Преподобен Јован Карпатски
За да не му позволуваме на нашиот ум да лета и да се расејува, мамејќи се со суетата на овој свет, треба добро да внимаваме според зборовите на пророкот: „Ајде народе мој, влези во покоите свои“, во живеалиштето на вашето срце, кое е скриено од секаков сетивен впечаток, во живеалиштето што е без видливи образи, каде што сјаат бестрастието и светлината на Божјата благодат, „ - и затворете ги зад себе вратите свои“ од сѐ што е видливо, „скриј се за миг“, - зашто е мал и целиот човечки живот, и дополнува: „додека да мине гневот" Господен ( Иса.26, 20), како и некој друг што рекол: „додека не минат беззаконијата“(Псал.56,1). Зашто и беззаконието, па, според тоа, и демоните, и страстите, и гревовите се гнев Божји, како што Му говори Исаија на Бога: „Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме“ (Иса.64,5). Човекот може да избега и од овој гнев, ако е непрестајно внимателен спрема своето срце, ако се моли и ако усрдно се бори да биде внатре во своето внатрешно живеалиште.
Зашто е речено: „Привлечи ја мудроста во својата внатрешност“; а слично се говори и во Светото писмо на Стариот завет (сп. Изрек. 8,12; Мудр. Сирах. 45,31; 51,18), зашто како што вели боговдахновениот пророк: „Сета слава на царската ќерка е внатре“ (Псал 44,13), додавајќи: „И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене, сѐ додека не влезам во Божјото светилиште“(Псал.72, 16-17), и „во гората Божја“(Псал. 67,15- 17) и „од небесата погледа Господ, ги виде сите синови човечки; од престолот на кој седи, погледна на сите, кои живеат по земјата“(Псал.32,13-14), кои си ги создал Ти, Господи, „и ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Твоја беше ја придобила“(Псал. 77,54).
Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том III
За Преминпортал
Подготви: Светланка Трајчева
22-ти февруари 2018 лето Господово
Друго: