логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Кирил ќе помогне во канонскиот компромис меѓу Македонската и Српската Црква





Поглаварот на Руската православна црква г.г. Кирил на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов истакнал дека канонскиот статус на МПЦ е многу важен бидејќи ќе ги обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура
 
Патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил денеска (9.02) на средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во неговата резиденција во Москва нагласи дека е подготвен да вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА.
Според г.г. Кирил, изнаоѓањето компромис може да доведе до решавање на ова прашање. „ Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура“, рече рускиот патријарх г.г. Кирил.
Тоа што е МПЦ надвор од семејството на канонските цркви, истакна тој, ја ослабува позицијата на МПЦ.
Рускиот патријарх позитивно ги оцени дваесетте години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, потенцирајќи. меѓу другото. дека главен извор на заедничката историја се браќата просветители Кирил и Методиј. Рускиот патријарх спомена дека ќе биде подарен книжевен фонд на манастирот Трескавец.
Претседателот Иванов, упатувајќи му поздрав од архиепископот и свештенството на МПЦ-ОА, нагласи дека македонската црква е жива црква.
„Ние сме политичари со мандат, но црковните прашања немаат мандат. Тие се решаваат во долги периоди“, рече Иванов.
Тој потенцира дека сепак, како политичари, треба да создаваат амбиент да дојде до комуникации меѓу црквите и да поттикнат дијалогот за да се дојде до решение.
„Она што е христијанска доблест - трпението, треба да го имаат предвид и нашите верници, односно секој пат за црковните прашања постепено, преку дијалог и создавање доверба, да наоѓаат решение“, рече Иванов, изразувајќи надеж дека средбата со рускиот патријарх ќе биде во полза токму на тој воспоставен дијалог меѓу црквите за да се нудат решенија во корист на верниците.
Оценувајќи ја неговата втора средба со г.г. Кирил како многу конструктивна и содржајна, Иванов истакна дека рускиот патријарх, како и сите други христијани изразува загриженост за состојбите со христијанството и христијанските вредности, особено за она што се случува таму каде што се малцинство.

 

 

 

 

 

 

 

 


 

  09.02.2014 год.- во Москва

(Според извори на МРТ,и страната на претседателот на Р. Македонија)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2954
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…