логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




 

  Pimen.govornica1.jpg

Новите технологии веќе долго време не се „резервирани“ само за гикови и професионалци, односно, свесно или несвесно, сите, или бар повеќето од нас ги користиме тие технологии, и тоа секојдневно. Денес паметните телефони, интернетот, социјалните мрежи повеќе се начин на живеење, отколку професија или само средство за „денгубење“. Со таа мисла на ум, се обративме кај една личност, која што, доколку се гледа црно-бело, по професија и животна определба нема скоро воопшто допир со новите технологии и животот му е посветен на духовното, многу пред материјалното и модерното.

Но дали е тоа е навистина така, како и тоа дали новите технологии и комуникациски канали можат да се вклопат во духовниот свет, побаравме одговор од г. Пимен, Владика во Светиот архиерејски синод при МПЦ-ОА, задолжен за Европската епархија.





Битно.мк:  Ве молам накратко да им се претставите на нашите читатели

Г. Пимен:  Македонската православна црква е поделена на 11 епархии, од кои осум се во Македонија, и три епархии во дијаспората. Една од оние три во дијаспората е и Европската епархија со која раководам јас, митрополитот Пимен. На чело на истата епархија сум нешто повеќе од осум години. Претходно бев игумен на манастирот св. Леонтиј во село Водоча – струмичко, цели осум години. Таму сум и замонашен. Постдипломските студии ги работев на св. Сергеј во Париз, теолошкиот факултет го завршив во Скопје, а средното и основното образование во Ресен, од каде што и потекнувам.

Битно.мк:  Дали и колку г. Пимен ги користи новите технологии и комуникациски средства (смартфони, социјални мрежи и слично), приватно, но и како свештено лице ?

Г. Пимен:  Со оглед на тоа што 3/4 од времето во текот на годината го минувам во патување низ епархијата која се распростира низ 12 европски земји, и во кои функционираат 35 црковни општини, немам можност за постојана канцеларија со класична техничка опрема, па поради тоа, како алтернативна канцеларија, ги користам смартфонот и ајпадот како можност да бидам во постојан контакт со сите овие општини, и да ги прибирам информациите на едно место.
Секако во тој контакт многу ми помаагаат социјалните мрежи, особено ФБ. Исто така, преку техниката и со помош на социјалните мрежи, успевам и приватно да ги одржувам контактите со моите стари другари и пријатели, но и со новозапознатите кои не секогаш мора да се базирани на религиозна основа. Преку Фејсбук, ние информираме и за богослужби и позначајни прослави низ црковните општини, а истовремено меѓусебно разменуваме информации и взаемни искуства, така да, не само јас како надлежен архиереј, туку и свештенството и претседателствата на сите црковни опшини се многу активни на социјалните мрежи.

Pimen.govornica.jpg

Битно.мк:  Која е вашиот став за спојување на нешто толку старо и духовно како Црквата и религијата, со нешто толку ново и некои ќе кажат дури несериозно, како интернетот и социјалните медиуми?

Г. Пимен:  Црквата, освен во оној мрачен средновековен инквизициски период и тоа на Запад, никогаш не била против техничко – технолошкиот развој. Секогаш ги користела сите возможни начини за проповедање на Словото Божјо. Да се потсетиме на првиот Универзитет во Охрид основан од светите Климент и Наум, во кој освен верата, се учела и писменоста и разни други техники од медицината и земјоделието, кои им го олеснувале животот на нашите претци. Првата испечатена книга од страна на Гутенберг е токму Библијата. Од друга страна, црквата знае дека ништо не е зло само по себе, дека нема ѓаволски направи, туку дека сѐ е дадено со допуштение божјо за да му го олесни животот на човекот. Но, некогаш некои работи можат и да бидат злоупотребени, особено ако целата таа техника и интернет и медиумскиот простор се остави на оние кои би го злоупотребиле. Затоа мора да бидеме во постојано актуелни и да парираме на сите тие негативни појави.

Битно.мк:  МПЦ-ОА има своја веб страна која што колку што можев да забележам се надградува со содржини, но сепак, според мене недостасува интерактивната компонента, врската со верниците, па и со граѓаните кои сакаат да дознаат нешто повеќе за некој празник, член на црквата и слично. Дали сум во право?

Г. Пимен:  Потполно сте во право. Официјалната веб страна на МПЦ постои скоро 15 години. Таа изврши голема улога во пробивање на мразот од стравот од интернет. Преку неа, многумина и ја запознаа и се приклучија кон црквата. Во моментот кога увидовме дека на истата и фали интерактивност, го отворивме порталот Премин. Потоа кога се развија социјалните мрежи кои понудија уште поголема и послободна интерактивност и разговор со конкретна личност и развивање на личносен контакт со одреден клирик на црквата, а не со редакција, се преориентиваме кон нив, во исто време не запоставувајќи ги веб страната и порталот.

Битно.мк:  Дали постојат некои канонски или црковни забрани кои не дозволуваат овие работи да навлезат во животот на свештените лице, монасите и слично?

Г. Пимен:  Не постојат канони или правила кои го забрануваат користењето на овие работи, но сепак искуствата покажуваат дека доколку не се воздржуваме доволно и не ги користиме правилно, истите може да станат наша страст и да паднеме во нивна заробеност, како и од секоја друга страст што не одделува од нашиот контакт со Бога. Сепак монасите и свештенството се конкретни личности, а не виртуелни ликови и институции.

Битно.мк:  Освен Вас, можеби и некои други од помладите владици, кои ги користите социјалните мрежи притоа споделувајќи информации и комуницирајќи со верниците, дали има план самата црква да има свој канал, ако не друго барем за основна комуникација ?

Г. Пимен:  Црквата како жив организам е составена од личности кои се вградиле во неа. И млади и стари. Но, не сите млади се поборници ”за”,  и не сите стари се против развојот на интернет комуникацијата со верниот народ. Сепак, искуствата на другите цркви и плодовите што се покажаа од оваа можност за комуникација и пласирање на информации нѐ тераат сите, без оглед на годините, да размислуваме во насоката да го најдеме заедничкиот јазик за како што вие рековте барем на каналот за основна комуникација.

Битно.мк:  Римокатоличката црква во последно време е доста активна на ова поле, Папата има Твитер акаунт кој сосема солидно се користи, а сега колку што видов има околу 4.5 милиони следбеници, што ќе се согласите е доста голем аудиториум. Дали сметате дека нашата црква треба да го следи тој тренд ?

Г. Пимен:  Како што споменав, црквата отсекогаш се трудела да биде во тренд со начинот на живот на човекот, особено во време кога развојот на техниката оди доста брзо. Западната црква во еден период ги почуствува последиците од борбата со технолошкиот развој и поучена од тоа искуство, денес одлично го држи трендот. Првиот нејзин човек , т.е Папата,  предничи во тоа, и има одлични резултати. Потврда е бројката на следбеници која ја споменавте. Секое туѓо искуство што дава добри резултати треба да сме спремни да го искористиме и примениме. Така и нашата црква веќе прави големи чекори напред во тој поглед. Впрочем,  ретерирањето во ставот за користење на фејсбук е потврда сама по себе.

Битно.мк:  За крај ваша лична порака до нашите читатели?

Г. Пимен:  Би им напоменал на сите луѓе кои ги користат социјалните мрежи две работи.

Првата, да внимаваат да не станат зависници од истите и да не изгубат својата личност во замена на некој виртуелен лик, и второ…

Кога своите знаења од областа на црквата и верата ги стекнуваат преку интернет, да внимаваат да не паднат во замката дека односот со Бога и црквата е доволно да го градат на тој простор, туку да знаат дека живата заедница со Бога ја градиме преку редовно посетување на храмовите и активно учество на богослужбите и соединувањето со Телото и Крвта христови преку причестувањето



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная