логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Страст се нарекува онаа наклонетост и она дејство што долго време се вгнездува во душата преку навиката, па делува како втора природа. Човекот ја прифаќа таа состојба доброволно и тогаш помислата, втемелувајќи се заради честата соработка со неа, одгледувана и подготвена, влегува во срцето, се претвора во навика и непрестајно го збркува и вознемирува со страсни предлози од демоните. Тоа се случува кога демонот зачестено на човекот му претставува некој предмет или лик, поттикнувајќи страст, и во него ја разгорува желбата да ги сака исклучиво само тие работи, така што – волно или неволно – човекот станува мислено заробен од нив. Поради таа причина, како што е кажано, заради невнимателноста и самоволието, доаѓа до долготрајна преокупација со тие работи. Страста, во сите свои облици, бездруго подлежи или на покајание, пропорционално на направениот грев, или на вечно страдање. Според тоа, потребни се покајание и молитва за избавување од сите страсти, бидејќи секоја страст раѓа страдање, не затоа што се бориме со неа, туку заради отсуството на покајание. Зашто, кога тоа страдање би било само од борбата со демонот, тогаш некои, сѐ уште не достигнувајќи го совршеното бестрастие, нема да можат да добијат спасение, како што вели св. Патар Дамаскин. Каква било страст да нѐ обзела, треба со сите сили да ѝ се спротивставиме – рекле Отците. Да ја земеме, на пример, страста на блудот: ако некој ја има таа страст кон која било личност, на секој начин нека избегнува разговори со неа и блискост, а нека бега и од мирисот на нејзината облека. Кој не се пази од сето ова, тој ќе ја потхранува страста и ќе направи мисловна прељуба во своето срце, како што рекле Отците: „Тој самиот во себе ќе го запали пламенот на страста и, како ѕвер, ќе ги внесе лошите помисли во својата душа”.



Така, светите подвижници ни сведочат дека секој човеков пад во грев се одвива постепено. Првиот степен е предлогот, кога не сакајќи, против нашата волја, во душата влегуваат грешни претстави и поттикнуваат, преку надворешни или внатрешни чувства, или преку фантазиите. Ова е безгрешно и само е повод и можност за грев; и најголемите светители во најсветите времиња често биле подложни на демонските предлози и биле принудени да се борат со нив.

Прифаќањето на претставите, на предлогот, доброволното размислување за него: таа состојба не е секогаш безгрешна. Согласувањето е насладување на душата со помислите или претставата, односно кога некој ги прифаќа претставените помисли и слики од ѓаволот, разговорот со нив во мислите, подготовката наскоро да се прифати предлогот кој го нуди помислата. Тука е потребно покајание без двоумење и повикување на Бога напомош. Заробеноста е таква состојба на душата, кога умот им посветува внимание на лошите помисли насилно и против својата волја, нарушувајќи го спокојниот поредок на душата, а душата со напор, само со Божја помош, се враќа на себе. Страста е долготрајно, претворено во навика, уживање во страсните помисли, предложени од демонот, вкоренето заради честото размислување, фантазирање и разговор со нив. Тоа е веќе ропство на гревот, и кој нема да се покае, отстранувајќи ја од себе страста, подлежи на вечни маки. Овде е потребна голема и напорна борба, и посебна благодатна помош за да се отстрани гревот (Лествица)Ете каде е почетокот и коренот на нашата грешност! Во душата доаѓа помисла, се замислува предметот, грешен или безгрешен, тоа е сеедно, ние му посветуваме внимание, му ги посветуваме мислите, се восхитуваме од него, почнуваме да го посакуваме, а главната цел – целта на спасението или животот во Бога и сѐ Божјо, го забораваме. И сето тоа често се случува без наше знаење. Ние сме толку слаби, расејани, лесномислени, невнимателни, така што нѐ занишува и најмалото ветре на тие помисли, а тие непрестајно како виор, нѐ следат од утро до мрак, од ноќта до утрото, и затоа постојано грешиме. И на сето тоа се изложуваме не знаејќи. Уште полошо! Што да правиме за да се спасиме од таквата, без сомнеж, погибелна состојба? Неопходно е да знаеме и секогаш да помниме дека сето она што ни се случува не произлегува ниту од нашата слабост, ниту расејаност, негрижа или лесномисленост, туку – најчесто – од не знаење на кој начин помислите нѐ доведуваат до страста, поради неукоста и недоволната желба да се бориме со нив и да ги победуваме; заради заборавањето на својата определеност, поради неподготвеноста да им се спротивставиме. О, колку е важно да се изучуваат сите тие движења на помислите во духовната борба! Колку е неопходно, секогаш да се сетиме и да ги употребиме во борбата оние средства кои ќе нѐ спасат од поразот и ќе ни гарантираат победа. Во спротивно, како ќе се спасиме?!

 Свети Нил Сорски



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная