Пред плаштаницата
10/04/2015 Поуки - совети
Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена. За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.
Луѓето ја нарушија заповедта Божја, отстапија од Бога, а Бог, сакајќи да ги привлече со својата љубов, се мачи и умира за нив. Не може Бог да страда и да умре со Божеството, затоа се воплотува, и со Својата човечка природа страда и умира, не престанувајќи да биде Бог. Сето тоа, Ог го прави за нас, за да ни ја покаже Својата љубов.
Со каква благодарност кон Него треба да бидат исполнети нашите срца!
Со што можеме достојно да Му заблагодариме.
На Неговиот гроб се принесени цвеќина, покрај него горат свеќи. Не ги отфрла и тие жртви Господ, но друго бара од нас, и само со тоа ќе ги прими Господ и останатите приноси. „Сине, дај ми го срцето твое“ (Изреки 23, 26), – рекол Бог преку Светото Писмо на Стариот Завет. Нашето срце го чека Господ; ете што треба да Му подариме. Да ги сакаме заповедите и учењето Негово и да ги исполнуваме – ете ја благодарноста за Оној, Кој пострада за нас, која му е пријатна и угодна Нему.
Приоѓајќи да го целиваме безживотниот Спасител, да донесеме цврста одлука да го следиме патот, кој Тој ни го укажал. Па дури и да треба да претрпиме на тој пат неволји и тешкотии, Помошник ќе ни биде Самиот Христос, Кој оние кои сострадале со Него, ќе ги воскресне со себе и ќе им даде вечни блага во Своето НЕбесно Царство, со кои да се удостоиме и ние. Амин.
Свети Јован Шангајски и Сан-Франциски чудотворец
свети Јован Шангајски
Извор: Преспанско- пеагониска епархија