На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господа, Господ не им допушта никогаш наполно да пропаднат, туку гледајќи ги изнемоштени, им содејствува и им помага, пружајќи им ја одозгора раката на Својата сила и возведувајќи ги кон Себе. И им содејствува понекогаш јавно а понекогаш тајно, знајно и незнајно, сe додека тие, откако ќе ја минат целата лествица, не се приближат до Него и сe додека сецело не се соединат со Сецелиот, заборавајќи на сe земно и сопребивајќи со Него, и вкусувајќи ги неискажливите добра.
Свети Симеон Нов Богослов