Свети Јован Лествичник
- Ако без престан Го повикуваш на помош Царот секогаш кога ти се приближуваат непријателите, биди спокоен и нема многу да се намачиш: тие сами од себе веднаш ќе отстапат од тебе. Бидејќи нечистите духови не сакаат да видат како со молитвата добиваш победнички венец за борбата со нив. Освен тоа, тие ќе мора да побегнат, зашто молитвата ги гори како оган. Биди храбар секогаш, и Бог Самиот ќе те научи како да се молиш.