логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Bozji.Blagovesnici.jpg

ЗА БОЖЈИТЕ БЛАГОВЕСНИЦИ

„Нам Евхаристијата ни е согласна со верата,
а Евхаристијата го потврдува нашето верување“
Свети Ирнеј Лионски

За да го поткрепам ова мое пишување, најнапред дозволете да ви пренесам еден цитат од Светото Писмо на Новиот Завет, каде што се вели: „Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот и животот се јави, и видовме и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот... а Евангелието [благата вест], што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е Светлина..." (1. Јов. 1,1-10). Овој цитат сведочи дека запознавањето со христијанската вера или, поточно, со христијанскиот начин на живот можеме да го започнеме од основниот извор, Светото Писмо. Значи, можеме да тргнеме од Библијата, да речам, од прва рака. Во друг случај, можеме да видиме некој документарен филм на National Geographic или Discovery Channel, каде што можат да се сретнат поинакви верзии на она што е интерпретирано во Светото Писмо. Дали е тоа од научен аспект или пак, од „полунаучен", бидејќи имате секаква интерпретација на научните факти со претпоставки колку да се постави еден сомнеж - што е во ред, зашто нема научен метод ако не се тргне од сомнежот; но, тука сомнежот не се поткрепува со факти, туку со кажување по свое, често со заклучок дека Црквата нешто крие, во врска со некои библиски ракописи, списи, случки, личности итн., што би требало да ги стави под знак прашање нив и нивното историско постоење, па на крај да ја „разобличи" и самата вера.
Па, така и тврдењето на еден наш колумнист-режисер, чии текстови се одлични, па дури и еден негов текст сум прочитал на македонскиот православен сајт „Преминпортал". Тој во својата последна колумна ќе заклучи: „Сите автори на евангелијата, вклучувајќи ги и оние четворица канонски писатели (Марко, Матеј, Лука и Јован), не присуствувале лично на настаните што ги опишуваат. Со други зборови, сите Исусови биографи прераскажуваат од втора или од трета рака. Народски речено: сите пиеле од потокот, ама ниту еден не се напил од изворот". Ако ова тврдење е преземено од некој документарен филм на гореспоменатите канали, колумнистот може слободно да го наведе изворот. Но, она што го заклучува не соодветствува со основниот извор, Светото Писмо. Имено, иако Светото Писмо на Новиот Завет не е пишувано непосредно онака како што се одвивале библиските настани, но, сепак, за да се зачува сведоштвото на настаните кои се пренесувале низ Преданието на Црквата, биле запишани од оние кои биле непосредни сведоци на Спасителот. Светиот апостол Матеј е од редот на 12-те апостоли кои ги избрал Самиот Господ Исус Христос (Матеј, 10. глава); начинот на кој е повикан да Го придружува Исус во спасителната мисија е опишан во 9. глава од истото Евангелие. Светиот апостол Јован е исто така од редот на 12-те апостоли, и заедно со неговиот брат Јаков и со Петар присуствуваат на сите најважни настани од спасителната мисија на Богочовекот Христос. Значи, ако ја земеме Библијата за извор и ја прочитаме внимателно, гледаме дека овие двајца апостоли биле со Изворот на животот -Христос, и пиеле од Него, и затоа како луѓе кои ја достигнале состојбата на обожение, според зборовите Христови станале „извори на вода што ќе тече во живот вечен".
Затоа, погоре го почнав текстов со зборовите на свети апостол Јован, дека Апостолите биле живи сведоци на воплотениот Син Божји, на Словото Божјо, на Спасителот Исус Христос. Другите двајца евангелисти, Марко и Лука, се од редот на седумдесетте апостоли испратени да го проповедаат Евангелието. Едниот од нив, Лука, и наведува дека многумина (вклучувајќи ги и гностиците) почнале да пишуваат за настаните поврзани со Исус Христос, но тој пишува онака како што тоа му го предале оние кои биле очевидци и сведоци на Словото Божјо (Лука, 1. глава). Затоа, драгиот режисер треба да го земе предвид и ова пишување, за да не му се случи како што тој вели „какофонија". Исто така, не треба да се загрижува што денешниов верник, според него, е збунет од противречностите на гностичките и апокрифните списи и Ден Браун-шемата на интерпретација на истите во некој филм, зачинето со западнохристијанската мистика на трагање по свети предмети; па потоа ако се додаде на тоа и еден куп на разноразни редови кои дејствувале секој според своја философија - од инквизиција до насилно покрстување во новооткриените земји; па и некои витези кои сенешто чуваат; па и пуританци, кои на нос им го извадија моралот на луѓето, за да видиме дека тој морал воопшто не функционира на христијанскиот Запад, т.е. се сруши, сега и секаде бидејќи во мода е воспоставувањето на западните стандарди, вклучително и најголемиот дострел, како што тврди режисерот-одвојувањето на државата од Црквата, понекогаш, како што вели, се рушел кај нив истиот. Претпоставувам дека сакал да каже, ако во име Божјо некој им разнел зграда, исто така во име Божјо треба тие да им вратат со малку повеќе „касетни" и „осиромашени" бомби, а колатералата ќе ја решаваат на редовни и вонредни сесии при оваа и онаа организација, за да се покаже хуманиот дострел на демократијата. Да, за жал, тоа се случува, на тој принцип биле и крстоносните војни, во кои била гонета и Православната Црква; на тој принцип биле воспоставувани и колонијалните системи. Вакви работи навистина ги збунуваат денешните, па и тогашни номинални верници, т.е. кога се повикуваме исклучиво на традиција, обичаи и потекло, кога добро знаеме колку овци, крави, магариња, вино итн. имала црквата или манастирот каде што се родени нашите предци (баби, дедовци), кои задолжително имале или попско или комитско педигре и кои се си знаат - не е важно што не го знаеме „Оче наш", ниту пак некогаш сме се заинтересирале за пост, молитва, исповед и Причест, а згора на се кога ќе налетаат на некои од нас како свештеници кои им влегуваат во расположение, и кога ќе се нахраниме со национални суперлативи (како Антим од Солун, на пример), чии биле и од чие наследство се иконите, фреските, црквите, манастирите и бидејќи така не остваруваме личносен однос со Бог, дејствуваме како толпа која лесно се манипулира. А да не зборувам кога пак малку ќе се поднаучиме, па почнуваме да осудуваме се живо околу нас, и на градиве болка до болка од чукање колку сме православни и христијани, а другите не се. Лесно збунувачка категорија сме кога добро не си ја познаваме нашата вера, а ако при тоа користиме исклучиво западно филозофско-историографско градиво, без да погледнеме што напишале и други научници, наши отци - или се уште мислиме дека овде освен интриги и војни ништо друго не се случувало.
Но, да се вратам на темата: Црквата секуларно се доживува како институција, но таа тоа едноставно не е. Присутна е во светот со цел да го насочува светот и човекот кон Царството Божјо, да го преобразува и пресоздава, онака како што Синот Божји, кога ја прими на Себе човечката природа ја освети и обожи, ја пресоздаде за живот вечен преку Воскресението. Затоа и Самиот Христос вели: „Ете се ново создавам". Ако не од Библијата, ова сигурно му е познато на режисерот од филмот на Мел Гибсон „Страдание". Црквата секако во едно организирано општество дејствува на начин кој соодветствува на едно уредување, но тоа не треба да биде пречка да ја остварува нејзината мисија, да го води човекот и светот кон спасение. Црквата (тука ја подразбирам Православната) немала и нема потреба нешто да крие, а не пак какви било списи. И ракописите откриени во Наг Хамади, како и Кумранските ракописи откриени во 1947 година, придонеле за подобро научно разбирање на библиските ракописи, за развивање на библиската егзегеза. Но, и некои од оние списи кои се окарактеризирани како апокрифи, слободно можат да се симнат од православните сајтови, како: Филиповото евангелие, Коптското евангелие по Тома, Протоевангелието на Јаков итн. Воопшто не треба да алудира на тоа дека Црквата нив ги криела, кога знаеме дека и самите свети Отци кои колумнистот ги споменува во латинизирана форма, свети Иринеј Лионски и свети Атанасиј Александриски, слободно во нивните дела пишуваат дека постојат такви списи, но на истите им забележуваат со пишан збор каде не соодветствуваат на она што е утврдено во Симболот на верата прифатен од Соборите на Црквата. Дали во тие апокрифни списи била вистинската вера, е прашање на кое имаме одговор. Ако биле вистина, сите тие учења би преовладувале во Црквата и масовно би се одржале до денес. Но, сведоци сме дека не е така, иако низ вековите сите тие учења повторно се појавуваат под други имиња, денес и во некои протестантски средини. Исто така, многу свети Отци добро ја познавале тогашната философија, се ползувале со делата на Аристотел и Платон и другите философи, значи не ги забранувале, но, секако, согласно својата вера давале христијанско толкување. Тоа што се составил канонски зборник, воопшто не го збунува ни тогашниот ни денешниот верник. И сами знаете дека во Римската држава имало безброј закони усвоени од Сенатот, но дури свети Јустинијан Велики успеал да ги кодифицира - но, тоа не значело дека во тоа кодифицирано римско право влегле сите дотогашни закони, донесени низ многувековното постоење на Римската држава.
Верникот кој има личносен однос со Бог - а кој се остварува во Црквата низ Литургијата, преку еден духовен живот исполнет со постојана молитва, духовно раководство, исповед, пост, и редовно причестување со Телото и Крвта Христови - никогаш нема да се повика на Божјиот збор сфатен во секуларна смисла, бидејќи тој верник во себе веќе Го примил Словото Божјо, т.е. Самиот Христос, Кој е Патот, Вистината и Животот. Тој верник знае дека Евангелието е блага вест, а благата вест за нас христијаните е Самиот Христос, Кого Го примаме во Светата Причест на секоја Света Литургија. Преку Него сите сме поврзани во едно Тело, и сведочиме дека сме Црква т.е. Тело Христово. За таквиот верник секогаш важи максимата на Достоевски: дури и да докажат дека Христос не постои, јас ќе бидам таму каде што е Христос. На овој начин не навредуваме никого што има поинакво мислење од нас, бидејќи веруваме дека Црквата во која сме се родиле преку крштевањето, и во која живееме преку покајанието, и во која се храниме со изворот на вечниот живот Христос Богочовекот, е вистинската. Според учењето што ни го предал Христос преку Апостолите, потврдено со крвта на мачениците кои пострадаа само затоа што биле христијани, осведочено низ духовниот опит на светите Отци кои тоа ни го предаваат до ден-денес (слава Му на Бог, во Македонија ги имало и ги има), па се до исполнувањето на историјата. Значи само оние кои го очистиле своето срце од гревот и страстите низ постојано покајание и молитва, обожени сведочат за Христос, Божјото Слово и Вистина. Затоа, православната вера е дојди и види, па слободно одлучи, бидејќи слободната волја е најсилниот доказ за слободата на човекот.

Презвитер Горан Стојчевски

 

 Hristos.Adamvoad.jpg

 

Извор: списание ПРЕМИН бр. 71-72

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная