логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Isposnica.Karea.jpg

Протопрезвитер Александар Шмеман


Неделите на Великиот пост


Секоја недела во Великиот пост има две значења. Од една страна, секоја од великопосните недели влегува во оној ритам преку кого се појавува духовната „дијалектика“ на Постот. Од друга страна, пак, во текот на историскиот развој на Црквата речиси секоја великопосна недела придобила и второ значење.

Така, во првата недела Црквата ја празнува Победата на Православието, припомнувајќи си ја победата над иконоборството и воспоставувањето на почитувањето на иконите во 843-та година во Константинопол. Поврзаноста на тој благден со Постот е чисто историска: првата прослава на Победата на Православието се случила токму во недела од првата седмица на Великиот пост.

Истото може да се рече и за посветувањето на втората недела од Великиот пост на одбележувањето на поменот на свети Григориј Палама. Осудувањето на неговите непријатели и оправдувањето на неговото учење било примено во Црквата во XIV век како втора Победа на Православието. Макар што тие два благдена се исклучително важни, сепак, истите самите по себе не зависат од Великиот пост како таков, и тука нема да говориме за нив одделно.

           Поменот на свети Јован Лествичник во четвртата недела од Великиот пост и на света Марија Египетска во петтата недела во суштина имаат далеку поголема врска со Великиот пост. Во обата светата Црква не гледа само носители на аскетизмот, туку го гледа неговиот најсовршен пример: кај свети Јован Лествичник во неговите писанија, а кај света Марија Египетска во нејзиниот живот. споменувајќи си ги тие светии во втората половина на Постот очигледно треба да служи за ободрување и вдахновение на верните во нивната духовна борба во текот на целиот великопостен подвиг. Па така, со оглед на тоа што аскетизмот не треба само да се припоменува, туку треба да се спроведува на дело, и со оглед на тоа што поменот на обете тие светии, влијае врз нашиот личен посен подвиг, за тоа ќе поговориме посебно во последната глава.

            Првото и главно значење на великопосните недели се открива во читањата на Апостолот и на Евангелието. За да го сфатиме нивниот поредок треба уште еднаш да си ја споменеме првоначалната поврзаност помеѓу Постот и Крштението, односно смислата на Постот како припрема за Крштението. Тие чтенија навистина сочинувале неотуѓив дел од раното христијанско огласение; тие го објаснуваат и како да го сумираат приготвувањето на огласените кон псхалното таинство на Крштението. Крштението открива премин во нов живот, кој ни е даруван од Христа. Тој нов живот само што му е возвестен и ветен на огласениот и тој го очекува и го прима со вера. Тој им е подобен на луѓето од Стариот Завет, кои живеат преку верата во ветеното, чие исполнение самите не го виделе.

           Таква е смислата на првата недела од Великиот пост. Споменувајќи си за сите праведници на Стариот Завет, апостол Павле завршува со следните зборови: (Евр. 11, 24-26; 11, 32-40; 12, 2): „И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното, оти Бог за нас предвиде нешто подобро“.

          Што е тоа? Одговор ни се дава во Евангелското чтение на првата недела (Јн. 1, 43-51): „...ќе видиш повеќе од ова... Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се качуваат и слегуваат над Синот Човечки“. Тоа значи: вие, огласените, кои верувате во Христа, кои сакате да се крстите, се спремате за Пасха, - вие ќе го видите настапувањето на новото време, исполнувањето на сите ветувања, појавувањето на Царството Небесно. Но, тоа ќе го видите само доколку поверувате и доколку се покаете, доколку го промените своето однесување во животот, само доколку возжелаете и ако примите подвиг. За тоа ни напоменува читањето на Апостолот во втората недела (Евр. 1, 10; 2, 3): „...Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме... како ќе ја избегнеме (праведната награда), ако занемариме такво големо спасение?“

           Во евангелското чтение на втората недела (Мк. 2, 1-12) пример за тоа усилие желание е раслабениот (парализираниот), кого го спуштаат кон Христовите нозе преку покривот на куќата: „А Исус, кога ја виде верата нивна, му реше на фатениот: “Синко, ти се опростуваат гревовите твои!”“

             Во третата недела започнува поклонувањето на Крстот, и ние во евангелското четиво слушаме (Мк. 8, 34; 9, 1): „каква полза е за човека, ако го придобие велиот свет, а на душата својат и напакости? Или каков откуп ќе даде човекот за својата душа?“. Од таа недела, во читањето на Посланието кон Евреите започнува да се открива смслата на жртвата која ја принесе Христос, онаа жртва со која за секого од нас се открива влез „во внатрешното, зад завесата“, односно во светијата на светиите на Божјото Царство (спореди со третата недела: кон Евреите 4, 14; 5, 6; во четвртата недела: кон Евреите 6, 13, 20); во петата недела: кон Евреите 9, 11-14), додека во Евангелието според Марко се возвестуваат волните страсти (страдања) Христови: „...Синот човечки ќе биде предаден во раце човечки и ќе Го убијат...“ (Мк. 9, 17-31) и Неговото Воскресение: „... и во третиот ден ќе воскресне“ петаа неела: (Мк. 10, 32-45).

             Приготвувањето кон великото таинство на оглашението се завршува, и решавачкиот час во кој човекот ќе пријде да се присоедини кон Смртта и Воскресението на Христа се приближува. Во нашите дни Великиот пост престанал да биде времена подготовка на огласените кон крштението, но зарем ние, па макар и крстени и миропомазани, не сме ли сѐ уште во некоја смисла „огласени“? И зарем не треба да се враќаме кон таа состојба сeкоја година? Зарем не отпаѓаме повторно и повторно од тоа големо таинство, кон кое бевме приопштени? Зарем не е неопходно во нашиот живот, кој во суштина е едно постојано отпаѓање од Христа и Неговото Царство – тоа секојдневно враќање кон самите корења на христијанската вера?

 

Извор: Скопска епархија

 

TVIT137
  ·
ПОДГОТВИТЕЛНИ СЕДМИЦИ И НЕДЕЛИ НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ


Почитувани браќа и сестри во Христа, пред почетокот на Великиот пост, Црквата одредила постепено воведување и навлегување во постот преку трите подготвителни седмици:
1. Започнува со седмицата на Митарот и Фарисејот, во која се чита евангелската парабола, и важно е да знаете дека во оваа седмица не се пости во среда и петок.
2. Потоа доаѓа седмицата на Блудниот син, во која се чита евангелската парабола и во оваа седмица (не е разрешено) се пости во среда и петок.
3. По оваа седмица, следува седмицата на Страшниот суд. Оваа седмица се нарекува уште и Месопусна, бидејќи во неделата од оваа седмица последен пат се јаде месо. Во оваа седмица може да се употребува риба, јајца, млеко и млечни производи, секој ден (и среда и петок).
4. По оваа седмица, следува седмицата на Адамовото изгонување од рајот во која всушност и започнува Великиот пост.
Оваа седмица се нарекува уште и Сиропусна, бидејќи во неделата од оваа седмица на 26.02. 2023г. е Прочка (Велики Поклади), последен пат се јаде сирење (млечни производи), јајца и риба.

Од следниот ден (понеделник, 27. 02. 2023г.) започнува Великиот пост.
       Сите недели заедно со трите подготвителни недели се претставени сликовито за да имаме полесна прегледност за сите недели до Велигден, што значи треба да ги следите неделите од најдолу па нагоре.
         Гoспoди Бoжe наш, спoрeд Твoјата бeскрајна милoст, прoсти ни ги бeззакoнијата и пoкриј ни ги грeвoвитe, дај ни сила на сите Твои чеда да го издржиме достоинствено Великиот пост !
На Тeбe слава и величие во вечни векови. Амин.

Православие.Мк †

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная