кога жената ќе го задржи своето моминско презиме. Исчезнува единоначалието кое Бог го поставил во семејството и во него настанува хаос; Едното дете го зема мајчиното, а другото, татковото презиме и семејството почнува да се распаѓа.
* * *
Неопходно е мажот и жената, ако сакаат да се венчаат, да најдат добар духовник на кого и обајцата ќе ја потчинат својата волја. Духовниот отец ќе одигра улога на арбитер и со тоа ќе ги спречи кавгите во семејството. Кога ќе дојде до недоразбирање, тие ќе разговараат со својот духовник кој ќе им покаже каква е Божјата волја. Доколку не биде така, бракот ќе се распадне, зашто ќе се замешаат и нејзините родители, кои ќе се обидат да ја наметнат својата волја. Но ако се согласат да имаат заеднички духовен отец кој ќе ги раководи, лесно ќе избегнат секакво несогласување во семејството.
* * *
Едно момче постојано се жалело дека го фаќаат „уроци" и одел кај некоја жена која, наводно, знаела како од тоа да го заштити.
„Како може таа да ти помогне?"
„Не знам, зашто се што кажува, го кажува во тајност и не можам да чујам".
Старецот Пајсиј рекол:
„Црквата ништо не прави во тајност!"
Потоа му дал крст и го посоветувал:
„Носи го овој крст и никој не ќе може да те погледне со „урокливо око". Отиди на исповед и причести се. Само на луѓето, на кои им се далечни овие две работи, подложни се на „урокливо око".
* * *
„Отче, сакам да најдам добра девојка и да се оженам". Старецот одговорил:
„Ако сите бараат само убави девојки, што ќе правиме со другите? Ќе ги фрлиме ли на буниште?"
* * *
Се обидувам да не се уморам многу во текот на утрената, за да можам да стојам додека свештеникот ја служи Божествената Литургија.
* * *
Никогаш не ја оставај книгата на свети Исаак Сириски. Чувај ја под перница и постојано изучувај ја.
* * *
Треба да бараме не човечка утеха, туку Божествена.
* * *
Ние монасите се радуваме на Божјиот дар да припаѓаме на Неговото големо семејство, а не кон некое мало. На тој начин сме во сродство со целиот свет. Оној кој е приврзан за родителите и роднините не може духовно да се развие.
* * *
Бог на животните им дал онолку ум, колку што им е потребно за да се одржат во живот, додека на човекот му дал жива душа! Бог животните ги создал со зборовите: „И рече Бог... и би така", додека човекот го создал со Своите раце.
* * *
„Отче Пајсиј, каде заминува душата кога ќе го напушти телото?"
„Кога часовникот ќе се скрши, тој заминува во рацете на часовничарот. На истиот начин и таа заминува во рацете Божји".
* * *
Оној човек што ќе ја осознае својата грешка, веќе поминал половина пат. Меѓутоа, многу е важно да стане свесен и за својата слабост. Многу е подобро да бидеме свесни за својата слабост, отколку упорно да се подвизуваме, без да бидеме свесни за неа.
* * *
Нашите светители го добиле венецот на светоста. Меѓутоа, само мачениците добиле и втор, т. е. венец на мачеништвото.
* * *
Кога ѓаволот ќе му наштети на некој од нашите ближни, семејството или манастирот, мораме да се обидеме да ги поправиме нивните негативни мисли. Кога ѓаволот ќе направи дупка, мораме да се потрудиме да ја затнеме, за да не се сруши оградата. Бог ќе ни суди, ако не го сториме тоа. Дури и да не сме се обндувале да ја срушиме градбата, не сме се обиделе ниту да ги зацврстиме нејзините темели, туку сме гледале како се руши.
* * *
Кога ќе се разбудиме за ноќна молитва, треба да Му заблагодариме на Бога за сонот и да се помолиме да им го подари и на оние кои страдаат од несоница и земаат таблети за спиење.
* * *
Од голема полза за брачниот пар е да има заеднички духовен отец. Тој постапува како дрводелецот кој се обидува да спои две парчиња дрво: ги делка нерамнините за да можат овие две парчиња да се залепат едно со друго.
Најдобро е ако сите членови на семејството имаат еден и ист духовен отец, зашто тој ќе биде запознаен со сите нивни проблеми и ќе може да понуди соодветен совет за секого од нив.
* * *
Секогаш мораме да бидеме снисходливи кон ближните, та и Бог да биде таков кон нас.
* * *
Светителите не поттикнуваат на целосно покајание и не допуштаат да паднеме во очај.
Извадок од книгата:
Јеромонах Христодулос- Старец Пајсиј Светогорец
Издавач : ЃаконијА
Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел